1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зини земјо, голтни ме!

Дискусија во 'Насмевка' започната од Unfaithful18, 2 јули 2010.

  1. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Леле мори Пирамидо, ќе ме умриш жено :rofl:

    Јас да ви кажам една случка од пред две недели, како не пропаднав в земја јас не знам. Одам прв пат во еден нов кафич тука, чекам да помине келнер за да си нарачам пијалок... И иди еден што ми беше симпатија во 7мо одделение, јас целата насмеана го буцкам по рамо, тој се врти и ме прашува ејј како си од кога те немам видено. Добро викам, еве дојдов да си наполнам батерии тука, па пак назад кон обврските. И што ќе пиеш вика...И јас со кој ум не знам му викам нема врска
    мене се ми влегува
    :o :o
    Кога направи една фаца ^_^ ваква...Не знаев каде да се испулам побрзо. За да биде уште посекси, кога почнав да дткам, овај де, ахам, кхм, де, не де, неее, не мислев така, овај де така мислев ама не мислев, ни самата не знам што кажав...
    Му реков на крајот ајде финландија кренбери, се врати ми донесе и вечерта уште едно 3-4 пати ме праша што ќе пијам со ваква насмевка ^_^ ^_^

    И ај како да го погледнам уште еднаш, а таму излегувам... :D :D
     
    На Aleks96, Buttterfly, Sweety-Tweety и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Бев на училиште...беше зима и секаде беше лед..се лизгаше се живо и диво..и јас така залетена трчам трчам по дворот и кога се подлизнувам паѓам на лед и го раскршувам...ем ми беше мака а во исто време и смешно хахах... засрамувачки |( |( |(
     
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.380
    Допаѓања:
    42.006
    Пол:
    Женски
    Бевме на екскурзија во Прага,Виена...и не знам во кој град точно беше јас и една школска имавме останато пари многу ама сменети, а ќе си одиме и отидовме во еден супермаркет да ги потрошиме.
    И имавме по 1000и нешто и двете ама пусти пари многу не бркаа и решивме да сметаме на моб. што земаме за да не се обрукаме.И земаме едно, друго, трето...и така накупувавме се и сешто и така унесени у огромниот маркет заборавивме на сметањето и ајде што што правиме почнавме да враќаме едно по едно и кога мислевме дека ќе имаме доволно пари отидовме на каса.

    И вадиме едно по едно и почнавме со продавачот да си правиме муабет од каде сте што како на англиски ама и тој не знаеше многу, а и ние малку мутавки се разбравме некако.Ни дава сметка и што да видиме ни остануват уште 1000 :D и со кој акл се враќа другарка ми да си земе уште работи...тој превртува очи јас и велам дека сега ќе се враќаш, а таа е шо да ги праам овие пари...и кога бевме се готови сакаме ќесе пошто имавме многу работи и како беше ќесе објаснуваме со раци нози, му покажуваме на ќесињата, а тој не сфаќа за жива глава...нас ептен смешно ни стана абе се газиме и двете од смеење...позади нас редицата крајот не и се гледа и сите чекаат со смршени фаци, а ние двете абе не можеме да се соземеме.

    И на крај се откажавме од објаснувањето и земаме во раце тоа што купивме, ние имаве цел фрижидер храна како во раце да го собереш...и се смееме така и ту ни падне едно, ту друго, ние се валаме од смеење и сееме храна, рацете не ни собираат...сите не гледаат со вакви фаци :^) Абе ни се идеше да исчезнеме, покрај смеата и срам не фати малку...и видовме не видовме дека нема шанси да однесеме се така до автобусот се распославме на една клупа таму во центарот пред маркетот и се фрливме да изедеме што можеме.Абе македонче шта чеш. :D
     
    На Aleks96 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  4. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Пред 2-3 дена бевме излезени со сестра ми и 2-3 другарки. Седиме ние, така, една до друга и тие нешто си разговараа меѓусебе, а јас загледана некаде, занесена до бескрај. Во тој момент ни приоѓаат 4 момчиња јас ги знам кои се из виџење што се вели, но не се знам лично, а другаркиве се знаеле со едниот и доаѓа тој и се поздрави со едната другарка, па со другата што седеше до мене и јас очекувам да се поздрави и со мене и му ја испружив ракава, а јас не видов дека тој веќе си ја имаше прибрано неговата и ај пак ја пушти и се поздрави и со мене. Леле, како се избрукав. Се насмеав за да ја замачкам работава, демек згрешив - да се оправдам, а ми се плачеше. Ми се чинеше да си ја залепам една. Се чувствував како Том кога ќе направи нешто глупо и над глава ќе му излезе облаче во кое пишува Jackass!
    [​IMG]
    Тој не знам што си помисли, може си помисли демек дека „одвај“ чекав да се поздравам со него ама се усрами дека не се поздрави со сите, важно јас убаво се посрамотив.
     
