Излезена бев со другарките и одиме во една кафанка која беше доста посетена! Имаше бајаги народ пред вратат и влегувам јас со другарките и наеднаш се кочи сообраќајот...Ми се заглави штиклата во решетките пред вратата ! Најпрвин дискретно пробав да ја извадам,ама ете ти проблем...штиклата убаво си се заглави ! Не можам да ја извадам ногата,заглавив а и точно пред вратат така да сите што влегуваа,едвај влегуваа и се смееја! Леле умрев од срам! Ја теглам ногата ама никако да излезе штиклата од решетките,не ми е јасно како влезе толку лесно а сега не можам да ја извадам! Едно десетина минути (доволно за сите да ме видат) се маткавме со другарките да ја извадиме и на крај ни помогна еден дечко ! Ја соблеков штиклата од нога и си застанав боса настарана! Едвај ја извадија и на крај ми рече ,,повели Пепелашка,, Умрев од срам,и не знам зошто воопшто сум влегла во кафаната кога ми беше толку срам! Друга случка на која се сетив беше свадбата на една моја другарка! Одиме на свадба цело друштво таман стигнавме до родителите на младенците и насмејани им се приближуваме, мене ми текна подарокот го заборавив И луѓето насмејани не чекат а јас на 2 метри од нив им кажувам на цела војска ,,назад,пликот го заборавив,, Е ми се идеше да избегам од планетата кога ми се изнасмејаа сите (малку де беа 5,6 парови)
Ви текнува на оваа реклама за Фанта? http://www.youtube.com/watch?v=uyksrZePFas Истото го имам направено на влезот од преполна дискотека
Бевме од школо сите собрани, имавме некаква проба во салата, кој натаму, кој наваму. Ја гледам симпатијата, и сакам да одам накај него.Во еден момент Ми кажува една другарка смешка, и јас „ШТООООООО?“ и одма одам накај симпатијата...Одтаму гледам едно девојче, ту личи на една другарка ту не. И велам „знаеш што се случилоо?“ а таа само помина, како на неа да не кажав. Најнормално дека помина, со нејзе сум најголема непријателка.. И сега јас останав ваква а симпатијата ту се смее ту...Испадна како сама на себе да зборував, колку сум само слепа!!!!
Во мојот град има една сендвичара, веднаш до неа една банка. Вратите им се идентични! Така одам јас со другарка ми и решивме да јадеме. Појдов јас накај сендвичарата и ја слушам другарка ми од позади како ми вели Абе не натаму! Јас малку слушнав, малку не, си цепам накај сендвичара. Влегувам и сите гледат во мене! Сите работници во БАНКАТА! Се врткав, ги гледав и јас така збунето и си излегов. Другарка ми до ден денес ми се смее на ова и секогаш кога одиме да јадеме, таа оди прва!
Мене вчера ми се случи нешто што ми стана многуууу срам Бев кај свекор ми и свекрва ми дома и ми се одеше во вц. Отварам врата и упалувам светло и гледам во вц-то темница. И од таму некој вика `` ејјј``.. И се вртам и гледам дека брат му не е во неговата соба , тој влегол во вецето. Среќа што го изгаснав светлото лелееее каков срам ме фати. А неговите гледаат што се дешава. И јас будала го оставив светлото така изгасено. И по 2 минути излегува брат му и ми вика , да не сакаш да одиш во вц јас ке се бањам сега. И јас не не сега ке си одиме. Ама како ми било срам претстава немате
Ме изнасмеавте со темава! Со оглед на тоа што имам 5 години поголем брат, често знаев да го послушам кога ќе ми кажеше некоја глупост и да оттрчам да ја направам. Еднаш ме лажеше дека лезбејка е нешто многу брзо, моќно што брзо трча. Па утре вечерта игравме фудбал во маало, а братучед ми дур даваше гол набрзина, се претрча, издрибла и даде гол. Јас жива среќна нешто ново сум на учила му викам на чичко ми: „Чичо, чичо, види го како брзо трча, како лезбејче!“ Ден денеска ми е срам од чичко ми поради ситуацијава. Како мала бев така малку мутавка, па еднаш кога се враќав од продавница помина едно југо (бело беше уште го помнам ) со момчиња од 18-20 години. Викнаа, што викнаа, влегувам дома и и` викам на мама: „Мамо, зошто едни батковци ми викаа Свирче, свирче?“ И брат ми од дневна: „А да не ти викале свињче?“ Шок за мене, вака останав.
