Отидов да си го снимам стомаков.Тетка та ме праша дали пушам.Незнам што ми стана ,целата шлакната и реков цигари ли ? Она ми возврати па што друго и почна да се смее на цел глас.Зини земјо голтни ме.
Мали бевме со брат ми , некаде 4- то одделение тој, а јас 3- то. Скоро исти бевме по висина, како близнаци еуро- крем бевме. Работата беше што си бевме слабички деца, секогаш не караше мајка ми за да јадеме повеќе оти ќе не одвеел ветрот од дебелината наша. Супер се и еден ден на одмор во Дојран. На плажа се знае како се оди, само не знам што го фркна брат ми да се збудале до толку и се избаци на сред плажа и се обрати на мајка ми:- "Види мамо, како гладните од Етиопија сме со дада, ребрата ни се бројат..." Мајка ми остана .
Ова не ми се случи мене туку на моја другарка. Бевме 8мо одделение. Одевме накај мене дома од училиште. Патот беше раскопан бидејќи ставаа нов асфалт и тротоарите беа раскопани и насекаде имаше песок. Патот по кој одевме беше многу тесен. Јас одев онака стегнато плашејќи се да не паднам бидејќи ако се лизневме, ќе завршевме лизгајќи по песокот во дупка. Ама на другарка ми тоа ме и пречеше, дури спротивното, си одеше толку слободно, со крената глава, омака целата влезена во филм. И наеднаш се лизна и газечки се лизгаше по песокот и падна во дупката. Сите ја видоа, а мене ми треба неколку минути да престанам да се смеам. Девојчето мислам дека ќе умреше од срам. А да биде работата уште полоша, ја видоа и група машки од нашето училиште и згора на се едно од нив кога поминавме и рече:,, Девојче, ти да не скијаш од Попова Шапка?".
ја,маж ми и комшивка во лифт... он држи клуч од дома у рака,јас ранец имав на грб.Требаше он клучот мене да ми го даде и разговорот идеше вака.. он:кај сакаш да ти го ставам (мислеше на клучот) јас:стави ми го одпозади(мислев за во ранец) на крај свативме како звучевме ама касно веќе
Одам јас луѓе на вежбање наутро. И добро. Теретаната ми е на три километри од дома. И нормално земам шеширче со мене дека е жешко, и чекам јас на пешачки. Едно многу убо симпатично дете со моторче ме пушти да поминам и се насмеа и тој и јас. Ама многу убав уф уф уф  И сега заради него мораа да застанат сите коли а сурија коли имаше ехеее, и јас поминвење пешачки, дување ветер и шеширот долу по пешачки се тркала а коливе ме чекаат да поминам. Ама она тркалање лелее живи бруки не можев да го фатам никако само ми бегаше. Детево замале од смеење Се вратив го зедов од пешачки и поминав Поцрвенев луѓе, поцрвенев. А коли колку да сакаш сурија. После колку ми беше смешно се смеам ко ќе ми текни, ама остај то се избрукав пред убо но дете.
Заокружи ја буквата пред точниот одговор. Кога мајка ти ти ја наоѓа најпорно долната облека сосе сите реквизити од истата, следната постапка е самоубиство со: а) Бесење; б) Давење; в) Пукање во слепоочница; г) Се од горенаведеното.
Де, пак и ти... Да си жива и здрава, не е нешто страшно. Не си убила човек. Како ти ја најде, жити се, ак не е тајна?
Една случка од средното.. Се гаѓавме со креди на часови, и еден ме погоди во глава, и јас веднаш ја земав кредата. Сакав да ја фрлам кредата до кантата за да не продолжат веќе. Меѓувреме професорката пишуваше на табла, и јас ја фрлам кредата но бидејќи сум многу 'прецизна' место во канта, ја погодив професорката баш во задникот. Јас целата испаничена, останатите се смажаа од смеење.
Вчера мајка ми и сестра ми на гости кај мене , и правевме муабет нешто за средување , и вика мајка ми ај да ти помогнеме додека сме овде . А јас сум заборавила кондом од 2015 во шкаф . Мајка ми се смее го вади од шкаф и ми вели : " Ова е со поминат рок , ќе останеш бремена со трето , ќе го фрлам купи други " . Пропаднав . Инаку , кондоми не користиме , затоа и стоел таму од 2015 .
Маж опериран и во болница сакаше да оди во вц бидејќи не можеше сам јас со него во придружба. На оделението каде лежеше сите вц зафатени ај во еден од ходниците кои водат за излез од оделов најдовме влагаме и по некое време тропа некој на врата а ние двсјца во исто време ЗАФАТЕНООО!!! кога прснавме од смеење и такви насмеани излегуваме кога пред врата една бабичка стои и прави цццц овде ли се прави таа работа?! Е тогаш веќе сакав во земја да пропаднам од страм а маж искулиран мува не го лази. А бе му викам се посрамотивме А маж вика не бе срце ништо ние не правевме туку бабево што мисли има
А јас пак сфатив како со некој рандом маж да си отишла во вц, дека имаш напишано маж, а не маж ми. Бетер од бабата јас.
