Прво, не ми е целта да отварам тема која ќе се претвори во арена за меѓуетничко препукување, иако сум свесна за ризикот од истата. Целта ми е да посочам на уште една во низата неправди кои се резултат на Рамковниот, а се однесува на она што е најболна точка во нашата држава - вработувањето. Поминаа изборите и дојде пеј бек тајм Албанците за својот придонес си добија нови вработувања. Добија и плати со седење дома како во случајов што ќе го наведам. Станува збор за мојата струка која како и скоро се‘ во Македонија едно, нема потреба од нови вработувања и друго, работните места ги имаат луѓе со несоодветно или недоволно образование, ама нејсе ова е општо познато. Арно ама, една моја колешка Албанка поради Рамковниот добива 70% плата која изнесува 16.000 ден. дури чека да се ослободи работно место за неа, а се води и како вработена во меѓувреме дури седи дома, значи ни врата не ниша на некое раб. место, туку мирно си спие дома и зема неколкукратно поголема плата од голем број вработени во фабриките кои се изложени на ризик од осакатување без осигурување и било какви права на здравствена или пензиска или било каква обезбеденост. И не ја мразам девојкава која ги ужива благодетите на нашата стерилна политика, само ме интересира како на овој начин и со олку извртени вредности рачунаме на иднина? Кога во средно се чудев на Јозеф К. или Странецот од Ками не бев ни свесна дека по години ќе живеам во земја на апсурдот. Секоја им чест на нашите политичари кои секојдневно не потсетуваат на тоа дека сме граѓани од не знам веќе кој н-ти ред во оваа држава и дека важи правило дека нема правила или постоечките не функционираат по принципот на фер плеј.
Лошото е што има стотици луѓе како колешката што ја спомена. Јас познавам точно 5, некои од нив покрај тоа што си седат дома и примаат плата додека им се создаде работно место на кое де факто се вработени, работат на црно и земаат две плати. Се води како вработен во државна институција во Скопје и си прима плата секој први од месецот, а живее и работи во Охрид. Тие пари се исплаќаат за незавршена работа, а доаѓаат од државниот буџет, читај нашиот џеб. Најлошото е што ова е јавна тајна а не се презема ништо против тоа. Се слагам со тоа дека секој има право да работи, но според способност, а не според етничка припадност. Македонец се пријавува за работно место и ги исполнува сите услови, но не го примаат поради тоа што мора да се исполни процентот на етнички малцинства, и вработуваат припадник на малцинствата кој не ги задоволува сите услови за работно место. Е тука има дискриминација. Со таа задолжителна процентуална застапеност се повредува правото на соодветно вработување, повредено е правилото на квалификуваност и стручност, повредено е правилото - работата ја добива најспособниот и најсоодветниот кандидат. При вработување воопшто не треба ни да се прашува за етничка припадност, зашто не е важна за извршувањето на работата. Дали ќе е Македонец, Албанец, Турчин, Србин... не е важно, важно е колку е тој способен и колку ќе придонесе за работното место.
И мене ме иритираат ваквите случаи. На страна од Рамковниот, е таков каков што е, ама ако веќе ги вработуваш луѓето, дај им нека работат, или вработи ги кога ќе има место. Ако не повеќе, седни ги на по еден компјутер, нека внесуваат електронски се и сешто, нека направат една аргива од 45-та навака во сите сектори!
Јас вака искрено ќе си кажам.Веќе имам и со неколку феминки зборено на оваа тема. Брат ми е работен на овој принцип.По него не се примаат само Албанци,него од сите малцински заедници треба да има правична застапеност според проценти ,нели. И ќе нагласам дека е вработен без никаква партиска книшка,како и повеќето од нив. Првата година примаше 70% плата,по истекот на една година и положен испит за државен служеник (кој се полага само формално,и прашањата ти ги одговараат помошниците),прима 100% плата. И еве веќе скоро две години има поминато и сеуште го немаат викнато на работа. Досега имаат примено над 500 луѓе,и што е најтрагично сеуште има вакви конкурси,што значи уште ќе бидат примени. Другари на брат ми,со високи просеци,или се невработени после 2-3-4 години завршување на факултетот,или разнесуваат весници и слично. Ќе кажам само дека ова личи на се ,само на држава не личи. Да ,на брат ми му годи,зема плата 2 години за седење дома,и плус си работи на црно и зема уште една плата. Но,проблемот не е во вработените.Секој што ќе му се пружи таква шанса ќе ја искористи ,без разлика дали е Македонец,Албанец,Француз. Проблемот е во владата.Не го злоупотребуваат Албанците рамковниот.Власта го злоупотрбува. Ваквите вработувања и се наложени нели,од европските власти.Ама нашиве си тумачат како им одговара. По секое разумно сваќање,треба да се отпуштат веќе постоечките вработени,и да бидат заменети со правична застапеност на националности,а не на веќе постоечките да се додаваат нови,за кои ќе нема место и ќе седат дома и ќе примаат плата. Плус тоа што на ,на пример 1000 Македонци 25% Албанци е многу помала бројка отколку 25%Албанци на 2500 Македонци. Со тоа се вработувааат многу поголем број од потребниот и се пренатрупува администрацијата.А тие кога тогаш ќе мораат да бидат распоредени на работа,и кога тогаш одредени вработени ќе мораат да бидат отпуштени. Стварно жално изгледа,без разлика дали брат ми е меѓу тие или некој трет.Најјаките држави немаат толкави пари што се сливаат за плати на администрација,ама ние вакви сиромшки прости изнаоѓаме и даваме.
Јас се извинувам,ама морав да се исправам. Дури сеа видов што сум пишала,а неможам да се редактирам. Значи примени се ,не над 500,туку над 5000 луѓе
Јас па уште пред 2 години со цел памет пратив оглас за рамковниов, се попалив видов примаа 400 без искуство со факултетска диплома и викам ајт да си пробам среќа. Јас од факултет без грам искуство и со надеж дека сепак може некој ќе ме вработи во администрација без книшка, а притоа да не сум од националностиве. И фино лепо бев на интервју, ме испопрашаа од А до Ш се за рамковен, ме прошараа низ неколку закончиња, додека јас дрдорев до мене другата комисија прочешла над 20сетина други момци и девојки прашувајки ги како се викаат и ајт чао приетно. Ми пратија писменце до 398 албански имиња и презимиња и 2ца кои завршуваа на ИЌ. Едно познаниче знам од овие што работат за 20илјадарки го гледам се пече на Ленинова скоцкан тип топ, црн тен и му викам како е, уживаш? Ми вика па се снаоѓаме како така, не е лесно. И тука му реков чао приетно. Не е лесно? Не мене ми е лесно, што одам 2 години во агенција за вработување да се пријавам и од септември да праќам здравствено осигурување од парите на мама и тато. Државата е крива не викам не, но и да си имаат работно место тие момци и девојки да не ќе работат активно? Ех да се работеше активно во администрација и од македончиња и од албанчиња ќе ни мрднеше малку државава мож, а оно само фб и скајпот ни функционираат топ.
Повеќе од јасно..само ќе си се тешам дека се глупа и неписмена нација и тоа што го имам - паметот и школото во животот никој не може да ми го земе.