На чколија имам компјутери, секако, и интернет На час по англиски, си се заиграв, како и сите останати, и не сум ја слушнала дека рекла ќе ги исклучам компјутериве од струја, и си прекинале да играат останатите, ја не ја заушувам. И так, ми снема струја компјутерот. И како што си седев јас, заиграна, замислена, станав, и КОЈА БУДАЛА ГИ ИСКЛУЧИ КОМПЈУТЕРИВЕ БЕ?! Аууууу сред игра, Господ на чува и да брани и таа, професорката ми вика, јас бев таа будалата. Опссс и викам, НЕ СТЕ БУДАЛА вие, а ќе ги пуштите пак? Сета среќа не е многу лоша, кој знае како ќе си поминев ако беше некоја друга Битно, се развикав јас
еееј слично ми се случи и мене на еден од часевите по Основи на мерење и логички кола, само што ние прецртувавме шема од компјутер,и бараше многу концентрација а некои имаа навика да ги гасат на среде цртање чисто за да ни дигнат живци и професорот рекол дека ќе ги рестартира ,ама јас не сум го слушнала, и почнав да се дерам : - АБЕ ДОСТА ГАСИТЕ,ТЕРМИТИ! откако цел клас попаѓа од смеење професорот ми кажа оти рекол да прекинеме со цртање бидејќи ќе рестартира и од тогаш стално ме зафркава за испадот
Требаше прв пат да одам дома кај мојон "шмекер".И ајде,знам во која зграда живее,ми кажа и дека е на приземје (првата врата лево).Зградата беше со многу чудна конструкција (чиниш пред рушење) и на приземје имаше две врати на лево,ама неможе човек да одлучи која е прва а која втора (така беа поставени).Овој исклучил телефонот а јас му ѕвонам ли ѕвонам.Стојам така пред вративе,се умам во која да влезам.Гледам да прочитам по презимето да препознаам,но неговото го немаше на ниедна од вративе (он да ти бил станот на баба му од на мајка страна ).Почнувам на ени-мени-сени,викам нека излезе на арно оти 1 саат по полноќ е .Заѕвонувам на едната врата едно 2-3 пати и ми излегува една полна ГООООСПОЏА,со витлери на глава,кеси под очите тазе издуени,облечена во една цветна ноќница и со машки глас ми вели : Кого бараш,девојко во ова време? ...Јас ја гледам,ми се наежија сите телесни влакна (и оние што ги избричав) и велам: Тетке, К тука живее? На теткава и излегоа очни капилари од нервоза и ми вика: Како бе така,одите по згради а не знаете каде? Тој е овде,во соседната врата.Ајде добра ноќ,и ми залепи врата пред нос .И оној мојот кретен излегува од соседната врата (ја слушнал госпоѓата) и ми вика :Море козичко,знаев дека ќе ја разбудиш тетка Мика .Се дерам на цел глас,и ти и Мика идете у 3 лепе,се препотев додека да се снајдам
Пред недела дена, чекајќи на црвено си ставам сјај на ретровизор и некој ми чука на прозор. Не ни погледнувам само отварам прозор и почнувам да вриштам. “Ај бе иди барај од други пари, гледаш зафатена сум’’. И само слушам глас, “А со што’’. Кога се свртев што да видам, цајкан. И среќа фин момак, се изнасмеавме, ми провери документи и ме пушти....
