Прекрасна тема ! Сум се изнасмеала за фризурата кремче кога се потсетив .Колку повеќе тапирано-појак ефекАт ! Имаше период кога сите излегувавме со Леви‘с 501 фармерки и Адидас или Најк патики. Изрази од типот „џек„ „оса„ „бев јас„ „ќе се фатиш со мене„ . Се организираа забави по дома и се пиеше виното од родителите помешано со Кока-Кола. Им висевме со саати над глава на симпатиите додека играа флипери.Гемчиња и тетрис,Нинтендо. Слушавме рап и рапувавме на смешен начин како лизгање напред-назад ,еднаш пробав да изведам еден потег како на спотот од Салт‘н‘пепа‘ некоја акробација со превиткување наназад и да се дофатиш на едната рака,како само сум се струполила . Се каравме кој бил најубав од дечките од Њу Кидс. Паралелно со рапот слушавме и Металика,Рејџ Агаинст д Машин,Ганс‘н‘роузис,Нирвана,Прл Џем и др. ама комбинацииве на музика лудило ...Носев Мартинси на сред лето ... Висевме со саати на фиксен(мобилните немаше до половина на 90-тите),а сметките беа смешно мали... Соби излепени со постери од „Браво„,музика на касетофон со касети прво,после дојдоа ЦД-иња.Флопи дискети на компјутер со смешно мала меморија,2Д игричиња,премин од видео на ДВД... Кога игравме Штрумфови девојчињата ќе се испотепаа која ќе биде Штрумфета,јас секогаш бев Веле Штрумф,да застанам на чело и да им речам „Ајде,Штрумфови мои„ .Криенка,џамија,ластик,круг,војна,народна се‘ сум играла. Сликички собирав а тие од „Плавокапица„ посебно ги сакав,тетратки и пенкала сме носеле на родендени како подарок,сите имавме Споменари... Зимско рекреативната програма беше закон,сме гласале цело школо која песна да победи и да биде хит...Бушава Азбука,Палавковци и многу др.... Убави времиња,ме разнезни темава...
Во оригинал мислам беше KIds Incorporated,ако правиме муабет за истата емисија http://en.wikipedia.org/wiki/Kids_Incorporated
леле темаваа се потсетив на старите добри времиња..малце и се натажив исто да додадам у моментов што ми текна..незнам колку важело ова за другите класови, али мојот, времето кога масовно децата гледаа млади бунтовници, ги знаеше сите можни песни на памет и ги пеевме заедно цел клас..машки женски наизменично.. и да кажам, ова важи исто и за 90тите, бидејки јас се секавам и знам повеке од пола од набројаното
Само ќе додадам за излегувањата, кој се сеќава на Мусандра, Централ, Сачмо, Мејк ап, Булевар, Стара железничка-Ерос, Академија... потоа следеа сендвичи во Аркадија и кај Попе, се возевме со 2-ка во 02ч накај Карпош, автобуска карта беше 15 ден., излегувавме пред црква и на кругче со 100 ден. за пиво и за цигари..,
Ах, свит чајлд о'мајн Најубавите и најбезгрижни години.. Не знам што би додала што веќе не сте го споменале. Кај мене во зградата имаше 70-тина деца и можете само да замислите што се случуваше преку целиот ден. Игри на сите страни, бркање, жмурка, народна, бриши план, тушка, џамлии, ластик, сакате војна, што ли уште не... Имавме другари кои свиреа на гитари и навечер се збиравме во една камионска приколка и свиревме и пеевме. За ручек никако не одев дома. Ќе и викнев на мајка ми од под терасата да ми направи сендвич, го земав и го јадев трчајки Се капев строго во недела навечер, ги гледав цртаните и легнував спремна за училиште. Се сеќавам дека го гледав серискиот П.С. Те сакам (не знам дали се сеќавате), и знам дека во вторник навечер не смеев да го гледам кога бев сабајле на училиште бидејќи ми беше страв да не задоцнам сабајлето зошто тој ден најлошиот наставник беше дежурен. Мајка ми и татко ми ќе ми го снимеа на видео лента и го гледав кога ќе се вратев од училиште... Имаше некаков ред кога ние бевме деца. Можеби ние сме последните генерации кои можат да се пофалат дека имале убаво детство. Некако целата населба беше весела и разиграна со сите тие неискварени фацички кои не знаеја што е компјутер или мобилен. И беше подобро. Сега се' е некако сиво и пусто, нема радост во денешните деца...
