Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Знаци дека изневерува

Дискусија во 'Врски' започната од magic, 13 декември 2009.

  1. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Ваљда изладен е спрема тебе, не те бара, не ти пишува пораки, не ти ги причинува малите задоволства во текот на денот кој што ти го разубавуваат ма каков ден, цела недела...
    Јас лично немам доживеано да ме изневерува подолг период, тоа беше само една вечер а и ми призна, не ме лажеше. Тоа ми беше доволно да му простам. :)
     
  2. BlackSwan1990

    BlackSwan1990 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    2
    Ne,se si e isto kako sto si bese porano,i baknezi i dopiri,javuvanja i poraki,se si e isto. Mi gi otvori mejlovite na koi ne im znaev pasvord,mi otvori detalna smetka od mobilniot i nemase nieden mail ni povik od nea.Barem se uspokoiv,no neveruvam za dolgo,pak mi se vrti vo glava toa sto go procitav
     
  3. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=wEQL-_qBYoU

    Еве детални инструкции како да проверите дали дотичниот ве изневерува :)
    И две работи :
    1.Жената знае кога мажот ја изневерува, родени сме со интуиција.Ако не изневерува нема повод за сомнеж, а штом сомнежот го има..има и повод за постоењето
    2.Кога жената ќе постави прашање, да знаете дека однапред го знае одговорот ;)
     
    На resenska, rose60 и fallenangel им се допаѓа ова.
  4. Nenasitni

    Nenasitni Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    36
    Се согласувам за тоа со интуацијата.Ама па и ние жените сме многу параноични.Да речеме на пример јас.Нема причина да помислам дека го правел тоа,ама па пак мисе врти во глава.ПОсебно зашто со од клас девојките со пола од нив бил по близок (со една се има мувано само,ама со сите други фаќано,па дури една и го има задоволувано орално.) ама се ова во 1 и 2 година.јас незнаев за таа дека се мувал,знаев дека имаат прано такви работи ама не дека с емувал.Исеа ми кажа пред некоја недела. коа заврши и знам дека нема никад да ја види пак..или па мн ретко..Ама па пак ме копка тоа сеа и ме нервира.МИ ивка не ми кажал за да не збудалувам (пошо искрено у право е да ми кажел секој ден ке се каравме) :D ама јас сум си лоша по природа,и знае дека ако напраи такво нешто наебал гадно.Ама па пусти страв..и Знам немал кога да го направи тоа зашто е со мене цело време многу ретко искача со друагари..И што оди на тренинг .Ама пак секад има мала доза сомнеж,неможеш во ниокој да веруваш..коа ке мислиш дека ти е најверен баш тогаш ке те изневери.. :D . :devil:
     
  5. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Мое мислење е дека љубомората и сомнежот околу тоа дали партнерот не изневерува не доага само од себе и никогаш не се појавуваат без некоја причина .Љубомората и сомнежот не се недоверба во самите нас туку во партнерот .Најчести знаци дека изневерува неможам да кажам точно кои се но имам забележано дека тие што изневеруваат ги кријат мобилните од партнерите тоа и мојот дечко го правеше далеку од тоа дека јас сум му го зела мобилниот да проверам или сум му го побарала но како велат кој си ја има мувата на капата ...па тој самиот мобилниот си го чува ,ако нема друга да му ѕвони зошто би го криел :?: ,друго ќе лаже излезен ќе бидам со другарите ,за волја на вистината ќе ги сретнете сите негови другари но него нема да го видите со нив и ќе ви биде јасно дека ве лажел или моето последно горко искуство сомнежот дека дечко ми ме изневерува со моите пријателки кое на некој начин 97%се потврдува со само тоа што пријателкиве збореа само за него повеќе отколку јас што зборев за него како ним да им е дечко а не мене ,еве сега раскинавме тие уште зборат за него |( а никој не ги прашал :fubar: |( ништо чудно да зборуеле со него на моб.додека сме заедно а ме лажеле брат ми е |( абе како не ви верувам ја не ве познавам што ѓубриња сте та и вие та и тој дечко што ми бил . :tmi:
     
    На rose60 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. princess92

    princess92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Девојки најдов на една страница како да забележите дали има друга..се надевам ќе ви помогне :*

