Ја ставив темата во Политика, затоа што моментално и тој известува за актуелните политички настани во државата, ама на малку поинаков (сеирски) начин. Кај него се помалку застапени анализите (за разлика од Васко Ефтов), а повеќе трачевите (што можат да бидат и вистина). Го следам на фб и има интересни дускусии. Добро е што не држи страна многу, многу, ни е за едните, ни за другите. Што мислите вие? П.С. Ми беше одвратен кога излезе со изјавата за Тоше Проески, ама ми станува се' поинтересен Повелете на дискусија
И јас го следам на фб и ми се допаѓа што нема "влакна на јазикот". Не знам дали тоа што го пишува секогаш му "држи вода", ама интересен е за читање. Ако ништо друго, од него научивме дека и политичарите се обични смртници како нас (од љубовни афери до јадење ќотек ) Не сум ни за едните, ни за другите, ама мислам дека колку што се СДСМ глупи, толку се ВМРО злобни. А што е полошо не знам...
Не го следам баш, ама го почитувам. И него и сите што не се продадоа за евтини интереси, и што наспроти сите закани со коишто се соочуваат и понатаму пишуваат контра позицијата. Респект!
Тој ниту е новинар ниту ништо за да работи истражувачко новинарство. Како прво такви глупости, лаги и навреди има пишувано во некои негови статии за лица кои што немаат врска со тоа што ги поврзува значи сите граници ги има поминато, одвратен. Од друга страна ако е чист и неповрзан со никого од кај му се тие документи што ги плеска секој ден. Значи не го почитувам ниту 1% тој и Саше Политико ми се на исто ниво. Нула Еднаш една пријателка на фб му пишувала нешто за некој натпис оти греши и тој два дена и пишуваше после пораки, ( сељанко, сакаш ли да те работам, носиш ли опинци ) ех дали го чува муабетот и реков тогаш принт скрин да направи.
Помеѓу Политико и овој, разлика не гледам. Уште од кога почна со она - Тоше е жив, па сега за кој со кого се плескал, што да речам... маалска алапача. И јас знам за тие закани од него и муабети на девојчиња од типот, сакаш ли да ми го видиш, ама чоекот е недоветен и не треба да му се замерува. А новинар е исто колку и Саше, ни школо, ни знаење, ни памет, само на ФБ си пишува кој со која спиел, за мене тоа не е новинарство.
Мило ми е што има различни мислења. Сакав само да напоменам дека никаде не напишав дека е новинар, темата е што мислите за неговите изјави, бидејќи јас мислам дека колку и глупости да пишува, во сето тоа има и нешто вистина. На крај краишта, ние сме сеирџиски народ и гледам се' повеќе народ го следи.
За новинарската работа на З.Б. знам од периодот кога тој работеше како радио-дописник од Куманово. Од тогаш, не знам каде се имал ангажмани затоа што не го следам на интернет-порталите, но на него се сеќавам како на личност со остри и директни написи пропратени со вулгарна комуникација.
Народот наш од секогаш сакал да оди по циркуски представи, наместо во театар, концерт или пак на балетски представи. Мислам дека сите тие луге кои што се одлучиле за аматерска политичка кариера(новинари, полуновинари или ванабе новинари) се харизматични и храбри личности. За тоа и за храброста, индиферентноста да не се сеират со нив, им симнувам капа. Лично не би можел тоа да го правам, ниту пак би, да се помирам со фактот дека половина од лугето ке кажат "Види го бе филмов на будалава екпонирана како одработуе за партијата".(затоа што во Македонија си или со опозицијата или за позицијата). Во секој случај, кул се и забавни.