Огромно браво за темава! Ех, што се би дала да можам да се вратам назад. Времето кога одевме по одмори во Охрид, Крани, Дојран, Маврово... со шатори и камп-приколки. Кога се слушаа Ластовица, Ристо Бомбата, Студени Нозе, Ена Веко.... и сите по дома имавме ОРИГИНАЛ касети што ги слушавме на касетофони и вокмени. (а не како сега, пиратерија на комерцијална музика) Излегување? дечко? мување??? тоа беше строго +18! И се знаеше што е џуниор а што сениор журка. (сега за жал обратно функционираат тие работи) Време кога никој не беше богат, а сите имавме... се живееше скромен и пристоен живот и се имаше некаков ред во секојдневието. Тоа беше наше време, кое за жал новиве генерации нема да го искусат....
Фала за инфо, и јас многу ја сакав, се сеќавам дури и на името на дечкото со скршена нога што беше алкохоличар-Били, и беше многу сладок
Анат, е не ми се верува, а пред некој ден го спомнував серискиот - мајмунчето Алис, и Ливинг го најде! Многу заразна песна! А ви текнува на My So Called Life? И тој сериски многу си го сакав. Лолита - хехе да да, Мусандра, Метропол, Корнер, имаше и еден педерски клуб на бул. Климент Охридски не ми текнува како се викаше, ама знам дека едно време и тука излегувавме, или пак се бутавме во Бутлег во Тафталиџе Па моментот со парови, веќе го имам спомнато, да не се повторувам, Percussion Discussion breakbeat журките, живи свирки по подруми и куќи... И секогаш со нетрпение го чекав моментот - бутање хамбургер или во Аркадија или во Кинг Бургер. Секако како за почеток се наоѓавме сите на коцка. А денес коцка не постои Ах, браво што повторно ме потсетивте! Патем, ви текнува дека во Kids Incorporated Fergie ја започна својата кариера?
^^Да, да... а од таму и Марио Лопез почна, ако не се лажам Овој де, не сакам вакви типови, ама овој ме остава без зборови
Како ги заборавив овие нешта,ќе си ја чукнев главата во ѕид,јак-бетонски,еве вака Значи,бек ту ејтис... „Денес кога станувам пионер давам чесен пионерски збор дека вредно ќе учам и работам и ќе бидам добар другар„ и црвена марама,Тако тортица и сјај во очи,исправени сите ко пушки,во позадина „Хеј,Словени„... Не знам дали се сеќавате на оние хулахопчиња за девојчиња во бела,црвена и сина боја-сега ми светна сијаличката дека тие по боите на југословенското знаме ти биле синхронизирани... А фризура „шлем„ округло како чинија околу глава со шишки напред еден период апсолутен хит беше(на сите одделенски слики до четврто ОДДЕЛЕНИЕ-изразов-ех,далечен спомен-ја има) како тегет чарапа на секого иде,нема трте-мрте не ми стои,сите пионери со иста фризура мора да бидат! А фудбалот?!„Црвена ѕвезда„ vs „Партизан„ очи ќе си извадевме,јас бев фан на „Ѕвезда„ бај д веј,а татко ми беше единствен во пошироката околина со радиус од километар веројатно што за „Хајдук„ навива... А сега бек ту најнтис и моите први чекори во светот на сексуалноста... Една девојка од постарите класови ни даде инструкции како се учи лапање-земаш чинија со вода,фрлаш изџвакана мастика внатре и ја бркаш со јазик.Утредента сите „искусни„ дикусии за техники,па и коментари од тип „си знаев јас тоа„ некои со часови „специјализирале„ . И моето прво порнографско визуелно соочување со машки полов орган.Значи знаев дека при ерекција станува тврд,па си го замислував како стапче онака нанапред испрчено меѓу нозе,како Г буквава обратно свртена и трвдо,значи несавитливо,бе.