    ПРОМЕНА НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ

    Има малку време за вас бидејќи се почесто се случува да работи до доцна. Има вонредни состаноци до непристојно време или можеби средби, вечери со клиенти кои сепак ви се сомнителни и за кои вашиот партнер малку зборува. Сето тоа се случува поради тоа што обично тие кои се впуштаат во љубовни превари сакаат што подолго времето да го поминат со својата нова љубов.И после сето ова секогаш има интересна приказна за тоа каде го поминал времето и со кој, за да ве смири,но не секогаш тие приказни се уверливи, а на вашите дополнителни прашања одбива да одговори или долго време смислува одговор.Ако за време на тие мистериозни состаноци не само што не одговара на вашите телефонски повици, туку и после одредено време сеуште го нема да ви се јави...тоа е голем проблем.

    НЕГОВАТА ИДНИНА СО ВАС

    Обично зборува за вашите идни планови,но одеднаш престанува.Зошто?Затоа што можеби повеќе не ве гледа како дел од НЕГОВАТА иднина. Можеби повеќе не е сигурен дали сака да биде со вас бидејќи во неговиот живот постои друга жена.Повеќе не го употребува изразот "ние" туку "јас", се почесто самоиницијативно ги прави работите без да побара мислење од вас, како досега, за плановите во иднина. Почнува да заборава на обврските и плановите за кои оддамна сте разговарале. Тој очекува да забележите дека самиот си е доволен на себе и обично се надева дека ќе ви здосади таквото негово однесување и дека ќе го оставите.

    ТРОШИ ПАРИ ПОВЕЌЕ ОД ВООБИЧАЕНО

    Изневерувањето чини пари. Одеднаш гледате празен паричник без објаснување за потрошените пари.. Тоа е така можеби затоа што тој ги троши неговите пари на друга жена.Нормално е и општо познато дека секој маж кој има љубовница троши пари повеќе од вообичаено.Тоа може да значи дека и купува подароци,ги плаќа вечерите или хотелските соби,викендите поминати во друг град и слично. На вашето прашање "каде се парите?", кога ќе забележите дека ги нема,одговара со несигурност,двоумење, страв или можеби одговара хистерично секогаш со изговор за да ве нападне и да ја префрли вината на вас, а со тоа да си најде изговор на самиот себе за своите љубовни излети, никој не може да потроши пари без доказ.

    ВАШИОТ СЕКСУАЛЕН ЖИВОТ

    Сте немале секс подолго време. Вашиот сексуален живот скоро и да не постои,а сето тоа поради неговите обврски.Тој избегнува да го поминува времето насамо со вас, а секогаш кога сте заедно се однесува невообичаено,и секогаш кога може ги избегнува блиските контакти.Тој во вас не гледа сексуалност повеќе,се почесто го употребувате петингот отколку сексот поради тоа што негова желба и страст станува некоја друга жена. Пробај да го изненадиш со стриптиз или можеби со нова секси долна облека, а ако и тогаш не остане со "подзината уста"..тогаш тоа може да биде проблем. Некои мажи изневеруваат затоа што сакаат да пробаат нови сексуални искуства кои нивните постојани партнери неможат да им ги пружат.

    ЧЕСТИ ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИЦИ

    Дека партнерот ве изневерува може да значат и се почестите телефонски разговори со (за вас)анонимни особи за кои вашиот партнер не зборува многу.Сеедно дали се работи за стара пријателка или за колешка од работа тој упорно го крие тоа пријателство и не сака да ви открива детали за него,а за запознавање не станува ни збор.Доколку вашиот партнер се повеќе време поминува пред компјутерот или го фатите како го исклучува телефонот додека е со вас или ги брише пораките кои туку што ги добил и за секое ваше нелагодување завзема одбрамбен став, тогаш тука секако има простор за сомнеж.

    ПРОМЕНА НА ИЗГЛЕДОТ

    Уште еден знак кој ке ви докаже дали партнерот ве изневерува е промената на неговиот вообичаен изглед. Ако тој почне да купува парфеми, нова гардероба,а посебно долна облека тоа може да значи дека на истиот начин на кој се трудел да ве инпресионира вас, сега се труди да ја инпресионира својата нова љубовница. Загрижувачки е и фактот ако одеднаш почне да посветува посебно внимание на своето тело. Ако стане опседнат со депилација (посебно таму доле) или почне страсно да вежба во теретана, бидете сигурни дека тоа не го прави само за вас. Ако забележите и дека личната хигиена му станува опсесија, односно се тушира се почесто и многу подолго од вас тоа секако е уште еден знак за сомнеж.

