1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зоран Заев - нов лидер на СДСМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Plavusa.17, 2 јуни 2013.

  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    97.907
    Пол:
    Женски
    Не знам што направил за Струмица,со години не сум била таму.Ама тоа и не е битно ,битно е како сега ќе се постави во улогава.Не знам, мене човеков ми нема харизма,некако празно ми делува.Од каде имам ваков впечаток немам поим.Искрено човек кој не знае да склопи една проширена реченица,како ќе ме убеди ,мене,тебе...дека нешто ќе направи.И цело време ќе го влече Бранко,кој сигурна сум дека ќе владее преку неговата сенка.Зашто тој да не го аболицираше сега ќе беше во Шутка,Идризово или кој знае каде.Значи не навлегувам во тоа како и што правел,ама да влезеше во притвор излегување за едно 15 години.И не знам како може да се носи со таква флека...или мозокот му е исперен или нема карактер.
    Како и да е ,ако ја поправи заспанава опозицијата,секоја чест.Тогаш ќе кажам ,ја заслужил функцијава.Секој заслужува шанса.
     
    На manja666, Plavusa.17 и duffi им се допаѓа ова.
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Фактот што така убедливо го избраа овој амнестиран криминалец за претседател на нивната партија со тенденција на пропаст, кој единствената работа која знае да ја врши добро е градоначалничката функција, ми зборува дека членството не сака или не знае да ја опраи партијава. Не гледам надеж за нив, барем не во скоро време. Со среќа нека му е на Груевски, му се може коа нема достојна конкуренција и уште долго ќе си тера.
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Бранко ваков, таков, никаков. Заев немал харизма. А Грујо наш една харизма што има, ма пука од харизма |(

    Факт, кој и да е од беше, немаше да ви биде по кеиф. На секој мана ќе му најдевте, со исклучок на неуспешно инсталираниот Кире Наумов, за кој и врапчињата на гранките знаат дека е обид за вмровска инсталација во врвот на СДСМ.

    Јас сум за да му се даде шанса на Заев. Се покажа како добар градоначалник, приземјен, народски човек. Плус и од кандидатите кои беа предложени на конгресот, мислам дека Заев е баш онака полн погодок ;)
    Малку ми е наивен и премногу искрен за политичар, некако неискварен ми делува, па мислам дека тоа ќе му одмогне, зошто во политиката треба да си прљав играч, ама да се надеваме дека ќе се снајде :)

    Му посакувам успешна работа и во најскоро можно време да го симне Грујо од власт.
     
    На dragan4eDR, bubamara12345, Contradiction и 5 други им се допаѓа ова.
  4. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Во контекст на ова сакам да напоменам дека искрено јас иако сум поддржувач на власта сепак сакав социјалдемократите да изберат некој кој што потполно ќе ја реформира партијата, кој ќе истакне некои нови лица кои до сега биле во позадина, па тогаш реално може и ќе сменев определба затоа што знам дека Грујо и компанија не се цвеќе за мирисање ама сепак кога би бирала помеѓу нив и Бране, Шекеринска, Заев и Фрчковски сепак сметам дека гласам за помалото зло.
    До некаде очекувано беше да се избере некоја марионета на Црвенковски, не за џабе Заев пред изборите буквално му лижеше газ на Б.Ц и иако имаше сигурен мандат тој одби да учествува на изборите, сценариото кое што се случува сега беше јасно уште од тогаш.Едноставно Бране има преголемо влијание во таа партија и ќе има додека е жив така да што ќе им свири он, тоа ќе играат.

    Според мене погрешија и тоа многу. Без разлика на тоа дали бил сељак или не што реално и не е толку важно. Мене човекот ми е глуп и делува неписмено за разлика од предходникот негов Бране во неговите најсветли моменти од кариерата. Човек со толку скандали и непотребни изјави кои што како што кажа Плавуша и јас сега да му се јавам сите тајни ќе ми ги каже, човек со досие и денови поминати во затвор, е таков човек едноставно не го гледам како премиер. И неможете вечно да се вадите со тоа дека Вмро му ги подметна тие скандали кога тој самиот паѓа на провокации и од неговата уста излегуваат такви небулози кои што ниеден политичар не треба јавно да ги каже. Башка што се гледа по последниве избори дека популарноста на Заев драстично падна, неможе вечно да се живее на стара слава само затоа што во еден маднат ја изградил Струмица. На крајот на краиштата мене тоа ништо не ми значи и не ми е никаков показател ни мерило за успешен политичар и дипломат.

    Во глобала ништо не се смени, едните исти ликови се, а на народот му е смачено од нив. Е сега вие што сте поддржувачи на опозицијата не сакате да го прифатите тоа. Очигледно е се додека Бранко е во позадина и ги контролира сите, се додека Фрчко ќе биде еден од тие на кои треба да се восхитувам во таа партија, а Заев ќе ни биде потенцијалниот премиер, е се до тогаш мојот глас а и на мнозинството од народот нема да отиде на контото на Сдсм. Мислам дека со ваква постава во партијата следните избори ќе им биде нај катастрофалниот пораз кој што ќе го доживеат.

    На оваа држава и треба нови лица, освежување, надеж дека ете овие сега може и ќе променат нешто. Сега за сега од оваа партија не нудат такво нешто. Само сплетки, скандали, изгубени избори и промашени политичари кои што еднаш за секогаш треба да ни направат услуга и да се тргнат од политика.
     
  5. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Многу погрешни информации изнесуваш Мања. Посебно ова болдираното.
    Како воопшто можеш да кажеш дека Заев се откажал од сигурен мандат?!? Очигледно вие го слушате само она што се изнесува јавно и строго преку ТВ Сител.
    Па Заев и вашиот Циц беа први поборници за одење на избори и отсапување од бојкотот, зошто знаеа дека сигурно ќе добијат мандат. Тука започнаа и нивните конфронтации со БЦ.
    Бранко и крилото околу Бранко(а тука не беа Заев и Циц) беа доследни на идеата да се остане доследен на отпорот и да не се оди на избори се додека не се осигураат дека изборите ќе бидат фер и демократски и дека државните пари нема да се злоупотребат за изборни гласови.
    На една конференција на СДСМ Бранко изјави дека и покрај притисокот од одредени актуелни градоначалници(сама погоди кои градоначалници), тој се надева дека ќе се задржи единството во партијата и дека нема да се оди на избори. Читав низ нетов изјава на БЦ во која вели дека на вакви избори(недемократски) освен Струмица се друго виси на конец, што еве се покажа и како точно, зошто видовме дека и Куманово не било толку сигурно ко што се надеваше Циц. За жал надвладеа лобирањето на крилото на Заев и Циц, се отиде на избори и сите знаевме што се случи.

    Настрана сето ова, да пишете дека Заев делувал како глуп, неписмен или сељак е во ред, ама ако државата ни ја водат некои кои се сосема спротивно на сето тоа. Вака, со овие што ни се на власт моментално, таквите муабети ви се и повеќе од смешни. Да бараш харизма(а мене еве Заев на пример ми е баш харизмаатичен, можда не толку колку БЦ, ама има некоја харизма), а да си подржувач на нехаризматичен политичар е контрадикторност само по себе.

    Туку за друго свратив во темава, за да пишам дека работите ќе испаднат исто ко што очекував.
    ВМРО ќе бара повлекување на БЦ, а после кој и да дојде на негово место ќе го направи марионета на БЦ. Политиките на ДПМНЕ и натаму ќе се потпираат врз црната кампања за БЦ, па не Заев, ма Свети Заев да дојдеше на чело на СДСМ пак Бранко ќе беше крив. И секогаш ќе биде крив, зошто власта преку партиските медиумски мегафони многу лесно успева да го испере паметот на народот.
     
    На green.eyes и JuLleE им се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Ќе се изјаснам со објективен став, зашто не сум на ничија страна буквално.
    Навистина нема да коментирам дали Заев бил прост (сите се тешки простаци) или неискварен (СИТЕ политичари се покварени), какви му се навиките за јадење манџа и слично.
    Штом Струмица толку го сака и го избраа за градоначалник повторно и повторно во време на општо владеење на власта, значи мора да има нешто, мора да прави нешто како што треба.

    Времето и тој самиот ќе покажат како ќе се снајде, искрено не очекувам некое чудо, НО добро е што работите се мрднаа од мртва точка, затоа што откако сум родена имам чувство дека слушам само исти имиња во Парламентот и опозиција и власта, меѓу кои беше лицето Б.Ц. Навистина сè си има крај и мора да постои нов почеток.

    Браво за тој чекор, го поздравувам, зашто на пат сме да станеме ко Куба и Зимбабве, заглавени со истите водачи, години и години... па ако не ги бива бе, смени ги.
     
    На angelina1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Првото да, второто да, а третото е чекај да се изнасмеам :rofl: :rofl: :rofl:

    тој криминалец што дооооооолга робија не му бегаше да не го спасеше Бране, е неискварен? Што ќе јаде живи луѓе е неискварен? Барем ти од правен аспект треба да знаеш дека е искварен, и тоа многу. Само е премногу прост, смотан и не знае да се сокрие.

