1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зини земјо, голтни ме!

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 2 јули 2010.

  1. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    5.864
    Пол:
    Женски
    1.Прва екскурзија средно во струга. Се собравме во нашата соба машки и женски од клас. Мене ме насамарија да варам кафе за 8 души. Лето беше па со себе и на себе понесов само еден пар фармерки. Конечно го направив моето кафе последно и да седнам со друштво раката ми откажа и се потурив сама себеси во скут со врело кафе. Шетав 6 дена по едно сукниче и попарени црвени нозе. Баш сакав земјата да се отвори и да ме голтне.
    2. На одмор на море со дечко ми првпат. Носев едноделен купач ама оној со пресеци странични и до пупак отворен кои беа во мода. Последниот ден имаше големи бранови се бутнавме внатре за малце адреналин во преполна плажа. Ме турна првиот пат станувам и и се смеам на една постара госпоѓа чиј горен дел и се смкна и стоеше со голи виснати гради. Вториот бран ме бутна мене. Станав се вртев во круг триејќи ги очите од солта сакав да застанам стабилно. Го слушнав дечко ми како ми довикува со паника во гласот. Отварам очи и купаќот ми е смкнат до коленици. Јас ко од мајка родена, нудист во преполна плажа. Од срам се повлеков ставив шешир/наочари/ пешкир/слушалици и се залепив на почеток на плажа до еден зид демек читам книга. Се додека не ме преплави уште еден огромен бран и пак не однесе се во неповрат. Карма....
     
    На 20cm, theunforgiven, Milobebence и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    На либе беше срамот:rofl:
    Земавме за јадење и седнавме да јадеме во Жена парк. После он го фрла ѓубрето во канта и ај да си одиме накај дома. И само му го нема новчаникот. Бара низ ранец и џебови, јас кај мене барам и го нема. И му текнува - сигурно го фрлил сосе ѓубре во канта. И што ќе прави, оди во канта да провери:rofl:. Бара и бара, а луѓе имаше наоколу и вака го гледаат:^). Се враќа разочаран дека го нема. И само го приметува во страничниот џеб од ранецот ама дека и тоа и тоа црно, едвај се гледа.
    Вика ај да фаќаме магла, ме изнагледаа луѓево :rofl:
     
    Последна измена: 1 септември 2020
    На theunforgiven, krofnicka27, Jana06 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Јас не знам дали некогаш ќе ја склопам устава и ќе успеам да преќутам за нешто |(
    Влагам во продавница за облека и ме вратија да ми прснат средство за дезинфекција и ми прсна и јас и викам што е ова? Ова мириса на вода зашто ме прскаш со вода:rofl: Ама најсериозно вода беше тоа. И женава само ме погледна чудно и си викам ајде сврти еден круг и губи се.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Во пмс сум и јадам за двајца ко божем.
    Дм: Јадеш,си го најаде мешето?
    Јас: Да.
    Дм: Е ако ако, меше,меше :$

    После пет секунди

    Дм: Чек што јадеш ти толку :^)
    Трудна си 200%.

    :rofl:
     
    На happygirl, Oscar Lady, Роберт 7 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ми текна на уште едно
    Со либе одиме на едно место да јадеме, ама не сме прочитале на влез дека местото е со самопослужување. И седнуваме, чекаме да не услужат, јас дури кревам рака мени да ми донесат. Дечкото кај шанкот ми убацува еден поглед и само ми покажува лист и го остава таму. У себе си викам, ауу го мрзи да го донесе. Одам да го земам и тогаш прочитав уствари дека е такво место. (facepalm) А баш како класичен кафич личеше одвнатре.
    Нема везе, си нарачавме и јадевме, само глупо се осеќавме двајцата. На крај излегувајќи ја свртев главата да не го погледнам типот.:rofl:
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Уште не можам да го заборавам срамот пред 20 и кусур години, кога на воспитувачката во градинка и' кажав мамо (facepalm):lol:
     
