1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зини земјо, голтни ме!

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 2 јули 2010.

  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    За роденден на гости кај малата на колега на маж ми.
    Маж ми е една цепидлака за храна, се нешто му смета :tmi: , од кременадлите не го јаде мрсното и кога ја вади коската го сече и мрсничкиот дел и мене ми го дава, јас тоа си го обожавам..
    И така си сецка, си го остава чистото месо во тањирот, си продолжува со муабетот, а мене ми ја дава коската. ....карши нас седеше еден негов колега со кој ептен сме блиски, си го имаме муабетот и му вика на маж ми
    -А бе сељак, жена ти со коски ја раниш...си го остави месото, ееејј... коската и ја даде бе... :rofl:
    Јас и маж ми двајцата се погледнавме :$ , се насмеавме и му кажевме што е работата. :lol:
    Ама ситуацијата беше кома, сите патос околу нас :rofl: :rofl:
     
    На TaMaRa80, Umbrella22, Aleks96 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Значи се прогласувам за најголемото тенџере од сите други тенџерчиња. Како може олку смотана да сум некогаш стварно не ми е јасно. Еве ви една тазе ситуација од пред 15тина минути.

    Имам многу за учење периодов, а кога учам гледам да сум во најкомотно можно издание. Затоа што цимеркиве ми заминаа на кафе, кога сум сама дома обожавам да се шетам по гаќи. Мислам дека кога сум сама дома никогаш не седам саглам облечена. И така бидејќи ми е четврт ден од мензис си носам едни гаќи кои ми се од времето кога бев едно 10 килограми потешка, со лабав ластик, бели со апликација од слончето Дамбо на задников ми. Горе една маица и таа од времето потешка кога бев, со хелоУ Кити, една стара, кај голема па и измолкната сета, чиниш 10 броја поголема ми е. Косава ми е врзана во палма нагоре, за да не ми смета и да не ми паѓа преку наочарите... Изглед, да ме види некој срце ќе го стегни, несоница ќе го фати...

    И седам и учам, занесена кога некој ми тропа на врата. Цимеркава моја така малку склеротична е, па си ги заборава понекогаш клучевите и навикната сум да станувам и да и отклучувам. И без да прашам кој е се изнараздавав бардиња, како еднаш не ти текна да си ги земиш клучевите, нон стоп не можам да станувам, умот само во мажи ти е и што уште не... Кога отворам го гледам комшијата ми (кој патем си го манијачам уште откако сум доселена) збунет стои со лап топот и ми вика еј комши мене ми снема интернет, а само тебе те имам приметено, дали можи 15 минути само да пратам еден e-mail? Ај тој што се избуни кога ме виде таква како она суштествоно што ги плашат малите деца, Баба Рога, јас па... Аааа може му викам ела повели седни. И не знам што ми текна наместо да си појдам во собата да се облечам, јас во wc отидов. И седам таму, не ми текнува дека таму немам алишта, и 10 минути се думам што да правам. Ништо морав пак да излезам, таква да поминам покрај него уште еднаш за да си дојдам во собата. Кизнај што си помисли дека правам во wc 10 минути... :tmi: Ексик собрав сили и по пат му викам прати демек, и тој ми вика збунет ама не знам пасворд од интернетов ваш, кој ви е... Му го кажувам пасвордот и си влегувам в соба прашувајќи се зошто тие крилцата од влошките не се вистински крила да можиш да прелеташ некоја просторија, или да летнеш и да не се вратиш повеќе... Се облеков, излегов, тој го прати емаилот. Го прашав за кафе ааа не не фала вика имам работа а и ти гледам си зафатена...

