Мислам дека никогаш не сум се соочила со овој проблем Реално, доколку можам да помогнам, со задоволство ќе го направам тоа, макар и за луѓе кои што не ми излегле во пресрет поради х причини, но доколку не можам тоа е што е, нема од кожа да излезам сигурно. На пример, за близок човек имам чекано редица од неколку часа на Факултети за да го пријавам, бидејќи не можеше, а тој реално ретко кога ми има излезено во пресрет и дефинитивно никогаш за нешто што би му било уз пат. Не гледам на моите постапки како демек се жртвувам или не знам што, туку ако можам да помогнам на семејството и пријателите, секогаш ќе сум тука за нив. Од друга страна, ако гледам дека не знам како да помогнам или не сум во состојба, тогаш директно не.
Не ми е проблем да кажам "НЕ" . Сега сум релативно во нова средина (тазе мажена нели) , па мислев ќе се срамам, ама добра сум Таква сум по природа, ако нешто не сакам, не можам со сила да кажам "да" и да се осеќам безвезе. Ако некој има проблем со моето "не" нека си го реши. Можда себично, ама ете...
Не ми е проблем да кажам НЕ! Посебно кога станува збор за свекрвата и золвата. За нив две и кога е Да, следува НЕ!
Порано не знаев. Кога и да му требаше на некој услуга, секогаш тука бев и помагав. Сфатив после дека не треба така и дека тоа се злоупотребува и ме користат. Сега богами ретко на кој му праам услуга, можам да кажам дека не ми е еден од најчесто користените зборови. Па и научија луѓето и не бараат веќе, наоѓаат други добри луѓенца да ги користат, се дур и нив не им пукне филмот ко на мене, па почнат и они со не. И се така у круг.
И кога некој ке ми побара нешто да направам помош или било што, ако не му помогнам после јас се чувствувам повредено, се осекам како да не сум вистонски пријател. Но кога е потребно знам кога треба да кажам НЕ!
Се уште имам проблеми со тоа. Отсекогаш сум сакала да помогнам на секого. Не сум барала од нив да ми вратат еднакво на мојата добрина но најголем дел ми ја злоупотребуваат добрината. Колкупати и да сум кажала ДА некого а само еднаш да кажам НЕ веднаш ми возвраќаат дека сум била себична, не сум одвојувала време за никого (и покрај тоа што претходно сум им помагала а не ги земаат во предвид). Се обидувам во последно време да си го живеам животот онака како што сакам без да размислувам за тѓите мислења за мене. Ова го сфатив кога забележав дека на повеќето што сум им кажала ДА ме игнорираат кога јас барам малам услуга од нив или кога ги среќавам на улица и се прават како да не ме познаваат.
Да, знам. И тоа без посебни објаснувања. Моето не е не, само тоа е доволно ако не сакам да ја наведам причината. Порано имав проблеми со ова, но со тек на време ги надминав. Учам сама себе да си се ставам на прво место, да си бидам приоритет. Инаку никој друг нема да го направи тоа!
Баш почнав да го правам ова и гледам дека на постари личности ова им е како непочитување и сакат да наметнуваат став.
Во предходните години не знаев да кажам не, повеќе ги ценев другите, наместо да се ценам самата себе, за што и да беше се нервирав, се замарав за нешто лошо што се случило или не било во ред да го ставам повторно во ред, им угодував на другите, повеќе се грижев за нив од колку за самата себе, бев наивна девојка, им дозволував да манипулираат со мене и да ме повредуваат, кога последен пат бев повредена тогаш беше најмногу, страдав, се депресирав, имав чувство на вина иако не бев виновна, се обидував на било каков начин да ги променам работите кон подобро, се надевав дека ќе биде така иако знаев дека не е баш возможно тоа и сфанав дека не вреде да потпаѓам под туѓо влијание, не вреде да се замарам за личности кои не се замараат за мене, не вреде да го губам времето на такви личности и да бидам несреќна поради нив и од тогаш решив да ја променам таа наивна девојка, собрав храброст и ги отстранив тие личности од мојот живот, иако беше тешко верував дека се е пролазно и навистина беше така. Тогаш за прв пат самата себе се ставив на прво место,почнав да се почитувам и ценам повеќе од другите и го правев она што сметав дека е најдобро за мене, но сепак не престанав да им помагам на оние кои го заслужуваат тоа.
Јас сега се научив да кажам ,,не '' само да не бидам искористено ѓубре. Некогаш со вечери не сум спиела за да исполнам туѓи обврски. Ама сега веќе е друго. Па макар и да се налјутат и сама да бидам, кажувам НЕ. Зашто само јас знам колку исцрпено се осеќам и не стигнам ни моите обврски да ги остварам, а не па на другите. Таа приказна завриши. Готово е.
И тоа како знам. Не ми е воопшто тешко, ако не сакам нешто да направам нема сила што ќе ме нетера на спротивното.