1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Злоупотреба на антибиотици

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Sesil, 2 јуни 2019.

  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Граѓаните на Македонија пијат антибиотици и кога треба и кога не треба. Непотребната употреба може да создаде отпорност на лековите, па во иднина, и кога ќе има потреба од нив, тие да не функционираат.

    Поради непотребното користење на вакви лекови, бактериите мутираат и стануваат отпорни, по што и лекувањето, дури и на обични инфекции, станува многу тешко, па дури и невозможно.

    Луѓето лесно посегнуваат по антибиотици зашто се релативно безопасни по здравјето, но на долг рок тоа може да доведе до отпорност на бактеријата на лековите. Лекарите препорачуваат луѓето што имаат некакво вирусно заболување, како на пример грип, да не пијат вакви лекови, зашто од нив нема никакво фајде, но тоа може да создаде отпорност на лековите, па во иднина, и кога ќе има потреба од нив, тие да не функционираат. Од друга страна, антибиотикот ги уништува „добрите“ бактерии и пациентот станува поранлив и поподложен на нови разболувања и инфекции.
    (Превземено од ,,Слободна Европа'')

    Дали вие користите антибиотици без препорака од лекар? Сте користеле ли воопшто некогаш антибиотик на своја рака?
     
    На Angie1432, Doozy, S.W.A.G и 7 други им се допаѓа ова.
  2. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Јас сум голем противник на антибиотици. Не ни памтам кога последњн пат сум пиела.
    Ама имам една блиска и она а осети дека настинува одма антибиотик пие (facepalm) па и уште кажува демек ете лошо ми е па антибиотик ќе пијам. А тоа обичен вирус или настинка само.
    А друг муабет е што матичните пишуваат рецепти како од шала.
     
    На PaLaVa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не сум користела без препорака на лекар, и никогаш не би.
    Ни за мене, ни за ќерка ми.

    Не сме свесни колку опасно може да биде, ако сите бактерии мутираат и станат отпотрни на антибиотик. Замена за антибиотик не постои. Ќе умираме ко на времето што умирале масовно.
    Како што сме скоро 8 милијарди и цел свет е поврзан физички, одма пандемија може да се направи.
     
    На Frestonia, Lolipop23, Peperutce1115 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    118.166
    Пол:
    Женски
    @Sesil никој не признава јавно за земање на антибиотици на своја рака:D за "викенд иде"; за "недај боже" " да се наоѓа по дома" "за секој случај" така може:D
     
    На dunika, cresa-jagoda, poenta и 6 други им се допаѓа ова.
  5. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.081
    Пол:
    Женски
    Јас на своја рака земам само парацетамол сируп . И за мене и за децата , но само во ептен итна ситуација ( кога ми вадеше синот петка , имаше тт 40 во 12 часот ноќе . Морав да му дадам едно лажиче ) . Други таблети и сирупи не земам на своја рака , а кога не морам ниту парацетамол не земам ( на пример ако едно од децава има тт помала од 39 , мокрам чорапчиња со млака вода , облекувам и до наутро тт ја снемува , ко нови се ) . Еднаш купив канестен крема на своја рака , ама ми требаше за инфекција . Толку беше .
     
  6. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    На ни парацетамол не земам за тт до 38.5.
    Откако добив гушење од Фервекс веќе не ми текнало.
    Како тоа без брис и крвна слика даваат антибиотици ств не знам .
    Никогаш ама никогаш не сум зела нити ќе земам на своја рака, само знам поштено во бременоста леукоцитите ми беа плафон, жариште не можеше да се открие, се уредно. Пиев 2 дози, на крај завршив со Панцеф и пак високи ми беа. Да не слушнам за антибиотик.. ]:)
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.798
    Пол:
    Женски
    Ама Фервекс и други ќесички имаат плус состојки, испитај си од која ти е да знајш шо да избегнуваш. (highfive)