12 часот на сабајле.ме буди проклетото ѕвонче -.- со затворени очи станувам од кревет,правец-маса. жртва малото прсте.клинкајки,од болка ги отварам очите. ѕвончето се растура. треснувам во врата.едвај пронаoѓајки ја кваката излегувам од собата и се дерам: ''ВЛЕЗИИИИ''. целата разбушавена триејки си ги очите стигнав некако до скалите.плочките мокри(мајка ми повторно рибала).ненадејно се лизнувам и за секунда се наоѓам пред нозете на тетка Кате,комшивката од спротива,доаѓа кај мајка ми на кафе(таа,-во кујна не го слушнала ѕвончето. ОО тетка Кате! па зошто не влезеш,едвај изустив седејки на една од скалите со ужасни болки во грбот,а таа Добро утро душичке,[газејки се од смеа],јас веќе на плачење:абе добро сум не грижи се,аа за мама праша во кујната е изглеа..вари кафе.и летам по скалите држејки се за оградата-назат во кревет.сватив што ми се случило дури кога се разбудив повторно.од тогаш не сум ја погледнала тетка Кате од срам
Пред 2 месеци многу ме болеше половината и отидов на лекар да видам што е. Влегов кај докторов, ме праша што ми е, како ми е, му кажав и така после подолг разговор, ми вели - Ај легни на креветчено да те прегледам. Јас, станувам, мртва ладна, одам до креветчето и чекам да ми каже што да правам. Доаѓа тој и ми промрмори нешто да слечам, јас чув нешто ама не разбрав убаво, а ми беше незгодо да го препрашувам и ни 5 ни 6 ги откопчав фармерките и колку да ги турнам, тој ме виде и ми вели - Чевлите слечи ги и легни си. Во тој момент кога ми текна што правам ми се чинеше да се земам и да се исфрлам низ џам од ординацијата. Како се усрамив, потонав, цела амбуланта на мене падна. Тој, кутриот, да ми ти рекол - Слечи ги сандалчињата, а јас чув - Слечи ги пантолчињата. Не знам како ми се слушна тоа ама помислив дека ме тера да легнам за да ми ја прегледа половината, ни мене не ми беше јасно зошто да ги соблечам пантолоните, ама си реков можеби така треба, ќе треба да фати на половината, па затоа ми вели да се соблечам. И нему му падна незгодно, сфати дека јас не го разбрав убаво што ми рече, и тој се подусрами. Арно што ме виде навреме инаку не знам ни тој како ќе реагираше, а богами и јас не знам како ќе ми беше. Јас вака се чвствував како најголемо магаре на цел свет, а не пак ако му се соблечев .
Во понеделникот дефинитивно посакав да ме голтне земјата... Татко ми беше дојден со некој пријател а јас требаше да идам на проба. И набрзина им сварив кафе ги послужив и му викам на татко ми: тато дај ми пари. и он ми дава и јас таман да речам „фала чао“ му ждригнав као свиња и тоа во лице...која брука пред човекот...со летање ме снема од тука... а кога се вратив директно си легнав за да не го видам татко ми
Тазе случка пред 3 недели одприлика.. Се шетам со уште 4-5 другарки во трговски .. едната од другаркиве ми ја подига маичката пошо ми се гледал прслукот ја ни две ни три наместо од назад од напред сум ја повлекла како што беше без рамки цела отиде луѓето што беа околу мене буљаа и се газеа од смеење пропаднав мислам дека.. цели 3 дена бев реметена од страна на другаркиве..
беше последниот ден од школото 9 јуни беше мислам и дека идеше распуст имаваме само 2 часа ама предходната вечер бев излезена не бев наспана убаво седиме на часов ама јас сум задремала на сред час децава ми се смееле,смееле а пак и професорката ме видела и таа се смее, и ми викаат децава... кога се будам што да видам? страм жив.. целата вцрвенета на лицето каде што сум се потпрела незнаев што да правам па кога се видов уште на мобилен ме сликале срам жив па ќути беше така последна ден за време на распустот ќе се позаборави
Вчера мајка ми на татко ми му ставала лепенка на газот , како ментол помага , зашто има проблем со крстот . А ја залетана од соба влегувам во дневна и гледам еден газ и место да застанам , ја гледам во гзот , гледам , и уште не сфаќам што е тоа . Бев замислена . Тоа да ти е газот на тато . Почнаа они да се дерат по мене , ја избегав Зини земјо ....
имав 11 години и вежбав гимнастика и бев на натпревар во гевгелија и пред натпреварот имавме проба и качена јас така на разбој (справа за вежбање вратило) професорот до мене ме задржуваше а тука беа и 4 други другарки кои и тие вежбаа гимнастика и така јас се вртам нанапред и прп.... прднав незнаев што да правам целата се вцрвенив и професоров ми се насмеа и ми вика го свари граот.. јас уште повеќе се засрамив хехе тоа помина што помина ами тоа да ми се случеше пред многу луѓе пред жирито и пред публиката што ќе правев хаахаа
Пред да одам на одмор си купив нови сиви купачи кои многу ми се допаѓаа. Кога отидов на одмор секако си ги облеков новите купачи и отидов на плажа се банјав во морето, но кога излегов луѓето чудно ме гледаа, дури и сестра ми се газеше од смеење и набрзина ми кажа дека сивите купачи ми станале проѕирни! Зини земјо, голтни ме! набрзина влегов во водата додека сестра ми не ми ја донесе крпата! Веќе никогаш не купувам од таа продавница!
