Знаеш дека си Македонец кога нема да ти застанат на пешачки и ќе те опцујат,кога ќе врне па има некој вир и некоја будала што со 200 на саат ќе помине и све живо ќе испрска. Кога сакаш нешто да фрлиш а мајкати ти вика остај ќе затреба за нешто. Кога ќе отидеш во комши на кафе и после тоа истите морат да дојдат за да вратат. Кога ќе отидеш во малска продавница и мораш да си направиш муабет едно пола сат со продавачката
Твојот дедо секогаш пие чашка ракија за добро утро. Иако си женско, твоите ти се обраќаат со „Сине“. Чичко ти прави негово вино што е појако од ракија. Мајка ти упорно тврди дека ќе те фати промаја. Мајка ти тврди дека мораш да јадеш сирење и тоа најмалку 3 пати неделно. Користиш ракија за да лечиш болест, прославиш веселба или како „лосион за после бричење“. Славиш Божиќ, Велигден и Нова Година 2 недели после сите останати. Баба ти не го прифаќа фактот дека не си гладен. Одиш кај баба ти дома и ти нуди супа, колбаси, сарма и полнети пиперки и ти се лути ако не изедеш се. Имаш 4 пара папучи во шифоњерот. Цел свет застанува кога ќе ја слушнеш Бисер Балкански. Мајка ти ти се обраќа со стока. Секогаш во фрижидер имаш сланина. Мешаш кисела вода со смедеревка. Имаш уште толку храна останата кога ќе заврши оброкот. Жената треба секој ден да спрема ручек инаку не е домаќинка. Твоите родители покануваат 500 луѓе дома затоа што ви е слава. Во твојот фрижидер секогаш имаш повеќе алкохол од храна. Твоите другари те викаат педер.
Кога ќе ти застане некој на пешчки со кола да поминеш, па тебе едно непријатно ќе ти дојде, па се затрчуеш, па се заблагодаруеш... Кога имаш муабет: - Како си? - Еве... - Што правиш? - Добро...
Кога ракијата ја користиме за се, стомак те боли ракија стави, за дезинфекција ракија стави... за се ракија.
Знаеш дека си Македонец кога твоите те тераат да го изгасиш бојлерот пред бањање. Знаеш дека си Македонец кога Заев и Грујо се главна тема секогаш и секаде.
Кога шампонот ти е на крај , па дотураш малку вода да прокламуцкаш, нели , ништо да не оди во зијан Кога се сретнуваш со некого и прашуваш : Ее здраво, што правиш? како да не гледаме што прави