    На SofiMar_, mileystar, Aleks96 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    ХАХАХХА еее ова е најако шо сум го прочитала...и мене ова често ми се случува :D :D :D :D :D :D :D :D ме изнамеа дефинитивно
     
  6. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    На одмор со сестра ми и дечко и . И во вода ќе се бањаме . Влегуваат и они во подлабоко ја на карпа . И станав од неа и ја глеам сестра ми вика прави фаци а ја викам што и на оваа :?: И дечко и почна да се смее и онака со прст накај мене . леле кога се видов..... аууу :$ :$ :$ без горен дел :tmi: По тоа неможев да ги гледам .... гревче
     

    Прикачени фајлови:

    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Бројчево над мене ме потсети на една случка која ми се деси пред неколку години во Виена. Многу ми е интересно кога е човек во некој друг град и си мисли дека му е дозволено да се дере на свој јазик колку што му душа сака - и секогаш Марфи стапува на сцена и мора да се деси нешто што ќе те разубеди во тоа - дека и во Монголија да отидеш, пак ќе наидеш на некој „твој“ :D

    Јас не се засрамив но двојката која ја сретнав верувам дека посака да ги голтне земјата.

    Чекајќи се со другарот пред Старбакс на Мариахилфер, си влагам карши во ДМ, си викам, ај имам сеуште време додека да дојде, и си гледам козметики по регалите кога одеднаш од сосема другиот крај на продавницава слушам женски глас како се дере на препознатлив јазик
    - А златоооооооо кажи ми каков гел за туширање да земам?
    И машки глас кој доаѓа веднаш од карши мене, од другата страна на регалот.
    - Кажи срце?
    - Па гел за туширање бе златце, кажи, каков мирис сакаш да купам, што ти се свиѓа а? (мислиш голтнала појачало)
    - Со мирисот на твоето пи*е!
    - Какоооо? (као демек не го чула)
    - Реков со мирисот на твоето ПИИИИ*Е!

    Се поткревам на прсти за да му погледнам сурат на дечково и му викам
    - Дечки, абе не сте сами има и некои кои разбираат македонски во Виена.
    И се насмевнувам за да не му падне ептен незгодно.
    Дечково кога ги ококори очине :o Едвај пропелтечи
    - Ама...ехм, овај, СРЦЕЕЕЕ ај да си бегаме од овде на друго место ќе купиш тоа гелот.

    И џом да ги нема - ги снема! :o :rofl:
     
    На blady, MilaP, kjukli и 30 други им се допаѓа ова.
  8. professoressa

    professoressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    106
    Да ви раскажам една тазе случка од вчера...Застаната јас на шпорет,очајна домачица и демек кухам набрзинка нешто, а во исто време правам на скајп муабет со мајка ми...и едно време ѕвони на врата мажето , јас отворам ама не му кажав дека комуницирам во кујната со мајка ми ....и си се враќам јас над шпоре , а тој се дере на цел глас..КАЈ БЕШЕ ЖЕНЧЕ ЦЕЛ ДЕН ДЕНЕСКА, ДА ТИ ГО ОПНАМ К**ОВ... :D Леле луѓе ...на цел глас ејјј...и само во секундата му викам ееејјјј прам муабет со мајками... :lol: и да видевте фаца негова ...се изнатуфка за сите пари... а јас неможев да се воздржам и се пукнав од смеа.... :D
     
    На SofiMar_, blady, MilaP и 26 други им се допаѓа ова.
  9. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Значи ова е од вечерва. :!:

    Си облеков јас кратко фустанче на ветрето кое дуваше по малку вечерва и си го држев цел пат со раце за случајно да не се открие нешто додека се движев по улица Македонија. Стигнав порано на договореното место и си викам ај да не чекам да си купам цигари и тргнав до трафиката што е карши Мекдоналдс. И си купив цигари што си купив, се вртам да се враќам назад ми се свитка некако ногата и се испружив колку што сум долга и широка пред еден куп народ и нормално цел фустан ми се дигна па се виде се што требаше и не требаше. Па уште и си реков на глас: Е аман ма Супергрл, баш ова ти требаше сеа! :$ Од срам не ни ги погледнав реакциите на луѓето околу мене туку одма рипнав и глеав кај сум извалкана да се затресам. Се довлечкав до најблискиот излог, се разглеав од позади каква сум и така со излупен лак на левата нога и со црвена потколеница си тргнав на договорениот сладолед. Епа зини земјо голтни ме и плукни ме подалеку од центар. :$


    И уште ме боли ногата што ја свиткав! :(
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vesni4kaxd

    vesni4kaxd Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    43
    хаха ме изнасмеавте со случките..... еве една моја....

