Не ми е битно дали е невин или не, повеќе би ме интересирала бројката на партнерки пред мене. Не дека осудувам, него мене не ме привлекува таков дечко што спиел со пример над 15 девојки.
Многу ми значи да не е скинат, нејќам да ми го одземе друга тоа што ми припаѓа мене (или како и да беше реченицата во една тема слична на оваа што имаа напишано) Не е убаво а мажиња??
Се потсмевате со невиноста, ко небаре таа е битна само од морално-етички и верски поглед. Ама, се забораваат и физичко-физиолошките проблеми. Секое полово општење со нов партнер, во реалноста значи размена на вируси, бактерии и габички... Секој нов полов партнер - зголемување на колекцијата од СПБ! И после плачки - ми открија ваков и таков ХПВ, ама јас само со толку сум спиела, сопругот само со онолку...
A od kade moze da go znaes tocniot broj na partnerkji sto gji imal nema nacin da proveris moze da ti kaze sum bil I so 1 I so 2 a on da bil so 15 primer?
Стар рецепт од баба ми: Ќе ставиш луто пиперче на половиот орган (на твојот) и кога ќе го стави ако не го пржи искусен е, ако го пржи и почне да плаче аматерче е. Па за смеење е богами
Мислам оти овде се зема в предвид само еден аспект - перцепцијата на партнерот кон бројот на сексуалните партнери. Тотално се согласувам од здравствен апсект, но не верувам дека некој партнер се грижи за тоа, идентично колку и за бројот, што мислам дека е поврзано со менталитетот. Пример јас не знам ни еден маж од другарите или претходните партнери да одат на редовен преглед (бар 1 годишно) како ние на гинеколог, ама затоа бројката на партнерката е важна и пресудна за начинот на кој ќе те гледа парнетнерот. Никогаш не ми се случило некој да ме праша здрава си пред да имаме секс, затоа ме има прашано кој по ред ми е (јер је тоа круцијално ) Темава е во насмевка како што можете да видите за да го возвратиме ударот на мажи кои во темите за женската невиност пишуваа не сакам искористена, обработена девојка небаре се збори за крпа или нива.
Не се потсмевме со невиноста, туку со машката глупост. Нема ништо смешно во невиност, не е темава за исмевање невиност, туку глупавите муабети што ги прават мажите околу таа тема.
И крв на чаршафи да има по првиот однос ако нема , го враќам во фабриката , ќе се жалам и оштета ќе барам . А да , и да го боли губењето невиност . Ако не го боли , лажира .