babylove кашички

Знаете ли да кажете НЕ?

Дискусија во 'Психологија' започната од baba Rada, 30 март 2018.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.498
    Допаѓања:
    25.480
    Пол:
    Женски
    Дали знаете да се завземете за себе?
    Знаете ли да кажете НЕ кога некој или било кој ќе има побарување од вас?
    Знаете ли да кажете НЕ без да се двоумите, преломувате, срамите, без да чувстувате вина на душа дека сте одбиле на некој да му помогнете??

    Знаете ли лесно кажете Не, бидејќи знаете однапред дека потврдниот одговор ќе ви биде терет, одземање време, не исплатливо или едноставно не е заслужено??

    Многу пати се имам покајано во животот што не сум рекла НЕ од причина да не го навредам и да не го налутам тој што ми побарал нешто, свесно знаев дека танталови маки ке имам додека го исполнам ветеното...но сега сум како пушка, гласно и самоуверено кажувам НЕ...и не осеќам никаква грижа на совест.:)
     
    На daylight, SV1911, koritsaki и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Valeria50

    Valeria50 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Zborot NE e dokaz za vasata zrelost, emocionalen balans i samopocit, a nikako za vasata sebicnost. Povekjeto od moite klienti ( jas sum psiholog) naprosto se "preporoduvaat" otkako ke naucat da go koristat. Samo napred so NE za se i site sto ve pritiskaat da storite nesto sto ne go sakate!
     
    На ivimis, SV1911, Ladybbc и 6 други им се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    49.136
    Пол:
    Женски
    Јас инаку, се мачам на ова поле. Имам грижа на совест ама во последно време ми е многу полесно да одбивам.
     
    На blackwave, realGirl, SV1911 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Valeria50

    Valeria50 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Odlicno stom ste sfatile sto sum, znaci celta mi e postignata. Vo vrska so odbivanjeto, rutinata koja ke ja sozdadete ke ja neutralizira grizata na sovest koja so godini "se bildala" da ve spreci da bidete na svoja strana. Pozdrav i ubav den.
     
    На Ladybbc, makedonkamak, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  5. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.560
    Допаѓања:
    4.668
    Пол:
    Женски
    О само колку исто мислам :o
    До скоро ми беше навистина тешко да одбијам некого,иако знам дека заслужил целосно да не добие ни ронка од моето внимание.Знаев,ама сепак не можев да останам цврста,и секогаш омекнував ...
    После низа настани,и случки што ми ги ,,отвориле'' очите,сфаќам дека мора да научам да кажам НЕ и тоа да е последен збор.:wasntme:
    Тешко ми оди,ама се навикнувам некако.Резултатот од тоа е што само се запоставувам јас,а другите(што ни на крај памет не би ме ставиле мене),јас ги ставам пред моите потреби и желби.:(
     
    На Ladybbc, Dadusicka, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  6. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.436
    Допаѓања:
    2.966
    Пол:
    Женски
    Не знам да кажам не. Знаев пред неколку години, имав свое јас, немаше посамоуверена личност од мене, но тоа се смени и ни самата не знам зошто се смени. Едноставно, еден ден се будиш од трансот во кој си бил, трансот на послушноста и сфаќаш дека со години или месеци правиш нешто што не сакаш бидејќи кога си викал не, некој упорно ти наметнувал вина и грижа на совест.
     
    На ivimis, baba Rada, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    26.105
    Ne.
     
    На Ladybbc, Читател и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.082
    Допаѓања:
    7.892
    Пол:
    Женски
    Ни малку не се чувствувам виновно кога ке кажам не. Повеќе би ме мачело да сум неискрена. Знам што сакам, што заслужувам, знам и што заслужува тој што ми бара нешто. :)
     
    На baba Rada, kikkki, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.416
    Допаѓања:
    75.986
    Пол:
    Женски
    Научив да кажувам не, кога сфатив дека луѓето понекогаш едноставно немаат осет.

    Порано не знаев да одбијам некого, или можеби не сакав. Ми беше криво, па се преиспитував да не навредам некого, па грижа на совест, па не знам што...премногу оптеретување за нешто што не е мој проблем.
    Колку и да звучи себично, понекогаш навистина треба да се пресече таквиот однос со некои луѓе кои и самите гледаме дека ја злоупотребуваат нашата добра намера или волја за помош.
     