хахахахахахахха Јасс си реков зини земјо голтни ме ... ко што памтам последно на валетајн ... Сите на фб редеа статуси од типот ... пиши ми во инбокс зелена ако ме сакаш жолта ако сакаш да се фатиме розева ако не знам што ... И гледам јас едно дете со исто име и презиме како братучед ми ( само со мак фонт потпишан ) и слика од фудбалски тим и си викам види го и овој братучед ми будала збеснал ... и се зафатив во инбокс реферати да пишувам за секоја боја ... и добивам повратен одговор ????? хахахахахахаха и уште пак си пишувам е што ти е сега со прашалнициве и си викам кочи ... кога одам на профил кај детето ... и и и баш си реков зини земјо голтни ме . Ни б од братучед ми Леле додека се објаснив ... мани друго па помало беше детето ќе си рече оваа педофилка Ама се разбравме на крај.
Додека бевме еднаш со мајка ми и татко ми на одмор, отидов после бањањето во море да се туширам во тие вецињата, зашто бевме во камп. И сега ја сум го утнала сум влегла во машкото и не ни приметив, се истуширав и излегувам и гледам се машки и ваква останав и одма излетав од срам ама како што беа лизгави плочките се слизнав и летнав од вецето право во кал. И сите умреа од смеење а ја уште толку се усрамив и само еден на англиски ми вика:,, Are u okay?`` и јас:,,yes`` и си отидов во женското пак да се туширам. Втора случка денес додека бев во продавница со 2 другарки, и сега продавницата е многу голема и се изгубивме и само јас видов едно девојче и мислев дека е другарка ми и се затрчав и ја потегнав за коса и само она кога се сврте и јас умрев од срам и 5 пати и се извинив ахах. Еднаш еден др. ме викна нешто да му објаснам физика и сега ја одам влегувам во училница и тргнувам ко другар ми и нешто зборувам зборувам, а тоа било некое друго дете и ме погледна вака o.O
еднаш јас така убаво дотерана, на штиклички, нашминкана слегувам по скали....кога се засопнав, кога се спружив на земја...а што е најлошо ме видоа и други , па дури притрчаа да ми помогнат, абе сакав да умрам, да не станам веќе од тука,лелееее
Неколку случки - јас како мало детенце Да почнеме од најраната возраст. На случката јас не се ни сеќавам - но на тато му е омилена за раскажување На плажа во Грција. Млад брачен пар (мама и тато) со своите деца на одмор (јас и сестра ми). Постарата ќерка (сестра ми) спие под чадорот, а помладата (јас - бебето) си игра со песок. Татко ми ми дал школка да си играм а тој отишол да ја разбуди сестра ми. Арно ама - сум ја отворила школката (зашто била жива - имало мевце во неа). Кога дошол татко ми, имал што да види --> Бебето задоволно си ја оближува устата Случка која ја паметам иако имав само четири години. Прабаба ми (сега покојна) оди потпирајќи се на бастун. Фудбалерката (јас) си шутира топка .. право во нозете на прабаба ми. Таа паѓа на земја и додека сите трчаат да и помогнат - јас како до пушка: ''Ех, бабо бабо - така не се игра фудбал'' За време на летен распуст (откако завршив прво одделение). Земав да го бришам пишуваното во тетратките. Влегува мама и ме прашува зошто бришам. Мудро одговарам: ''Мамо, нема потреба да купуваме нови тетратки - во овие повторно ќе си пишувам'' Второ одделение - се подготвувам за екскурзија. На сите деца од моето одделение им рекле од дома дека ќе носат апчиња за повраќање. Јас доаѓам дома и и кажувам на мама да ми даде апче и на мене. Мама ми вели: ''Ти си навикната да патуваш од мала - не ти треба апче''. Јас кога запнав - нема и нема, сакам апче и готово! ''Зошто сите да носат а јас да се одделувам ?''