    имам постар брат 2 години.... и еднаш ко бевме помали си седевме онака и надвор почна да роска ( да врни) и тој ми прај " леле мало, ко ку*о си надвор...." a јас помала ништо не го сватив онака наивно и си поќутев.... и по 15 мин свикува мајка ми слегувајте долу ке ручаме... и седнуваме на маса почнуваме да ручаме и јас паметна да се напрам му велам на татко ми 'леле тато ко ку*о си надвор дали виде?? ' и си продолжувам да јадам и чекам одговор од татко ми... и тој ме гледа сиот збунет "шо рече?? " ми прај..... и јас скроз озбилна си го повторувам муабетот.... тој кутриот не знаеше дали да се смеј или да ми вика... ме прашува од кај го научи то... а брат ми го гледам ја наведнал глата и кјути и јади... јас цела горда бато ме научи..... и татко ми само го испули и му прај пази шо ја учиш а јас тогаш не сватив... и така си поминаја уште 2 3 години дури да научам шо му реков уствари на татко ми.....
     
  11. sinetta

    sinetta Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    Ми доаѓа вчера фраерот дома, расположен, оклештен, полн со „идеи“, а јас небаре пеперутка се врткам околу него. Му носам, разнесувам, служам,,,абе леткам наоколу...а тој ми раскажува како му го попушила (извинете на изразов, не ми излетува, бесна сум), некоја цура...штом пишувам, земјава не ме голтнала уште!!! Кај да е ќе ме прибере. Кој блам?! У.Ж.А.С. Уште ми стои раката во вис, во правец кон вратата. :(
     
    На gavolica4 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Нај нај најголем срам доживеав пред еден месец :$ :$ Тогаш кога не ме голтна земјата значи нема никогаш. Се гледавме на скајп со љубовта моја бидејки сега сме во таа категорија ’’Врски на далечина’’ . И преку скајп многу често знаеме да си пишуваме некои такви безвеза глупости хот чат ова она. Арно ама истиот скајп го користат неговите за да зборат со роднините од странство ама никад не буричкаат по контакти кај шо не им е место. Пред некој ден дошол братучед му на гости и тој со роднините од странство да попиши и овој мојов заборавил да избрише тоа од вечерта шо сме пишувале. Малиот кога почнал да чита сите во уво се претвориле. А јас во муабетот детално опишувам која поза не ми е пробана и сакам да ја пробам :$ :$ :$ Среќа влегла сестрата на дечко ми и се развикала па исклучиле. Како сега да се појавам пред лугето?? :doh: :wasntme:
     
    На Jowe и Aleks96 им се допаѓа ова.
  13. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Пред 13 години бевме во Грција на одмор. Помина одморов што помина и се враќаме за дома. Бевме заедно со пријатели и сите со коливе возевме едни зад други за да сме заедно, а ние цело време возевме последни со нашата кола. И почнавме да приближуваме кон границата и ни текна со сестра ми да ги облечиме новите маици и пантолончиња што ги купивме од таму за да кога ќе стигниме дома да не видат дотерани. И почнавме да се преслекуваме. Сестра ми - петгодишно дете, ем помала од мене, ем поситна и послаба си се стутка и тап-тап си се преслече. Јас, 8 години имав, ем поголема ем подебела и нормално не ме береше да се преслечам и јас се качив на седиштето назад, се наведнав за да ме бере, си ги турнав пантолоните и убаво си се напучив со газов кон задното стакло и почнав едно слечи-друго облечи , си се преслеков и си седнав на местото задоволна. И почнавме да прашуваме кога ќе стигниме, уште колку има и видов дека тие што возеа пред нас ги нема и го прашувам тато - Тато, кај се чичко П., зошто не се пред нас? И тој ми вели - Тука се, ене ги зад нас. И се свртев и вистина беа зад нас. Тие си возеле последни, а јас цело време им се пучев. Потонав од срам. Кога слеговме на фришоп цело веме ги избегавав и ми бееш срам да ги гледам.
     
