1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зини земјо, голтни ме!

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 2 јули 2010.

  1. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Уште нешто што ми текна. Со една другарка порано заедно одевме на курс по Англиски право од на училиште и гледам едно девојче што ми заличе на една другарка (блиска) таква училишна чанта имаше и црна коса како нејзе. Ама подалеку беше и не видов дека не е таа. И јас да не почека и викам „Тамара!“ ама не се сврти и јас повторно „Тамара! Тамараааа! Тамарааааааа!“ си реков се шегува со мене и се доближив и само да и речам што не ми зборуваш се врти девојчето некоја прв пат што ја гледам. Другарка ми пак замалува од смеење таа цело време ми викала не е таа, а јас не сум ја слушала. :D


    Еднаш пак на екскурзија во автобус бевме и јас станата да појдам кај една другарка што седеше понапред од мене на враќање се задржав на една како шипка(не за тоа што мислите :D ) за потпирање беше и се задржав само нагло свртува автобусот ја паднав и со главата се удрив во вратата од тоалетот во автобусот каков срам сите се замалуваа од смеење. :D


    Друг пат славев роденден во еден кафич,и ајде да се прошетаме со уште неколку другарки и имаше гужва многу луѓе имав повикано да излеземе надвор и сега задната врата беше отворена,но пред нејзе огледало имаше долго и се се гледа од надвор не знам како да ви објаснам како беше наместено,но изгледаше како тоа да е вратата и јас забрзана само бумм во огледалото тоа падна. Другаркиве се газат од смеење јас брзо го кренав и со брзи чекори пак внатре велгов.


    Друг пат во пицерија еден другар правеше роденден и јас со другаркиве во веце бевме да се измиеме пиците беа готови и на шегување и ја затворивме вратата на една другарка и ѝ викаме во машкото оди. И таа почна да турка (и таа се шегуваше) и ние туркаме-таа турка вратата падна. :o А од оние поубавите беше со убава квака, од убаво дрво направена ние со брзање влеговме внатре ама не знам како дознале некои и кажале на сопственикот ајде некако успеа да ја направи кенлерот од тогаш срам ми е веце да одам таму. :D
     
  2. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    иако имам 19 години секогаш ќе се сеќавам кога сум била помала..
    ми правеле операција и ме изнесуваат од салата
    по неколку часа се освестувам и видов дека сум гола и покриена
    Леле сите лекари ме виделе
    не можев да ги погледнам потоа

    се сеќавам и на една друга
    Наставничката по географија ни рече дека ќе имаме час во друга училница
    и јас затрчана опп во едно дете, се судрив и паднавме онака сообраќајна несреќа
    и сите од моето одд се собра и ми подаваа рака,во земја ќе пропаднев
     
    На Lolo5, Aleks96 и Bibko им се допаѓа ова.
  3. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Кога се сопнав на тротоарот кај школскиот превоз. Сите накај мене беа завртени а јас мислев дали и симпатијата ми беше меѓу нив хахаха :D:D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    382
    Не ми се вежба математика па ај ќе правам поинтересни работи :) Ми текна да си го вратам Хи5-от, да видам како е таму хахаха и ги гледа сликите, налетав на една и се згазив од смеење.
    Еднашка тука кај нас на базен беше дојден Дарко Илиевски и со другарка ми се сликавме со него и мн нормално сликата одма на хи5.. и тоа фрчеа коментари од типот "ова ли е зетот", "леле ама е добар дечкото", "маж ли ти е", "не е твој, мој е"...итн хахаха и се појави тогаш и таму таггнување и си напишавме ние Дарко Илиевски, сега нзз како точно беше, дали сликата се појавила кај него ама битно овој се појави со коментар: "ajaaaaaaaa..... JAVNO KAZUVAM NE SUM ZENET :) XAXAXAX.... pozzzz MWA", тогаш ми одеше да го избришам хи5-от и веќе никаде да не се појавам хахахаха бруки
     
    На Lolo5, Jowe, Aleks96 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Еднаш седев со големо друштво во кафич...седевме на горниот спрат.
    Целиот кафич беше полн една маса празна немаше...и јас со другарка тргнав до wc да одам и отидов...ама по брза постапка...од последна скала до подот на долниот спрат на
    г*з
    си одев...сите што беа на долниот спрат прво ме гледаа онака дали сум добро а после, смеење, бруки...а што е најтрагично таму редовно одев.
     
    На Lolo5 и Aleks96 им се допаѓа ова.
  6. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    382
    Најголем срам што го имам доживеано е кога паднав на турнир во мал фудбал..е така ми е ќе шутирам топка цццц најстрашно беше што и љубовта моја беше тука некаде, бруки, се згазивме од смеење и сега кога ќе ми спомне некој за тоа пропаѓам во земја..

