1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Злоупотреба на антибиотици

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Sesil, 2 јуни 2019.

  1. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    14.244
    Пол:
    Женски
    Антибиотици пијам само кога морам. Односно, кога имав стоматолошки проблеми, ешерихија и бронхит. Толку!
    А и имам лоши несакани дејства...
    Кај нас мислам дека луѓето не ја сфаќаат намената на антибиотиците и дека кога се почнува се пие цела доза, а не до престанок на симптомите. Многу ме нервира кога матичен ќе препише антибиотик- за секој случај. Е како така?! Ако е вирусно за џабе ќе се пие.

    Исто е и за апчињата за болка, кои во голема мера се злоупотребуваат. Не се сфаќа дека аналгинот го намалува симптомот, ама не ја лечи причината за болката. Ама ај, тоа е друга тема...
     
    На cresa-jagoda и Rama им се допаѓа ова.
  2. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    118.166
    Пол:
    Женски
    Матичен сам не препишува антибиотици за недај боже.
    Кажете го со име и презиме, тој што препишува. Баш ме заинтересира. Постојат протоколи во кои случаи се препишува, со кои претходни анализи, по протокол и точно со кои антибиотици се започнува, едно лекување. Амоксицилинот е прв избор кога постои потреба од антибиотик, освен за алергичните на пеницилински препарати. Колку и да ви звучи дека е слаб антибиотик, доколку не се зема за "туку-така" е доста ефективен. овде е многу лесно да се напише.
    И да се оцрни некој друг.
    97% од пациентите, пиеле антибиотик од комшии, од претходни терапии останати, па доаѓаат на прв преглед кај докторите. Со веќе пиен антибиотик кои сами си го препишале. Дајте ве молам, каде живеете? Во Македонија? Сите би ве запишала за свои пациенти, штом сте толку правилни, со вакви размислувања.
    Ви се восхитувам на едуцираноста, за некористење за без потреба на антибиотици.
    Но таквите како вас во секојдневието се само околу 3%.
    Не зборувам на памет, со пиена терапија антибиотска, а потоа на преглед:)се повеќето пациенти
     
    На An-na, cresa-jagoda, Peperutce1115 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.585
    Пол:
    Женски
    Имав матична докторка што избегнуваше да ми дава антибиотици, сѐ некои прашочиња за настинка/грип или пастили за грло ми препорачуваше и секогаш ми се влошуваше состојбата затоа што тоа не ми помагаше и пак доаѓаше до антибиотик.
    Не практикувам земање антибиотици на своја рака.
     
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Јас разбрав дека не треба да се пијат антибиотици на секое во далечната 2013 во Германија.

    Со страшни болки во увото, бев лута ифрит оти докторот во Германија не сакаше да ми даде аб. За некој како мене, наклукан со аб од најмала возраст за секоја една настинка, не ми беше јасно како НЕ сака да ми даде АБ.

    За чудо, ми даде капки против болка, топли компресии и - помина!

    Тогаш сфатив, аха - можело и без нив.

    Оттогаш, ги имам пиено само 1-2 пати за 5 години (а претходно на секоја настинка добивав амоксиклав од матична).

    Е сега, последниот мој обид за аб во ситуација кога навистина ама навистина имаше потреба од аб (пост-оперативно) заврши со анафилактички шок, или поедноставно, алергиска реакција со гушење. Од Зинат, да - наредна генерација на Амоксиклав, ако не се лажам.

    Како беше да се искуси такво нешто и која среќа во несреќа ја имав во тој момент, ако ви кажам, нема да поверувате. Баш среќа во несреќа.

    Ова нека стои како мала, поучна приказна дека не секоја кашлица и температура под 39 бара аб. Ако често се разболувате, барајте друг начин на лечење и друга причина, се' додека апсолутно не се потврди дека ви треба АБ.

