-кога ќе слушнам ,,затвори , промаја има,,!!!!Промајата е имено, еден од најголемите стравови на секое Македонче... -кога во недела попладне главен муабет е ,,ќе се бањам,,!!!Баба ми , господ да ја поживее, се уште си стои на ставот дека џабе јас секој ден се плакнам со тоа тушот,неее...она секоја недела се кисне во када и се трие....
Gosh,some people are spying on me ! Точно!Истото е кај мене во некои точки али 100% мајка ми ми вика да не седам на цименто зш ладно било и баба ми
ххахахахаххах баш онаа последното ако не живееш во македонија кимаш со глава и се смееш точноо сега умирам од смеа цццц
Ако се смееш на странци кога јадат леб со супа, и потоа го грабнеш лебот и го кркаш со главното јадење (со било какво месо)
Фрлаш ѓубре во кесите од Тинекс, Веро, Кам... Кога имаш мушама во кујна, исецкана од нож Комшиите ти зајмуваат вегета, бибер, зејтин и слично. Спиеш до пладне, се жалиш дека денот ти е краток...
искрено јас се гордеам сто сум македонка и секогас го знам тоа... мозеби немаме повеке од другите земји но несме ни подолу од нив...имаме доволно...
1. Мајка ти секогаш ти вика немој да јадеш сладолед и да пиеш ладна Кока Кола, бидејќи ќе те боли грлото; 2. Цел септември главна тема на муабет се ајвар, лутеница и сите други видови зимница; 3. Во секоја институција има редови до врата, затоа што службениците пијат кафе до пауза, а после пауза пак пијат кафе; 4. Кога патуваш имаш најголеми куфери и плус две-три кеси; 5. Твоите соседи знаат многу повеќе за тебе, отколку самиот ти; 6. На гости си,стануваш да си одиш и пред врата муабетиш уште 2 часа; 7. Кога си бил мал секогаш ти ја местеле паричката за Бадник; 8. Секогаш доцниш и мислиш дека тоа е нормално; 9. Плачеш за работа, а откако ќе се вработиш постојано се жалиш дека ти е многу напорно; 10. Ако имаш повеќе од 20 години, а не си мажена/женет тогаш си стара мома или стар ерген, безнадежни; 11.По 100 пати на ден пиеш „турско“ кафе само за да ти „видат“ другарките во шољата се што што знаат за тебе; 12. Дома имаш апарати за домаќинство – последен „крик“ на технологијата, ама мајкати пак готви на стариот шпорет во подрум; 13. Сите околу тебе имаат прекари кои немаат врска со нивните имиња; 14. Некој од фамилијата ти е на „печалба“ во странство и кога ќе дојде ти дава 100 денари, за да си купиш се' и кусурот да си го задржиш; 15. Дома на сите прозори ти висат завеси; 16. Ѓубрето задолжително го носиш до контејнерот, ама го фрлаш покрај него, никако внатре; 17. Секое второ дете игра фудбал, а најуспешни сме во ракомет и кошарка; 18. Иако имаш повеќе од 25 години, мајкати уште ти вика немој да седиш на бетон ќе настинеш; 19. Имаш 10 килограми повеќе од колку што треба и мајкати ти вика леле колку си ослабел, земи сине касни нешто; 20. Само што си излегол од дома одма ти се јавуваат да видат кога ќе си дојдеш;
1. Околу март/април, сите објавуваат слики од табло, кои завршиле осмо 2. За патување, цела фамилија доаѓа да те испраќа. 3. Баби ти те вика, бабин син, иако си женско 3. Во детството си одела да си играш ЖМУРКА 4. 10 денари беше богатсво во детството, сите одиме во продавници за еден руменко сладолед И НАЈВАЖНО кога ќе има некоја свадба, сите одиме надвор да ја видиме невестата хехе пусти македонски менталитет сепак ние сме добри луѓе
кога мајка ти,или некој друг од фамилијата те нема видено дури 1 недела и кога ќе те види веднаш ти вика ааа си ослабел,да јадеш повеќе Човек ќе си помисли според тонот дека 10 кила симнал, а си нема врска.
Кога во фрижидерот имаш ајвар место Нутела едит: И кога далечинскиот управувач на твоите баба и дедо е замотан во најлонче
Знаеш дека си Македонец кога додека печиш пиперки и одвораш влезната врата за да мириснат и кошиите што правиш за јадење.(ова важи за тие во згради што живеат)
кога баба ти колку и да си дебел/a ти вели јади да се здебелиш, многу си слаб/а и упорно ти нуди јадење, колку и да си прејаден/а
Знаеш дека си Македонец кога после секој пораз на било која македонска репрезентација криви ти се судиите