    На theunforgiven, Harper, Kimberly11 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    39.700
    Пол:
    Машки
    Кога одев на инфузија имав една доста аwkward случка. :D

    Имаше млади сестри, практикантки, тазе, 2 ден им беше и не им даваа уште ништо да фатат, само неми посматрачи беа.
    Мене ми заврши инфузијата и една од нив виде и дојде да ми ја исклучи и извади од канилата.
    Почна да се мачи, да се пусти, не може да го одврти цревцето... Подстанав јас да и помогнам и некако излезе тоа, ама потече крв на фармерките, на, кхм, знаете кое место...
    Оваа таква збунета одма зема со памукчето да ме бриши баш кај што не треба и така панично да ми вика:
    "Леле леле што направив извини дечко, леле леле",
    А јас таков целиот усрамен, и ја фатив раката и и викам, нека, нека сам ќе се избришам.
    Оваа кога ме погледна, кога сфати, кога поцрвене целата. :rofl::rofl::rofl:

    Од тогаш, секој ден ме избегнуваше.
    На крај, ме начека сам во соба, дојде, ми се извини и ме праша како се фармерките, дали се испрале, па ми кажуваше некое средство што немало да остави дамки. :D
     
    На Skorpija25, Harper, Espadrila и 11 други им се допаѓа ова.
  8. noteforself

    noteforself Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2020
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    385
    Пол:
    Женски
    Пред две години таму каде што одев на приватни часови професорот ни прати задачи за домашна во групата на вибер и следниот час двајца од групата не напишаа домашна и го убедуваа професорот дека не ја виделе пораката. Па ме замоли мене да го отворам чатот за да види дали кај мене ја има пораката и океј, виде и ми го врати телефонот. Потоа вечерта додека се туширав се сетив дека професорот го имам потпишано како "мажот од Петранка" (измислено е имево) и сфатив дека сигурно и тоа го прочитал успат:sweat::tmi:
     
    На theunforgiven, Indiegurl, Kimberly11 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. snegulka55555

    snegulka55555 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2020
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    78
    Пред 6 месеци...(facepalm):rofl: Одевме така со другарките низ град, а околу нас тајфа луѓе..:rofl: Моите панталони ми беа широки и не им ставив каиш... Мислам дека се во
    ви кажав и знаете што се деси:rofl:. Ми паднаа панталоните и сите се сврте а накај мене и слушнав смеење(facepalm). И летнав негде (не знаев ни јас накаде терав) и видов јавно веце таму се сокрив;(. За греота сум ејјј(facepalm)
     
    На buba4e89, spacegirl92, noteforself и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.365
    Допаѓања:
    20.606
    Пол:
    Женски
    Летово беше. Бевме со другарки во кафич и дека веќе беше касно па рековме да платиме и да си одиме. Ама келнерот што работеше во кафичот, беше еден глупак, се понашаше на сите и не сакаше да ни ја даде сметката. На крај се одбра некако, плативме и станавме. Тргнавме накај автобуска за да видиме дали има слободно такси за да си одиме. Ама во исто време и он да ти излегол од кафичот, а јас додека одевме се и свашта почнав да зборувам за него дури и да го пцујам, а он да ти бил до нас од десна страна на тротоарот. (facepalm)Понатаму можете да претпоставите. Два месеци и повеќе не се појавив во тој кафич. :|
     
    Последна измена: 29 ноември 2020
    На theunforgiven, poi, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Чекав на семафор да се уклучи зелено, со отворени прозорци и си пеев погрешен текст, минеа луѓе и се завртеа дури.
    Текстот на песната оди вака: ja sam te cekala doma, sama
    А јас го пеев вака: ja sam te cekala gola, sama
    :x:x:x:x
     
    На theunforgiven, poi, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Машки
    Ми се има десено милион пати , влагам во автобус и гледам некого од позади и ми личи на познаник одам до него му викам еееј здраво , се врти и коа гледам друг човек хахахахаха... У тој момент ми иде да се џитнам надвор од бус , а пред да пријдам ми личи дека е некој познат до тој степен што сум сигурен хахахахаха.
     
