Ох, имам мал милион вакви случки......Најмногу се усрамив кога паѓав пред дечко ми, па мораше он да ме собира од доле, јас се превиткувам од смеење, а он таков у паника „ееееј, добра си? се повреди?„ А ова се случуваше баш на почетокот на врската, едно 10 пати сигурно. Башка, на прав пат си паѓав, ете така од ништо. Еднаш се договаравме со колегите и колешките од канцеларија да идеме прво во кафана, па после кај стигнеме....И јас, како и секогаш, каснев, и се јавувам кај еден колега да му соопштам дека ќе каснам. И од таму му се јавува многу добро познат машки глас „ало?“ и јас ни две ни три одма почнувам „ееееј, колега, слушај, ај ако сакате почекајте ме, ќе закаснам 5-10 минути највише“ и од таа страна „Аха, ок, јас разбрав, овде татко му, чекај сега ќе ти го дадам колега ти“. Лелеееее.........па тука извинете ова-она, уште муабети си направивме со човекот по телефон, „А ти како се викаш, кај ќе искачате, не пијте многу.....“ Муабет ко со другар си правев. Брука невидена.
Тоа бесе пред некое време,седиме во кафич со другарките преку ден ама многу народ имасе и јас сакав да одам во веце.Ми показаа кај да одам арно ама одма до вратата од вецето да ти имало големо огледало колку самата врата и од далеку изгледа како да има и друга врата и јас така залетана ко се мавнам у огледалото тоа да ти било само едно веце универзално,толку се засрамив сто несакав да излезам оти сите ме видоа па ми текна ај подобро побрзо да излезам па ке си помислат пролив ме фатило,туууу глупава ситуација и од тогас имам огледалофобија
1. Во шесто одделение си имав симпатија од класот.. Дента си ги земавме книшките со оценки, значи зима. Јас направив фризура, се издотерав, се се за да бидам убава за симпатијава. После училиште си одевме заедно дома и јас тргнав онака "кренато" да се напијам вода од една чешма.. тоа околу неа да ти било цело смрзнато, па кога се оптегарчив со цела моја должина и ширина... сакав побрзо само дома да си стигнам. 2. На почетокот од врската со дечко ми седиме во парк и тој кажуваше некои смешки. Мене ми беше прекрасно, си се смеев, замислете и внимавав како се однесувам, кога одеднаш загровтав како прасенце. Леле во тој момент сакав да ме снема. Но сепак дечко ми, искулиран тип - не помисли ништо лошо, само си се смееше од срце уште едно пола саат . Баш пред некој ден му спомнав колку сум се усрамила..
Стигнувам кај дечко ми и одма од врата викам ке идам во веце да си измијам раце. И цела таква без да тропнам ништо, отварам врата и другар му внатре. И тоа не се заклучил. И јас прво некоја секунда ваква од што се збунив и после затварам врата и цела леле..извини...јас... . А другар му кога ме виде мене на врата ја џапна таа завесата(или како и да ја викате) што стои на туш кабината за да се покрие со неа . И после ми беше незгодно да го погледам човекот се туфкав цело време, а дечко ми се смееше и ми викаше ајде нема гајле големо чудо. А јас бев ваква
Кога паднав во Миднајт на подиум Тоа беше доживљај! Бевме искочени со другарка и се запивме ептен. Недела рнб и хип хоп во Миднајт, народ таман и ние како по обичај идеме да џускаме. И цело време некој ми шутираше флаша пиво. Шутни кај мене, ја врати ја. Пак шутни пак врати ја. Се скршила флашата и ја лизнуење на срча, паѓање на гз! Ечи 50 со In da club, ја не знам кај сум. Притрчаа двајца тројца, ми помогнаа да станам. Едниот ми се пушти. Баш одбрал момент И собравме после некое време парталите и да ме нема. Доаѓање дома, соблакање штикла шо да видам ногата бумбар. Сабајлето неам цигари, другаркава па ич. Повраќање цело сабајле. И ми падна жал. И викам ја ќе се симнам ти доповрати на шолја. Ама ако ме нема 15 минути викај брза помош и нагласи им да донесат штаки.