Правејќи муабет со еден другар на МСН, наместо дека, во брзање без да приметам сум пишала дрка. Што стиснав ентер, стиснав, па едно смајли безобразно кога се појави. Си викам Вааајлд бруко ниеднаа. Ама среќа ме знае детево што како сум, па не си зема при срце.
ова ми се случи денесс....во школо сите ме зафркаваа за мојата симпа и во тај момент тој влага во училницата за да донесе неш и сите почнаа да викаат а јас се пикнав под столот и да ме нема и сеа ни јадам ни пијам
Зина земјата, и не ме голтна! Пак јас, со една тазе случка типична само за мене. Излезена минатиот викенд, во еден од градските клубови, другарка ми ме замолува на сите да ни нарачам пијачки. Нема проблем. Си застанувам на шанк и чекам бато шанкер да ме регистрира за да му нарачам. Во тој момент ми приоѓа еден тип, нежно ја става неговата рака на мојата половина и на уво се дере - Девојко што ќе пиеш? - ОК е дечко. - Ама не, те прашувам што сакаш да пиеш. - ОК е реков, еве нарачувам веќе. - Па токму тоа и те прашувам, што ќе пиеш, што да ти нарачам? - (мислејќи си, уф аман овој упорно сака да ме части) Дечко, ти реков не фала, стојам еве готово на ред сум, ќе нарачувам пијачки за мене и другарките. - Добро бе девојко, па тоа и те прашувам, што ќе се напиете? - (мавам со шмизл рака веќе, малку и нервозна) Дечко ај олади, реков ок сум, ене ти други цури слободни и чекаат да им нарачаш пијачка, јас сум стварно ок! САМА ќе си нарачам. - Абре јас сум КЕЛНЕР те прашувам што да ти нарачам! Свесна дека ја укакав работата. Свесна дека се умислив премногу. Свесна дека искочив најголема плавушица пред типот. Место да се извинам, го продолжувам муабетов у надеж дека ќе си ја спасам честа. - КЕЛНЕР?! Ме зезаш??? - (со насмевка која секој момент ќе прсне во гласна смеа) Не бе! Озбилен сум! - Па од кај да знам дека си келнер, па не личиш бе! - А на што личам ако не на келнер? - Што знам. На дечко. Муштерија. Камо ти некоја реклама, кока кола, Амди на маица, нешто, билошто...чекај зошто не носиш маица туку кошула? - Епа празник е, малку посвечено. И тука типот го зема послужавникот со нарачка за некој и си заминува а јас со зината уста останувам да стојам на шанк правејќи facepalm и потоа прснувам од смеа. Онака сама за себе, да си го продолжам животот, велејќи си во главчево - о смотле едно! О бруко мори! Некое време подоцна се сретнавме. Се насмевна и ме праша дали сега може да ми ги донесе пијачките бидејќи гледа дека сме допиле веќе. Се приближи и ми рече - фала у секој случај, ова беше комплимент Се изнасмеавме, му се извинив и си напраивме едно „да пукне“. Пирамида да не се викам, ако јас некаде, во некоја ситуација не ја укакам наскоро пак на некој сличен начин
ова беше за полуматура кога праев лееел срамој живи..Идеме со сестра ми и влагам ја во продавница да барам фустанче,а не видов дека таа спортска продавница..и и викам на продавачката дали имате фустанчиња за полуматура.. таа ме гледа цела со прашалници...и излегувам ја цела нормална и и викам на сестра ми нема тука не ни приметив кај влегов и од кога ми кажува во што продавница сум влегла ми идеше да се фрлам од највисоката зграда
Чекајте прво да се изнасмеам за ова што ми текна. Лани решивме да прошетаме и се искачивме на едно високо место. И јас видов камилица, си зедов најлонче и фатив да собирам - цела ливада ја обрав. Дојде еден стар брачен пар и почнаа нешто муабет кој сте чиj сте, и после некое време женава ми вели: - Шо прајш бе моме? - Збирам чај. - Каков чај? - Камилица. - Абе тоа не е камилица - E како, што е тогаш? - Цвеќиња се Ви текнува од кои збирав? Од оние белине цветчиња шо врска немаат со камилица, ама јас тоа после го дознав Цела ливада отиде Така да, ако ви треба експерт за чај слободно обратете се кај мене.