    На poi, buba4e89 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  13. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Излегов преска и наочарите ми се замаглија од маската и се акнав во еден човек што излезе пред мене, а јас не го видов. Умрев од срам. 8-|:rofl::rofl:
    Башка човекот искоментира нешто ама не слушнав што:wasntme:
     
    На Harper, poi, buba4e89 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    6.468
    Ова снаа ми. :D Зборела со брат ми на камера и ја свртела камерата, му рекла еве го татко ти. И во тој момент брат ми ја прашал кај е ѕверот (мислејќи на малата) и снаа ми пак го свртела телефонот накај татко ми - еве го. И брат ми и рекол фалааа (името) :) Она мислела за татко ми прашува кај е ѕверот хахахаха се изнасмеав :D У земја пропаднала пустата. :lol:
     
    На mal.ecka, Ljubova, poi и 2 други им се допаѓа ова.
  15. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Значи јас без чашка алкохол периодов , не сум јас . Иако немам навика да пијам во секојдневието , со празнициве пивнувам по една чашка алкохол . До вчера од НГ вкупно три чашки имам испиено . Вчера и славевме роденден на золва ми , и со пандемијава секако дома го славевме . Пред да испијам чаша шампањ , бев како пијана , а се што пиев до тогаш беше кока кола и кафе :drunk: . Поминавме по редот со хепи брдеј , со честитки и отворивме шампањ . Ја испив чашката и се стабилизирав :?: . До тогаш имав проблем со рамнотежата , кај да одев се сопнував (facepalm) трезна а пијана :rofl::drunk: вика свекрва ми : мори снашке не ти дадовме ракија да пиеш , а се ко пијана си ми , де земи од шампањов една чашка пивни , може ќе си дојдеш при себе :rofl: . И така и би :rofl:(facepalm) .

    Мајко моја , брука . Среќа не бев пред народ да се обрукам :rofl: .
     
    На poi, buba4e89, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  16. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Летоска носев бели пантолони, но имав добиено. Никогаш не ми течело толку многу да ми претечи и затоа не сум се остручавала да носам бели пантолони. Излегов од дома до маркет пешки (на 5-6 минути) и по пат луѓето ме пулат чудно ама не сфаќам зошто. Во маркет истото. Потоа влегов в пекара, пак истото. Конечно си идам дома, одам до тоалет и имаше што да видам..... За жал не беше капка или две, туку цел задник и малку напред. И' се налјутив на мајка ми што не ме видела пред да излезам. Уште се срамам поради ова...
     
    На Indiegurl, poppie, ElenaOfRivendell и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.265
    Онлајн состанок од работа, 1000 луѓе приклучени (претежно странци, ама има и наши). Јас сум пасивен слушач па викам ај ќе каснам додека зборат. Гасам камера, вадам тенеџерето шпагети пред мене.
    И следува, шмукање на најјако, пљускање, шлапање, шљакање... и едно време гледам сите чудно стојат не зборат. Кога гледам микрофпот уклучен.
    Не сакам да знам што мислеа дека правам...
    :tmi:
     
    На 20cm, theunforgiven, GymGirl❤ и 27 други им се допаѓа ова.
  18. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Урлам!!!! :rofl::rofl::rofl::rofl:Што се деси потоа?
     
    На GymGirl❤, noteforself, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.265
    Не знам. Они продолжија, јас се правев дека не сум на состанокот. После со една колешка се скушнав викам вака и вака, и ми вика леле ти ли беше тоа, шо праеше жити се. Оди докажи што си правел.(facepalm)
    :rofl:
     
    На theunforgiven, noteforself, mal.ecka и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Значи крај. :rofl::rofl::rofl:
     
    На hermosa, cresa-jagoda, spacegirl92 и 2 други им се допаѓа ова.