    На The Drifter, blackwave, AnaKarenina и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    37.748
    Пол:
    Женски
    Не секогаш. Повеќето заради грижа на совест. Порано воопшто не знаев да кажам не, и се доведував во ситуации да вршам услуги на некој кој воопшто не го почитува тоа. Донекаде научив да се ставам себеси на прво место, не секогаш да трчам по другите. Може ќе ми биде грдо на почеток ама потоа чувствувам олеснување. Како и да е, во некои ситуации сепак не кажувам не, особено заради тоа што можам да се најдам во ситуација и јас да барам помош.
     
    На mira.mira, baba Rada, kikkki и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Valeria50

    Valeria50 Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Mnogu normalno razmisluvanje, zasto vo zelbata da bideme SVOI ne treba da zaboravime i deka nekogas nepromislenoto NE ke ne stavi vo limitirana situacija da nemame "usta" da pobarame pomos od nekogo koj ne ja dobil nasata. Zborot NE treba da pretstavuva logicen odraz na nasiot integritet, a ne alatka so koja ke se zatvorame sebesi vo izoliran ego-prostor.
     
    На mira.mira, baba Rada и Amellie13 им се допаѓа ова.
  12. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    2.888
    Пол:
    Женски
    Навистина е дефект кога не знаеме, не можеме да кажеме НЕ во одредени ситуации.
    Мислам дека сега се справувам подобро со овој "дефект", отколку порано.
    Лошото однесување на одредени луѓе е совршениот начин за усовршување на НЕ.
     
    На baba Rada, kikkki, poenta и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    4.227
    Пол:
    Машки
    Знам да кажам не на личности коишто претходно ја имаат изневерено мојата доверба. Често приметувам дека луѓе коишто ми се антипатични и одбивни на прв поглед знам од општа култура да им возвратам на муабет, но од тие постапки знаат и често да се родат добри пријателства.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  14. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    31.096
    Пол:
    Женски
    Некогаш не знаев за НЕ.
    Низ времето и годините научив дека негативниот одговор постои како опција за да се користи. Полесно и поедноставно е отворен и искрен разговор за да се поштедам од непотребен товар и притисок. На тој начин луѓето создаваат поинаква перцепција, а и можностите за почит се поголеми.
    Од друга страна пак, не секогаш треба да се биде дециден и да се одговори негативно. Во такви ситуации знам да тактизирам зашто може да се најдам од другата страна. Не сакам да изгубам нешто од што прерано сум се откажала.
    Тоа е еден вид лекција. Ако правилно се научи употребата на НЕ, поголеми се можностите за полесно справување со луѓето. Ако тие немаат граница до каде да одат, другите треба со голема леснотија да ја постават.
     
    На SV1911, Ketchup, mira.mira и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.092
    Допаѓања:
    161.032
    Пол:
    Женски
    Како и со самодовербата и отвореноста, така и за ова се трудам да учам и имам напреднато низ годините.
    Сепак, сè уште ми е лесно само со оние кои од почеток си покажале пред мене не толку добро лице - користољубивост, безобѕирност; но со личности кои до некаква мера ми значат и сум во добри односи, ми преовладуваат чувствата, внимателноста и премислувањето да не ги навредам...
     
    Последна измена: 30 март 2018
    На SV1911, Ketchup, BlackAndWhiteSwan и 5 други им се допаѓа ова.
  16. EraBon

    EraBon Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    589
    Kade treba popustam kade ne slobodno si kazam NE i ne se kaaam za kazanoto.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Izdrzliv

    Izdrzliv Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    3.039
    Пол:
    Машки
    Ех колку е битен зборот,, НЕ,, во опшеството, поготово од онаму каде што не сме го употребиле за да не сториме пад на туѓата емоција.Водејки се по себе се додека не го употребиш зборот не ти си најдобрта личност која си штети себеси :)
    Јас научив да го изговарам,, Не,,
     
    На Indiegurl, Dadusicka, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. -Buba-

    -Buba- Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    481
    Пол:
    Женски
    Не знаев, но животот ме научи да кажувам не! Без ни малку грижа на совест знам да кажам не!
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    6.463
    Допаѓања:
    108.897
    Пол:
    Женски
    Да знам. Зашто додека не одбива секогаш јас на крај се чувствував искористено.
     
    На Dadusicka и baba Rada им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    9.326
    Допаѓања:
    157.260
    Пол:
    Женски
    Знам.
     
    На LadyC и baba Rada им се допаѓа ова.