http://www.youtube.com/watch?v=YXoU32y-fU0 Или Супер звезда кога гледавме ах ми недостигаат овие времиња луди млади години
Лете трчавме боси во најтоплото од денот. Кој ќе издржи до најдалечната точка на улицата. Правевме торти од кал и цвеќиња. Измислувавме парфеми у шише вода со цвеќиња и ги закопувавме. Слушавме Кикирику колективно со уши начулени кон радиото. Фреди Кругер ни беше хит. Карате Кид, Нинџа и сличните ги празнеа улиците. Се печевме на тераса со очила од Бит пазар „се ми бое лепо стое“ стајл и пиевме Иноспектар на растварање. Колективен лов на мајките по нас за ручек имаше тогаш. Се ручаше надвор. Сендвич во салфетка. Се јадеше животинско царство и се радуваше на сликички од животни. Тоблероне тогаш беше доживљај „изванземно“-што би рекле на истокот. Трчавме ко луди по чичкото со шеќерни лижавчиња, сусамчиња и слични благи задоволства. Џунга лунга и Турбо се џвакаше. Да имаш барбика беше да си нај јаката цуца во зграда па и мало. Ама, од оние што им се виткаа нозете (демек од странство ти ја пратиле). Се носеа широки фармерки и до груди дигнати. Не се мислеше да ти се види што е можно повеќе гаќата. Се носеа хилихоптерки во тоа време. Ефтини беа тие што поинаку се облекуваа. Се мењавме со ливчиња и пишувавме дневници и споменари. Срамота беше некој да ти се свиѓа а да те разберат дека ти се свиѓа.. во тоа време. Да носиш Левис 501 беше wow. Док мартинс и платформи ко на спајс г'рлс... ламбада лете и баретка со пуфки на страна во зимо ... еј времиња стари, времиња убави, времиња луди.
А хаха, Мите Богоевски, бунгалови беа или тоа беше Шуламина....? Ич не ми текнува, ама нас од школо не носеа на настава во природа во 4-то одд. Се сеќавам на мензата и дека еднаш за доручек ни дадоа биршла и две варени јајца, едно блесаво дете ги намести ....(знаете како) и сите девојчиња на масата бевме еве вакви , се сеќавам и дека се бираше најубава мисица, па мистер, па имавме маскенбал, па требаше да си избереме партнер и да се натпреваруваме во танцување...итн.итн. На сценава стварно не ми текнува, зарем е можно да сум ја забаравила , а Бренда и Дилан се фатија кога Бренда изгоре на плажа кога се сунчање или не беше така....
^^Еј! Не не, Мите Богоевски беше она летувалиштено кое го викаа Алкатраз Бунгаловите мислам беа Шуламина. И да, знаеш дека си роден во осумдесетите ако си одел на екскурзии во Мите Богоевски! И си учествувал на Покажи што знаеш, тоа мислеше? Јас бев Ена Веко и победив А сцените се легендарни, па Дилан трча, плаче, па Бренда го брка, плаче, па се љубат, па се сакаат, па се спремаат за прв секс, па раскинуваат....ех тоа беа времиња. Кога гледавме Беверли Хилс и игравме џамлии и пеевме шиц миц мици ма, мама хоче да ме да! 80ти! Не ги менувам за ништо на светов!
Да, да, да, се сетив имаше решетки на прозорите...сепак Шуламина повеќе ја сакав, а се сеќавате на Асамати, е јас таму одев на летување.. Ахахаха и јас бев Ена Веко ама имав и еден со мене и заедно ја пеевме Признавам, не признавам...ја памтиш...ама не победивме, победи едно девојче ја пееше од Каролина-Мамо пушти ме...уфффф колку бев тогаш лута А Мелроус плејс, и таа серија трчав да ја гледам...Кимберли ја обожавав, ептен ми беше јака, тогаш прв пат гледав серија со хомосексуалци (Том Скаво од Очајни домаќинки беше геј, не ми текнува како му се викаше ликот...), потоа серијата Савана, тука омилен лик ми беше Пеган. Друштвени игри без број, колку сакаш-народна, џамија, камај камај, каладонт, штркот бара боја, нека бие-нека бие, ластик, долга магарица, плочка, полжавче, кога ќе се дознаеше дека некои си се симпатишаат пеевме- пр. митра и станко то су срца два, љубили се грли ли у кревета два...значи какво детство имавме, незаменливо... просто ти се плаче кога денешниве дремат пред компјутер и се замраат со скинати кондоми за жал.