    Има уште една случка што сакам да ја заборавам (а знам дека нема) ми се случи во брзо време и со другарка ми немаме на никоооооој кажано за тоа, нема ни да кажеме :) а тие што виделе може некогаш ќе заборават :$:$:$
     
  7. eutixismena

    eutixismena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    1.414
    пред 2-3 месеци бевме со дечко ми на кафе и сеа јас нешто се занесувам демек го пазам да не истури нешто демек несмасен е и така размавтана со рацете цело нескафе (штотуку му го донесе келнерот) плас на фармерки кај мене, па си протече на подот-бара цела .. Се шокирав незанев што ми се случи се тешев што немаше многу народ, фармерките ми беа темни многу не се познаваше а да и чашата не се скрши :$
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Хаха да си раскажам мене нешто тазе што ми се случи т.е утрово. Дојдоа кај мене дома две блиски другарки и досада не фати и не ни текнува што да правиме. Мисли, мисли и мене ми светна идеа да облечеме мини суќнички, да се качиме на виииисоки штикли и такви да излеземе надвор во шмизла-стил. Оh God, кај ми беше умот. И така во најмини суќници, штикли високи 15 cm. излеговме надвор (башка и лижавчиња си купивме да се лигавиме.) :rofl:
    Боже Господе, што ли мислевме не знам. Никогаш не излегуваме такви надвор. И фала богу кај да пројдеме, свиркаат и довикнуваат. Ние се газиме од смеење. Арно ама што да видам! Типчето што ми се свиѓа иде накај мене. Е нормално не сакам да ме види таква (а не изгледав лошо). И така јас гледам ми се доближува и јас потскокнав и лижавчето крц, го скршив и ми залетна во грло. Се закашлав и се наведнав нанапред сосема несвесна дека сите имаат добар поглед на моето газе. Лепота! Ем овој што дојде, не ме поздрави и пројде туку ми го виде и газето додека се мачев да го искашлам лижавчето. Добро е што немав некои granny гашти, фини беа црни со бели точки ако убаво се загледале ке го виделе натписот extreme intimo.
    Епа земјо, знаеш што да правиш... :$
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Единствената работа што во моментов ми текнува е еден драг спомен од средношколски денови.

    Бев настината, а воедно и имав други здравствени проблеми и неколку дена не одев во школо, и еден ден враќајки се од лекар, ми светна да одам до школо да се видам со другарките. И појдов.
    Часовите само што почнаа и си викам ќе седам на првите два часа нека ме запишат како отсутна и ќе си одам, и на прв час професорката не запишуваше отсутни и не ме запиша. Втор час имавме историја, соученичката која беше дежурна не ме кажа дека сум отсутна, а јас размуабетена со другарки не ја ни чув. И професоркава вели денес ќе испрашувам, а бидејќи Најубава конечно дојде ајде нека стане и нека каже нешто за Прва светска војна :o .
    Јас ни две ни три, станувам и мртва ладна „Аааа прфесорке јас сум отсутна :!: “ и таа вели „Како може да си отсутна кога си овде, не си дух |( “...Ме збуни малце и почнав да и објаснувам дека сум болна и т.н. и она ми вели „Сега сакаш 1 дека не знаеш или неоправдан?“ а јас си ги собирам палтото и ташната и и велам „Сакам да ме запишете како отсутна, ама да не ми ставате неоправдан, пошто ќе донесам оправдание“ а таа ми рече сама „Еве ти 1, се надевам дека и за него ќе донесеш оправдание“ :fubar: .
    После тоа секој нареден час следуваше „Најубава ти присутна или отсутна си денес?“ и цел клас долго време се смееше на моја сметка :lol:

    После тоа никако не се појавував во школо ако сум болна, искрено речено јас и кога си бев перфектно здрава не одев секој ден, ама тој ден отидов само да се обрукам :tmi: .
     
    На Aleks96, crazyinlove19 и Emma89 им се допаѓа ова.
  10. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.097
    Пол:
    Женски
    Најголем блам ми беше пред точно 6 години (паметам :) ) кога конечно ќе се запознавав со една моја тогашна симпатија :) Тој се викаше Георги, јас тоа го знаев пошто како што кажав ептен ми се свиѓаше а тој не ни знаеше за мене :D И сега иде накај мене, а јас целата таква возбудена-му пуштам рака и му викам Георги (наместо да го кажам моето име). И тој ми вика: Аха , а ти како се викаш ?
    Кога се "освестив" и кога ми текна што направив потонав од страм :) :$ :D :D
     
