1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зини земјо, голтни ме!

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 2 јули 2010.

  1. Linda24

    Linda24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јули 2021
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Ова ми се деси пред 7 години..
    Со другарка ми бевме на пица ама саатот беше негде околу 20.00 и се сеќавам дрка беше 15 ти Септември..
    Ама спротив пицеријата кај што бевме седнати имаше едно дуќанче со накит играчки и сл... Ама требеше со нас да дојде и братучед ми од друг град и ми се јавува дека нема да може да дојде бидејќи му излегла друга работа и јас спуштив во ред..
    Кога гледам низ прозорецот маж што личи на него е со друштво и влегува во дуќанчето и јас мислејќи дека е тој и и велам на другарка ми види ме излажа само да не се видиме и другарка ми ми вели неје тој ја пак упорна тој е де тој е и влегувам во дуќанчето 100 посто сигурна дека е тој и го удрив од позади на грбот и кога се заврте (facepalm):hai::x:worried: се стаписав почнав да се извинувам како некоја луда :wasntme::$ И тука со дечкото фино лепо се запознавме јас продолжив со извинувањето тој се смееше и ми вели добро е што си женско замисли ми вели да беше маж низ прозор ќе го фрлев надвор :rofl::rofl::rofl:.. И дечково ми остана во мисли па почнавме да се слушаме да излегуваме и ете од таја незгодна случка се роди љубов и сега ми е сопруг веќе 6 години :inlove::inlove:
    Кога и да се сетиме на тоа се смееме а другарите ме зафркаваат сеуште и ми велат вашата лубов се вика.. "Лубов со тепање" :rofl::rofl:(facepalm)
     
    На BubbleBum94, katalina, Трагедијаупмм и 36 други им се допаѓа ова.
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    59.938
    Пол:
    Женски
    Ама се обрукав денеска пред професорка што страшно многу ја почитувам и ценам, ау ми иде да се рокнам. Сликав нешто што сработив на работа, па потоа бев договорена да идам до кај неа у канцеларија да се договориме нешто во врска со еден курс, збориме, па ај да и покажам што сум сработила. Како ми се стегна не знам, ми искочи цел фолдер слики со Мицкоски, симнувани слики од нет, мемиња јас што сум ги правела, фолдер од 50тина слики. Ме фати паника и место за назад да стиснам и го отцвикарив мемено кај што лежеше коа се гласаше недоверба у влада, коа лежеше гол у болнички кревет. Е ова го виде:

    [​IMG]

    Ај тоа, него страствен поддржувач на СДСМ е жената, мислам дека кога го виде ова и се снеарни. После ми се изнасмеа у фаца, абе нудиња да ми видеше немаше олку срам да ме изеде.

    @Celltica селтике у гз да те ебам, та тебе та овој @staycalm со устата погана што ме урочи дека чувам слики у фолдер со Мице. Знаев дека на толку лајна јадење нешо лошо ќе се деси :D

    Бегајте таму :bug::fubar::swear:
     
    На Angie1432, sweet-cherry, PoisonGirl и 23 други им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.237
    Допаѓања:
    27.828
    И сега нема веќе мемиња со Мице да си праќаме? :(
    Па таа ако е за СДС можеш да и пратиш и неа некоe што :D
     
    На Трагедијаупмм, noteforself, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.470
    Допаѓања:
    201.256
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: :rofl:

    Денов ми го направи :rofl:
     
    На buba4e89, Harper, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Леле прејако! :inlove:
     
    На hermosa, CrazyGirl15 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  6. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Во град имаше така едно потесно место, наеднаш почна да ме чеша на место близу интимниот дел и разгледав лево десно дали има некој, не видов никој и слободно се чешам и пред мене едно 8-9 метра подалеку стоеше едно дете и ко за беља 1 година поголем од мене а не мало дете и директно во мене гледа :tmi:
    Како можев да не го видам јас незнам, тоа е кога само лево десно гледаш :headbang:
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ништо страшно.
    Голем дел од мажите постојано го прават тоа јавно.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    хахахаха леле јакоооо :rofl::rofl:
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tel-ef

    tel-ef Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2021
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Женски
    Да ама сепак непријатно ми падна бидејќи близу моја возраст плус ме знае која сум и баш во таква ситуација ме виде, право во мене гледаше што правам и знаеш каков срам е тоа :tmi::rofl:
     
  10. Mrs.Precious

    Mrs.Precious Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    3.365
    Допаѓања:
    20.606
    Пол:
    Женски
    Се сликавме за табло за полуматура и сега јас се сликав што се сликав, а со мојата кошула требаше сите другарки да се сликаат, и на крај сфаќам не сум земала уште една маица и среќа тренерка носев па ја облеков нејзе врз долната маица. И одам после кај тој шо не сликаше за да си изберам слика и онака некако почна некаква возбуда да ме фаќа, не знам зошто ама почнав цела да треперам. И овој ми вели дојди седни на столот и ќе си ги разгледаш на лаптопот, да не ти се слоши случајно. И седнувам јас, ги разгледувам сликите, а овој висна пред мене. Ама мене нешто многу топло ми стана од што треперев цела и си ја откопчав целосно тренерката, а ич не ми текна дека сум на долна маица(facepalm). И си седев така едно 15сек со откопчана тренерка кога двете другарки зад мене што висеа почнаа некако да се смеат и ми текна што направив и веднаш си ја закопчав без да погледнам во него дали ме гледа хахахахаха. Ама срам ме изеде, среќа што беше сликар од друг град па не го видов веќе. :rofl:
     
