Ах, за оваа тема би издвоил: Декември месец, на слава кај едни пријатели. Постарите на една страна (во истиот дел од собата помладите на друга, помала маса. И таму имаше 4, 5 дечиња мали кои привремено ги занимавав тука, и нешто игра со плескање по рака јас наназад со раката и жената (односно, домаќинката) во тој момент зеде некој сад од масата за да го надополни (за да има за гостите, кисели краставички или феферони, не се сеќавам баш) јас како што игравме со дечињата тргање раката наназад и плес по газ како што беше во движење. Аии, моментот зини земјо голтни ме. Плус и на масата таму беа седнати млади луѓе 18-28 год.) кои по линиите на лицето ги видов дека максимално се воздржуваат да не се изнасмеат гласно.
Фино јас си листам по интернет, чајот до мене, чоколаден Дедо Мраз скршен на парчиња, едно 20ина табови отворени (а, лаптопов едвај дише), си кликам безвеза статии... лабавица. Ееј, види, пенивче! Си отварам for the lulz. Илустрации, шаренила, ЛСД, гребни и мирисни, па реши се што ќе правиш (ако сте ја ѕирнале статијата подолу, јасно ќе ви е), се враќам горе-долу, да изберам која слика ми е најсмешна, па да препратам на народ што знам дека ќе им е интересно. Ко што може да се претпостави, Хромот кочи баш таму, а мајка ми во моментот влегува во соба да види од прозор дали долу татко ми ја запалил колата оти акумулаторот заебава. Мене ме фаќа ужасен бран смеа, измешан со срам, дури таа гледа толкав наслов во розево „Секс пози за задоволство кога мажот има микропенис (18+)“. Проба да премолчи, ама со смеа низ заби, ме погледна малце жалосно, ја искриви фацата: Де бе? Што и да кажеш, не те пере... А, баш фино мислење имаше за него.
Еве и јас да споделам мое искуство . Пред три години памтам уште муви ко голтав , искачаме со друштво ја дотерана во миничи штикли високи , мојата најдобра другарка дечко ми и дечко и си се поднапивме и после кај 2 сато сите ќе си бегаме по дома . Сите си вртат насоки по дома и ја така до дома си стасав и тропам на врата абе вратата ја свиткав од тропање јахаха не ми отворија овие мојве абе после во очи ми беше срам да ги погледнам
Пред неколку минути се случи ова Место на дечко ми слика да пратам од еден дечко и девојка како девојката рипа во прегратки на дечкото јас ја пратив на сестра ми и одоздоле напишав така да ти рипнам ммм па ми пратила лајк Срам ме фати
Пред 8 години беше ова ама ќе го памтам цел живот жими се . Значи училишно утро беше и ја си се спремам како сите останати . И мрзлива сум од утро ми се спие и што мајка ми ми одбрала алишта то и ќе носам . И добро убо блузиче убај чизмите не ми ја згрешила јакната ама пантолоните оние шо ги мразевв Добро бе и велам овие ми ги најде и она вели е немаш др пантолони на перење ти се и добро и велам ( мајка , неможиш да и се противиш ) И добро јас си се качив во автобус одам на sch и прв час математика , и мене ме станва на табла и јас сеа излевам ќе решавам задача пантолониве паѓаат ја поткревај они паѓај јанза ме изеде едно време ко ми паднаа леле ко му ја летнав од час сите се смееа дури еден другар снимаше и тоа ќе ми остани ЛОШО СЕЌАВАЊЕ ЗА ОДНОВНО
Професор ме прашува кога ќе се мажиш која песна ќе ти ја пеат, а јас целата бев збунета и се мислам, гх, мх и на крај како од пушка: - Мома се од корен корнеше ... И професорот гледам се потсмевнува и ми вели: - Е, како мома од корен може да се корне, и ми кажува цреша се од корен корнеше, мома се од мајка делеше. А, јас од што бев целата збунета не знаев што е толку смешно, гледам и колешката се смее. Ја прашувам потоа што беше толку смешно, кога ми кажа кога почнав и јас да се смеам.