    На LittlePinky, anste, mileystar и 5 други им се допаѓа ова.
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Еве нешто најново што ми се случи. |(
    Пред некој ден си одам јас така занесена, се чекав со дечко ми пред една пицерија, и ги имав облечено новите штикли. И како за беља, на тротоарот каде што поминував имаше многу гужва, и јас како што одев така, нели уште ненавикната на новите штикли, незнам како едната ми се извади и ми остана на тротоарот. :tmi: Морав да се вратам неколку чекори назад боса и да ја земам, можете да си замислите како ме гледаа. :swear:
     
    На vlubena и lola-86 им се допаѓа ова.
  12. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    При крајов на учебнава година, еден голем одмор излагаме со другаркиве да купиме за јадење, ама многу дуваше ветер, и ај по тротар ќе идеме а јас неможев да се справам со косава последна се влечкам, и не видов тоа подигнатото од тротарот и кога се засопнав леле хахахахаххахахаахх а позади мене цело школо-.- резил до коска хахаха уште ми е срам покрај некои да поминам :D Колку сум неспретна тоа чудо :D :D
     
    На Emma89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    Земјо голтни ме и плукни ме на Хаваите
     
    На Gora123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Една моја пријателка ми се жали како сексуалниот живот со дечко и' стагнира, т.е. го нема воопшто.
    Одам кај неа на гости, кога таму рипка една крзнена топка околу мене.
    - Ама не се плаши, кутрето ми е ептен мирно, спие помеѓу мене и дечко ми, многу е срцка!

    ЈАС: Па не е ни чудо што не се е*ете редовно (како да сум голтнала мегафон. со таа јачина приближно беше).

    По нецели 5 минути... дечкото излегува од другата соба...

    :headbang: :headbang: :headbang:
    Мислев дека сме сами со пријателкава.

    Земјата - ам!
    На неа ќе и се дам!
    |(
     
    На iloveyou29, La.Reina.Del.Sur, mileystar и 17 други им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Вчера ми текна на ова, по пат ги занимавав луѓево и кога ми текна на ова, се пресмеавме сите. :rofl:

    Кога одев на гости кај братучедите, одев со авион. И така јас цела испотресена, испотресена, а воедно и среќна, ќе го имам првиот лет со авион. Добро, се спремно, спакувано и таман пред да полетам, дојдоа на гости да ме испратат едни баба и дедо. Бабава и дедово, морам да признаам се од типот на луѓе уан оф а кајнд. :D Тие, како искусни и редовни летачи, ме советуваа дека кога авионот ќе полетувал, ушите ненормално многу ќе ми се затнеле. Ама, онака, финтаџиски ми намигнаа и ми ја открија нивната тајна како да го избегнам тоа. :rofl:

    Имено, кога ќе требало да полета авионот, јас требало да стојам со благо подотворена уста. Значи не отворена, благо подотворена. Им реков фала фино лепо на совет, се изгушкавме, некоја пара отиде под рака и ајде да летаме.

    Си стасувам јас во авионот, си се врзав и како најголема будала седнав со ваква уста

    [​IMG]

    нели, чекам да летне аеропланов. Стојам така, минута, две, три, авионов почнува да се движи. А јас еден надмен поглед, оноа ХА, вие не ја знаете финтава. :rofl: Кога се опулев, кога видов, кој весник си чита, кој онака искулирано си седи си гледа, трет гледа на екранот нешто си свири... Веднаш си ја затворив устата. :rofl:

    Којзнае колку време ја држев така отворена, а немаше врска, не ни ми се затнаа нешто посебно ушите. Арно се прибрав на првиот лет, па после и јас бев од тие искулираните. ХА, они мене. :mm:
     
    На blady, La.Reina.Del.Sur, mileystar и 9 други им се допаѓа ова.
  16. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Одам денес во МВР ( во МТВ , покрај Вардар ), и јас најдов во 2 саат по документи да одам :)
    Пече сонце , прашини и таман стигнав до скалите, гледам една оса, пчела што ли беше не знам, како се тетерави зашеметена од толпото. Пробувам да ја избегнам ама таа се низ нозе ми се мота, и како кренав нога да ја качам првата скала...оп под фустан ми влезе, а фустанот долг до земја.
    Кога почнав да го кревам фустанот, да пафтам, покажав секси кафеава чипкана полутанга, таму се забулени а јас како да имам настап во кабаре, кога се ококорија тие чичињата што чучат на скали :lol:
    Имав настап скоро една минута, чудно што не почнаа пари да ми лепат. Добив аплауз и неколку свирки, може сакаа на бис да ме видат :$
     
    На blady, Kimberly11, kjukli и 38 други им се допаѓа ова.
  17. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Најфреш - последната вечер од Пиво Фест.

    Стоиме во Ченто цела мафија ,народ еден куп ,Здраве се дери дали се дери од петни жили , око мене сви су мртви пијани :rofl:

    Дечко ми сиот во занес ,ме гушка ,ме целива и свашта ,кога му падна на памет да ме поткрене ,да сум го видела Здравко ( далеку стоевме ) .