    Верувам уште еднаш во очи нема да можам да му се испулам :tmi: :tmi:

    Ах Спракс, Спаркс баксузу еден... Ова само мене може да ми се случи дефинитивно... :!:
     
    На Amona, blady, TaMaRa80 и 32 други им се допаѓа ова.
  3. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Па... Ова ми се случи во основно. Беше патронат а јас како најдобрата глумица требаше да изведам монолог долг 7 страни. И таман стигнав на сцена а тоа цело школо ме гледа. Почнав да зборам ама кога видов дека тој што ми се свиѓаше бил таму го заборавив на текстот. И уф ауф нешто мрмлав ни јас не знам што и јас не бев ни до пола текст застанав ми дадоа демек апалуз и си отидоа а јас бев така усрамена ми идеше да се самоубијам. Најтрагично што кога тргнав да си одам од сцената се сопнав и се утепав пред цело школо.
    Вакви случки имам многу бидејки со жив баксуз :$
     
  4. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Играеше кошарка нашиот клас, и сега јас тука страсен навива4 си се глупирам ко и оби4но, и сега дадоа нашите кош и сега има двајца шо држат во рацете едни ко календар4иња, само со бројки шо се и таму го покажуват резултатот, и сега таму на тоа едното го нема бројот два, а нашите имаа поени шо завршуват на 2 , а тоа момето (шо држеше такво за покажување поени) ставило 1 и јас од тука се дерам се дерам, шо ти е тебе ма стави двојка, па за малку ќе и отидев и таму до неа да и покажам мн убаво, и една школска само ми вика абе седи, седи, нема 2ка затоа така прае момето после ќе смене то4но кога ќе дадат нов кош... важно мене сите ме видоа во форма онака.... :) :) :)
     
  5. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    58
    Се шеткам јас со дечко ми низ Скопје со неговото друштво и кога на пешачкиот мост, на битпазар колку што сум долга, кога се бапнав од земја, се утепавме од смеење сите. Додуша и немаше народ ама бевме многу луѓе па доволни беа. Не е важно секогаш станувам и продолжувам понатаму.
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    хахахха ова ми се има случено во средно.......... беше зима и се подмрзнато каснев за на 1 час и така јас фино улетана кога се зализгав на едно подмрзнато бариче кога се испружив леле мори мајко незннаев дали да плачам или да се смејам за срека имаше неколку момци што ми претрчаа за помош :lol: :lol: :lol:
     
  7. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Одам пред некое време кај мене на автобуска, и таму чека едно девојче од основно, со која немам правено муабет можеби година и повеќе, а нон-стоп се сретнуваме во автобус. Јас си застанувам до неа како и обично, и чекам, и девојчево ми се врти и ми вика Здраво! Јас се зачудив, и и одговорив Фала.Епа, тоа е тоа. Зини земјо, голтни ме! :D
     
    На Amona, blady, anggell и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Се договоривме со бившиот(сега моментално пак сме заедно) да вежбаме математика кај него дома, ама следниот ден јас се разболев и му пишав дека нема да можам да дојдам. Ми рече дека зависел од мене, зашто следниот ден правевме тест, и си викам јас, мама и тато на работа, бато втора смена, ај ќе го викнам кај мене да вежбаме (бидејќи болна, неможев да излезам од дома). И ај дојде што дојде, решававме, а јас не бев сигурна кога ќе се вратат моите и цело време ѕиркав од прозор. Арно ама не сум го видела татко ми кога дошол и слушам некој отвара врата. СРЦЕТО МИ ЗАСТАНА! Отидов го изгушкав таква избезумена, што ли ќе правам сега. Се враќам у соба и му викам на господчниот да зема јакната и дур е во вц татко ми да го снема. И тој место ова слушнал дека му викам да излезе. И само излегува и се запознаваат. Јас посматрам и незнам дали да плачам или да се смеам. После татко ми почна со неговите мудри мисли, дека не можел секој да ја сфати математиката бла бла. Па почна да прашува дали сме сфатиле, дали сме решиле, а што е најтрагично незнаев дали тоа е саркастично или татко ми е озбилен. На крај испадна дека бил озбилен, но затоа мајка ми кога дозна одма сфати кој е. Ептен се осеќав како во филм, испаѓа ко ептен излитена и глупа лага "вежбавме математика"....ама стварно беше така! :P
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    На професорот по географија му реков еднаш: Не можам професоре не ми влага.
    Цел клас патос, уште ме заебаваат за тоа.