    На buba4e89 и diskreten32 им се допаѓа ова.
  11. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    2.850
    Пол:
    Женски
    Отидов во карго да пратам пратка, внатре немаше никој и чекам да дојде некој од вработените. Доаѓа еден млад дечко и ми пружа рака да се поздрави, јас се збунив дека до сега никогаш не сум се ракувала така во карго (само кажувам здраво) и му ја подавам пратката, а тој сè уште си чека да се ракуваме, тотално се изгубив и му пружив само ЕДЕН ПРСТ :$:$:$. Кога се освестив што направив посакав моментално да ме снема. Веќе ни пред очи не му излегувам и ден денес умирам од срам и се чувствувам како најголем идиот. :whew:
     
    На Badii, Cinnamon Bun, Harper и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Леле ја замислувам ситуацијава со еден прст...се пресмеав човече :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На DragonA420, theunforgiven, Askopje и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Вчера се затворено нели ништо не работи после нг и јас втора смена на раб немав вожњи за у бус и идам до билетара и гледам светло помислив дека е отворено а не приметив дека е затворено прозорчерочето со решетки и као шо наближувам до билетара викам "здравоо" као божем да ме слушнат и само ги гледам решетките пред мене и сваќам дека сама си зборувам :rofl: а луѓето на буската шо чекаа бус сигурно си помислија дека сум несалам :rofl:
     
    На Amelia, buba4e89, theunforgiven и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    15.614
    Пол:
    Машки
    Шо ќе си речат Нова Година и пијана работа то е :beer::dance:
     
    На Amelia, GymGirl❤ и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  15. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    5.173
    Допаѓања:
    102.173
    Пол:
    Женски
    Пред неколку недели одам на работа и се сретнав со една моја пријателка и како да почна да вее снег јас цела восхитена на глас почнав да викам леле вее снег колку е убавооо види колку е убавоо снежна идила викав колку ме држи глас!!! а тоа не било снег(facepalm) туку во една здрада ставале изолација и летале малечки ситни парченца стиропол ми се изнасмеа пријателкава но и случајни минувачи еден куп ме гледаа и ми се згазија од смеење :$ ми идеше да пропаднам во земја.
     
    На Трагедијаупмм, Badii, Curious cat и 14 други им се допаѓа ова.
  16. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Хахахах оправдано :lol:
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    1.399
    Пол:
    Женски
    Бев испадната на кафе и сметката беше над 600 денари, јас му давам на келнерот 500 и му викам задржи (facepalm) :rofl:
     
    На marsilia, Harper, DragonA420 и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Ова не е од скоро ми се деси пред некои 11-12 години ама срамот еднакво ме јаде ден денес. Сега од некоја причина ми текна на тоа.
    Беше лето, а ја само што си купив кошула, бела со цветови.
    И ај ќе искачам, ќе ја облечам. Дека топло, одоздола само прслук и тоа дреч розев ми беше од некоја причина омилен тогаш и без маичка.
    Тогаш не возев. Завршивме со дружба и ај на враќање бус да фатам. Го гледам иде, ја малку подалеку и ај да потрчнам, да го фатам. Само што влегов внатре еден дечко директно во гради ме погледна. И ја си викам, види сељак, закопчана до грло и пак ѕвери. И другите ќе ме погледнеа ама после главите долу. И ја тоа на тенане, кај возачот купив картичка за куцање, па куцнав, седнав, се сместив. Кога завршив, видов дека кошулата ми е откопчана го папок одозгора, фактички градите и прслукот надвор. Јас не знам како не приумрев.
     
    Последна измена: 27 април 2023
    На Harper, No Makeup, bertold и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    Пред некое време, ради некои програми на мој лап топ, преку тим вјуер се уклучи еден дечко за да заврши работа.
    Мм комуницираше со него на тел, јас бев моментално кај моите. Ради син ми, зошто ептен сака да го чепка лап топот, морав да го оставам во друга соба, јас не требаше ништо да кликам.
    И ѕака поминаа неколку саати, мм го сфатив дека е завршена работата и легнав на кревет да завршам некои работи, меѓу кои морав да уклучам камера и да се сликам за ид.
    Не сум приметила дека тим вјуерот е вклучен.
    И додека лежев деколтето на изволте, па се сликам, па неуспешно, па се нервирам, кој знае какви фаци, па сликај се пак.
    У меѓувреме мм ми пишува дека ќе треба уште неколку часа дечково да работи.
    И така....сеа скоро пак морав да се слушнам со дечково, ми идеше у земја да пропаднам.
     
    На poi, Curious cat, CrazyGirl15 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    2.493
    Пол:
    Женски
    Мислам на скоро сите ни се има случено ова. При галама во кафич често не се слуша сумата кога ќе ни ја кажат, се случуваат вакви грешки. И мене ми доаѓа во тие моменти да си умрам од срам дека сум дала помалку пари од што треба. :$