1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Знаци дека изневерува

Дискусија во 'Врски' започната од magic, 13 декември 2009.

  1. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Две недели за мене би биле знак дека нешто не е ок со мажот ми. Ама не мора да значи дека изневерува. Можеби навистина си има некој стресен период.За разлика од нас жените кои во тие мигови мора да го избрбориме сето кое не тишти и пречи, мажите ете можат да се повлечат во себе и да се незаинтересирани за се, па дури и за секс. Јас би ти кажала да го оставиш малце да се издиши, околу една недела да ги намалиш контактите, ако се слушате по 3 пати сега нека е еднаш, или не иницирај ти средби, нека те побара тој. Ако и после овој период остане се исто разговарај со него отворено за тоа како се чувствуваш и што се ти се плетка низ умот. Се надевам ќе се средите.. :*
     
  2. MadHatter

    MadHatter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    30
    И мене ми е јасно дека има некаков проблем,сепак две недели не се мал период. ;( Па што да се оддалечувам, доволно оддалечени сме со тоа што не сме биле интимни две недели :^) Сепак решив да го игнорирам целосно, телефони,интернет и сл... Па претходно сме разговарале за настанатава ситуација, и што е одговорот, не е до тебе, |( не те изневерувам,само едноставно не ми се сака !?!?!?!?!?! :^) Стварно не ми е јасно! ;(
     
  3. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    ако некој изневерува треба да е навистина глуп да го фатат. Значи денес има толку начини да флертуваш со некој а да не те фатат се разбира само ако сакаш. Тоа со телефонот и имиња и презимиња ми се само за луѓе кој што сакаат да расипат работа. инаку тој што изневерува секогаш има разработено тактика впрочем еве шваљерку (како што ја викам јас) секогаш знае каде е тој за разлика од жената. Знае дека тој е со неа и не му врти за пораки не и паѓаат на памет(доколку типот е паметен) сега договорите се вршат преку лажни профили, мсн, скаип значи пораките се изумрен начин на швалерисување. Добар дечко секогаш ке има време за секс со двете и не е глуп да го фатат поради неможноста за секс(така да ако дечко то навистина несака да имате секс тогаш проблемот не го барајте во друга) така да знаци дека изневерува нема да приметите освен по белези доколку шваљерку гризе или отпечатоци од пудра, кармин ипак старите знаци се секогаш најдобри показатели. и пред се доколку се сомневате секогаш најдобро е да го следите како што можете да им верувате на очите неможете на ушите ;)
     
  4. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    ако повеќето време изгледа ко збунет тоа е 1,не дозволува никој да му го пипне тел.кога му се јавува некој искача надвор или почнува да спретплетува кога збори тоа е знак на нервоза и викенд искача неиспланирано
     
  5. MadHatter

    MadHatter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    30

    Мислам дека ова нема врска според мене, би тргнала од себе.
    1.понекогаш си имам неразјаснети мисли во глава и изгледам замислено, збунето - што не значи дека изневерувам
    2.Телефонот и јас не давам никој да ми го пипне , зашто тоа си е моја приватност,си водам белешки, и лични работа ... - што не значи дека изневерувам, едноставно несакам некој да ми чепка по личните работи.
    3.Кога ми се јавува некој , што несакам да ме слушнат што зборам нормално дека излагам надвор, прво тоа мислам дека никој не е должен да ми ги слуша мене муабетите - што не значи дека изневерувам.
    4.За неиспланирано искачање преку викенд, мене тоа стално ми се случува, никогаш не планирам, ми дошло ќејф да си излезам ,ете така ми паднало на памет дента, ке си излезам - тоа воопшто не значи дека јас можеби ке изневерам ....

    Значи муабетов според мене ти нема врска , и притоа секој си има право на свое лично мислење ;)
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Флертување=Изневерување |(
     
  7. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    mad hatter прво да ти дадам до знаење зборев за некој што е во брак,брак е друго врска е друго.
    женетиот маж збори на тел.пред жена нема што да крие,ќена му може да му го земе тел.кога и да посака без да се оправда и трето женет маж нема шо да искача за викенд сам,може со жената нели?јас мислам дека мојот пост баш си има смисла.
    А,ако викаш дека сепак е тоа мое мислење не си требал-а да прокоментираш како што кажа секој си има свое мислење ;)
     