Почнаа на ТВ во доцни часови да даваат порнографија,ама немаше нешто хардкор тогаш,а јас дотогаш и немав видено,па го гледам типов со органот в рака,од денешен аспект велам „богами машала надарен„.Арно ама органот нагоре накај стомак кренат и потпрен малку на стомак,онака како подприлепен и кога сум скокнала до плафон луѓе!Па,ако е таков како ќе имам секс јас некогаш треба за тоа акробатски пози,а јас немав баш предиспозиции за врвна гимнастичарка.Исклучив ТВ,со денови имав кошмари кога ќе се сетев ... Се извињавАм што помешав пионери,фудбал и порнографија во ист пост!
Алал вера за темава. Колку само сакам да сум пак дете Едно враќање од училиште, го фрлаш ранецот и на улица, таа ни беше мајка. Народна цел ден, мешани машки и женски, па кога тие ќе заминеа на фудбал ние удри на ластик. Колку ли само патики имам искинато од тоа чудо, толку беше заразно, што и додека пишував домашно си играв со нозете под маса Криенка сто души цело маало, тешко на тој што мижеше Обавезно цел несесер украсни ливчиња, а друг со сликички од турбо мастики. Легнување строго пред 9 , недај боже да бидне 11, татко ми викаше : Што е ова, пак ли ќе чекате нова година Огромна радост на цртан филм пред дневникот во 19, а ако имаше време за два , е тоа веќе беше среќа. Се сеќавам на Трст Виа Скопје, кога колективно се собиравме цел комшилук да ја гледаме. Исто еден тон плочи, касети ( од Драгана и Јужни ветар и Лепа Брена ), исто касети од Златно Славејче, СИ ДО и сл. Се тепавме по дома кој колку време да игра нинтендо и се перчевме ако сме ја спасиле принцезата. Незаборавниот вкус на сладоледот во фудбалски топчиња, харибо бонбони , како и Бони Топ. Фраер си ако имаш тексас палто и Малборо наочари за сонце Навистина жално што днешниве генерации немаат ништо од тоа.
Иако сум 1993 и ние игравме исти игри,читавме исти списанија,гледавме Cartoon Network,собиравме албуми и жетони,игравме со вртимушки и џамлии итн итн .. Убаво е што некои работи сме ги превземале од вас,постарата генерација и сме додале некои нови,сепак забавно детство имавме.Жално е за овие генерации,игри само на интернет..Уште 6-7 годишни деца Фејсбук профили си направиле,страшно.. Што ли ќе им раскажуваат тие на нивните деца,внуци?
А како знаеш дека си роден во 90-те? 1. Се сеќаваш на времињата кога вредело да се стане во сабота сабајле, за да се гледаат цртани и да се следи Cartoon Network. 2. Играњето на песната Wannabe од Spice Girls. 3. Време кога нинтендото стана популарно. 4. Најпопуларна игра "Дали се плашиш од темницата". 5. Сите ја знаеа Macarena напамет. 6. Најупотребувана реченица : Talk to the hand. 7. Секаков вид на игри за да се дознае со кој ќе се омажиш/ожениш. 8. Барањето жетони за флипери. 9. Играњето сервис на улица. 10. Играњето џамлии на улица. 11. Омилената реченица: "Чичко пушти летки". 12. Постоеше парична единица “марка“ и вредеше многу. 13. Време кога изнајмувавме VHS од видеотеките. 14. Кога Chicago Bulls беа најдобар кошаркарски тим и сите навиваа за нив. 15. Времето кога шетавме со вокмени. 16. Вртењето Hula Hoops. 17. Плачевме кога Муфаса умре (Lion King). Се навраќаме во времето кога: 18. одлуките беа донесени од Еци Пеци Пец, 19. проблемите со парите беа решени од страна на банкарот во Монопол, 20. да се биде стар значеше да се има 20 години, 21. Нинџа Желките владееја со светот.
