1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зини земјо, голтни ме!

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 2 јули 2010.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.050
    Допаѓања:
    225.337
    Пол:
    Женски
    се имам 'опнато' со нос во бандера... што повеќе да кажам.
     
    На angelche16, ku4ence, Luna91 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    1. Трето, четврто одделение. Стојам со најдобрата другарка на прозор, и надвор поминува една тетка како транџа нашминкана. И викам види ја женана ко вештерка нашминкана, а она ми вика со солзи у очите, тоа е мајка ми.
    2. Петто, шесто одделение, седам со баба ми и чичко ми, и ми текнуе оти иам читано што е, ама не ми текнува, па ај ќе го прашам чичко ми што е тоа Кама Сутра. Он ме гледа и ќути. Ја го напињам кажи, па кажи ми што е. Ми вика после. Па зема баба ми вика Кама на латински е кревет, што е сега па Сутра... И ја се налутив оти не ми кажа, и демонстративно ја напуштив просторијата. После некое време ми трекна што е, и ми идеше да умрам од срам.
    3. Ова пред едно 5 години, пиеме кафе со симпатијава у кафулето каде работев, сами. Се убацува еден човек, и прашува дали ми е тука газдата, му викам не. Искача овој, и викам овој не гледа дека само ние сме тука, слеп да не е? Абе една минута немаше, му звони мобилниот на симпатијава, се јавува и вика да да, тато, сега ќе излезам, те видов, знам дека ти беше... Татко му не сакал да го срами пред мене, па демек газдата го барал...
    Kill me, please! :x
     
    На Harper, menov, cash и 28 други им се допаѓа ова.
  3. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Се качуваат дечко и девојка во автобус..дечково напред куца карта, а девојкава си влегува и си се замуабетува со другарка.. дечково вика девојче дај картата, јас мислам контролор е и ја вадам да му ја покажам,( мислејќи мене ми вика)..умрев :rofl::rofl:
     
    На Harper, menov, angelche16 и 25 други им се допаѓа ова.
  4. A.M.M

    A.M.M Активен член

    Се зачлени на:
    17 август 2017
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Еднаш бевме со другарките низ паркот да се прошетаме.И јас нешто требаше да ги почастам и одам во една трафика во близина за да купам милка чоколада и онака мртва озбилна на продавачор му викам : Колку пари е милката од 70 ден ??
    Сега секогаш проверувам кој е на смена. Човекот можеби си помислил оваа ''луда'' да не е.


    Има и друго.Зима беше,исто со другарките бевме,но овој пат во кафич и кога да излеземе од кафичот келнерот позади мене носи 4 кафиња и незнам уште што друго,а јаа не го видов и ќе му ја затворев вратата ќе се истуреа кафињата,ама за среќа тој ме предупреди. Наред пат кога бевме ми беше срам.
     
    На Amona, Lolo5, Dr.Zzz и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Колку зачестив на темава..:wasntme:
    Бевме излезени на панаѓур во нашето место и имаше пукање со пушка во лижавчиња,цвеќиња и животни (играчки секако) што се мрдаат. И јас,ај да пробам. До нас беа луѓе од нашето место и комшии,поточно комшија со кој нема ден некоја незгода да не ми се случи.(facepalm) И како што пукав случајно рачката ми се откачи и со пушката го удрив дечкото точно по нос.:tmi:. Му се извинив секако,ама кој ѓавол бараш позади мене да ми дишеш во врат:whew::drunk:
     
    На cash, Amona, Lolo5 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    847
    Допаѓања:
    8.358
    Пол:
    Женски
    Брзав многу вчера и одам на банкомат, а банкоматот празен.
    Влегувам во банка пред мене 2-3 и си викам ајде ќе почекам, белки брзо ќе биде. Доаѓам јас на ред и несвесно од паричникот како што ми се 4-5 картички, место личната карта на службеничката во банка сум и ја дала електронската картичка за здравство. И жената мртва сериозна гледа во мене, гледа во картичката, а јас пак гледам во телефон да не засканам и ми ја враќа пак назад, кога гледам што сум и дала ми идеше во земја да пропаднам. Бркам збунето пак и ја давам личната карта, ми вика колку сакаш, си ги земав парите и да ме нема низ врата. (facepalm)
     
    На Ники., Lolo5, Dr.Zzz и 2 други им се допаѓа ова.
  7. aleksandra4444

    aleksandra4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Не направив ништо јас но сепак смешно беше.Бевме на шетање сношти со дечко ми сестра му и еден другар.Тие двајцата напред во колата ние двете назад.И дечко ми ја пушта раката наназад и место мојата нога ја фати на сестра му:lol: Неможевме да се сопрееме од смеење:D
     
    На menov, angelche16, Ники. и 6 други им се допаѓа ова.
  8. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден отидов со другарка на кафе. Седевме што седевме и ајде ќе си одиме. Внесени во муабетот си појдовме. Заборавивме да платиме. И ајде назад. Бруки невидени.
    Среќа се знаеме со келнерите па заедно се изнасмеавме.
     
