Во деветто имаше едно дете што го свиѓав преемногу. Имаше другар кој толку многу ме нервираше и само се мешаше во работата на други луѓе, кој шо правел бла бла бла. И беше мал одмор и си одам јас со другарка ми в ходник а пред нас одат симпатијата и другар му, и сеа овој другар му ја фаќа кваката од вратата и да влезе ама јас толку изнервирана абе му ја зграбив со сета сила и си влегов јас во нивната училница и си одам јас да си седнам кога видов, абе вака не изгледа училницата и си излегов а целото време тие двајца си ме гледаа вака: И потоа си седев цел ден вклупа со главата наведната а другарка ми си се смееше
Еднаш дотеран, излезен за во град и пред тоа да земам мастики од блиската продавница, ама дека зимно време бев малку настинат и си викам ќе земам мастики и паломи (а, по две купвам стално, дека на зима ми течи нос). И Добар ден - Добар ден му велам: Orbit мастики и две пакетчиња паломи (потивко зборав дека и грлото ме болеше). И продавачката: Од кои кондоми сакаш? Јас, (погласно сега кажав) Паломи 2 пакетчиња и мастикиве. Потоа и јас и касиерката и другата колешка од дуќанот се посмеавме.
Ова поодамна беше, пред едно 4-5 години ама сега ми текна случајно. Јас зборам на фејсбук со еден другар од клас, и со другарка ми во исто време. И зошто тогаш беше популарен трендот со нитни и шилци на се' и сешто, исто беше и на прслуци, и јас барав на нет да и покажам на другаркава каков прслук сакам со шилци. Којзнае кај најдов една слика, јапонки носат црни прслучиња со огромни златни шилци, со фаца "уџи ми дубоко" и арно ајде, и ја пратив на неа. Ама, во исто време сакав да му пратам нешто друго на другаров што сакам, и не ми се ископирал линкот ко што треба, прслуциве сум му ги пратила... И чекам таква одговор, гледам детево не пишува... и после некоја минута, што е бе ова и се гази од смеење хахаха. Леле, кога видов што сум му пратила, не можев да му се објаснам дека стварно по грешка, жив срам ме изеде.
Возиме со син ми точаци, поминуваме преку пруга помина син ми и јас по него. Како ми влезе цело предно тркало во шината и јас на земја. На сред улица. Доаѓаме дома и мм ми вика имаше луѓе, те виде некој?? Не бе една кола само му викам. Ми се згази од смеење и сите други најблиски што им кажавме. Катастрофа.
Летоска, се заљубив у еден далеку постар од мене (читај точно 15 години постар) и ај тоа нема везе, мене и онака постари увек ми се приоритет. Него, испадна човеков да ти бил геј, па кај геј, па уште и го прошле и повеќе него што некоја просечна жена за тие години, мислам... Кај ми беа очите и паметот ја не знам... феминизиран, исчупан, без ниедно влакно, па и ништо маженствено на него (освен тоа напред де) (Иначе, да не бидам погрешно сфатена, не генерализирам, немам ништо против тоа све, али ете што ми случи)... И така за иронијата да биде уште поголема, си живеев во заблуда неколку месеци, дур' не се уверив каква била работата ,си праев планови, како ќе сум се земела со него, па кога 5 деца ќе сум му раѓала... ахаа, важи.. иначе да, стварно штета за човеков убав маж вака и образован и ситуиран али тоа е... Смејте ми се, слободно! Ај!
Бевме на плажа, земавме пиво и седиме пиеме, и ај реков да видам каква е водата, и само што појдов, коа гледам од спротива дечко ми со женски и двајца другари, јас убедена дека е тој, му одам позади него му затворам очи и го бакнувам во образ, типот ги извади наочарите ми се пули јас му се пулам гледам некој друг, лееелее чоек умрев, и му викам извини се препознав.. абе така сите настрана ми се испулеа.. едвај доседав дента на плажа...
Сме се собрале цело друштво стоиме на тротоар, и еден човек да помине меѓу нас, бидејќи блокиравме, и со раката испружена си прави пат, а јас таква мртва сериозна, му ја земам дланката и му велам Здравоо.. И после кога се засмејавме сите.. Будала.
Колку треба да забегаш да направиш такво нешто? Возам накај дома,стигнувам пред куќа,давам змигавец лево и од спротивна насока ми доаѓа нашиот комшија. И убаво си застана момчето,ми остави доста место да влезам,а јас толку се збунив (читај ПС) што наместо да влезам јас,дадов гас и продолжив да се свртам погоре. А првото место погоре кај што можам да се свртам е 3км подалеку И така,значи наравоучение,додека возите потполна концентрација П.С.Згодно момче,ептен онака
Седнавме у кафич со другарка и се мислевме што да јадеме и дојде келнерот и му викам ај за мене хамбургер и ми вика со кечап,сенф? Бев загледана нешто у телефонот и му реков со мене кога ме фати една смеа ми идеше да станам и да си идам Блам..