оваа го направив ко бев 1 година средно и нова нели на почетокот негде беше и одама јас на средба од црвен крст и завршивме таму шо треба и сеапрофесорите да не частат,ни донесоа пица и јас јадам и седамдо едно девојче помало од мене 2 години мислам беше и ме прашува како школото ова она и јас зборувам,а таква сум по природа не застанувам,и викам ама таа професорката по хемија врска нема од хемоја јас можам да и предавам ова она зборувам гајле немам и другарка ми шо седепе карши мене ме удира по нога јас на неа и викам шо ме удираш бе глеаш муабет правам и девојчето со кое зборев ме гледа збунето и вели *името на проф.*(а жената имаше и прекар) и јас силна матна не бре не таа,а мене оти прекарот ми се врти во глама така реков не,и шоо после ко дознавам девојчето да и било ќерка Се укопав
Лелее,, ме потсети пред некој месец памтам беше сабота навечер, му ѕвонам на другарот да ме земе со колата да одиме да јадиме негде и после в кафич, и му кажувам немам батерија на телефонот ќе ми се исклучи и овај ми вика одма ќе дојдам ајде слегувај ти (живеам во стан).И си слегувам јас така фино лепо нашминкана дотерана, и чекам чекам едно 15 минути (арно лето беше) другарот го нема И ете го иди, конечно си викам и застанува пред мојот влез, одам јас накај колата отворам вратата, седнувам на предното седиште и му викам "морееее ти будала си скроз, 20 минути ко ку*ва пред Император те чекам" (инаку Император е ресторан во Бт) и кога гледам еден непознат дечко зад воланот- повеќе од 25/6 години немаше, неможев ни да го погледам подолго, носеше и машна, тоа видов И овај цел збунет ме гледа, арно беше вечер, не му оставив простор да зуцне, излегувам од кола, ја бабкам вратата шо е можно најсилно и пред мене ја гледам комшивката од над мене со поклони до над глава оди накај колата (сигурно на свадба одеа) јас влегов во еден влез подолу од мојот и чекам да заминат, таа не ме виде сигурно од поклоните. И заминуваат овие, по 2 минути ете го другарот иди со колата јас токми се да влезам, дали е тој, дали е таа колата и влегувам внатре и му ја кажувам ситуацијата, неможеше да престани да се смеј (малце од малце куртули од карањето дека каснеше 20 мин) Другиот ден му ја објаснив ситуацијата на комшивката, оти само со неа си живеам, другите се постари
Влагам со другарка ми во автобус и дека ни беше за 2-3 станици стоевме таму кај што е возачот и другарка ми гледа накај возачот кај што седи и вика "Кимберли,еј ене сме изглеа ние на екранот од камерите" И викам каде бе чекај да видам и кога сум се размафтала ко будала(за да се најдам на екранот пошо нели ја сум) и возачов од стаклото што е напред кај него ме видел дека мафтам и отвара врата и вика девојче што е? Викам ништо и се зачудив онака и вика кажи и реков Абе проверував дали сум тоа јас па мафтав.. леле.. коа не фати една смеа се прснавме од смеење Која глупост ја напраив.
Бев во средно училиште, 3та година, вечерта новогодишна ноќ,спремај се цел ден,дотерувај се.... вечерта на славење ама со славењето и алкохол јас потскарана со тогашниот ми дечко, место на славењето му запнав на алкохолот ама здраво сабајлето, да си се приберам дома околу 5-6, си ѕвонам јас на вратата на трети спрат и си ѕвонам и ѕвонам, ми отвараат врата, си влегувам во ходникот и ја гледам женава 60 години, си викам чекај бе мајками не е волку стара, а тоа комшиката да ми ти била и ме гледа бледо,се исплаши кутрата којзнае што не и поминало низ глава се отрезнив мислам дека секундарно и како попарена со штиклите во рака си се искачив уште еден спрат,детално проверувајќи си ја влезната врата
Ова не е моја случка , ама и јас учествував Вчера вечерта , се спремам да си одам горе во соба на спиење со малите , и и велам на мајка ми : " јас ќе ја држам ќеркава ти дај и ги капките " . И мајка ми зема капки , става во лажиче и ми ги дава мене не дека ќе ми беше нешто ако се напиев , ама не се за мене наменети и велам : " абе мајче не мене на внука ти дади и ги " леле кога не фати една смеа неможевме да се соземеме
Си работам јас и го слушам шефот како ме поздравува и јас нормално дигам глава од пц и во очи го отпоздравувам кога слушам и некој позади мене го поздрави и продужија со разговор, а јас си останав засрамена. Којзнае шо си помислил
