Знаеш дека си Македонец кога на плажа носиш се и сешто Знаеш дека си Македонец кога на мајка ти и е ладно и се облекуваш дека на неа и е ладно
Некој кога огласува на нет: Продавам патики цена 2000 ден. И милион коментари подоле.... Цена може,цена 43 имате Цена Црвени имате
Кога тие околу тебе ти поставуваат прашања од типот: Кога ќе се жениш/мажиш? Ајде бе сакаме внучиња да чуваме што чекаш? Абе срамота е што ќе речат комшиите?
Вистински и прав Македонец,не си ако не се запрашаш зошто некој не се мажи или жени,а веќе има над 25 години. Ако некој е во брак неколку години а нема деца,одма бериш гајле и испрашуваш во кој е проблемот. Ако некој нагло ослабел,се грижиш дека нема што да јаде. Ако некој нагло се здебелил,се грижиш да не има шеќер.
Знаеш дека е Македонец, кога ќе видиш некој на плажа со гумени кафеави влечки, ако не се лажам, производство на поранешен Чик.
Кога барем еднаш во животот ти се случило да помагаш да се соберат нечии јаболка/компири во автобус. Најчесто на некој пензионер.
Кога не си го гледаш твојот , туку дворот на комшиите . Кога некој ќе реновира по дома , не си Македонец ако со Верка од маало не застанеш и почнете со темата на денот " од каде овој толку пари ? а зошто реновира , сигурно има нешто " . Не си Македонец ако барем еднаш не си се нашол во ваква ситуација : Одиш по улица нормално and suddenly .. - " Тасеееееееее ! Тасеееееее ! Тасе бре каде си тргнал ? " - " Еееј Ванчоооо , еве по бурек ! Ти каде одиш ? " - " Јас ете на мајстор со кантава од колаа , трет пат неделава се расипува , се утепав пари фрлајќи на поправка .. " И цел муабет е на висок тон , што знаеш може случајните минувачи имаат некаква идеја , па да знаат на што мака се луѓето .
Кога јаде ајвар во секоја сезона. Кога плука по своето,а го величи туѓото. Кога фрла ѓубре секаде само не во канта.
Знаеш дека си Македонец кога се бришиш со влажна марамица, па го бришиш телефонот со истата, па патиките и после ја фрлаш