Pisuvam dolgo vreme so eden decko od Crna Gora, a nikogas ne sme se videle vo zivo.. I mi vika aj pusti mi glasovna poraka da ti go slusnam glasot.. A toa na viber ne mi bilo namesteno na glasovna tuku na video.. I jas fino lepo go drzam toa krukceto dole si zboruvam 15 sekundi i prakam.... Koga gledam video sum pratila.. Go otvoram i sto da vidam.. Nekako grdo od dole snimana, so kosa nikakva za po doma, so podocnjaci auuu ne ocekuvam veke da mi pise
Срам ми е да напишам,ми беше многу срам,кој сака да знае нека ми пише во порака и ќе му пишам што ми се деси
Пред некој ден со дечко ми го шетавме кучето до парк и се враќаме назад, се качуваме во кола и одиме до кај него дома. Како што вози стигнуваме пред зграда и си сретнува некој познаник. Подзастанува да се поздрават (преку спуштен прозор), познаникот му дава рака се поздравуваат и после почнува да ја подава раката навнатре. Јас културната да се запознаам и поздравам го фаќам за рака познаникот, а тој да ти тргнал и да го гушне дечко ми, не да се поздрави со мене. Се гушкаат они, ја го држам за рака познаникот... Сфатив во наредна секунда што правам, го пуштив и седам гледам право демек "не бев јас, кучево од задно седиште те лижеше по рака". После откако заврши со церемонијата на гушкање преку прозор ми подава рака и мене да се запознаеме. Потонав. (Не сум јас крива, кој познаник се навалува преку прозор да се гушне бе?!)
Се возам прв пут у авион, од Немачка до тука никаков проблем. Ми заврши одморот, си идам ја кај нас на аеродром да си чекирам картата, стигам на ред. Добар ден, добар ден со чичкото таму, и ми вика цитирам ,, До каде одите,,. И ја нели логично му го кажувам градот кај шо живеам. Ме гледа бледо и ми вика денес девојко нема лет до тамо. Ја сум као , па како картава ја купив. Ми вика девојче ја тука 15 години работам, лет до тој град никад немало. Стојам ја така напиздена, оставам и багаж и се, и се враќам до кај другаркава и кажувам, и ми вика алооо Гош, ти кај шо живееш нема аеродром, идеш до друг град. И си се вратив ја така посрана, му кажав за до каде е, се извинив, се изнасмеавме. Али тоа не е се. Го ставам ја таму багажот, ми покажува 11 кила, а максимум ми е 10. Ни три, ни четри, го мрдам лево, десно ми скокна на 12 кила. Пак го мрднав, ај се намали до 10 ипол. Стојам, стои и чичково ме гледа бледо. Другарка ми ми вика шо праиш, ја и викам не ми се свиѓа колку тежи куферов. Си се изнасмеа чичково пак, и од жал шо сум сељанка ми дае до прозор да седам, со екстра место за нозете. Чича Мича, готова прича.
Имавме дома една ромка што ни чистеше.Памтам беше неколку дена после Велигден,и жената ми рече среќен празник,и јас и реков фала и на тебе исто После сфатив што кажав и ми падна многу незгодно
Бевме на собир во кафич со класот од средно и јас демек ќе се пицнам да се покажам ау бау и облеков непроверена сукња. Патентот беше од позади и нешто зезаше ама некако ја протнав и закопчав и терав. Е сега, идеме во кафичот си седиме, муабетиме и другар ми вика ајде на цигара надвор. Јас станувам и осеќам нешто лабава сукњава позади ама не обрнувам премногу внимание. Како одам така осеќам и дека се спушта. За на крај кога искочивме надвор да сфатам дека цел кафич сум го свртела со откопчана сукња до пола гз и ај што беше откопчана, него и дветe страни од патентот скроз раширени на своја страна. Уште па се фрцкам пред сите таква а и класниот беше . Тогаш ако не умрев од брука нема никад.
Класниот од основно ми честита именден, а јас му кажав фала и на вас исто дека тогаш нова година иде и сите така честитаа со исто и на тебе за нова година. Човекот се викаше Митко, а јас именден имам на Свети Никола која брука човече ми прати само гиф каде што се цепи од смеење а мене дури тогаш ми текна како се обрукав.