    ПОТРЕБА ОД ПРИВАТНОСТ

    Доколку вашиот партнер одеднаш добие потреба за повеќе приватност,тоа исто така може да биде знак за неверство.Тоа значи дека неговиот мобилен телефон.компјутер или неговата телфонската сметка за вас се недостапни. Обично оние кои изневеруваат, од постојаниот партнер бараат повеќе слободно време за себе или поголема приватност за да можат тоа време и внимание да и го посветат на друга жена.Сомнеж може да се јави и доколку вашиот партнер, додека е со вас, го исклучува неговиот мобилен, бидејќи може да се случи да го побара жената со која ве изневерува, или ја напушта собата за да разговара на телефон се со цел разговорот да не биде во ваше присуство.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  7. emily90

    emily90 Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    8
    Штом не те бара и не покажува интерес за тебе 100 посто те изневерува,ако бега од тебе,не е често со тебе како претходно....
     
    На larrachi и wonderful1 им се допаѓа ова.
  8. candygirl

    candygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2010
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    99
    како да познаеме дали не изневерува партнерот?

    како да познаеме дали не изневерува партнерот? па женски слободно споделете мислење? :/
     
  9. diamonds.in.the.sky

    diamonds.in.the.sky Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    196
    како да познаеме дали не изневерува партнерот?

    Па, вака...зависно од ‘‘актерските способности‘‘ на личноста..
    Ако е ‘‘паметен‘‘ (ако воопшто можеме така да го наречеме), мислам дека вооошто не би требало некој да забележи..но, според мене, машките полесно се издаваат од женските, бидејќи не се толку умешни..
    Кога станува збор за дечкото, мислем дека битребало доволно да го познаваш и да ги забележиш тие негови промени во однесувањето..
    Но, да бидеме јасни, кога машките изневеруваат, тоа е малку поинаков случај од она, женското изневерување..кога женските изневеруваат, тогаш мислам дека станува збор за некој вид на заљубеност во оној вториот, за разлика од машките, кои можат да изневеруваат за да задоволат некои свои потреби (мислам на секс)..
    Кога малку би ја погледнале психологијата на личноста, вината не треба секогаш да ја бараме во оној што изневерува..Ако партнерката ги задоволува во целост неговите душевни и физички потреби, изневерување не би се јавило, се додека партнерот е заљубен..
    Наведи конкретни примери, моменти кога неговото однесување те навело да помислиш дека можеби те изневерува. Поздрав :)
     
  10. samovilamila

    samovilamila Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    19
    jas porano bev mn ljubomorna eden prijatel bese so nas a jas sigurna deka bi znaela koga me izneveruva samo mi rece sledime sto ke pravam i pazi mojata da ne doznae nesto za da se uveris sto mozeme nie maskite da napravime.bevme na edniot kraj vo diskoteka on rece ke idam u wc.zamina na dr kraj kaj edni negovi poznanicki so edna od niv zaminaa nadvor se zadrza okolu 20 mini si dojde kako nisto da ne bilo
    zatoa sovet ne se optovaruvajte ako saka on nesto da napravi ili pak vie mozete vo sekoe vreme
    no bitna e doverbata i pocituvanjeto.ako toa go nema u vrskata togas moj sovet e da se rascisti so vreme za da nese trosat godini vo nervozi i provervanje kade e so koj e
    ako veke ne izneveruva
    imam edno pobitno prasanje KAKO DA GO PRIVLECEME KON SEBE?
    kako pak da mu bideme interesni ?koi temi bi bile dobri za razgovor?
    (mojot maz si ide od rabota izmoren i ponekogas voopsto i ne razgovarame za zalse somnevam deka me izneveruva,no imam 2 deca i ne mozam da go sledam za da otkrijam a i da otrkrijam bilo sto pobitno e kako da ne saka kako na pocetok od vrska?pisete ve molammmmmmmmmm
    [mod-kirilica:1bsbee2o][/mod-kirilica:1bsbee2o]
     