    На тема антибиотици. Као чоек во апОтека, од прва рака можам да кажам колку се злоупотребуваат антибиотици. Зошто идат луѓе и сметаат дека им треба одреден антибиотик и само зошто се спремни да платат 300-600 денари, не значи дека ќе го добијат антибиотикот без приватна рецепта, препорака од доктор. Еден, секогаш ќе го памтам, идеше цела недела и ми велеше да му дам "пенцилин" оти му било мачно. Грлото му помина од Стрепсилс инаку, не било за "пенцилин" ама тој радо би зел антибиотик. И то е злоупотреба зошто за да не се мачиме со мала настинка, земаме антибиотик за да помини побрзо и помалку да боли. И втора лоша работа, луѓе кои вака земаат антибиотик никогаш не го допиваат. Па нема полошо од недопиен антибиотик. Како да си почнал да пиеш еликсир на живот ама си се предомислил на пола пат. Уште полошо кога треба да пиеш антибиотик и не го допиваш. Значи кога веќе пиете антибиотик, дозата да се внеси цела.

    Дали има работи кои ги имам земано на своја рака? Да. Како апчињата за киселини кои ми се покажаа поефективни од првичните. Или ќесичките за главоболка. Дури и за глупи апчиња како за болка добро е да се консултираме зошто јас можда знам, ама некој не знај дека многу апчиња не се за луѓе со дијабет, или со луѓе со висок притисок. И јас можда ќе те прашам на шалтер дали имаш притисок и ќе ти кренам црвено знаме ама некој друг нема да крени црвено знаме. А, докторот, матичниот, знај. И ако некогаш сте во лоша здраствена ситуација, одете кај матичниот. Ете, не за колективно добро за да спречите супер бактерии кои патем се вистинска опасност, туку за да не се убиете во процесот на земање на лек кој не е одобрен од вашиот лекар кој го знај вашиот личен здраствен профил.
     
    На dunika, Doozy, Lolipop23 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Leviosa2503

    Leviosa2503 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Јас понекогаш ни по препорака на лекар не пијам, имав една неписмена матична порано, на секоја настинка антибиотик ми препишуваше. Не се сеќавам ни кога последен пат сум имала вистинска потреба да пијам, ама минимизирам колку што можам.
    Во странство (Хрватска конкретно) е забрането да се дава антибиотици без крвна слика и други испитувања и без да се заклучи дека стварно е потребно, многу е строго и даваат антибиотици само во краен случај. Кај нас ги препишуваат како бомбони да се...
     
    На dunika, friendy, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    19.070
    Пол:
    Женски
    Јас ни по препорака на доктор не сум дала на малата. Оти докториве наши за секој случај и пишеа на малата... Црвено грлце, да не се спушти, еве антибиотик, иако кс не дава знаци на бактерија. И не и давав. Само на една докторка и верувам, а таа антибиотик на вирус не дава!
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    На своја рака земам само апчиња за бол, знам што најмногу ми помага при главобола, што при менструални болови.
    Идам и директно купувам.
    Околу антибиотици немам земено сама, мислам дека не ни даваат по аптекиве, али признавам дека на 2 пати ги имам прекинато, нецелосно довршена доза и зимово маки намачив со настинки и крајници, телото ми беше отпорно и не реагираше уопште на терапијата.
     
  11. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.644
    Допаѓања:
    52.604
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум користела антибиотик на своја рака, ни ќе користам. Последно антибиотик се напив лани летото ради потечена што бев од умник (по препорака од заболекар), а пред тоа 5 години најмалку не се имав напиено. Ги избегнувам по секоја цена. Ама сметајќи на тоа дека и доста го појачав имунитетот последните 5-6 години, ни настинка не ме фаќа, камоли потреба за антобиотик. Во ретките моменти кога ќе се почувствувам омалаксано пијам тајлол хот, си цедам лимон во вода и за 2 дена како нова сум. Апчиња на своја рака што ги земам понекогаш се кафетин (менструал) и аналгин.

    Што помалку зависам од лекови, тоа подобро за мене. По тоа се водам и супер имунитет имам.
     
    На Peperutce1115, cresa-jagoda и Alishan30 им се допаѓа ова.
  12. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Еве јас признавам. Еднаш годишно земам Амоксиклав на своја рака :tmi: Коа ќе ми се насобери шлајм,ем гаден вкус на устата ем едвај голтам, па ми оди во комбинација со температура и омалаксаност си земам Амоксиклав, витамин Ц и Б6 ... за 24 саата живната сум :tmi:
     
    На dunika, cresa-jagoda, Alishan30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    АЦЦ земај за шлајм.
     