Е како што сум се избрукала тогаш, никогаш повеќе. Бев шесто, час-историја. И ајде сега наставникот ќе испрашува за крајна оценка. И ајде број 16. Станвам. Ми го поставува прашањето и јас цела ќефој пошто прашањето беше од лекцијата која што јас ја презентирав. И почувам да одговарам. Си зборам, си зборам.. Кога цел клас прснува во смеа. Јас одпрво цела ваква што е работава, што им е на децава?! Леле коа ми текна, сватив дека ептен ја укакав работава. Наместо културно, јас да ти сум рекла куртулно. И ај да се поправам. Кога пак истово, а бре како да сум заборавила како се изговара КУЛТУРНО. Пак запнав куртулно па куртулно. И наставникот цел ваков hock: ми вели седи. Коа гледам пишува 5тка во тој дневникот Е тогаш како ми дојде, голтни ме бре земјо што чекаш?!? После ме зафркаваа овие едно 3-4 часа па им здосади, заќутеа.
Бев пред куќата на бившиот дечко со мојата другрка беше 9 навечер и јас почнав да ете смајли совршено што опишува и да го колнам, кога неговиот сосед излезе од другата врата.Јас почнав да трчам надолу и да викам леле леле леле кога ќе си дојди од странство се ќе му кажи, а другарка ми кој ќе му кажи бе онај сувиот депилираниот, добро е што не ја слушна
Леле, кај ми текнуваат вакви глупости, си седам и си се смеам сега. Лани одмор, Грчка 10 дена, Сонцето пече, плажа преполна, море, ма за мераци. Влегувам јас НАЈМИРОЉУБИВО - многу сум мирољубива како личност, нели - да се бањам. Си киснев цел ден, па на грб, на мев, па со душек... Абре уживанција во боја. Ништо не фермам околу мене, само јас и морето бевме. Прав и вистински кит. Е, додека јас така си лежев, наеднаш почнаа да идат големи бранови. Ај едниот помина малку така над мене, ништо не стана, се свестив дека треба да испаднам од водата. Тука почнува интересното. Како испаѓав, ме маваа бранови. Бам, едниот го издржав стоечки. БААААм уште еден на коленици паднав. По него, додека станував, бам трет ме кутна скроз во водата. БАААААААМ уште еден ме потопи скроз и ме однесе до брегот. Е последниот ме докрајчи - ми ги дигна горните купаќи до брадата, мајка му стара! Си ги гушнав пирамидите мои со двете раци и почнав да викам Мамоо, мамо, дојди ма мамоо А они стојат и ме гледаат, ми се смеат па дури... На крај дојде мама да ме дига, олкава краветина, од водата не можев да испаднам. После ми кажаа дека ми се гледал и газот отпозади, додека сум се обидувала да станам. Шармантно.
Пак јас. Прееска излезена у град, викам чекај да си купам веќе некои работи кои ќе ми бидат потребни, па здогледав и кондоми, викам ај и со ова да се снабдам, ќе ми притребаат да имам и јас резерва. Стрпувам буквално еклери и дијаманти у кошничето што би се рекло, си вадам се полека, стигам до кондомите, и не знам што ми стана, на некој интересен начин ги катапултирав високо, ја ѕвекнаа цурата што стоеше пред мене по носе, скоро да и паднеа во деколтето ама и се одразија од градите и паднаа доле. Ја гледам , се наведнува да ги крене и да ми ги подаде ме гледа и таа , после прснавме да се смееме, и подавајќи ми ги, ми вели - абе Марфи, сте приметиле дека секогаш мора да функционира само кај кондомите или кај тампоните, таман на време за да не обрука Прснавме да се смееме. Искрено многу повеќе се засрамив од причина што ја ѕвекнав по носе со кутивчево. Среќа што не катапултирав некоја конзерва. Ќе беше скромно речено, не толку смешно Туку ми текнува на уште една ситуација одамна, излезена низ Европава со една другарка, седнуваме во преполн кафич со интересен дизајн, на едната страна огромен долг кауч со повеќе маси - така што де факто немате простор за интима, ама хеј - што ми е гајле, зборам македонски во туѓа земја, кој ќе ме разбере?! И одеднаш во кафичов влегува филмски пар. Цурава плавушица, стилски облечена ко од Ел да е исечена. Тело ремек дело, фаца додуше пластична ама баш барби фејс, дечково исто набилдан, истетовиран, кај се најдоа јас не знам. Гледам се приближуваат кон единствената маса која е слободна - веднаш до нас, одеднаш ја загледувам цурава у гради - човече да си ја потпреше брадата ќе заспиеше во сопственото деколте. Што би рекла Росоњерка, море ци*ка по по по И јас ни две ни три, простачки и воопшто НЕ дискретно и викам на другарка ми. - Јао човече виде ли силикон а? Плавушицава ми се врти и ми вели. - Јесте ал’ су баш добре јел’ да? (покажувајќи ми ги градите) Србинка. Па и јас да истресев барем македонски коментар не ќе беше лошо. Е*ате србизмите во јазикот ни. Ау едно неугодно што ми дојде да ви кажам. Се осетив ко сељак на годината. Фала за трофејот. Довиџења, пријатно!