    Лично мислам дека како народ не правиме ништо да превенираме некои болести (баш сакав да отворам тема за превентивна медицина), не се храниме најздраво и секогаш бараме брзо решение на симптомите без да навлеземе подлабоко во зошто се појавила таа болест, макар била и една обична настинка.
     
    На cresa-jagoda, dunika, supergirlmb и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Антибиотик никогаш не сум зела на своја рака, за настинка или нешто слично пак нема шанси да ми препише матичната на мое барање, тешка е на давање антибиотици, што можеби е и добро.
    Не дека немам пиено антибиотик, имам многу пати, ама тоа само поради проблеми со забите, а сега моментално пијам Цитерал, бидејќи седиментацијата и леукоцитите ми се многу покачени, матичната пушти срце да ми даде за да го излечиме внатрешното инфицирано жариште :D

    Инаку да, како нација сме познати по клукање на своја рака со диазепами и антибиотици, абе исто како бонбончиња ги земаме:devil::devil::devil:

    Јас имам друга маана, антибиотиците ги "злоупотребувам" со по некоја чашка алкохол, и досега сум немала несакани ефекти:bandit:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.665
    Допаѓања:
    91.196
    Пол:
    Женски
    Последен пат сум пиела антибиотик како дете,Амолсиклав мислам.
    Сама не би посегнала во никој случај,се плашам,а имам среќа и со добар имунитет па сезонски настинки поминувам со течности,прошетки на чист воздух,и прашоци на база на парацетамол и вит Ц.
    Тука кај што живеам е многу строго,попрво ке родам мече него ли да добијам антибиотик.Се’ се лечи со чист воздух и супа овде:)

    Во Мкд мислам дека пациентите си ја имаат мувата на капата,добар дел си гуглаат дијагнози и се упатуваат кај матичните директно барајќи антибиотици.
    Или во ек на сезона на вируси,мајки со мали деца кои се малце настинати седат во чекални полни со вируси.

    @Doozy ми се допаѓа идеата за подтема во “Превентивна медицина”.Има простор за дискусија и интерес(y)
     
    На Rama, Doozy и Alishan30 им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Колку само антибиотици имам испиено на своја рака, ехееее.
    Кога бев мала за било каква настинка пиев антибиотик, или инекции. Потоа кога и да не ми беше малку добро моите веднаш ме советуваа да земам нешто за побрзо да ми помине. И го правев тоа додека не разбрав дека не се пијат за сѐ и сешто, па сега одамна немам пиено.
    Страшно каква игнорантност владееше порано, мислам дека веќе одиме кон подобро. Среќа.
     
    На Rama и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Немам пиено антибиотик повеќе од пет години, а тогаш пиев затоа што ептен морав.
    Многу сериозно си имам сфатено дека антибиотици не се пијат за секакви глупости ама за жал исто како што и дијазепамчиња се земаат на своја рака, така и за настинки се пијат антибиотици.

    @Rama нееее антибиотикот со алкохол, џабе го пиеш :(
     
    На Rama и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Еден дoктoр вo грaдoт oд кoј штo сум, решил дa пoчне дa избегнувa aнтибиoтици и дa ги лечи пaциентите кaкo штo требa зa вирус, oдмoр, витaминче, свеж вoздух, течнoсти. Пoчнaa рoднини дa збoрaт кaкo ќе се oтпишувaле, имaл ли пaмет вo глaвa, зoштo пеницилини не буцaл, ќе ги изумрел :D Дa не знaеш дa плaчеш или дa се смееш.
     
    На Rama и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Како мала многу сум пиела, се кладам дека во 70% од случаите за џабе.Сигурно мајка ми на своја рака ми давала или инсистирала кај доктори да и дадат рецепт. Немав пиено 5 години никаков антибиотик, еве жива сум. Е сеа пред еден месец морав да пијам, гинекологот ми ги даде поради инфекција, а јас озбилно си ја сфатив и си испив една кутија. Се надевам во скоро вееме нема пак да пијам..