    Ве оставам веќе вие да коментирате, ја бегам да не ме изеде :x
     
    На VIN.diesel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Мене најискрено жал ми паѓа за луѓево Вмр-овци. Па дали еден салам човек (обичен) остана нормален без вцрвенети обравчиња(од полето) во таа партија незнам. Не, ако вас досега никој не ве изел (стварно не сфаќам :? ) за натаму, не се секирајте па посебно од Заев.
    ПРВО - За Бранко од што ве изварал на сите можни начини природно е да барате некој понаивен и по фин
    ВТОРО - За Заев викате дека и тој од наивност ке ве изварал, зрачел со глупост, и он не ви чини
    Јас ке ве замолам најискрено,не ги слушајте многу од дома што ве лупаат по зидови за да гласате за гореспоменатата партија слушајте се самите. Не мора ни да гласате. Некои луѓе не заслужуваат ни најобично право на глас...
    BoaVista - АМИН..
     
  9. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Направил за струмица??

    Аманте луѓе колку пати сте дошле да видите??
    Сме го избрале пак за градоначалник?
    Да, ама отворете резултати од избори да видите ...
    Сите села во стумица (каде живее македонско население) Заев губи со огромна разлика. Во градот за него гласаа тие 7-8 000 цигани и членовите на сдсм.

    И по логика за кого има направено? За циганите што од цела македонија се доселуваат во струмица оти им вети станови ке им гради??

    И тоа едвај победи... Од кој? Од Пишев (што е 100 пати поголема вошка од него)? Да беше од некој посалам кандидат ај, ама од пишев беее ....

    А овие од селата македонците па нека си ја чукаат главата...

    И после ова дефинитивно паѓа гласот за СДСМ дека во таа партија се само учени, културни, писмени луѓе.

    Да, како градоначалник има направено неколку проекти добри за градот, ама тоа не ветува дека ке биде добар лидер на партијата, сепак се тоа мнооогу различни функции.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.165
    Допаѓања:
    234.932
    Плавуша од каде заклучи дека е криминалец кога не се докажа дека е виновен?
    Знаеш невин си додека да се докаже спротивното.
    Пресумција на невиност!
    Еве како правник ти кажувам.

    Друго, се држете дека го следеле скандали и афери.
    И Груевски го следат па упорно го гласате.
    Овде зборувате за криминал и афери, а го заборавате проектот Скопје 2014.
    Вашите коментари воопшто не се разликуваат од оние на Латас.

    Инаку не сум подржувач на опозицијата, ниту сум Сдсм-овка, повеќе корист имам од Вмро (мислам на материјална), ама и покрај тоа не сум заслепена и гледам што се случува во државата.
    Заев и Радмила се политичари кои особено ги почитувам пред се заради нивната работа, а не заради партијата.
    Кои села, мислеш на оние кои се под општина Василево?
    Од инает зборуваш дека ништо не направил?
    Епа тогаш прошетај се во неколку други градови од Источна Македонија, каде што градоначлниците се од редовите на Вмро и ќе видеш што тие направија.
    Народ веќе нема, а не пак да се направи нешто.

    Многу често сум во Струмица, не е битно на кој начин сум поврзана со градот, но доволно сум запознаена како е избран и зошто е избран.
    А и немора често да одеш во Струмица, доволно е само еднаш и доста ти е.

    На Вмро најсилен аргумент и е дека Заев победи од Ромите. Ако тешејте се :D .
    Туку што толку ви боде очи Заев?
    Ако е прост, сељак, криминалец, тогаш нема потреба од страв и паника, ама сепак не ви е сеедно
     
    На swrcii, anuskaNESTLE, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Смешното овде е што кога го критикувате Грујо, одма некој Вмровец ќе ви врати - Шо бе, Бранко поарен да не е. Така и вие овде, Грујо да не не е сељак, да не е Грујо похаризматичен. :rofl:
    Вечито за двајца ќе се збори, затоа ни Заев нема никогаш да пркне од нечија сенка пошто Б.Ц си ја смета СДС за своја вукојебина со која си игра курташак ко деца со колички.

    Дали бил најправ избор - сумљам, дека бил најблизок со Бранче - тоа е точно, па оттаму кој го сака Бране, тој ќе го поддржуваат сите. Темава не е само за членството и симпатизерите на СДС, секој може да пише овде, тоа што веднаш мешате Латаси, матаси, Сител и срања е само доказ дека здрава дискусија во категоријава немало ни ќе има.

    Неискварен :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На kikikikirika, sesilija, manja666 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.165
    Допаѓања:
    234.932
    Лил па мислењата воопшто не се разликуваат од говорите на Латас.
    Дискутирајте со други аргументи, а не со приказниве на Сител.

    Туку кај пак заглавив на темата, кога цело време ќе се вртиме во круг :D .
    И така се ни е розово, убаво, џебот полн пари, па ќе бистреме политика овде.
     
    На bubamara12345, Edie.S, BoaVista и 2 други им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Искрено од градоначалниците, неговото име меѓу првите ми влезе во уво. Мислам дека нема градоначалник со толкава поддршка.
    Народов го сака. Една колешка Струмичанка не познавам шо зборела лошо за него. И сите после студии си се вратија во СР таму ги чекаше работа. Јас толку знам. Нека му е со среќа иако не сум за СДС со надеж дека ќе биде таков за сите.
     
    На hermosa, perlaa и JuLleE им се допаѓа ова.
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Имам пишано дека не пратам ТВ последниве неколку месеци, со тоа не ни можам да ви ги парафразирам ставовите на Латас како мои мислења, за мене Сител и Телма, Курир и Либертас се исто срање од двете страни, тотално преобратени послушници и жалосно е да се каже дека се новинари.
    Не им верувам на ниедна телевизија/весник/страна, ако вие тоа го практикувате, не набедувахте други. Имам доволно акал во главата да ги резонирам работите, и не се лупам во гради дека едните се најдобри, а другиве се од лошо-полошо, ко поголемиот дел овде.

    Али сфаќам, затоа и одбивам да пишувам во категоријава оти попрво очи ќе си извадите, ќе исплукате и етикетирате некој, ќе го навредите на секаква база, партиска или интелектуална.
    Ко што е во реалноста, така е и овде. Ко на слава кога поднапиени мажи се рчкаат Што направија тие, не вие што направивте.
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Боа отвори резултати. Види Куклиш како гласал... Реално да правиме муабет, Заев победи да, и заслужи затоа што е подобар од Пишев ама и самиот се надеваше на многу подобар резултат. Сите очекувавме разлика од најмалку 3500 гласови во најлош случај.

    Го направи Заев за струмица тоа што го прават и сите градоначалници моментално во македонија, паркови, игралишта повеќе мачкање очи а помалку капитални инвестиции. А каналот што го бае оти ке го прави кај е? да го направеше немаше мака да мачиме со поплавите годинава, едвај жива глава извлековме.

    И тоа дека станавме Мека и Медина за цигани, станавме. И многу јасно кога се населуваат од секаде оти ке имаат права. Наши чекаат со години работа, циганката уште недипломирана на педагошки си работи учителка. Ама шо е битно тоа, битно паркот ни го среди.
     
    На missfortuna, Plavusa.17 и manja666 им се допаѓа ова.
  16. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    kikikikirika Се гледа дека си Вмровка. Плукаш на здраво врз Заев И Сдсм. Ако Заев работи така како што работеше и како градоначалник тогаш добро ќе е.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Perlaa кажав дека ја подржувам власта... Ама ете велам подобар е од Пишев??? Оти не ми кажеш ’’Зошто плукаш на пишев а не на заев?‘‘‘ Плукам плукам, да дојдеше да ме видиш сред поплавите како ми беше стемнето од сите да го решеше Али Ахмети проблемот ке го гласав а не Заев.

    И што јас подржувам не е битно уствари за заев правиме муабет ако имаш нешто аргумент да ме побиеш оти не донесе копа гупци у струмица арно ако не немој оффтопици. Ете излезете на пазар во струмица ке видите, се знаат наши цигани како зборат се знаат оние доселените од скоро. И прашај ги зошто се доселиле ке видиш. Ти вика заради Заев. Ај сега де најди НЗС?

    И да, во право си... Заев тек треба да се покаже во СДСМ. Каков градоначалник бил и не е битно. Кажав тоа се две сосема различни функции. Може па и ке биде добар лидер, времето ке покаже. Јас не реков дека ке биде лош, само реков дека не одговара на профилот на СДСМ. Ај спореди ги изјавите на Заев со тие на Фрчко на пример? Или со тие на Шекеринска? Или со на кој сакаш друг член на СДСМ? Ама штом членството го поддржува очигледно им одговара таа промена.

    И толку имам да кажам на темава. Не сум крива јас што не размислувам 100% како вас. Ги гледам и лошите и добрите страни. Нека им е честит новиот лидер на СДСМ.
     
  18. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Јас сум од Струмица и знам какво е тука не треба ти да ми кажуваш. И шо велиш дека немало канали ко ние сами граѓаните си ги расипуваме. Ај да дадам пример Дабиле има канали ама се полни со губре само затоа што ги мрзе да фрлат на депонија па ајде во каналите им е полесно. Или па ако Заев е прост, глуп и незнам што уште па тогаш нека си останеше Бранко.
     
  19. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Боа - во врска со твојата реплика.
    Во ред, не се сомневам дека Заев бил еден од тие кои што се спротиставиле на Бранко во врска со одлуката да се бојкотираат изборите но сепак за сето тоа не можеме да бидеме сигурни затоа што целата таа нивна претстава беше одиграна зад кулиси, исправете ме ако грешам ама јас не приметив Заев да излезе со став дека не ја поддржува таа одлука но сепак ќе остане лојален на својата партија. Може сум грешка ама мислам дека такво нешто немаше.
    Напротив, тој и покрај сигурниот трет мандат одлучи да игра така како што нареди Црвенковски.
    Зошто? Затоа што и тие тогаш очекуваа катастрофален пораз на престојните избори, после тоа логично беше дека Бранко ќе мора да се тргне од партијата, Заев го знаеше тоа, затоа не се побуни туку му се упикуваше на Црвенковски за да ја има неговата поддршка за председателското место во партијата


    Бранко и крилото околу Бранко(а тука не беа Заев и Циц) беа доследни на идеата да се остане доследен на отпорот и да не се оди на избори се додека не се осигураат дека изборите ќе бидат фер и демократски и дека државните пари нема да се злоупотребат за изборни гласови.

    Ова ми е смешно најискрено. Зарем уште верувате дека некој друг освен Бранко ја имал оваа идеја за бојкот на изборите. Всушност неможам ни да го наречам ова идеа туку најголемата глупост која што Сдсм ја има направено. Се покажа по изборниот резултат дека мнозинството од населението се согласува со ова.


    Се виде на каков начин се избра градоначалнкот на Струмица, се виде и како го изгласа Куманово Циц.
    Тонат се повеќе и повеќе. И тие сигурни општини повеќе не се на нивна страна, а со ваква гарнитура која што практично е непроменета не верувам дека нешто ќе се смени. Уште едни избори да изгубат вака катастрофално и Сдсм ќе отиде во заборав.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.649
    Пол:
    Женски
    Мања, пак ќе ти кажам дека грешиш со мислењето околу одење и неодење на избори. И ова ти го кажувам без намера да се препукуваме или нешто слично :)
    Заев, Циц и луѓето околу нив се единствени виновници што СДСМ отиде на избори, зошто тие директно вршеа притисок врз Бранко за да се оди на избори. И тоа е тоа што беше зад кулисно. Во јавноста постоеше мислење дека во СДСМ има единство за неодење на избори, а ваму актуелните градоначалници работеа на тоа да се оди на избори. На крај успеаа во идејата. Кој бил во право ќе покаже времето. Мада мислам дека веќе делумно се покажа со тоа што СДСМ оствари катастрофален резултат.

    И воопшто не е смешен болдираниот дел што си ми го цитирала. Бранко ужива огрмен углед и има огромна подршка внатре во СДСМ. Па само за неполн ден над 30.000 илјади членови на СДСМ потпишаа петиција за негово останување на чело на СДСМ. Повеќе од половина од делегатите сакаа да го бојкотираат изборот на нов претседател откако Бранко најави дека нема да ја прифати кандидатурата.

    И ја стварно се обидувам, ама не можам да разбирам. Еднаш пишувате дека СДСМ никогаш нема да излезе од сенката на БЦ, дека сите се потрчковци на Бране. Другпат пишувате дека во СДСМ никој не се согласувал со БЦ. Епа како?!?
    Прво не ви одговараше Бранко. Сега еве не ви одговара ни Заев.
    Па добро луѓе кој ви одговара? Ај ако не нека дојдат овде од форумот и нека изберат претседател на СДСМ. Стално пишувате се едни исти луѓе се вртеле. Тоа ви смета. А не ви смета што едни исти лица се прошетаа низ сите министерства, па мислам дека наредно што треба да направи Грујо е да измисли уште некое министерство за да полесно можат да ни се ротираат министрите.
     
    На swrcii, JuLleE и kikikikirika им се допаѓа ова.