    Пред година и половина, во FM бев така малце повеќе фатена и што би рекла другарка се клизав по коњопои. -.- Поентата беше седнав и некако се лизнав од него под маса како желе. :D
    Носев топ, со ластик горе и долу, а помеѓу така широк и одоздола прслуче без прерамки кое некако ми се спуштило до стомак.
    Во текот на играњето со спуштено прслуче на мене, другар несакајќи ми го повлече топот и го приметив тоа откако неколку момчиња карши мене ме здогледаа вака: :|. :tmi: :tmi: :tmi:

    Слично нешто се има случено кога се расоблеков на базен во Грција, а не ми текна дека горниот дел не ми е заврзан...Потоа додека пробував да излезам од базен, долниот дел ми се соблече.
    По тобоган иста приказна и така натаму, и така натаму. Многу нудизам. :D
     
    На Indiegurl, kjukli, mileystar и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Само што стигнав во школо, (врнеше) и кога шлапнав така убаво, и кога се сопнав и паднав. :tmi: Ама среќа порано бев тргнато со другарка, и само она ме виде.. Ама затоа кога се враќав дома за да се пресоблечам сите гледаа во мене (таква цела во кал од една страна) и одев како некој изрод, настрана за да не ме видат дека сум паднала. :sweat:
     
  11. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Ги депилирав надусниците и потоа како по обичај си ставив еден добар дебел слој крем за да се смири местото. Си бркав работа по дома кога ѕвони некој на врата. Скроз се заборавив и си излегов така. Се чудев зошто човеков ме гледа чудно :?: Кога се видов на огледало после... :$
     
    На TaMaRa80 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Бидејќи едната банка беше преполна со студенти, се решив во друга да ги платам испитите.
    Од кај да знам дека поскапо ќе ми биде.
    . И јас си чекам и чекам, другарка ми плати, и отиде. Сега јас ја прашав колку плати, и гледав дека не ми стигнуваат парите, и оставив една да ја платам утре. Уште 50 денари ми требаа... Сега жената на шалтер ми вика- "Уште 50 денари". Јас немав... :tmi: . И останав ко нема. Ни еден збор не ми излегуваше од уста. :x :| А таа ме гледа, демек- :^) Wtf?! Дај пари, девојче. А други чекаа на ред, но јас смрзнав од срам. И еден човек ми се доближи, и вика-колку ти требаат? Јас-50 денари. Ми даде, платив, му заблагодарив...
    Тој ден и тој човек никогаш нема да ги заборавам. ;(
     
    На iloveyou29, gavolica4, Aleks96 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Бидејќи од уште како мала навика ми е да каснам секаде и секое идење во школо,излегување.. ми е во брзање.
    Така еднаш во 7мо одделение брзав за на прв час имав тест, спремање набрзинка и трчам во школо. Таман стигнав што ќе видам сум заборавила да облечам патики, сум дошла со гумени влечки од оние кафенине за низ двор :| А тестов веќе ќе почне и си влегов јас така цел час со такви влечки си седев, децава сите се чудат, се смеат - резил. „Среќа“ блиску живеам до школото па после тестот дојдов да си облечам нешто нормално.. (демек не ме видоа сите па да се брукам и после тоа) :$
     