Ах, мислам дека у друштво јас сум им најголем избацувач. Нема некој што се има избрукано повеќе од мене. Една многу смешна дешавка ми се случи еднаш, бевме излезени женско друштво, малце коктелчиња завршија работа, па отидовме во wc-то. Додека седевме така малце нозете да си ги одмориме, улета еден дечко зошто машкото не работеше, и само јас и другарка ми срипавме. Дечково ни вика - што барате вие во машко wc? И јас нели тука стапувам на дело, и почнавме да се докажуваме дали е машко или женско. Му викам - ти си го утнал wc-то, не ние. И тој продужава - претпоставувам и кај него дејствувал некој алкохол - од кај знаеш дека е женско? И јас така загреана - па гледаш дека има шољи, вас не ви требаат такви за вршење нужда. И ме заплеска - па и вие можете во чучњеви, и вас не ви требаат шољи. И тука почнавме со смеење, дечкото фино лепо си заврши нужда уз муабетов, си излезе. И како за крај, на искачање едни дечки не прашуваат - кое е машко wc? Е тука веќе беше врвот, одамна се немам така смеено.
Бевв седмоо одделени и едно девојче од другиот клас го бендисувашее едно момчее од моето друштоо тоаа беше осмоо и сегаа девојчевоо љубоморешее на нас и постојано се каравмее измислувашее глупостии и еден ден седевме во училишниот двор и девојчевоо рече нешто за насс и машково појдее а се расправа со неаа а јас зафилманн ептенсии и на една клупаа седешее едно машкоо штоо порано го сакавв и како што беше влажна земјатаа ми се лизнаа чизнатаа и паднав пред машково и тогашш ми идешее да се самоубијам
Милион пати се имам обрукано нешто и веќе можам да кажам дека отрпнав пошто по несмасно створење од мене не постои. Еднаш во школо знам зима беше си се симнувам по скали со другарка на мал одмор и скалите да ти биле тазе бришени и влажни и оп паѓам јас пред цела генерација ајде срам не срам си се смеам на моја сметка и станувам. По 3 секунди другарка ми паѓа. Си се смеам јас како верижно сме паднале двете кога оп јас пак паѓам, бруки.. И така јас си паднав 2 пати пред цело школо и си ги симнав скалите паѓајќи )
Mozebi ste bile posramoteni sami od sebe i taka ...Jas ke raskazam 2 slucki 1.Mozebi beshe 12 chasot i ajde da legnam da spijam i da gi izmijam zabite.Dojde i brat mi i zaedno mievme.Toj prv zavrshi i stava voda vo usta da si gi isplakni zabite.Togash jas se navednav mnogu nad mijalnikot i toj plukna ja isturi se taa voda vo moeto LICE!!!! Uhh! Mi ideshe da mu plesnam eden shamar koga toj reche:,,Ete sega imash i cisto lice''.No toa ne beshe se.Vo toj moment vleze majka mi i koga i raskazav taa se smeeshe ,a utroto toa go raskazala na majkata na mojot decko.Cel den me zarkavashe mojot decko i negovite drugari!E togash sakash da me glotne zemjata! 2.Vo moeto maloo imam drugarka so koja postojano vozime velosiped.Eden den ni se pridruzi i mojot decko.Toj vozeshe sproti mene . Mnogu mi se dopagashe i dodeka vozevme celo vremledav vo nego .Odednash ne ja vidov dupkata pred mene i so tocak padnav dolu nazemjata!Ama bash zariv so nosot!Site me gledaa i se smeea!Isto togash puknav od sam i vednashsi otidov doma!
Во 6то одделение го натерав татко ми да ме влече со санка низ град. 6то бе! Човеков изгледаше вака: само што нели снег имаше. Си уживав се до моментот кога сретнавме еден пријател од татко ми и човеков направи фаца као: НЕ Е МАЛЦЕ ГОЛЕМО ДЕТЕВО? тогаш се засрамив многу и после станав со изговор дека жал ми е да ме влече повеќе. Но, тоа е, секогаш ќе останам дете во душа.