    На angelche16, Ники., Lolo5 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Слика :
    * на неа ја со дечкото, сум го гушнала околу врат, и околу нас уште 10 души ;

    Мајка ми :

    * ,, GOSH, TOJ DECKOTO SO GO DAVIS OKOLU VRATOT MIRKO EEE ?!1? ,,

    [​IMG]
     
    На Indiegurl, Kimberly11, Amona и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Medicine25

    Medicine25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    1.540
    Пол:
    Женски
    Неколку дена пред нова година падна договор да одиме да истрошиме енергија некаде.И сеа доста бевме ама проблемот беше што со нас ќе одат и некои други 2 години постари.Едниот од нив го манијачев пред неколку месеци ама во супер односи сме и колку толку комуницираме.Се чекавме отидовме и овој сеа ми носи сок затоа што нагласив дека нејќам алкохол:rofl:.И секако имав чудни мисли не му верував многу и чекав да станат да играат за да проверам дали се е океј.Помина едно 30 минути додека да се мрднат и јас имам слушнато налакиран прст да се стави во пијалокот и ако се смени бојата тогаш има нешто ставено внатре.И ставам јас прст внатре и само слушам некој глас: "А да не сакаше на друго место да го ставиш" ?:rofl:.
    Дечково вулгарно ми се испонаша што цркнав од смеење со прст во сок, другарка ми му објасни после а јас пропаднав од срам.Ми стигна порака два дена подоцна: "Се беше шега ама не очекував дека ќе мислиш дека ќе ти ставам нешто во сокот, мислев да те викам на кафе ама пред сите ќе ставиш прст да провериш па ќе пукнам од смеење и затоа нема кафе".
    И да навистина се посрамотив.
     
    На Harper, Indiegurl, Amona и 7 други им се допаѓа ова.
  11. MynameisHelen

    MynameisHelen Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Пред неколку години со друштво седевме на едно игралиште. Си имавме обичај секоја вечер да си земаме грицки, сокче и после тепавме разни муабети до кога ни душа сака.
    И така една вечер после цел саат муабетење одиме да си го истераме адетот и да купиме грицки до еден маркет во близина јас, другаров и уште еден другар.
    Кога, зад аголот гледаме паркирано едно колиште бмв мислам беше, црно, гланцано така, со темни стакла, што да ви кажам. Едниов другар е ептен фрик за автомобили, па кога го виде мислам дека зајде. Одма тука почна да припаѓа, вакво е, такво е, па да се туфка, па ова, па она. И на крај додава: "лелеее каква машина, ова којзнае колку е графирано" (демек колку брзо може да оди) и се залепи за прозор со рацете околу лицето.

    Кога одеднаш слушам едно "Еј?!"
    Бреееј си викам, ова по реакцијава којзнае колку брзо оди, и како теле некое во уво се претворив и чекам да каже, кога одеднаш децо, се отвара вратата и излегува еден напи*ден типац две на две, по ништо друго освен гаќи, и за момент мислам дека му видов чад кај што му излегува од ушите.
    И во милисекундата ни текна што правел уствари човекот :wasntme: и кога ја спраштивме леле луѓе, каква сила ми дојде, па Усаин Болт не ми беше рамен. И само слушам од далечините "мајмун! мамицата твоја, само ако ти дојдам" :rofl:
    Душа излезе од трчање, ама и од смеа штом се осигуравме дека не трча по нас.