Си одиме со дечко ми и му се жалам како ми се пуши цигара а немам, касно беше и немаше од каде да купам. И тој ми вели ако толку ти се пуши имам јас нешто за пушење, ќе ти дадам. Се вртиме и гледаме една жена оди зад нас. Во земја пропаднав.
Мм е од крушево и нели таму и власи има и мм мое си знае и влашки иако не е влав. И го слушам цело време на другариве негови им вика: кај си бе пула? И јас целата зачудена што е тоа го прашувам ми вика: тоа значи дечко фин господин... и вечерта требаше да се видиме со негов другар во кафичот. И одиме и мм ми вика: речи му пула. И јас така ко шо сум си погласна му викам пред цел кафич: кај си бе пулаааааа и тоа мн гласно. И другаров ме гледа онака 5/6 секунди и ми вика шо ти е мори? А околу нас пола и више од кафичов шо ме слушнале се ваљаат од смеа ме разбрале што сум кажала.. а и меѓу тие што се смееја беше и мм. А јас онаква шо се дешава шо се смеете... дури од кога се смири се дознав дека тоа легендарно "пула" на влашки уствари да ти било називот на машкиот полов орган абе зини земјо и голтни ме и мм до ден денес уште ме зеза со другарчево кое после разбра кој ме зезнал така да кажам...
да бев јас на тие шо ми се смееле и зјапале најмирољубиво ке им ги поздравев сестрите или мирољубиво ке ги прашав да не игра мечка
ме изнасмеа со србинкава и мене слично нешто ми се деси у ало ало. Јас и другарка излезени и го чекаме дечкоми, ај што ни текна дур го чекаме да се напиеме кафе дур чекаме, и најблизу ало ало. И си седнавме. Јас па пустата имав едно кошулче што супер ми стоеше али малце тесничко горе, поради моето проклето габаритно предно екранче што одувек си го мразев. И у сред муабет со другаркава се приближува еден дечко и ми застанува до маса. Јас и другаркава сеа шо сака овој... и ни две ни три на цел глас фраеров ми вика: женска кај ти ги правеа силикониве, да ја носам и женскава таму... а женскаму на суседна маса пази... јас цела спремна да отворам лепеза со поздрави кон мајки тетки стрини сестри коа другаркава ме буцка и со мимика ми вика да се свртам. Се вртам и ем пола кафич зјапа у нас и спремен да фака сеир ем дечкоми случајно не видел на маса и влегол... и да е трагедијата поголема го слушнал прашањево на идиотот и се се смее...... После идиотот си се извини на сметња и си отиде а јас цела ваква па уште и ме зезаа другаркава и дечково за силиконот месец дена зинииии земјоооо.....
Бев излезена во кафич и значи ко ќе влезиш во кафичот и скали има нагоре и јас бев слезена долу и се брзав, ќе си одев дома и требаше да се качам да си ги земам работите и да им кажам на другаркиве дека си одам и само забрзана од долу, затрчана колку шо можам и не и се засопнав на скали и со раката се потпрев на скалата, среќа не се спружив..и само се исправам и фацата ми е и гледам над мене одма имаа машки маса и ме гледаат.. Лето беше и бевме во Охрид на одмор и кај луѓево кај шо бевме сместени се познававме, и родителиве мои си живеат со нив.. И мајка ми имаше пратено некои работи од дома и имаше здравоживо за нив (не се сеќавам точно шо беше) и сега сестра ми и дава на женава и јас не знам од кај ми дојде то да го кажам викам доста е доста и целата поцрвенив, а сестра ми и другарките почнаа да се смеат под мустаќ и ко излезе жената прснаа да се смеат, а јас уште повеќе усрамена... инаку не дека сум скржава или слично, ама стварно не знам од кај ми дојде тоа...
