1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зини земјо, голтни ме!

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 2 јули 2010.

  1. Badii

    Badii Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Машки
    Lani letoto. Na vikend so drustvo vo Ohrid na plazha, kapenje, smeenje letna atmosfera.. Edna od devojcinjata sto sluzea mi se dopagjase mnogu, uporno ja vikav da naracam od nea iako ne sluzese na toj reon kaj so bevme zastanati. Ne bev napaden ne me sfakjajte pogresno, sakav vnimanie da i privlecam samo. Posle nekolku pati pocna da se smeshka i da si kazuvame po nekoj zbor.. pominaa 2,3 saati ne znam super se osekjav prijatno drustvo bevme. Ja prasuvam za kontakt da mi dade koga, vadam telefonot od torbica (telefonot mi bese na zamena poso go utopiv vo voda toj so go koristev pred, nema vrska..) kanta prava bese ispokrsen ajde kje se presramam za toa si vikam, koga vadam telefonot da i go dadam, se prevrtuva torbicata od masa ne znam ni jas kako, pagja telefonot se dokrshuva i leta kondom (nemav devojka togas, ostanat bil od prethodno), mi idese da se kacam na nekoja karpa i na glava da skoknam na suvo. Celo drustvo pagja od smeenje i okolu sto bea sednati ne mozea da ne zabelezat poso moive dignaa galama golema. Devojcevo napravi faca i si zamina, uste mi e krivo sto ne ja zapoznav..
     
  2. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    12.614
    Пол:
    Женски
    Пред неколку месеци ова..
    Си нарачувам храна преку корпа и се симнувам си ја земам, и дечкото ми вика пример 340 денари и реков ќе оставам бакшиш нека ми наплати на рамно таман.. Е проблемот е што јас сум го разбрала дека треба 240 и му велам НАПЛАТИ МИ 300 и му давам илјадарка...
    Дечкото ме гледа збунето ми вика молам? :rofl::rofl: И се испоразбравме што е работата, дека не сум слушнала убаво и се изнасмеавме, ама мнооогу незгодно ми падна:rofl:
     
    На L.i.n.a.a и Ivv_A им се допаѓа ова.
  3. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Сега пред еден час во 00ч Јас си искачам на тераса бидејќи се гушам унатре од жешкото а сега е ладничко навечер башка и нема луѓе и темно пријатно бидејќи на високо живеам и романтично со ѕвездите, многу сакам балкони летно време уживам. И мелам јас смоки од пченка по кратки панталомчиња и беби дол нагоре! Бидејќи немам апетит деновиве слабо јадам и мелам као несаситна лапам смоки и туку слушам некое шушкање од моја лева страна кон терасата на комшиите и видов машки лик малку главата и раката кој веднаш се скри унатре. Абе душата ми ја извади комшијата! (У зграда живеам) Гнаси бе као насетуваат се да неможе човек на тераса да искочи. Среќа неам светло упалено темница беше абе ужас ужас ем се исплашив еме срам изедов. И јас веднаш влегов унатре :whew:
     
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    12.338
    Пол:
    Женски
    Ова ќе биде од приказните за која верувале или не, се случи..
    Летоска требаше да одиме на свадба со мојте, и како по обичај неколку дена пред тоа се слушаме со мајка ми на телефон да видиме што ќе носам јас, а што ќе носи она, и сега ситуацијата е дека она знае некогаш да ме ѓњави на телефон со се и сешто и јас само да викам добро добро и да не ја ни слушам, и додека ми зборела ми кажала купи плико за поклон, и јас сум и рекла добро.. Одиме на свадба, ден недела, и стигаме таму, ресторанов на излез од Скопје беше, ништо околу него, една бензиска само и таа на 10 минути, и нејсе доаѓаат мајка ми и татко ми, и мајка ми ми вика дај го пликото да ставиме пари.. И јас викам кое плико, и тука почнува интересното, ми вика ми рече ќе купиш плико пред два дена, пари да ставиме.. И сега стоиме така ние, доаѓаат луѓе, си се сликаат, ние немаме во што поклон да ставиме, отидовме до најблиската бензиска, викам плико, украсна кеса, било што дали има, ми вика нема ништо девојче, викам лист да ми дадеш од принтер, на свадба сме, заборавивме плико, ми вика не смеам, извини.. Се враќаме ние назат, што ќе правиме, кај во Скопје ќе се враќаме, 19:30 веќе, и на татко ми му текна да си направиме сами плико, имаше еден тефтер од ВМРО што му го дале некад во кола што му стоел, земавме од него направивме плико, го потпишавме, и така отидовме на свадба со плико со лого од ВМРО.. Не сакам да ја замислам реакцијата на младите кога виделе дека на пликото им стои логото од ВМРО, и од внатрешна и од надворешна страна..
     
    На elenaklasik, marija305, Mumoftwo30 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    15.614
    Пол:
    Машки
    Ахх, за момент помислив ќе кажеш дека овие од бензиската ти го наплатиле листот денар, но сепак татко ти имал друга идеја, секоја чест.
    Снаодливи едни низаедни (fingers)

    Значи од ВМРО сте биле мори Нино фамилијарно, затоа за Заев онде досетки пишуваш а :wasntme:
     
    На Milobebence, EmporioIvankov и нина122 им се допаѓа ова.
  6. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    12.338
    Пол:
    Женски
    После ова отидов во Офис плус и земав 10 пликоа во сите бои за да имам, вака не ми било незгодно никогаш во животот.
     
  7. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.230
    Пол:
    Женски
    Тој од бензинската кој шупак излегол не ми се верува,за еден лист од принтер (facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm) и од такви ќе очекуваш да помогнат за нешто поголемо? Ццц
    А знаете барем тие што партија беа? :rofl:
     
    На PoisonGirl, Mumoftwo30, anggell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    12.338
    Пол:
    Женски
    Можеше да ми го наплати листот 300 денари, ама излеа немаше сенс за бизнис..
    Јас се надевам дека се од ВМРО и дека не им дошло голем шок :rofl::rofl:
     
    На anggell, Milobebence и ForeverME им се допаѓа ова.
  9. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.381
    Допаѓања:
    3.460
    Пол:
    Машки
    IMG_1333.jpeg
     
    На Mumoftwo30, spacegirl92 и Milobebence им се допаѓа ова.
  10. ForeverME

    ForeverME Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2024
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    2.230
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека за разлика од мене и свекрва ми вие сте поминале супер.

    Отидовме на свадба и жената имаше исто плико како нашето. Мм дома на маса го видел нејзиното и видел дека има ставено пари внатре.
    Јас моето го ставив пред тоа во неговото палто за да стави пари.
    Одиме таму и му викам стави пари вика не бе ти си ставила видов. И смотаниот го пуштил празно мислејќи оти има пари внатре. А свекрва ми си го зела нејзиното и си го пуштила полно.
    Отидовме нареден ден за да им ги дадеме парите,оти и двајцата посмотани не можевме да бидеме.
     
    На Selena01, L.i.n.a.a, molikaMk и 6 други им се допаѓа ова.
  11. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    12.338
    Пол:
    Женски
    Потпишано празно го дал? :rofl::rofl: