1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зоран Заев - нов лидер на СДСМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Plavusa.17, 2 јуни 2013.

  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Зоран Заев е новиот лидер на СДСМ. Мнозинството од делегатите на 14-от Конгрес на СДСМ одлучи дека тој е вистинсиот избор да ја раководи опозициската партија. Заев доби поддршка од 395 делегати, Зоран Јовановски доби 137 гласа, а Кире Наумов 15.

    Заев во своето обраќање вети дека со него како лидер, СДСМ ќе ја победи ВМРО-ДПМНЕ.

    „Со мене како лидер на СДСМ ќе го декласираме ВМРО-ДПМНЕ“, рече Заев.

    Инаку, Бранко Црвенковски, остана на ветувањето и не прифати да биде кандидиран за претседателската функција.

    Претседателот на иницијативниот одбор, Наум Буревски, го напушти Конгресот, бидејќи како што изјави, зад иницијативата Црвенковски да остане лидер, застанале 30 илјади членови на СДСМ.

    Излагањето на Кире Наумов, беше во полупразна сала бидејќи дел од делегатите, ја напуштија просторијата.

    Инаку за познавачите и присутните на Конгресот, ситуацијата беше јасна уште од почетокот на денешниот ден, кога во „Холидеј Ин“ Црвенковски влезе во придружба на Заев и Јовановски, а Наумов влезе сам.

    Зоран Заев ќе седне во жешкото столче на Бихачќа, каде што го чека многу работа и обврски, пред се СДСМ да ја направи партија во која нема да има елитизам и поделби и ќе биде вистинска опозиција на власта.
    http://a1on.mk/wordpress/archives/158928
    --------------------------------------------------------------------------------------------------------

    Откако се откажа Игор Ивановски (за кого јас навивав), верував дека Кире Наумов како најпаметен меѓу кандидатите ќе стане лидер и конечно партијава ќе живне затоа човекот е стварно на место. Подобро Бранко да си останеше.

    Ваше мислење? :)
     
  2. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Не дека бев нешто преокупирана со партијава и нејзиниот избор за лидер, ама покрај таква фама по телевизииве не можеше а да не се обрне некое внимание тоа. Според мене најдобра опција беше Кире Наумов ама ете, изборот падна на Заев, најлошата опција од кандидатите по мое мислење.
    Меѓутоа, тоа си е нивна партиска работа а и сами си ја донесоа одлуката. Дали згрешиле или не останува времето да покаже.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.201
    Пол:
    Женски
    Аууууу, колку голема промена направија. Полтрончето на Бране сега ќе ја води партијата.
    Искрено разочарана сум од членството на СДСМ, никако да соберат храброст и да направат драстични промени кои и тоа како им требаат. Жално и за нив како партија, ама и за Македонија бидејќи со ваква опозиција овие на власта владеат како шерифи. :(
     
    На Dea8, vinozito1, Anon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Добро што го тргнаа бранко..доста беше циркус..
     
    На Dea8 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Иако воопшто не ја скам идеологијата на сдсм, ми се допаѓа работата на Заев како градоначалник. Како лидер на сдсм ..хмм... мислам дека Бранко лесно ќе манипулира со него така да незнам дали воопшто ќе може самиот тој да влијае врз сдсм. Во секој случај вреди да му се даде шанса на човекот, а секоја промена кај сдсм е повеќе од добредојдена.
     
  6. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Уште еден доказ дека нормална опозиција во скоро време нема да имаме.
    Бранко си остана лидер на партијата, тој се тактички прави па и ова е дел од неговата тактика за власт. Се знае дека Заев нема да носи самостојни одлуки затоа што е полтрон на Црвенковски и повторно едните исти сценарија и циркуси ќе ги гледаме. А имаа шанса да се подобрат ама повторно Бранко ги заеба.
     
    На PussyHunter и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  7. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Ова веќе ми се допаѓа. Многу градоначалници од ВМРО можат вода да му носат на Заев и Струмица. Мислам дека ке биде многу добро,и не ми кажувајте дека секоја промена е добредојдена,или си од една партија или од друга.
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ickovska

    Ickovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    94
    Ја не знам дали кујната на дпмне толку брзо проработела или навистина народот верува дека Заев е полтрон на Црвенковски. Сите оние кои барем малку ја следеле политичката ситуација изминативе години во СДСМ би требало да знаат дека Заев и Шекеринска многупати јавно го критикувале Бранко. Во 2008 Шекеринска дава изјава дека членството ќе се одлепи од Бранко и ќе ги врати интелектуалците во партијата. Она дури не ни сакаше да свика конгрес на кој што Бранко ќе се врати. Заев за фокус во врска со враќањето на Бранко има изјавно дека он не може да ја воскресне партијата. И последен доказ за тоа дека овој двоец не се согласува со неговите политики беа локалните избори каде што го критикуваа отпорот и сакаа уште од прва да се оди на избори и да се вратат во парламентот. Верувам дека Заев под влијание на Шекеринска ќе направи големи промени.
     
    На The-Queen, Antula и silk им се допаѓа ова.
  9. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    И по Бранко, Бранко... барем сега од позадина. Ќе си ужива човекот во пензија и на раат ќе си ја тера партијата, а ќе пушта други да даваат изјави. :D Мој фаворит за победа беше Зоран Јовановски зашто стварно мислам дека човекот е кул, нема никаква афера, корупција, криминал зад него, ВМРО ќе не можеше да прави негативна кампања како за БЦ. Сега за Заев пак ќе имаат доста рекламен материјал, ама ако нека живеат телевизиите од нешто. :D Заев беше аболициран од БЦ додека беше претседател, малку ли е тоа за да се види дека Заев ќе зависи од БЦ. Во секое време екс-папата ќе може да му каже дека тој му дал слобода и живот со тоа што не го оставил да гние во затвор или во најмала рака да се правда во судница. Заев е обележан, сакал да признае или не. Тоа што БЦ го ослободи од гонење, изјавите дека ќе јаде живи луѓе и дека ќе има пукање за изборите и дека од чистачка до директор само СДСМ-овски луѓе ќе вработува се доволни работи за да ВМРО пропагандната машинерија го сомеле. :) Башка човекот е од Струмица, градоначалник е, ќе нема толку време за двете функции, Шеќеринска и Бранко ќе му ја водат партијата. Работава е сјаши Мурто да узјаше Курто. :D Само рокада направија, додека тимот останува ист, исто како во шах каде што кралот се штити со рокадата хаха. Just saying my opinion girls, не значи дека сум во право, само времето ќе покаже.

    Немаше никакви шанси Кире Наумов и сам беше свесен за тоа. Не е толку глуп да сфати дека не може да ја добие поддршката од делегатите од причина што не е на некоја видна позиција и долго го немаше во партијата. Во секој случај добар публицитет си направи, тоа му беше намерата. :clap:

    Апсолутно, баш тоа што и јас го мислам. Ова е само мачкање очи пред јавноста демек ете нешто се работи, имаме нов лидер, ама и натаму сме истиот тим. Шеќеринска со најголемиот пораз во 2008 год. ќе се нуди како решение со Заев за спас на Македонија хаха. Тоа ли е реформа? [​IMG] Во секој случај БЦ делува доста посмирено и попаметно после изборите, и он сам сфати против Грујо не се може така лесно. :D Добро е што се повлекува зад сцената, да не се бламира повеќе јавно, ама од друга страна таквите играчи се најјаки, behind the scene. Ако се ослободи Заев од притисокот на БЦ и неговата желба да му шефува на "помилуваниот", тогаш можеме да го видиме СДСМ во ново светло. All eyes on Zaev. :D

    http://www.youtube.com/watch?v=W6S7dAsIzIU
     
    На SimplyElegant и manja666 им се допаѓа ова.
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Ц Ц Ц аххх оваа нашава македониичка, уште што не видовме...
    Патриототското ВМРО амнестира убијци албанци...
    Бранко со Љупчо прднаа у иста тиква за локални...
    И најново НА ЧЕЛО НА СДСМ ЗАСТАНА НАЈГОЛЕМИОТ СЕЉАК...

    А бе убаво се што го избрале, ама Заев некако не ми одговара како за претседател на СДСМ. Ако сум подржувач на власта, сепак сметам дека во СДСМ одсекогаш биле учени луѓе, луѓе со речник што дури и кога ке направат некој кикс во изразување (како фрчко) пак знаат како да се извадат. Овој заев некако ми го нема профилот на Социјалдемократ.

    За градоначалник колку го бива не знам, само знам дека на циганите у струмица толку многу права им даде што дури од други градови идат цигани за да се населат во струмица. Градот стана Мека и Медина за цигани ама што е важно, битно тој си ги зема гласовите.

    За тоа колку му е верен на СДСМ не сум сигурна. Струмичани знаат дека заев беше спремен да излезе на локални и без СДСМ. Не за џабе неговите изборни плакати се разликуваа одоние на СДСМ. На ниеден плакат не го видов заев во борбениот стил на СДСМ со тупаницата. Значи тој си бил спремен со матријали со се да си излезе на локални, арно ама Шефот што го аболицира му се заканил настанала кавга и се повлече заев.

    И што може да се очекува од човек што ке јаде живи луѓе и што ке пука??

    Јас ако се прашувам,Радмила е најдобра таму ама нели му се клања на Шефот со години па затоа се повлече. Штета што членството на СДСМ низ годините не ја подржа оваа жена онолку колку што треба, милам дека таа можеше да направи нешто од партијата.
     
    На manja666 и PussyHunter им се допаѓа ова.
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    ...господе помогни им... :lol: само толку ќе речам
     
  12. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Кеф ми е за Зокиов нека се порадува малце нека си осети на своја кожа :lol: :lol:
     
  13. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    , :^) ,,,секоја промена води кон полошо или подобро...мислам дека Заев е личност со умеења и вештини,визии,претставителен,амбициозен....времето ќе покажи.... :^)
     
    На Antula му/ѝ се допаѓа ова.
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.505
    Допаѓања:
    144.209
    З.З вечно ќе биде жртвено јагне на Б.Ц ;)
     
  15. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Исто и многу млади луге, како што се и ке бидат со Грујо...
    Не рипајте одма,не дека Бранче нешто сторил веке нема ни да го коментирам тоа,ама сега како се лажи народов на големо..да гледа некој од страна ке речи: Господе помогни им.. Xaxa
     
  16. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    Со Заев има два момента
    1. БЦ го држи во рака. вака или онака, дали он му се спротистваувал или не....па тој никогаш јавно и официјално го нема тоа направено. Туку се несакајќи, притоа извинувајќи се и повлекувајќи ги изјавите. А успут со аболицијата...до смрт ќе му е должен
    2. Не можам баш многу да верувам ама некако наивен ми е. Толку фален човек, додуша стварно за Струмица има направено, а така лесно да лизнува на новинарски финти и трикови, избрзано, неизмислено......некако не ми баш соодветно за човек кој треба да биде лидер на најголемата опозиција

    и уште нешто
    дај бе Заев и ти и Бонева искоренете го струмичкото во зборувањето, смешно звучите

    Со среќа, па да е за арно. Конструктивна опозиција секому му е потребна, па дури и на власта
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Толку е смотан, што ја да му се јавам сеа ќе ми ги каже сите тајни во партијата :rofl: пропаст.
     
  18. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.489
    Допаѓања:
    8.284
    Пол:
    Женски
    Zаев не требаше да се кандидира за претседател на партијата,но ете бидна :) .Jас си го сакам само како градоначалник на нашиот град,оти партиски не сум определена :D
     
  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Тешко сељаче - го опишува Заев во најкратки црти.
    Од кое село е искрено петичката ме здоболе. Исто така тоа што стана претседник на СДС ми е битно ко за ланскиот снег што се загрижив.
    Го слушав вчера на МТВ и гледам уво не го боли што така дебилски се избрука во неколку наврати и налепени му се толку етикети што типов не заслужува да биде наречен лидер на партија, предводник на опозиција.
    Нема срам ни за пукањето, ни за живите луѓе, не знам што не ги изеде досега, или сменил мени. :^) Што Бранчета му го спаси животот, но не и достоинството, гзолижач е на папата и никогаш нема да биде вистински лидер, затоа што сељачкото во него има пуштено такви корени да години и години во политика не ќе можат да го сменат.

    Кикирика е во право, овој е далеку од оној вистински профил на сдс-овците. Бесрамен е можеби единственото нзс.

    За неговото царување во Струмица јас немам што да зборам пошто не живеам таму, ниту се соочувам со локални проблеми и сл., но за мене Струмица доживеа најголема (позитивна) промена за време еден градоначалнички мандат.

    Ајде сите во еден глас, рас два три и!

    http://www.youtube.com/watch?v=Mqp20iAhsM0
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.176
    Допаѓања:
    235.049
    Го опишувате Заев како тешко сељачиште, ама на волја на вистината тоа сељачиште испадна поспособен од илјадници градски фраери кои станаа политичари.
    Делува како прост политичар, не се истакнува со којзнае какви ораторски способности, ама затоа работи и се грижи за граѓаните на Струмица.
    Народен човек е, кој постигна многу. За него зборуваат делата, вие плукајте го слободно.

    Ќе јадел живи луѓе, ахам, Грујо веќе не изеде, зарем нешто остана? :^)
    Промената е добра, а дека е марионета на Бранко не би рекла.
    Зоран Јовановски беше фаворитот на БЦ.
    Колку за споредба и Грујо е прост политичар, сељак, кој не го знае ни значењето на зборовите, а владее со години.
    На нашиот народ му треба политичар од ваков калибар, да го разбере народот, оти кај нас живее прост и неписмен народ.
    Аболицијата, пукањето, се само уште една анти реклама на Вмро кој како што гледам делувала.
    А и на темава само подржувачи на власта, па и коментарите сосема очекувани.
     
    На Golden, Contradiction, MeSofija и 7 други им се допаѓа ова.