    На Aleks96, Emma89 и Chasicka01 им се допаѓа ова.
  14. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Леле,мислам дека од мене по голем мајстор за резил нема! На рамно ќе се утепам мајке ми... :D

    Ептен се обрукав пред еден месец кога бев со друштвото во Хавана. Бевме до бензинската да земеме нешто за јадење. И сеа јас со ќесето чипс во рака, со мокри папучи одам брзо да го стигнам друштвото. И почнав да викам по нив, и тие се завртија а мене ме нема....
    "Сад ме видиш,сад ме невидиш".Се испружив на малото островче помеѓу двата моста ко тепих! Немаше некој што не ми се смееше. ;(
    А јас само лежам на грб и си викам "Првпат дане е случајно,Јокси?" Станав,ја земав торбата и правец дома.

    Брука! :rofl:
     
    На Aleks96, dancing.queen и Chasicka01 им се допаѓа ова.
  15. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Сабота навечер јас излезена со другарки и одиме у еден кафиќ и одам ја така исправена и одеднаш трассс у нешто се забивв. А тој пустиот да ти имал стакло бре, а јас така кај слепа па и не гледам.. И онака јас си се вракам 2 чекори назад и мртва ладна низ врата си влегувам, а сите у мене зјапаат.. Кој срам човече :tmi:
     
  16. badgirl12

    badgirl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    15
    се шетам со другарка и пред мене идеа 2-ве жени и си разговараат,се влечкаат и јас нервозна се дерам на цел глас "леле ама се спори жениве у пичку матер ко полжав се влечат" они се вртат јас гледам мајката и тетката на дечко ми ..потонав :$
     
    На LittlePinky, iloveyou29, Lovy1 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Во првите денови од средно одевме со школските во една сендвичара да купуваме за јадење. Во смена бевме прва и трета година а имаше една девојка што одма не ми се допадна од другиот клас која била во врска со еден од трета година. И сега така сите наредени чекаме тостови а внатре уште на неколку масички си седат. Тостов за дечкото кој седеше зад мене стасува и јас ај да се направам љубезна му го подавам а сите се газат од смеа :lol: Јас се чудам што е работава :^) А женска му стоела до мене (онаа што ја мразев) а тој и бил дечко и тостот и го подале нејзе а не мене :tmi: :wasntme:
    Долго време несакав да одам таму додека не се пресрамив :$ :D
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Имам една случка како помала бев на базент и сега се си пливам и едно време дојдов во плиткото и си стом така и дојде едно чупе и ми вика девојче ти се одврзале купачите и јас се пулам и горниод дел паднат леле што страм беше поцрвенив и веднаш избегав се облеков и право дома ххахахах :D

    Потоа уште една случка ама овде бев поголема некаде 6 оделение и имав симпатија ама тој беше поголем 8 оделение и јас онака и раскажувава на другарка ми за симпатијата вака онака и еден другар да не слушал и вика ооооооо Влубена па ти го сакаш Благојче и јас не бе што ти е и тој на сите да му раскажал и другата ден излегува од училница ќе одев на одмор и го гледам симпатијава на крајот од ходникот стои а окулу него 100 другари и сите оденаш вика бакнеж бакнеж бакнеж ахаххаа и јас вака :$ и не знаев што да направам и со трчање одам и го бакнав на образ и бегам во училница леле каков страм тоа беше хахаха :D потоа 1 недела кога и да го видев бегав како некоја
    ненормална

    а имам уште една случка тогаш бев некаде осмо оделение и бевме со една другарка во едно училиште да ја посетиме мојата најдобра другарка и сега се појдовме таму и на излгување јас го гледам симпатијава и вратава беше од стакло и јас така запулена во него се удрив во врата хахаха :D тој се изнасмеја и јас да ме неме

    имама многу други ама ајде тие во некоја друга прилика ;)
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Chasicka01

    Chasicka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    9
    Одамна беше ова, ама нема да го заборавам никогаш. :D
    Бев 4 одд. мислам 8) и имавме физичко. Учителката не извади надвор и ни предложи да играме игра со тркање. Кој ќе биде најбрз. :?:
    А јас си бев подебелко :D иии почнавме да трчаме, и баш на крајот јас бев прва 8) мислев ќе победам, ама не беше така.....ми се заплеткаа нозете баш пред крајот и пред учителката и сите др деца што навиваа јас паднав, ама при паѓање направив салто :x
    Толку многу се засрамив, се поцрвенев дури... :$ :D

    П.С
    Со чизмички трчав. 8) :!:
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    5 одделение бев и си имав еден симпатија па сакав да се покажам пред него 8) Беше големиот одмор тој надвор и еве ме мене троп троп со едни чизмички и трес на земја се сопнав! :tmi: :tmi: Сите ми се смеа а јас само сакав да се покажам :D :D