    На tinka-mace, iloveyou29, Lovy1 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    382
    Хахахаха еднашка одиме со сестра ми и една другарка низ рекорд, бевме тргнати да купуваме книги :)
    Тој период ни се свиѓаа двајца браќа хахахахахаха
    Ама ств детето беше каков што сакам, плав со плава косичка, плави очи, абе душичка
    И такви јас-Не може, тој е за мене, таков сакам, баш како него, совршен е бла бла
    Сестра ми-Аааа, јас сум поголема, јас Аце прва прв пат го видов...
    И се караме кој за кого ќе биде абе фешти
    И само другарка ми се врти позади и ние по неа иииииииии што да видиш ДВАЈЦАТА ПОЗАДИ НАС.. само се погледнавме и вртење лево право во просветно дело хахахахаха се изнасмеавме... барем една од нас да имаше после тоа нешто со еден од нив двајца ахахаха
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Бевме на одмор и ми се сојадоа сливи. И гледам некој човек со пакет го ставаше на точакот и имаше врака сливи (во од хартија тутурка направена) и јас му викам: „Колку пари се сливите?“ А испадна дека не бил продавач туку обичен човек што имал купено. :D
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Ова најсвежо одсабајле:
    Идам сабајле јас во школо и ко по обичај си каснам 5 мин. и сега влегувам во школото и гледам по скали иде класната моја (што требаше да имаме час), наставничката македонски и наставникот историја.И така ги гледам и трчам јас по другиве скали за да стигнам пред да влезе.И влегувам онака забревтано во училна и викам иде, иде, иде абе ИДЕ бе.
    И кога што ќе видам, влегла више класнава, таа на скали што ја видов друга била.Цел ден денеска во школо за тоа ме зафркаваа.
    Бруки. :tmi:
     
    На TaMaRa80, Aleks96, crazyinlove19 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Ова ме потсети на нешто што ми се случи пред некој ден. :D
    Влегов во супермаркет, требаше да купам доста работи , но ете како за беља неможев да се снајдам за нешто и бидејќи бев блиску до касата и се обратив на една жена што мислев дека работи на каса, да дојде да ми помогне, а таа само си чекаше ред да плати. Многу чудно ме погледна, а имаше ненормално многу гужва на касата и сите си се кикотеа. :D А јас црвена како патлиџан во лицето.
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Ааа ми текна една дешавка од другарка ми. Едно време одеше на секакви прегледи низ Скопје незнам точно за што и скоро секаде требала да се соблече гола, и оди на последниов преглед и докроров и рекол соблечи се (он мислел само горниот дел) а оваа по навика ни едно ни две цела, а во меѓувреме докторов се свртел да земе нешто и кога ја видел оваа се збунил, позинал, воопшто не очекувал... и едвај и рекол ама нее... не мислев цела... :D другаркава пропаднала, па едвај се разбрале, па се облекувала...
    и дефинитино веќе нема да оди кај него на прегледи :D
     
    На iloveyou29, Aleks96, Bibko и 2 други им се допаѓа ова.
  19. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    И мене ова ме потсети на нешто што ми се случи пред некој ден :D
    Гледав прслуци, сакав да си купам еден и една жена стоеше до мене. Јас не ја погледнав и прашувам "колку е ова?" и оваа ме погледнува јас се завртувам гледам и она купува. Да не ја знаев немаше да ми биде срам, но живееме во близина, се знаеме :D .
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Ми текна на една случка, која никогаш нема да ја заборавам.
    Отидов во продавница и викам:
    -Имате гумени бонбони?
    -Не.
    Ама што е едно не за Домино. Па ни два ни три сосема озбилна викам:
    -А каде се?
    Човеков чудно ме гледа и ми вика:
    -Па немаме!
    И мене ми текна што сум кажала а другарка ми до мене едвај се воздржува да не прсне да се смее. А мене ме фати таква смеа, што буквално морав да се фатам за најблискиот рафт за да не паднам. И така јас талентот замавнав со раката и оп, испопаѓаа сапунчиња и детергентите на земја. Успеав да изустам само:
    -Упс, извинете.
    И метла да ме нема. Не можев да престанам да се смеам едно петнаесет минути. :D
     
    На Aleks96 и Anja98 им се допаѓа ова.