Не е нешто посебно али еве ќе го спомнам. Вчера поднесував документи на ФЕИТ ама тоа да ми фалело еден документ и морав да одам да го ископирам во една просторија. Викнав еден дечко да ми помогне и стои над мене додека јас се логирам. Испадна дека се логирам на погрешна страна али пред тоа дечково ми вика ресетирај си пасворд и јас секако тоа го правам. Уклучувам меил, слободно си скролам, он си скрола бара порака и одеднаш ме стега срце. Приметив дека наместо моето име пишува Japaleno Burrito горе. Се препотив. Па кај личи 20 годишна скоро така да сум потпишана. Тивко му реков те молам не го гледај името и овој прсна од смеење. После до дома и ја си се смеев со другарка на телефон. Порано бев многу хиперактивна и безобразна, па следново е резултат на тоа. Во 6-то одделение на голем одмор од нигде никаде нешто збеснав и трчав низ училна. Одеднаш доаѓам до клупата на најдобрата другарка и и ја гледам тетратката. На корицата имаше слива у форма на коцка. И ја ни два ни три одеднаш и се развикувам ЗАШТО СЛИВАВА ТИ Е КОЦКА БЕ П*ЧКО. За у тој момент на врата да била една од наставничките и остана запрепастено и ми вика е ова од тебе не го очекував..пред да се деси тоа и бев омилена ученичка. Во средно пак, професорката по историја ме обожаваше од некоја х-причина и еден час ми вика ај ќе те молам симни се до доле кажи на некоја од жените да го донесе дневникот и јас тука се фурам хехе идам до доле да викнам жена па коа се качив горе од возбуда да и кажам дека сум завршила работа при отварање на вратата некако ја стопирав со нога и со главата директно во ивицата на вратата. Нема да ја забораам таа мили-секунда пред да се треснам коа ги видов сите као затвараат очи и отвараат уста. После тоа цел час ја поминав со наведната глава од смеење.
Ова се деси почетокот на февруари годинава. Одам кај другарите на еден тип да прашам за него, пошто цел ден го немав видено и бев загрижена Патем, јас на социјалниве мрежи најдов еден ист ко него, дури и со истите алишта и си викам, готово тој е го најдов (со сосем поинакво име) И сеа одам кај овие, прајме муабет најобичен и после викам абе кај ви е другарот тој шо ве дружи....се чудат овие. Јас уште толку збесната му викам на едниот-абе кае александар (а типов шо го барам филип се вика), тој ме гледа прашално и ми вика-кооој, а јас му се обраќам со посилен тон-абе другар ти филип кае (а овој другаров стефан се вика, јас мислев дека тој е филип а филип е уствари тој шо го барав ). Му пукна него филмот и ја вика другарка му-еј *името* кажи му на оваа дека јас не сум Филип, слушам оддалеку-не, не е тој Филип...со брзина на светлината слегов по скали и да ме нема Која будала сум у пм
Секој ден посакувам да се отвори земјата и да ме голтне, бидејќи не поминува ден а јас да не направам некоја глупост или пак да не ми се случи нешто глупаво и смешно. Денеска после школо со другарките отидовме на кафе. Седнавме на маса која се наоѓа веднаш до чадор и чантите ги оставивме на земјата до чадорот. Во кафичот дојде еден човек со куче и го пушти кучето да шета слободно. Јас станав да одам до wc но дојде кучето и почна да се плетка околу нас. Другарките кренаа малку паника и јас повторно седнав, додека седев кучето пак дојде, застана до нашите чанти, ја крена ногата и се измоча врз нив. Другарките почнаа да викаат по кучето и одеднаш сите очи беа вперени во нас. Потоа кога видовме дека сите чанти се извалкани почнавме да се смееме како ретардирани и за крај јас ја несакајки ја турнав чашата со Нескафе и повторно целата течност по беше чантите. Повторно прснавме да се смееме а најлошото беше тоа што бившиот ми се исмеа во лице. Искрено посакав да се отвори земјата и да ме голтне од срам.
Катастрофа.... Си идам накај дома и поминувам низ комплекс дуќани сите затворени нормално пазарен ден кај нас среда и еден човек максимум 40год. Ми вика да не знаеш зошто се затворени овие овде пауза да не имаат?и јас викам незнам уствари денеска е сабота (а среда е)и ме погледа човекот и си замина...јас битно го збунив и го доведов до мисли од типот јас или оваа е ненормала ?Што ден е всушност денеска? И дали сум изгубен јас или и треба помош на јаднава девојка? Кога ми трека што кажав тој веќе беше заминат и немаше место за исправки па и на крај краева шо ми е гајле нека си мисли друг пат кој и што прашува ете така Во меѓувреме си ронам солзи од смеење од денешниов испад Have a nice day
Со комшијата од претходниот пост горе сме пријатели на фб. Со новиот изглед на четот и тоа рачињата што мафтаат мака си имам. Не сум ни приметила додека сум скоролала,сум му мафнала. Гледам ми стига порака и тој ти мафта. Полесно ќе ми беше во земја да пропаднев. Земав му пишав порака дека случајно сум стиснала без да приметам,дечкото се насмевна рече не е пролем. И што ќе се случи денес? Влегувам на фб и пак мафнав на неколкумина,вклучувајки го и него. Знам,дебил сум.