Ма јас сум ти Лолита вечен носталгичар. Сакам уствари би сакала да ги видам денес децава како прават торта од кал, ама се поретко наидувам на такво нешто. И жал ми е малку Да пукне за Ена Веко! Јас ја пеев онаа - Маријана, Кети и Дијана, Весна Ана, Бети и Биљана, секој ден се повеќе ме мачи твојот глас. Се убивам од смеење сега кога ќе ми текне. Ете, знаеш дека си роден во 80те ако - си ја слушал Ена Веко
Знаеш јас се обидувам на ќерка ми да и го доловам нашето детство, кога е убаво времето надвор цртам плочка и рипкаме заедно, остај тоа него и другите дечиња не гледаат и ни се придружуваат и така јас сум ти маалска дадилка ама без плата ..Кај моите имаме голем двор и татко ми е љубител на ружи, береме ливчиња и и покажувам како се прави сок, сега и е интересно а за 5-6 год. се плашам дека ќе трча по дечковци, ама тоа е тоа... Ена Веко беше закон, прва раперка, сите ја памтиме, имаше песна и со М. Митрески...а оваа твојава е Келнерот...и да продолжам-не не ноќва не сакам да чекам ти ќе спиеш и не ќе знаеш дека доаѓам да те разбудам и бакнам јас...се повеќе ме мачи твојат глас...х 2 пати
Се сеќавате ли на Хи-мен,колку го гледавме цртаниов. И нинџа желките.Лелеее времиња Сега пирамид ме потсети и на торти од кал.Уф колку торти имав направено ги красевме со цветови и листови...Собиравме книвчиња од чоколади,ќесички од бонбони и све и свашта и си игравме продавница.
Хахахахаха... и ден денес ја користам фразата на Хи-мен ЈА СУМ МОЧАН!!! кај ти текнало на нив. Ги обожавав нинџа желките и бев вљубена у Леонардо, не знам како беше можно тоа ама е хахахах Би јас и желка би хахах
А дали се сеќавате на мега хитов???? http://www.youtube.com/watch?v=sh6GYds1 ... re=related Колку само сме играле на песнава... имавме и своја ритмика!
-Гледавме Дајте музика -Дали како што - Бушава Азбука - квизови од типот Клуч и Крстозбор. - Црвено жолто зелено ....помини сега Елено! - Во светот на бајките - Македонски народни приказни - Нинџа желки, Х-мен, Летечи медведи, Волшебникот од Оз итн -Мики маус Клуб и Рок ен рол клинци - слушавме и гледавме Златно славејче, СИДО; Калинка, Жапче листа, Сител бамбини... - Слушавме Бекстрит бојс, Спајс Гирлс, Мадона, Мајкл Џексон и др. Надвор: - Игравме ластик, Расипан телефон, продолжи ја приказната, Брза географија и др. - народна, - сакате ли војна, - џамлии - со беби кукли и барбики, - собиравме и пишувавме споменари, - разменувавме украсни ливчиња и салветки, - собиравме и разменувавме самолепливи сликички Сара кеј ах колку сум го сакала тој албум. ден денешен го мислам. ако ми текне ќе додадам многу има сепак убаво детство сме имале!
Ејј, бабички -И ден денес на маж ми му пеам фрази од Ена Веко и ми вика дека не сум со сите. -Си го чувам тетрисот,сеуште... -Жалам за зимско рекреативна програма. Ај што ја гледавме-туку секоја зима пишувавме `лични творби` и одевме во МТВ за да учествуваме, ејјјј Па се враќаш дома и децата ти викаат-Те гледавме на телевизија како Бренда беше, а ти леташ до плафон. -Машките беа за Мајкл Џексон, женските за Мадона. Колку само сме се карале во одделение. -Шопинг со мама и тато во ГТЦ, во Црвена Ѕвезда, а потоа се знае хамбургер од Чичко Стоилко , евентуално еклер-индијанка во Шехерезада. Здрава храна? Ахам-да! -Им плачев за сукња ламбада и ташна Себастијан-ка -Летен распуст-еден месец задолжително кај баба и дедо во село! Нешто подоцна... Редовен тренинг-Лапање. Мастика во чаша со вода. Кружиш во неа со јазикот. Евентуално пред огледало. За половото созревање дознаваш од книгата-`Растеме и се развиваме` иии се чудиш- Е како сега тоа Башка иако беше во некој комплет учебници-Ја читаш скришно! Чекање во ред за во Хард рок, МНТ, летното Текила. Метропол,Аквадро, Менада, Силекс -фујј. Па уште и ако ти ги пуштат песните-екстаза. Вракање со автобусот во 3 по полноќ и трчање да не ти кидне. Еххх, времиња...
... си го слушал Борис Мајсторов на радио во недела. Ми недостигаат приказните и неговиот глас (читај - илјада гласови) Ако има некој што има близок во МРТ да може да ги направи во MP3 и да ми ги пушти - вечно ќе сум благодарна Edit: Сладолед на две стапчиња Еј ми текна уште нешто, мора пак едит: Тие од Охрид ќе се сетат - купувавме смола и семки "откај Смоларон", кој имаше и второ име - Семкарон, во зависност од тоа што го купувавме.
Ви текнува ли на животинско царство,ама овие првите,со вакви опаковки И на овие камени бонбони Ееее времиња убави,безгрижни, кај се сега
Хаха преку викенд станувавме порано за да ги ги гледаме оние цртаните што ги даваа на мтв. и да, и јас сеуште до чувам тетрисот (во некоја фиока) и ми фалат бе времињава. Не сме биле свесни колку сме безгрижни и среќни