Во седмо одделение му се јавува на симпатијата и спуштав.... секој дена така по неколку пати. По некој ден излегов со моите родители и ја сретнуваме мајката на мојот симпатија и бидејќи моите се познаваат со неа се поздравија, а мене ми се стемни пред очи кога ми рече ААААА ОВАА Е ЛИ ПУПИ ШТО МИ ЗВОНИ ?????????? јас мислев готово сега што ќе правам се препотив иии добро што замина, ама мајка ми радозлаката- Пупи зошто Бети ти рече така, сигурно те смеша со некоја друга и јас аха сигурно
Епа, пред година-две возевме точак со 2 другарки. И јас бидејки штотуку се научив цело време правев (како се вика?) шлајфови(?). И другарка ми покусо да не остане ај и таа да проба. Се залета, а јас веднаш позади неа. Арно ама, таа наместо да се изклиза, закочи, и тоа најнагло колку што може. Јас немав време да закочам, и се треснав во неа. И излетав од точкот. Буквално. Летав. Не можам ни да си замислам како сум им изгледала на другите луѓе на улицата. Среќа не се удрив и не направив голема врева, се изнасмеавме сите три, иако не ми беше многу до смеење.
И ете сум јас да ви соопштам една од низата глупости поради кои многу пати сум посакала да се најдам три метра под земја Беше негде мај месец годинава,имавме час по физика во посета на педагогот и работевме во групи по 4 деца.Решававме едни зафркнати задачи и сите се мачеа ама никако да дојдат до резултатот на последната.И јас цела занаесене во решавање,испишав две страни и го добив резултатот.И еден ќеф кога ме фати,зедов ко од пушка пред сите НАСТАВНИЧЕ МИ ДОЈДЕ МЕНЕ,ЕЛАТЕ БРЗО ДА ВИДИТЕ,МИ ДОЈДЕ! И онака цела накезена јас,тој се вчаши а децата кркнаа да се смеат.Дур сфатив шо кажав,замина возот! Пих бе..
Годинава кога бев на одмор, првите два дена многу дуваше и имаше големи бранови. Ама јас, само што го надув душекот и си влегов со него, да го 'испробам'. Само на секунда го пуштив, а тој летна. Јас целата испаничена почнав да пливам по него и кога видов дека нема чаре, си излегов од вода и почнав да трчам по плажата, патем мавајки им раце на останатите пливачи да го сопрат. Дури еден човек кога се обиде да го фати и неговиот го испушти и моето душече си имаше друштво во летањето. Добро се најде некој способен, ги фати и двата и си живеевме happily ever after.
Втора година средно бев се враќав од Куманово и требаше на автобуската во Скопје одма во друг автобус да се качам, времето испланирано ми беше. Арно ама тој од Куманово автобусот попат се расипа и доцневме многу време. Стигам на автобуската во Скопје точно во 2часот кога тргнува и автобусот за дома. Тој од кумановскиот автобус шоферот му кажав шо како е работава вика ај ке им кажам сега да не влегуваш на автобуска да заверуваш карта туку одма на перонот да одиш да се качиш во другиот автобус. А јас во мене пари ич, уште 50 денари и повратна карта. Само што излегувам од кумановскиот автобус гледам мојот автобус тргнува од перонот. Јас таква шпицната, минич, штикли, деколте, со торба во рака трчам да го стигнам автобусот. Едно време ја фрлив торбата позади мене. А на пероните чекаат куп луѓе и гледат. Носев еден дебел каиш (тогаш на мода беа) и тој почна да ми паѓа, јас наместо него да го кренам, сукната ја кренав и така по гаќи трчам ли трчам , а луѓе еден куп на пероните гледаат сите накај мене и се валкаат на земјата од смеење.
Со другарка одиме во едно од поомилените кафулиња, седнавме што седнавме, порачавме и мене ми ѕвонеше мобилниот. Си викам ај тука не можам од музиката да разговарам ќе одам до тоалет. Си отидов, се јавив и дур зборев си помислив кога сум веќе тука ај да си се испразнам. Си се соблеков и си зборам, кога во еден момент некој ми ја отвара вратата. Јас мислев дека сум заклучила ама не било така. И стои момакот пред врата, не сфатив што бара во женски тоалет ама ајде, јас со мобилниот се кријам онаму а со другата рака ја влечам вратата. Тегнам јас, тегне тој и не се трга. Пак тегнам јас, тегне тој, ај успеав затворив вратата. Завршив разговорот излегувам од тоалетот и гледам момакот дека бил шанкерот од кафулево. Ќе подразмислам дали пак ќе отидам.