@Hellobeautiful сејм хиар, мислам нема некој кој нема случка со откопчан патент, ништо ново не е. Што не ја прави целата ситуација помалку непријатна, нооо... тоа е што е во тој момент. Кај мене беше ден на уписи, сите соберени рано на сабајле, а јас не спиена цела вечер ради гледање серија, и читање скрипти измеѓу, целата напната и ненаспана, не сум ни забележала. Се сеќавам дека ги закопчав фармерките кога ги облекував тоа утро и покрај целата збрка, и бидејќи тоа не ми се случува, само тогаш беше , ни на крај памет не ми дојде таа можност. Ниту ми беа мали, ниту тесни и сите панталони ми се висок струк. Плус, носев каиш. Уште немам објаснување како се случило, оти знам дека ни во тоалет не отидов во меѓувреме па да сум го заборавила. Како и секогаш, кога сум уз друштво сум во центарот на вниманието, во еден момент сите на маса прават муабет ама ме одбегнуваат со поглед. Вртам поглед надолу слуачјно, и со бавни и лагани движења ставам ташна у скут и чекам момент на станување да го закопчам. После на излегувањето од локалот, пријателка ми кажа, ама беше уеј ту лејт. И така, оди у "вода под мостот" мемории кои се избегнуваат од подсвеста.
Не беше кујзнае колкав резил, ама подруг е филингот коа ќе се усрамиш пред некој не толку близок. Татко му на дм живее до него и идејќи натака се поминува покрај неговата куќа. И јас идам вчера накај дм кој беше сам дома, и го гледам татко му во двор и му мавтам здраво и гледам уште некој до него, ама не видов убаво кој, мислев брат му. И си продолжувам накај дм, се качувам по скали и гледам заклучено и ај да му ѕвонам. И го гледам од карши дм иде - вика - абе не ме примети мене дека стоев таму? Јас ваква Пошто биле во негов двор двајцата, очекувале да отидам таму, ама јас ќора дм не го ни гледам, само на татко му едно здрааво и си продолжувам Двајцава ме гледале збунети како си цапам накај куќата на дм, иако нема кој да ми отвори
Не јас мајка ми отишла на работа облечена зимско време со фармерки и хулахопки. Само заборавила да ги извади старите кога се пресекувања се наеднаш претходниот ден. И се влечеле позади како змија. Некој прашал што е ова стапнал ја засопнал и ги извлекол цели екрстра хулахопки. Пола ден прошла така плус пешки низ град.
Ова и мене ми се има десено ама не ми се гледаа. Ги соблакам и хулахопките и фармерките заедно и сабајлето ај да не ги барам нови ќе си облечам и така си искочив со уште еден пар у фармерките забораени
Одев по пат со дм и јас се фрцкам а наочарите за гледање ми беа на коса дигнати. И 3 девојки се смееја нешто одеа накај нас и јас да видам кои се ги земам наочарите ама ми се заплеткуваат во коса и ми паѓаат на земја. И овие ме видоја и почнаја у фаца да ми се смеат и јас да се наведнам да ги дигнам некако ги шутирам на улица и тогаш прснаа од смеење.. јас имам многу вакви случки оваа е последната пред една недела.
Се акнав со главата во сообраќаен знак. Почна да се ниша знакот како греблото на Том и Џери, кога Том ќе го стапне и ќе го удри од глава. А мене рог ми порасна на челото..
Со помин , ама ме насмеа . Имав еден дечко порано , ама тој плав , плав мислиш сонце цел живот не видел исто се акна со глава во сообраќаен знак . Кога поцрвене , како кечап ..
Пешачев со другарка и на наочарите ми застана бубачка. Ги извадив и почнав да дувам за да летне ама сѐ уште стоеше. Другарка ми прсна од смеа а јас дури тогаш сфатив дека маската не сум ја извадила Ова се случи кога имав 9 години, бев на одмор во Турција и тој ден многу бранови имаше и јас силна се правев, демек не ми можат ништо брановите, веднаш можам да излезам. И во тој момент огромен бран ме поклопи и ме исфрли на песокта Пред неколку години заврна многу снег и тротоарите беа полни со мраз, едвај се поминуваше. Мајка ми требаше да земе нешто и отидов со неа, да не е сама. Откако се паркира ја отворив вратата од колата, стапнав на мразот со едната нога, па паднав целата на мразот. Значи, буквално од седиште паднав на мразот
Не бев спиена кој знае колку саати, скоро 40 некаде. Полагав, и отидов до Рамстор после испит. Ама буквално незнаев каде терам тој ден. На чист тротоар, јас му влетав на еден со точак и ќе ме згазеше грејниот човек. Си влегов во Ваикики, си зедов неколку парчиња облека за да ги купам. И така држајќи си ги во рака, си излегов надвор од бутикот - неплатени. И кога свирна алармот, и се затрча човекот, мене ми светна. Умрев од срам леле Само си реков - фати си такси и терај дома. Спиев 18 саати памтам.
Bevme na rodenden kaj drugarka sobrani pogolemo drushtvo, pred 3-4 godini Ja imav polaganja, ne bev spiena no otidov na rodendenot, stana zbor za povekje temi i ja naednash kazhuvam 'znaete, napraveno e istrazhuvanje i poubavi se mazhite so brada otkolku zhenite so brada' (namesto da kazham mazhite bez brada) Site se smeat, ja ne sfativ zoshto i prodolzhiv da si zboram, koga mi kazhaa puknav od smea za mojot lapsus