Летно време, сонце пишти а јас се шетам со братучедите низ град. Многу милуваат убавите они сонце, па јас како добра домаќинка да ги прошетам. Бидејќи стварно беше пекол, братучед ми отиде на базен, а јас и братучетка ми одевме баравме чевли. Кои црни чевли, се испозатворено беше. И ајде, што да правиме, решивме ќе одиме да го собереме братучедов од базен и ќе одиме дома да гледаме филмче. Стасуваме кај влезот, а таму еден ЧКЉ карактер што работи, абе што да ви расправам. Му кажавме дека само сакаме да го викнеме, ако може без карта - не ја носевме сезонската, а си го знаевме бројчето - да влеземе. Овој не, па не. Така ли, добро. Му застанав таму на Сонцето, му се истопорив и типов ни две ни три ми вика обезбедување, за да ме избркаат. Иде тој од обезбеџење и ми вика напуштете го објектот. И ги гледам таму се собрале, ме гледаат сите од генерација... бруки. Така ли, така - испаднав што испаднав, и бап од другиот влез се шмугнав. Одам кај тој другиот, ама оти бев изнервирана, и објаснував истовремено и на братучетка ми - на српско-англиски - и на овој, па почнав да мешам и заменувам зборови. Тој па, малку смотанко беше, почна и тој на српски да ми зборува, ама оној македонско-српски. Ми вика ,, Јелда, ти ниси одавде ,, и мене ми упали кликерот во тој момент му викам ,, Нисам, нисам одавде, ал може да уџемо без карте ,, Ајде не пушти, атер оти ,,странци,, бевме. Колку ми е незгодно кога ќе ми текне, најтрагичниот дел е што можеше одма да провери дали сум или не сум од Македонија, на тоа сезонската сите податоци ги имаше....
уф на оваа случка се секавам секој ден па затоа оваа ке а издвојам: бев 6 или 7 оделение и чекаме пред училницата долу на први спрат и еден мој тогашен школски нешто ме задеваше и ајде јас силната ке го трчкам и трча тој и оди на втори спрат јас по него и тогаш ми се допагаше едно момче моја генерација (мислам дека и тој ме симпатизираше али не е битно ) и го гледам него со своето друштво си одат полека така наредени 4-5 души и јас се усрекив и си велам сега е моментот да се покажеш -убрзи и школскиот трча надека нив ги заобиколува сите и пак назад и јас како ја факам кривината да ги заобиколам се лизнувам и се спружувам пред нив ги бакнувам плочките,станувам и повторно трчам и се слегувам долу им раскажувам на моите и тие и велат насмеј се и јас и сега да ви кажам зошто секој ден се секавам на случкава последицата беше предниот заб скршен на пола и веднаш го направив ноо (од играчка доживотна плачка па веке не трчам како будала по машки)
минатаат година на физичко едно девојче ми ги симна панталоните погокем срам немам доживеано ...срека што машките и НАСТАВНИКОТ беа на др страна и вежбаа па никој не ме виде , али затоа женските беа у rofl ситуација
Прва година на факултет, уште се запознаваме ново друштво демек и си ги посетуваме собите си зјапаме кој што си донел од по дома и собрани, накрцани сто души во соба кај една девојка, постара беше од мене 3-4 години и јас умната глава, зјапам во нејзините слики и гледам една интересна фотографија, на која девојкава ми изгледа дека е сликана во средно, помлада изгледа на сликата и убава, дотерана ко за искачање стокмено девојчево и јас и велам еј, многу си убава на сликава, ич не си личиш муабетот од устава требаше во поинаква верзија да излезе де, ама во обид да редуцирам зборови треснав глупост ај сите што се згазија од смеење, за мојава глупост, ама па и девојчево го посрамотив без да сакам. Ама е, ме бива понекад и за такви ствари да укакам, кога ич нејќам.