    На rose60 и maca99 им се допаѓа ова.
  8. American.Woman

    American.Woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    27
    Читав на брзинка и не видов дали некоја ги има напишано овие знаци:
    1. Кога мажот изневерува од време на време несвесно ќе ви ги потенцира недостатоците (сите оние работи што таа ги има или прави, а вие ги немате и не ги правите)
    2. Обратно, ќе ги потенцира работите таа што ги нема а вие ги имате, на пример таа носи големи обетки, вие не, тој не сака големи обетки и би рекол нешто “Помалите обетки поубо му стојат на жената„ или нешто така глупо, зошто да бидеме искрени, ако сте во долга врска, мажот не би забележал ни дека имате нов накит наочари или слично.
    3. обично ние жените сакаме да експериметираме нешто ново во сексот. ако обично тој не е иноватор во тој поглед... а наеднаш покажува некој новитет или не дај боже два три....тогаш тоа го научил на друго место, не од другари или од интернет...не ми текнуваат други ги има многу само ако ги имаш отворено двете четири тогаш на време ќе можат да се препознаат.
     
    На rose60 и svetlana-74 им се допаѓа ова.
  9. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Без оглед дали се работи за сопруг или дечко, клучно е да го набљудувате некое време и да извлечете правилен заклучок, за да знаете како да делувате понатаму. Според мене, овие се најчести знаци:
    1. Ретко излегува со вас.
    2. Веќе некое време се задоцнува од работа, па има итни состаноци, можеби и службен пат (а вие знаете дека претходно ништо такво не се случувало)
    3. Повеќе троши.
    4. Нервозен е кога телефонот му звони во ваше присуство.
    5. Користи нов парфем, купил неколку кошули во последните две недели.

    Ако се сетам на уште нешто ќе дополнам.
     
  10. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека однесувањето на партнерот зависи од причините поради кои изневерува.

    Ако партнерот е вљубен во личноста со која изневерува, тогаш тој покажува нетрпение кон сопругата/девојката, секој нејзин гест или подвиг го нервира и едвај чека да се откачи, за да започне нов живот.

    Ако партнерот изневерува само поради некоја своја лична сатисфакција, поради самодокажување на машкоста или подобар секс, тогаш станува повнимателен кон сопругата/ девојката, кое се јавува како одбранбен систем или страв да не биде откриен.

    Никој не е луд, во мобилниот телефон да го напише во именикот точното име на љубовницата. Најчесто го пишуваат како некое машко име, ако жената чепка, да не се посомнева.Изневерувачите се посебно претпазливи и им паѓаат на памет идеи, за кои ние и не претпоставуваме, но за жал, секогаш тој што е изневеруван или последен дознава, или никогаш нема да дознае.
     
    На bacbac, zhap4e и mims-89 им се допаѓа ова.
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мислам дека нема општи знаци по кои изневерувачот би се разоткрил бидејќи не е секој ист најпрво како човек, а потоа како играч на ваква улога во сопствена режија.
    Прво, има различни категории на изневерувачи кај оние кои докторирале на оваа тема мислам дека само Бог и самите тие знаат за блудните им дејствија. Тие се вешти манипуланти со зборови, можат и детектор на лаги да прелажат камо ли жена која сака да им верува и за нејзина несреќа е уште лудо вљубена, па радо би да се крие во школката на неговите различно обоени шеќерни лаги, отколку да се соочи со црнилата и горчилата на вистината. Со оглед на тоа што ваквите луѓе се и вешти заводници и колдбладид копилиња кои владеат со секоја ситуација тие ги држат вешто уздите и нивната кочија оди глатко низ секаков терен. Овие луѓе се емотивно опасни и деструктивни за сите околу нив, голем дел остануваат трајно неоткриени или па се разоткриваат предоцна, често предизвикувајќи големи шокови притоа.
    Сите претходно споменати знаци се повеќе за не толку вештите изневерувачи, кои се како жабата со кренатата нога гледајќи го коњот како го потковуваат. Тие се вона би вешти, па најчесто се разоткриваат со брзина на светлината, бидејќи не ја владеат умешно вештината. Нив не мора да ги разоткривате, сами ќе се сплеткаат во мрежата на сопствената неспособност.
    Вешт изневерувач без разлика на полот не може да е секој - да не си правиме илузии. За тоа треба да си посебно поткована личност, ако си ќе се носиш со леснотија низ лавиринтите на овој процес, ако не си ќе бидеш фатен на првиот ќор - сокак.
     
