Денеска ми се уврте срамот од пред 2-3 години кога бев кај терапевтката и демек решаваме проблеми, ми црта дијаграми женава што и како ми се дешава кругот со панични напади, а-у. Fast forward, некоја сесија подоцна, ме прашува еве нацртај ми ти како го доживеа тој и тој настан. Земам лист и пенкало, па ко што сум вака целата паметна дадена од Господа, цртам П Е П Е Р У Т К А Ме гледа женава, ја гледам јас, вика објасни. И тука почнувам поетски средби да рецитирам дека пеперутката е кревка, плашлива, којзнае што… Круг со зборови… требаше да нацртам само круг со зборови.
Јас најголемите бламови и глупости ги правам кога одам на доктор. Буквално за обична контрола јас лупам глупости како да немам ни прво одделение завршено, не знам од каде толку глупости во тие моменти од мене фрчат, после кога излезам сум жива вода и во секунда кога си вратам муабетот мислам дека во пареа се претворам во секунда. Се имам во врата акнато онака асално, на гинеколог фармерките си заглавив, кај него е легни и соблечи се. И јас легнав мислејки лесно ќе оди арно ама од трема се збркав и на сред ни нагоре ни надоле. Па докторот вели дај да ти помогнам, мајко мила сега ми е срам кога ми текне а поминаа неколку години. Друго редовно што правам кога се запознавам со некој во секунда му заборавам името, што човек ќе бев Како помлада со другарката шетаме и тогаш се носеа тие кломпите, а шетаме пред кафичи полно. И не знам како штиклата ми заглави во една дупка и јас од срам место да се наведнам да ја земам и продолжам, јас продолжив боса да одам . Ми беше срам да се враќам по неа , и другарка ми едвај ја убедив да оди да ми ја донесе. Младост лудост