Луѓе а ви текнува ли на на мапет бебиња,јас ги обожавав и би сакала пак да ги гледам,ама одамна не ги давале Ѕверчето беше најбесниот лик ever А и Гонзо беше цепки,со искривениот нос,а за дадилката ми текнува дека и ги даваа само нозете,никогаш не ја дадоа цела ,носеше некои шарени чорапчиња Еве го и почетокот http://www.youtube.com/watch?v=EwaddpsKdKg
Фразите пу за мене, пу за сите, нека бие тој што спие или јас сум магарац со ушите нагоре, со опашот надоле беа алфа и омега на сите детски игри
Сега се потсетив на албумот со сликички САРА КЕЈ леле колку ги сакав сите споменарки што ги пишуваше во албумот,на памет ги знаев
Ехх спомени спомени! Сара Кеј албумчето уште си го чувам и многу од песничките си ги знам на памет! Пулсирање, Зимско рекреативна, Се плашите ли од темнината и ред други емисии и филмови кои со нетрпение ги очекувавме веќе сте ги спомнела! Се сеќавам дека гледавме Пипи долгиот чорап и исто така еден период стана актуелно шоуто ,,џандар збира,, Игор Џамбазов! Гледавме ,,Големи и мали,, ,,Дајте музика,, во четврток гледавме Македонски народни приказни и бескрајно се радувавме на цртаните ,,штрумфови,, ,,Пепелашка,, и др! Мечето ушко не е од мое време бидејќи јас сум од подоцните 80ти! Слушавме Backstreet Boys, Hansons, Aqua, Spice girls и задолжително мораше да се помине периодот на споменари во кој стнадар ги испишувавме стиховите ,,ти си пчела, јас сум мед, заедно сме сладолед!,, Носевме ламбада сукнички и игравме ластик! Добивавме сладолед за свидетелствата а не мобилни телефони! Сигурно сите родени во осумдесетите го поминале и периодот на допишување со врсници од други градови! Се праќаше писма и со нетрпение се чекаше одговор од непознатото другарче! А кога само ќе се сетам колку го сакав Брендон и колку тетратки изнакупив со ликот на Дилан Времиња убави, без спајдер мен, без пепа Прасе, без фб, без мобилни!
Мина ме врати пак назад во времето со Дилан и Брендон, ме потсети дека бевме на летување сите дечишта, 6 према 7мо одделение во Мите Богоевски Претор, и мислам дека во недела даваа Беверли Хилс - абе пукаше просторијата со телевизор и штама, тишина! На никој не му текнува да оди на тоа прекрасно време да се бања. И тука одеднаш иде сцената кога Дилан и Кели се смуваа прв пат и Кели се криеше на плажа пред Андреа На кој НЕ му текнува на оваа сцена или пак на онаа драматична сцена кога „се фатија“ Дилан и Бренда, нека дигне два прста.
E ме трогна со видеово. Леле бе, колку ги сакам цртаните од тоа време. Да ви кажам во доверба, никогаш не сум ги сакала, ниту многу сум ги гледала цртаните на Дизни ( а тек па сега откако ја разгледав темата за Илуминатите ). Сериозно, многу повеќе ми се допаѓаат овие цртани, поради тоа што имаат поубава содржина. Полни се со позитивна енергија и баш се привлечни и за млади и за постари Фак ју Дизни