    На Saxobeat и julie77 им се допаѓа ова.
  12. Slatko-Malo

    Slatko-Malo Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    12
    А дали би верувале на ова: Имате искусен дечко,кој пред вас имал многу девојки со кои имал односи, а со вас не,а идете 1год.он неможе да издржи без секс.И тие девојќи,неговите бивши ебачици, пак го викаат да иде он кај нив и да имаат секс.Вие го знаете тоа,ама он ве убедува дека не отишол,пошто ве сака вас и не го интересира ниедна друга. :!: Чекам ваше мислење. ;)
     
  13. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    ^^ Колку што има луѓе на светов толку има и различни карактери. Иако во глобала е така, сепак не важи дека сите мажи НЕ МОЖАТ без секс. Но реално, таква им е природата, такви им се хормоните.. Јас лично го обожавам сексот, оргазмот, целото тоа задволство, но од друга страна 1 година без секс би било тешко да се проживее, но би можела. Мислам дека сепак најважен фактор е возраста, колку години имате?
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Работава „он се е*е со сите само тебе те сака„
    Јас лично не верувам дека дечко кој пред тоа имал односи ќе чека некого 1 год. и ќе си го држи во раце само. Зошто? Затоа што тоа им се годините кога се најнапалени, кога сакаат да пробаат се, и кога најважен им е само сексот и што поголемо искуство да стекнат, што поише женски да легнат и тако то... Така да оваа приказна не ми е за верување. Сепак ти испитај си убаво дали вистина е тоа дека те изнневерувал со бившите или е само некој трач.
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Слатко-мало,велиш дечко ти имал односи со многу девојки.Ок,многу е релативен поим.Па сега,за година дена колку го започна дечкото,си го прашала ли колку врски имал,каков му е ставот за секс за една вечер?А,велиш те сака,а не ти бара односи и сте немале,и згора на тоа бившите еб*чици го бараат,а тој едноставно те сака тебе и нема секс со друга,а до нив не му дошло :o .
    Никој да не те лаже,а посебно па машко да е со тебе само од љубов.Не му верувај,земи преиспитај ја работата ,однесувај се рамнодушно пред него и барај докази.
    Изгледа ќе е точна оваа мислата на претходната феминка:Се е*е со сите,само мене ме сака :rofl:
     
  16. zagrizana

    zagrizana Активен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    imam eden problem mozebi zvuci malku cudno no ve molam za pomos, so decko mi sme zaedno recisi 1 godina mnogu go sakam a mislam deka i toj mene me saka. postojano sme zaedno no jas mislam deka me izneveruva iako site mi go velat sprotivnoto a i razgovarav so nego i toj mi veli deka ne e tocno. neznam sto da pravam kako da prestanam da mislam deka me izneveruva ve molam dajte mi sovet....:*
    [mod-kirilica:1hxewmoo][/mod-kirilica:1hxewmoo]
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    А како си ти толку сигурна дека те изневерува? :^) Чуден ли е во последно време, не ти обрнува доволно внимание или? Лошо е ако се работи само за неоснована љубомора и сомневање, тие ја уништуваат врската. Треба да си имате доверба еден во друг.
     
  18. Slatko-Malo

    Slatko-Malo Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    12
    касно ги видов советиве, но сепак фала :D и... работам на случајот :)
     
  19. BlackSwan1990

    BlackSwan1990 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    2
    А мене ми се случи пред некое време да му фатам порака на децко ми на ФБ и тоа во архивирани, зашто типов најверојатно заборавил дека кога стискаш на иксот се ставаат таму. И јас ја цитам поракава,абе се укопав во место,пола саат уста неможев да отворам. Си се допишувале со типкава,значи незнам ни која е,никогаш не ми ја спомнал.Си разменувале броеви,се договарале да се видат и паметниов и пишал: НЕ МИ ПИШУВАЈ НА ФБ ЗАШТО МИ СЕ ПУШТААТ ДРУГАРИТЕ ДА ИГРААТ ПОКЕР А И ДЕВОЈКА МИ СЕКАКО. Не ми се веруваше дека после 3 ипол години може ова да го направи. И упорно тврди дека му била другарка од дете(за која што никогаш јас немам слушнато),демек не се слушнал со неа,не се видел. Незнам како да дознаам дали има нешто меѓу нив.... ПОМОШ ДЕВОЈКИ !!!
    Истово го пишав и во темата Facebook и врска,па очекувам ваше мислење
     
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    А ти зарем го праша дали има нешто помеѓу нив и очекување искрен одговор?
    Не беше доволно што си прочитала да не му пишува на ФБ заради тебе? Не се сети дека веројатно се слушаат на телефон?
    Очигледно е дека има нешто помеѓу нив, а ти додека се трудиш да најдеш докази, може ќе дојде и некоја следна на ред.
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.