На масата во кујна имаш ставено пластична мушама. Мајка ти често ти вели: - Ќе видиш ти кога ќе се врати татко ти. Ако баба ти те вика од балкон колку што ја држи глас,да си дојдеш дома.
На шпоретот на дрва или радијаторот сушиш алишта во зима. На детето му купуваш 3 броја поголеми чизми за да ги носи уште 2 зими.
Кога собираш капачиња од пластични шишиња за наградна игра и упорно зјапаш на дното од капачето за да го запишеш и исратиш кодот Небаре ти си среќникот.Каква демагогија??? Па,до кога Мкедонците ќе ја бараат среќата во капачиња и сметки
Првото ме потсеќа на баба ми и нејзините комшифки .Една си оди друга иди. Ама сепак е баш интересно . Меѓутоа во списоков има и некој трагокомични нешта,а сепак се една Голема вистина
Знаеш дека си Македонец кога по дома на комодите и масичките(да не заборавам ОБАВЕЗНО и на телевизорот одозгора и под саксиите како постоље) имаш ставено миленциња од времето кога баба ти била млада,па ги чувала за во чеиз. xD