    На cresa-jagoda и Sesil им се допаѓа ова.
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Антибиотици многу ретко користам зашто немам потреба. Не знам што е настинка со години. Од таблети земам само против болки, менструални и главоболки и тоа во исклучителни ситуации.
    Лекар посетувам само за редовни прегледи и испитувања. И така нека остане...
     
    На cresa-jagoda и Alishan30 им се допаѓа ова.
  15. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    17.756
    Матичната моја, не дава антибиотик како ќе ми текне мене.
    Да не се подрекувам, ама немам појма последно кога сум зела.
    Плус како што си имам алергија на Пеницилински лекови, сама на своја рака не земам ништо.
    Ибупрофен исто сум алергична, бегам ко ѓавол од крст.

    Се лечам штом насетам дека нешто ми се случува со чаеви, тајлол хот, пастили.
     
    На joy1, duffi, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    сум одела на лекар и претежно едни исти антибиотици ми давале и еднаш се осмелив да прашам зашто исти антибиотици зарем секогаш иста болест имам и добив одговор дека претежно тие ми помагале па затоа тие ми ги препишуваат. На тоа одговорив епа ко така да не идам на лекар штом се разболам исто,да си ги земам истиве антибиотици. На тоа не добив одговор.
     
  17. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    1.868
    Антибиотик не сум користела години, а и да бидам искрена не се ни сеќавам кога последен пат сум се разболила. Единствено што поради менстуралните болки еднаш месечно пијам ибупрофен, други лекови речиси не ни користам.
     
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Јас антибиотик сум пиела само за загноен заб, зошто мора пред да се напраи. Секогаш у консултација со некој доктор, ама јас смеам само макропен и лидаприм така да у ниеден сучај не можам да земам на своја рака. Не планирам поголема беља да направам.
    Повеќе ме нервира, што многу доктори, ради што и ги мењам често не обрнале внимание на моите алергии, освен моменталната која ги запиша во картон и систем сите несакани реакции па дури и дека сум алергична на шумливи.
     
  19. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Еве јас да бидам искрена радо би ги „злоупотребила" да знам дека ќе ми помине одма :D. Пред да се породам закачија децава некој вирус, ме префати и мене. Во живот таква не сум била. Тт немавме ама се отепав од кашлање. Море инхалации,море чаеви чуда ништооо.Ако верувате родив кашлајќи и после тоа два дена кашлав во болницата. Пред тоа само на гинеколог, не ми дозволи антибиотик на матичен не ни отидов. Во аптека ни мукоплант не ми даваа.Третиот ден дома ме фати страв да не префати бебето и појдов, ми даде матичната алмацин некој слаб што можело во доење.Откако го испив помина.Сакав да кажам дека во моиве триесет и нешто години ете пет шест пати дали сум пиела антибиотик. И одма помага.А ако си пиеме така нема да делува нели. Инаку во последно време овие рекламиве за апчиња болки во зглобови, болки во ова она оние за надуеност баш убаво звучат. Да не доев би.пробала.одма,ама незнам колку се корисни оти од нив одма.нели врви а после?Ако има некој стручен нека каже!
     
  20. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Не е толку проблем што некои луѓе земаат на своја рака колку што се проблем лекарите што за секоја ситница препишуваат антибиотик. Не верувам дека во било која друга земја е толку честа употребата на антибиотици како што е овде во Македонија.
    Најжално е што ова најмногу го прават педијатрите од страв дека состојбата на детето ќе се искомплицира па за тоа тие да бидат виновни па ПРЕВЕНТИВНО даваат антибиотик иако се свесни дека така повеќе ќе му наштетат на и така кревкиот детски организам. Малку зацрвенето грло - оп антибиотик да не се влоши, почнало да кашла - оп антибиотик да не спушти на гради, имало 1 ден температура - оп антибиотик...!
    И како на тој начин детето ќе изгради имунитет? Не се остава простор на организмот да реагира сам и да се избори, па башка тоа, се уништуваат корисните бактерии и го прават поподложен на понатамошни инфекции.
    И сето тоа го прават лекари без став, одат по линија на помал отпор, наместо да следат ситуација кај детето со денови ќе решат набрзинка со антибиотикче и завршена работа. На таквите лиценцата треба да им се одземе!
     
    На dunika, Angie1432, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.