    Човекот поштено си "играл фудбалче" со цурицата, а ние кутрите невини душички, само за автомобилот се интересиравме :D
    Кој да знае.
    Ама ете, ни остана како анегдота за прераскажување што секогаш ми става насмевка на лицето :wasntme:
     
    На Hellobeautiful, Harper, menov и 16 други им се допаѓа ова.
  12. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Си седиме вчера со дечко ми кај него дома, ние во неговата соба, а свекрвката во дневна а и двете соби со отворени врати. Тој пушти некои видеа на youtube и си подлегнавме така и ја слушам свекрвката како се приближува накај неговата соба и сега од пусти срам да не ме види дека лежам рипнав од креветот да го прерипам дечко ми и одеднаш се испружив пред неа колку сум долга и широка и ми беше срам да станам, а таа кутра се загрижи и почна да вика по дечко ми да ме подигне. :lol:
     
    На Amona, buba4e89, Lolo5 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. alexa_dimoska

    alexa_dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Ги имало многу такви случки, ама ќе издвојам неколку:

    1 случка:
    2013 година беше кога отидов со тетка ми во Грција на одмор. Влагаме во една продавница за сувенири како по обичај, разгледуваме, завршуваме и доаѓаме на каса. Тетка ми плаќа тоа што треба и на крај човеков на англиски ѝ вика ''Have a nice evening''. Тетка ми мртва ладна му се врти и му вика ''фала и ти исто''. Најтрагично е што беше таква сериозна и си излезе од продавницата како ништо да не се случило, а ја надвор урлам од смеење пред сите, не можев до воздух да дојдам. После ѝ текна каква глупост направила.:rofl:

    2 случка:
    Оваа случка беше за Нова Година. Излагаме јас и другарка ми од местото каде што славевме и поминуваме низ плоштад. Нормално сите по пат ти честитаат, па ај и ние на нив. Доаѓа моментот кога еден тип поминува покрај нас и ни вика ''Среќна Нова'', а другарка ми само поминува покрај него и му вика ''не фала''. Она уствари слушнала ''Дали сакаш кондоми''. Вака не изгледа интересно, ама ја се утепав од смеење после тоа.:D

    3 случка:
    Седнуваме во кафич со една друга другарка. Доаѓа келнеров и ја фино лепо му викам ''Имате ли тука веце?''
    Му падна ептен смешно и не му се веруваше (барем таков впечаток ми остави), а мене ми идеше во земја да пропаднам. После ми вика ''Да, нормално'', и додека ме носеше да ми го покаже тоалетот, ми вика ''требаше у другиот клозет да те однесам''.
    Никогаш повеќе не отидов таму.(facepalm)

    4 случка:
    Не ми текнува точно, ама бевме 3 најдобри другарки и седиме така, и еднава вика ''треба да идам дома, мајка ми да ме тепа''. Не знам како изреагирав, ама честопати знаеме така со другава другарка сега што се дружам да се заебаваме на нејзина сметка. Така една вечер поминуваме покрај нејзината куќа и ние како што редовно си се брукаме, зборевме како мајка ѝ ќе почнела со џогери и метли да не брка ако ѝ тропнеме на врата, и од нигде само слушаме ''Добровечер девојчиња, како сте?''. Посакав да умрам во тој момент. Тоа беше мајка ѝ. Жената седела на тераса. Само одговоривме и си заминавме. Сега поретко поминуваме од таму.:tmi:
     
    Последна измена: 11 февруари 2018
    На buba4e89, Lolo5, Srcka $ и 2 други им се допаѓа ова.
  14. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам , но не ми се :Dмногу:$
    Брука, бев и уште се чудам што доживеав во тој момент.
    Ме покани една другарка која е албанка на кафе кај неа дома. Убаво се, јас си појма немав како живеат дома им. Првенствено океј ликови , секогаш средени , модерни , нашминкани , куќата преубава , огромна итн... Беа две сестри и еден брат, но не одев прв пат кај нив ( да појаснам).
    Ајде циркузот сега- Седиме во дневна се зезаме и влегува во соба една девојка со шамија на себе, долга сукња, ракави долги и јас као културна си станувам, залетана да се поздравам и запознаам со неа:$:$:$ Подавам рака, таа иде до мене :D:D:D:D кога ја видов која е - сестра и :@:@:@:@ се обрукав. Се убивме од смеење после тоа, јас жива се изедов, се поцрвенев од срам.
    Кај нив може така е редот од култура идат сите да те поздрават, ноооо јас си посакав да исчезнам тој миг.
    Не знам што ми се виде тогаш, но ете не ни знаев дека дома така одат со шамии и уште помалку тие две сестри.