8 март лани, јас отидов кај мајка ми на работа со цвекиња, поклони, се како што е редот и ај да си одиме накај дома. Викнавме такси, си стигнавме пред врата, плаќаме и таксистов фино културно и вика на мајка ми: Нека ви е среќен празникот, а мајка ми озбилна му се врти и му вика аа фала фала и на вас! Јас и таксистов си се погледнавме со едни чудни погледи, јас кога се вцрвенев. И искачам јас и и викам абе добро мамо сфати што кажа? И мајка ми плавуша ко шо ја дарил Господ уште ми вика е што кажав лошо де И и текна среќа, па се смеевме пет минути Исто еднаш на таксист муслиман кога и рече честит велигден му рече фала и на вас, и јас и тогаш си пропаднав од земја
Пред 3-4 години за први мај бевме собрани со друштвото на викендица. Мене тогаш ми се свиѓаше еден Марко кој не ни знаеше дека постојам, а јас цела биографија му ја знаев Некако испадна и тој да биде со нас таа година за први мај и јас целата возбудена, леле леле.. И си седам јас во двор и ми иде овој Марко, ми вика ние мислам дека не се знаеме и ми пружа рака од чиста култура да се запознаеме. Јас глупата исто му пружам рака и наместо да го кажам моето име, јас целата насмеана и среќна му викам Марко, мило ми е Тој вака остана и вика оо па исто име сме имале и почна да се смее..Очигледно беше дека јас веќе го знам и го свиѓам..Буквално сакав да ме голтне земјата во тој момент
Ова и се случило на братучетка ми,кога ми кажа двете неможвме да престанеме да се смееме.Ја цитирам братучетка ми:Одевме со една школска низ ходникот кон училницата и зборувавме за секс,чипки...И кажував дека дечко ми многу сака кога носам чипка на себе и дека најверојатно кога ви имале секс би носела црни чипкани гаќички.До нас одел еден професор. Братучетка ми од срам во училница влегла,сакала в земја да пропадне...... Хахаха не можам да престанам да се смеам
Сo другaркa пред дa oдиме в центaр нa кaфе, бев кaј нејзе и мaјкa и и дaде дa гo фрли oтпaдoкoт, и гo зеде ќесетo, тaшнaтa и си се зaмуaбетивме, влегувaме вo кaфичoт и штo дa видиме ѓубревo сo нaс и aјде дo вц oтиде хххх Срaмoтилoци.
Читав се изнасмеав ај и јас да си споделам нешто. Јас, знаачи не знам што е со мене, затоа што кај и да одам буквално секогаш мора да се избрукам нешто. Најсрамотната случка ми беше во средно 4та год. Носев топ кој сама си го направив (очигледно не толку добро) и одозгора џемперче. Бев легната на клупата го преспав одморот и почна часот и проф почнува да диктира и јас кревам глава вадам тетратка и одеднаш се врти другарка ми која седеше пред мене ме гледа почнува да се смее ккако луда и не може да ми каже од смеење што е работата а јас таква мртва ја гледам као што ти е ма? И ми покажува со прст накај градите и наведнувам глава и што да видам. На час, по прслук таква разбацена па уште се тегнам боже господе, топот ми се смкнал надоле некако, не знам како и најтрагичното се вртам накај типот што седеше до мене а он гревота очите уште малку па да му испаднат. Потоа секако следеше заебавање и реметење цела недела. Ова скоо беше. Се поздравувам со другарка на автобуска зошто ми дојде автобусот. Се качувам и беше од оние новите али еднокатните и нели напред од лева страна има две високи седишта и седеше еден така постар тип албанец се спремаше да стане. И јас таква влагам како ветрушка се вртам насмена цела да и мафнам уште еднаш на другарка ми и не очекував одеднаш да тргне шоферов па немав време да се фатам за ништо и изгувив рамнотежа и залетување сопнување право со глава во скут кај човекот. Зини земјо голтни ме. Таква клекната и кревам глава го гледам а он таков без предни заби насмеан од 6ка до 6ка ме гледа. Станување со брзина на светлината извинете реков и да ме нема позади. Се вртам накај прозор и гледам сите од автобуска зјапаат во мене убаво си се изнасмеаа очигледно. Уште една . Зет ми и сестра ми со нас живеат па со него имам вакви милион ситуации. Се излежавам во кревет во моја соба и ми дојдоа гасови пошто настината бев (можете да замислите како мирисаше) ииии во истата секунда улетан влага зет ми, сум му требала нешто и почнува да збори а јас таква се здрвив, не го ни слушам само седам поцрвенета и се молам да не осети. И таков како што влегува зазборен одеднаш прекинува и ме гледа, изгледа баш го акна во нос и ми кажа само да дојдам коа ќе можам и излезе. Бруки.. Има премногу ама мислам доста беше, повелете смешкајте си се