Кога имаш бесплатни мора да се искористат до крај па вртиш и на кој што треба и на кој што не треба и тоа со скриен, само да ги потрошиш де.
...во странство бараш начини да се прошверцуваш во јавен превоз кој чини само 30 центи. ... од хотел ги собираш секој ден шампоните, сапуните и сл. за да си ги земеш за дома. ... се врткаш околу шведска маса по неколку пати со различни чинии за да пробаш од се, а момент кога сакам да пропаднам во земја и да се откажам од моето државјанство е кога вадат кеса од торба и ја истураат собраната храна.
Знаеш дека си Македонец кога ќе има собраќајка а ти бегаш за да не ти прават записник наместо да му помогнеш на човекот смешно но вистинито
Знаеш дека си Македонка кога секој пат кога ќе добиеш менструација го обележуваш датумот на малецко календарче што ти го дале твоите
Кога има дојдено некој од странство мораш да го "исцедиш "до гола кожа, кога се ценкаш да ти намалат цена додека си на патување или одмор во друга земја,кога ставаш кредит начесто бидејќи ти е при крај џабест пакетот и по многу други работи сме познати ние македонците
...........кога ке отидеш на одмор на море и од кола ке извадиш по една гајба патлиџани,пиперки, компири,краставици и др.зеленчук за да пројдеш поевтино
Знаеш дека си Македонец кога на другар другарка небитно од полот му викаш „Брат“ Бабати често ги меша имињата на другите фнуци Секогаш кога ќе излегуваат сите од дома оставаат сијалица во салон запалена за во случај некој да сака да провали и да си речи дека има некој дома Машина, болјер, правосмукалка се пуштаат САМО ко ќе има ефтина струја Во зима носиш елек и калчуни кои ти ги сплела бабати Мајка ти чува во шкаф нови јамболии и ќебиња од нејзината свадба за твојата бовча
Кога се префрлаш на џабест за да си збораш гратис со другарите цел месец . КОга доаѓаат странци сакаш да ги исцедиш до коска. Кога имаш гости твоите се филмаат и пуштаат сијалици низ цела куќа а кога ќе заминат гостите викаат гаси светлото треба да се штеди не е ЕВН централа ова.