    Јас - неподготвена ,си носев лесно фустанче без прерамки и без градник :lol: ,кога човеков ме подига од пред мене и ми излезе цела ц***а ! :$

    Набрзина се пикнав во него ,рефлексно го подигнав фустанчето и не знам колку време стоев со главата насадена на неговите гради ! :$

    Ми дојде да умрам на место од срам ! А ваму полно народ ,ми се чинеше сите ме видоа ! :$
     
    На anggell, gavolica4 и Aleks96 им се допаѓа ова.
  18. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Браво за темава, благодарение на вас си го продолжив животов :D
    И нормално и јас да си кажам неколку мои бламови. Јас нема да бидам јас ако не се избламирам убаво. Се чудам како земјава уште не ме голтнала. :D

    Една вечер (тогаш бев мала) јас, мајка ми и татко ми се шетавме блиску до местото кај што живее чичко ми. И така држејќи се за рака го слушнав татко ми како рече: Еве го (незнам точно што рече, ама знам дека така слично го викаше и чичко ми). И ја ги пуштам и двајцата и шпринт накај него со раширени раце чекам да го гушнам и викам од таму како будала: ЧИИЧООО! И кога се доближив (пошто беше темница не се гледаше) така трчајќи како брзи гонзалес го гледам човеков у лице и коа има што да видам! Искочи дека он бил само познаник на татко ми :tmi: . И само јас поцрвенев, реков извини и тргнав накај мајка ми со наведната глава. :$ Ептен страшно се усрамив. Ама за тоа кога ќе се сетам денес за тоа се смеам како ретард :rofl:

    И уште една случка како помала.
    Бев на гости кај баба ми и дедо ми за време на летото. Они не живеат во Скопје и дека тогаш многу не се дружевме со децата низ маало (уште бев малечка), а и таму живееја вујко ми и вујна ми со братучедите, обожавав да одам таму. И една вечер братучедка ми се налути и почна да се вала по земјата и да плаче (буквално!). Се симнува вујна ми ја зима и му вика на дедо ми: Она досега не плачела вака, вакви глупости учи само од Мерлин. Леле кога ја слушнав, абе ваква станав :@ . Ја не бев ни крива ни дужна! И дете како дете решив да се "одмаздам" ]:) . Искачам у ходникот и пеам: Вујна ми е крава, гуска, овца (и сите глупости што можат да му текнат на едно дете), кога у еден момент си доаѓа вујко ми од работа и ми вика: Што правиш Мерлинке, добра си? И ми се смешка. Упс :$ . У тој момент јас: Да, да и одма влагам у кај баба ми усрамена. После се симнува вујна ми и ми вика: Мерлинке сакаш компири да ти испржам. И јас ѓаволчето си се смешкам и и викам: Па може, може :devil: . Абре цепки !

    Ако досега не ме голтнала земјата, не верувам дека сега ќе се смилува :lol:
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    прошлото лето беше ова, бевме излезени во една дискотека и така убава атмосфера...музичето за да се изнаиграш јас се загреаф, аа имаше еден тип што цела ноќ не тргна поглед од мене и само се обидуваше да ми се приближи...и така сум се заиграла (а имав кратко фустанче и здола танга, нз што ѓавол ме натера) и оп фустанчето горе и сите у мене нормално почнаа некој извици не знам таму што. а типацот што ме снимаше зеде микрофон и вика: САМО ЗА ДЕВОЈКАТА СО ЦРНАТА ТАНГА !!! ... како сакав да ме голтне земјата во тој момент и само им викам на другарите аее фаќаме магла ..... Срам ! :$ :x
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Хм. Ептен тазе случка. Се вратив сега у канцеларија, викам чек да видам на фемина што има ново.
    Читам СДК, ја читам Мерлинка со денешниот пост, приТСкам на спојлер, се појавува тоа дилдото, си го загледувам онака манијачки ко што ме дал Господ да не можам да одолеам на вакви работи ^_^ и БАШ во тој момент нечујно ми влетува шефот во канцеларија и ко за беља ми се лепи на монитор
    - еј ај види дали сега ќе ни ја отвори таа рекламата шо требаше да ја.....опа бато!

    Кликај ИКС, кликај, кликај, кликам ко луда - ми се укочи све.

    Јас црвена се потпирам на раката и го гледам невино :wasntme: тој упорно го буљи дилдото :o

    - Хммм ај ќе те оставам на само па кога ќе ја отвориш рекламата дојди да продискутираме (со фаца мислиш ме фатил на дело како мастурбирам).

    Не е за голтање баш ама - да, едно незгодно што ми дојде.

    Поприлично.

    Мерлинке - ќе те тепам! :D
     
    На Amona, iloveyou29, anste и 21 други им се допаѓа ова.