    Имам уште една брука, но друг пат.;)
     
    На buba4e89 и Lolo5 им се допаѓа ова.
  15. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Со мојте другарки седиме во еден кафиќ и зборевме безобразни работи имаше музика зборевме,зборевме и музика немаше,музиката згасна а ние уште збориме на цел глас после тоа сите гледаа во нас....многу се засрамив
     
    На Luna91, Lolo5 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  16. lovestonedd

    lovestonedd Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2018
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    412
    Пол:
    Женски
    Немам многу за среќа ама ова ќе го паметам довека и секогаш ќе се затајувам од смеење иако тогаш не ми беше смешно :D
    Отидов у ВИП да платам сметка и стојам у ред,одеднаш се вртам позади, што ѓавол ме натера да се свртам еве не знам :D , и некој си рандом лик позади мене. Што ми се деси не знам ама у секунда се препознав и онака целата хепи,насмеана од 6ка до 6ка 'Оооооо па кај си ти ' . Човеков стаписан,збунет вика па еве.. ;D
    Абе немам зборови да ви ја доловам неговата фаца. Сите погледнаа во мене, се вртам напред и мислам патлиџан во лицето биднав..Почекав уште минута, две и демек ми се смачило од чекање си заминав..

    :tmi:
     
    На Billy Idol, Harper, menov и 22 други им се допаѓа ова.
  17. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Имав презентација на семинарска трета година. Страшна трема ме пукаше.:sweat:
    Скролав слајдови, ама од трема сирота малку ко потресена.
    Наместо "курс" мене од уста ми излета "к*р...
    Почнаа да се кикотат сите, јааа се фатив за уста. :$:$:$:rofl:
    Професорот прсна од смеење и само рече ајде продолжи. Како завршив не се сеќавам од срам. :whew::rofl:
    БламаГе.
    Друга дешавка после две недели, не знам што ми стана, кај истиот професор, седев до колешката со која се дружев многу. Ми рече од брзање заборавила да облече градник. И ја е мислев се зеза, ептен блиски, стварно не знам што одлепив ја пипнав на градата, и тоа убавооо ....:rofl::rofl:
    Баш у тој момент професорот пред нас. Ме погледна чудно. Лелееееее што беше многу, многу беше.
    Човеков денес кога ќе го видам бегам. А и ментор ми беше.:rofl::whew:
    Ми текна и трета глупост на факултет исто.
    За еден професор екс политичар, келав човек, не е битно кој е. Коментираше со друг проф као се шишал на две недели.
    И во моментот кога реков "што шиша овој жити се две влакна има?!? " се стишиле и ме слушна. Жар црвена, џомка да ме нема. Ме бутна на втор колоквиум, душа ми извади. :D
    И последна на работа .Директорот ме праша дали сум пушач.
    Јааааа како од пушка: па да, ама само навечер. (facepalm)
    Е овој ептен без срам ми се изнасмеа.:punch:
    После да се извлечам, пааа така да, знам навечер со друштво, не сум зависник да мора да излегувам на цигара.
    :rofl::x:x:x
     
    Последна измена: 2 март 2018
    На Michaelalala, Billy Idol, Harper и 23 други им се допаѓа ова.
  18. Ladu in pink

    Ladu in pink Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2018
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    1.451
    Пол:
    Женски
    Еднаш имав час по историја и професорот побара пенкало и јас му фрлив и го погодов во око:clap:(facepalm)среќа беше добар и не ме избрка од час-после ова престанав да давам пенкала на професори:rofl::rofl:
     
    На Billy Idol, Elf, Harper и 12 други им се допаѓа ова.
  19. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    20180630_122809.png
    Му ја пратив сликава на дечко ми на инста, и кога гледам и на сестра ми сум ја пратила. КАКО И ЗАШТО?!?!
    Ќе си умрам (facepalm):rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На dayla, Someonespecial, makedonkamak и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.371
    Допаѓања:
    20.957
    Пол:
    Женски
    Бев во Рептил пред некое време и додека бирав патлиџани во тој момент влезе еден комшија ама многу ми беше далеку за да го поздравам. Многу лошо се чувствував и си реков ај ќе свртам кругче ќе го начекам негде и ќе го поздравам. И така ја си врткам наоколу и гледам човек што многу ми заличи на комшијата и му се приближувам цела насмеана дека ќе испаднам учтива и дрекнав: Здраво! Кога се исправи, кога видов дека не го познавам човекот устата до крв ја гризев за да не пукнам од смеење а во лице сигурно бев булка од срам.
    Одма грабнав некој производ и почнав да го читам демек, очите мислам вакви ми беа..
    stream_img.jpg
     
    На Indiegurl, menov, CrazyGirl15 и 5 други им се допаѓа ова.