  11. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Па веројатно не се јавува, не пишува, и ти кога ќе му се јавиш се однесува ладно, само површински збори, незаинтересиран.. тоа би било ваљда :^)
     
  12. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога ке ме изневери ја го чуствувам тоа и му кажувам зошто??? тој се чуди а ја сум цело време се по напорна додека не ми каже.
    Тоа лесно се приметува,ладен е спрема тебе,вопшто не е заинтересиран за ништо,постојано го рчка телефонот далеку од мене и.т.н
     
  13. MarijaDeLaura

    MarijaDeLaura Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Кои се знаците дека ме изневерува

    Ми треба совет и мислење, имам дечко кој сме точно една година во врска, нашата врска е на далечина, од различни градови сме и постои многу љубомора помеѓу нас и не доверба. Тој веќе по долг период е многу ладен спрема мене, скоро цело време се караме, и одамна чуствувам како да постои некоја друга во неговиот живот но никогаш не можам да го фатам на дело (или премногу добро се покрива, или пак стварно нема нешто такво). Секогаш во последно време кога се караме вели дека има некоја друга и да не го вознемирувам. А утредента као тоа било за да не го замарам. Стварно незнам што да мислам. Ве молам помогнете ми.
     
  14. Troi

    Troi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2014
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    764
    Пол:
    Женски
    Прво разјасни си самата на себе што сакаш и што очекуваш од врската. Ако сакаш да продолжиш со врската, викни го дечко ти и направете еден сериозен муабет, нека ти објасни што и како, зашто го сменил начинот на однесувањето,зашто мисли дека му досаѓаш итн. и доколку и тој сака да се продолжите со врската потрудетесе и двајцата околу тоа, во спротиввниот случај се знае што е одговорот.
     
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Вака сега, секоја жена знае дека партнерот ја изневерува ако не се јавува, ако не пишува, ако брише коментари по социјални мрежи со кои вие го тестирате, ако се однесува ладно и сл.
    Дали партнерот намерно вака се однесува, за да се нервирате и да предизвика љубомора ? Што мислите ?

    Ако партнерот ве изневерува и ако сака да го сокрие тоа јас мислам дека ќе ви посветува повеќе внимание и дека нема да дозволи вие да се чувствувате како да ве изневерува.

    Премногу е очигледно ако не врти, ако не се јавува дека мотка нешто и сам би знаел дека вие ќе се осеќате како да ве изневерува. Мислења, мислења молам :)
     
  16. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    Го избришал коментарот зошто сака други девојки да мислат дека е слободен.
    Можеби нема друга, но не знае да се однесува како што треба. Не ти треба таков дечко мила моја. Мојот совет е следниот - остави го и продолжи си понатаму со друг дечко.
     
    На Youknow му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.320
    Пол:
    Женски
    Зависи до човекот каков е.
    Знам машко што вараат ама со нивните женски се понашаат најнормално скроз, како да ги сакаат кузнае колку.
    Иначе обично сум доста интуитивна, ако осетам дека пробува да ме смота, или ако заборава што излажал, ако брише нон стоп пораки и разговори, ако ја нема истата страст према мене како претходно.
    Обично на човек кога му здосадува изневерува за да ,,смени” малку.Затоа ќе се трудам да внесувам новитети секогаш во врската.Да нема монотоност
     
  18. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Ако телефонот го остава ,,наопачки,, на маса сигурно нешто мати...
    Или ако секој втор ден рано му се приспива.
    Имаше уште многу други случаеви (facepalm)
     
  19. Soyuq

    Soyuq Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    90
    Пол:
    Женски
    Nemate seks so denovi
    Se zadrzhuva na rabota/faks poveke od voobichaenoto
    Sekoj povik mu e od "filip" ili "pogreshen broj"
    Ne saka da izleguva so tebr tolku chesto...
    .
    ..
    .
     
  20. Dekoo

    Dekoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    769
    Пол:
    Машки
    Ја го превртувам телефонот наопачки скоро секогаш. А на сајлент ми е последниве 10 години сигурно.

    Не значи дека матам нешто, него дека кога седам со некој на кафе, нејќам да ми одзема телефонот внимание пошто е најсељачко
     
    На Pixi5, poenta, Celltica и 7 други им се допаѓа ова.