Си дојде дечко ми да ме земе од дома, јас цела изнервирана што не ме остави да се средам како што сакав- зошто немал време господинот, влагам во кола и кога почнав да го пцујам (тоа ми беше прв пат да опцујам некого) и како за баксуз брат му бил на задното седиште, а јас бидејќи нервозна не го видов, и тој ми викна одпозади- а Аци нели не го пцуеше брат ми, сега ќе видиш кога ќе појдеме дома, кога ќе му кажам на мајка ми. Зини земјо голтни ме беше работава. Устрамена си влагам кај нив и тој не дочека ни една минута и одма им кажа, мајка му само се насмеа и ми вика- па добро и онака не можам да останам трудна. Леле ќе се убиев
Луѓе како можев да се разбијам на сред плоштад пред толку многу луѓе и тоа на штикли ?!?!?! Леле во тој момент посакав да ме нема јеботе! Си се испружив со штиклите и со фустанот и мака си немав Добро е , се најде некој и да ме крене од кога ме видоа сите
Ова се случи пред две години...тогаш имав еден симпатија ама мн го свиѓав...и една вечер седиме со нив на една клупа и другарка ми со неа го имаше земено помалото братче (7-8год) и ај јас демек да го задрам малце и станувам и детево ме мава и фаќа ми застанува на нозете и ме влече на кај себе а јас пердув и коа се испужив на тротоарот и детево почнуе да рика да плаче оти паднав врз него а јас пропаднав...па коа почнаа да се смеат симпатијава и неговиве другари уште толку пропаднав од срам....али ај шо да се прајт таа е
Пред една недела ќе да беше, ме фати брзото ...И киснам во вц со слушалките на мене и музика да даска...И така внесена брат ми ми вика: Реина, ај бе што се стори? и јас: Чекај бре чоек! и овај пак (заборавил нешто во вц а требаше да излегува и се нервираше) Де бре што праиш од преска, аман! И јас: Епа серам бе, што да правам!!! (и тоа викам колку што ме држи глас). И излегувам од вц гледам дома гости, и тоа ко за беља родителите на едно дете што го шмекав... И јас целата ваква налево круг и не се ни поздравив...Луѓето цел саат се смееа...Брука светска
Леле, се мислев дали да ви кажам за ова или не, ама бидејќи веќе петти ден е, а умирам од смеа, морам да кажам. Некна на 8ми септември, моиве дома празнично расположени, порачаа скара за ручек. Купија моите ќебапчичи, нели, со соодветен гарнир - кромитче, буковец, патлиџанчиња. А, бе, кога се јаде, нека се јаде. Јадевме што јадевме, сестра ми јадеше ептен малку. Арно ама, детево, колку и да е чудно, е голем љубител на скара. Обожава кебапчиња со кромитче и сите гарнири. Дообро, тоа. Зимаме се спремаме да одиме во Скопје, ајде тргнавме. Гледам мајка ми се завлекла со едно ранче, си викам, ај женава, сигурно носи нешто за пиење. Ми замириса по пат, така малку нијанса и арома на скара, ај си викам, пак, нешто до мене. Мине прославава, мене на скара ми мириса. Зимам се мирисам, рациве, под мишки, не сум јас. Одам се доближувам до мајка ми, ја душкам, си викам бре, не е ни она. Се вртам кај другарка ми, со фаца - ШО ЈАДЕШЕ МОРИ ТИ ?? , не е она. А мириса, кутка, корне на скара со кромид. Не се издржуваше веќе, гледам и други почнаа да се вртат, од каде тоа толку мириса. Ми пукна жчката, јас не трпам ароми, и им се развикав на моите, Добро бе, што толку мириса ?? Е драги мои, што мирисало... Сестра ми, со 8 години, ја убедила мајка ми, 38 годишна жена, која со сиот памет се сложила да и направи сендвич со останатите кепабчиња. Како тоа да не е доволно, и изнаставала кромид внатре, мислиш камионџија из Србије ќе ја јаде скарава. Тоа, го завиткале во салфетка, салфетката во алуминиум, тоа во ќесе и тоа во ранче. Абе, какво виткање какви бакрачи, тоа реата продираше од ранчето. Како дуваше ветерот, кутка, труе на скара. Гарант очекуваа луѓево да отвориме тезга и да распафтаме, ќепабчиња, плескавици, колбаси... Оди мајка ми, по неа на скаревини и кромидовини мириса. Отвора ранчето да извади апарат, сите назад се враќаат. Стоиме ние, во радиус од 15 метри празно, дупка. Леле, бруко моја, никогаш не ми било така незгодно. Тоа таму гужва, гужва... Па ајде, се менувавме сите ранчето на смени го носевме. Да смрдиме фамилијарно, поддршка си дадовме. Најјакото е што сестра ми не ни го чепна сендвичот, и смрдел. Па и купија пица да јаде. Да се чуди човек од паметот на луѓево.