Има многу ама еве една рандом. Се спремав за на матурската па незнам и јас колку време фино лепо стигнав таму и сликање ово оно. Сколските сите расположени ора се играат и се. Си нарачав неколку пијачки ко по обичај во тоа време ги ексирам. И морам да напоменам дека не сум ич ама баж ич по таков вид на прослави со ора и се. О за брзо ми досадува. Си нарачав превоз за до дома и излегов да чекам надвор. Во тој момент една девојка од др класеви беше не ја познавам лично, излегува надвор ме гледа и ми вика што правиш тука зошто не влезеш.И ја на ова да не се објаснувам како од топ толку ме пуштаат од дома. Е сега нејзинава рекација ме стави ептен у незгодно ако бев малку зафаната од пијалокот. Девојчево дојде ме прегнува и вика жал ми е. Кога и да ми текне на ова се смеам.
Ве читав за да си се насмеам да си го подобрам малку расположението и ми текна на два блама што ми се случија последниов период додека работев. Како по обичај каснам секогаш секаде па и за на работа и редовно трчам по автобуси и гледам од последна ми трга автобусот а јас треба да го чекам на претпоследна и си велам морам да го фатам па што сака нека е барем еднаш да не закаснам. И земам залет јас, трчам го преминувам булеварот и трчам по патеката до автобуската која иначе е од бетонски плочки или како и да ги викаат. Не се сеќавам кога последен пат сум трчала со таква брзина и веројатно некоја од плочките подизвадена била, сопнување јас а од што бев залетана не можев да се запрам улетаната таква паѓам уз трчање оп оп оп и конечно со фацата во земја се опружив доле, а да напоменам дека на автобуската имаше 10тина луѓе сигурно, а ова ми се деси на 10 чекори од автобуската. И не знам сум се истркалала во трвата некако и таква лежам на грб ми доаѓаат солзи од болка, се црвенеам од срам, и воедно ме фаќа смеа од тоа што паднав и си лежам така решив да на станам додека не си замине автобусот да се правам мртва пошто претпоставувам сите гледаа накај мене и умираа од смеа. И слушам се затвараат вратите од автобусот и тргнува и јас послека станувам и се вртам и ги гледам сите во автобусот залепени на прозорците и гледаат навака. И станувам кога цела фармерка на коленото искината помислувам на тоа дека ако се вратам до дома да се пресоблечам 2 саата ќе каснам веројатно на работа а и таму имам униформа и решавам таква валкана со дупката на колено сепак во следниот автобус да се качам и цел пат бев со ташната на коленото и од рекорд до парк така одев сигурно како некој фрик сум изгледала. И и се јавував на сестра ми и објаснувам што се случило и да ми донесе други фармерки и секако ми дојдоа цела фамилија на работа за да ме виделе каква сум утепана и да ми фаќаат сеир. Другата што ми текнува ептен ми беше срам што така се избламирав. Работев како аниматор иначе на родендени и почнуваат да доаѓаат луѓе нели а таткото на славеничето каснеше а јас со славеникот го пазев и во тој момент доаѓа таткото и таков весел насмеан ми вика добар ден и се наведнува со испружени раце за да си го прегрне синчето да му посака среќен роденден ама така едната рака му беше погоре малку и јас занесена и таква наклештена нели пријатно да ги дочекам и му ја ставам мојата рака во неговата мислејќи дека сака да се поздрави не знам кооја логика ми беше таа кога беше залетан кон син му и така ме погледна чудно и јас само си ја тргнав раката беше момент како принц клекнат на колено доле со подадена рака а јас мојата ја ставам во неговата ни стисок во знак на поздрав ни ништо туку само така си ја ставив раката во неговата и си ја повлеков само што типот воопшто немаше намера да се поздрави со мене него да си го прегрне синот. Се погледнавме чудно и се свртев и избегав од таму после цел роденден го избегнував.
Пред некое време отидов до поштата да прашам дали ми е стигнало некоја пратка. И еден од вработените ме прашува на која адреса, а јас го разбрав на кој си и кажувам името на мајка ми и татко ми . Тој пак ме прашува јас пак истото го кажувам и трет пат кога ме праша се освестив и му велам аа на таа и таа адреса .
Пред некој ден пишувам маил на професор еден да го прашам за испит едно друго, си ги кажав маките и го пратив, кога тоа да сум ти го пратила на погрешен професор. И човеков најкултурно ми враќа, ја сум тој и тој, вие друг барате изгледа, а што е најтрагично немаше ни да знам дека го утнав да не ми вратеше овој првиов.