Ма Плавушке што е битно кој ти се свиѓа тебе за претседател на СДСМ, битно е што на Грујо изгледа му се свиѓа Заев, па еве и на cover го ставил на ФБ http://www.sky.mk/index.php/makedonija/ ... vski-na-fb Ааааааааа ајде годинава може и дуел ќе видиме
Темава е отворена за секој да може да го искаже своето мислење за изборот на Зоран Заев за нов лидер на СДСМ и мислењето на секого треба да се испочитува, секако тоа не значи и дека истото треба да се прифати. Значи сосем нормално е на некого да не му се допаѓа Заев и да нема баш најдобро мислење за него, па не може сите да имаме ист став за одредено прашање. Или секој што ќе каже дека Заев не е најдобриот избор за лидер ќе биде етикетиран како поджувач на ВМРО-ДПМНЕ? Ете, јас пак ќе кажам дека по мое мислење подобра опција беа Кире Наумов и Зоран Јовановски, па дури и Ивановски.
Hе верувам дека Заев му гарантира вечита власт на Грујо Баш Бранко беше тој што му ја гарантираше. За Заев немам некое мислење,не сум го пратела човекот многу-многу, ама сигурно ви тврдам дека поголемиот број на Струмичани многу го сакаат, и се ептен задоволни од него Никој не би го гласал толку бе, да не го биваше
Заев бил скриениот играч на Бранко,Заев бил незнам што на Бранко.. Ало луѓе,идолот на половина од вмро веќе го нема на чело на СДСМ,ама тоа е,кога некој ќе го памтите засекогаш,можам да ве разберам. Сега веќе ќе го нема она познатото "Бранко е крив"туку сега ќе биде Зоки е играчкот на Бранко. Бранко не се вади од уста а? Мило ми е барем за тоа,бидејќи човек како него не е возможно да се заборави кога стаува збор за политика.Беше и си остана.. СДСМ го избра Зоки.. кре-кре-кре,дрн-дрн...Смешни сте.Море и затруени од марионетите на вмро на нашите "сакани"медиуми.Ама тоа е,и онака се што веќе не е дел од фамилијата на Груевски не постои,нека ве трујат. И онака да не постоеа СДСМ вестите на сител ќе идеа вака "Добар ден,ова се вестите на сител,фала многу пријатно". Верувам во Заев,верувам во човекот кој што направи многу,многу за својот град и поради тоа ја ужива довербата на граѓаните веќе многу години. Верувам дека тој на чело заедно со сите луѓе од СДСМ овој пат ќе успеат да ја тргнат оваа провидна власт. Верувам во победа веќе на следните избори.
Реков нема да коментирам ама средбава денес не можам да ја премолчам. Ова со коверов не знам што му е филмот на Грујо. Ако не е мачкање очи пред јавноста, средбава навистина ми се допадна. Посебно и изјавата на Заев. Мислам дека е крајно време малку да се спушти топката меѓу двете најголеми македонски политички партии. А цигарче ова што велиш испрани вмровски мозоци тука баш и не држи вода оти против заев зборат неговите, не само вмровците. Што е и нормално, по секој избор има некој што е задоволен, некој што не е и некој што е испран мозок и секогаш ама баш секогаш мисли дека изборот е добар (или лош ако му е испран мозокот од другата страна)
А фригиден бил човеков, па и цела Македонија ја направи исто фригидна! Добар е, добар, несвесно си се заебава на неговото работно место.
Не се согласувам дека Зоран Јовановски беше фаворитот на БЦ. БЦ сакаше Заев да победи затоа што Заев му е голем должник на БЦ и затоа ќе мора да го слуша. За разлика од Заев, Јовановски на никого ништо не должи, па БЦ немаше да може да го команда Јовановски ко сега што го команда Заев.
Додека Заев и такви како него се раководство на сдсм ќе цвета ВМРО. Дај боже да остане Заев што е можно повеќе . Факт е и реалност дека сдсм се отепани со капацитет, а Заев ги дотепа со своите неартикулирани изјави, коментари телефонски разговори, Крш...
Грујо ќе го кандидира Субрата за претседател хахахаха. Иста сорта се,нели? Капацитет невиден та едниот та другиот ама нашиов ептен капацитет па му се воодушевуваше на Субрата. Ама аш инвестиција,ќе му носи Ставре цигари у затвор на другар му Рој. Добар си е Заев во секој случај далеку подобар од сегашниов ни премиер а и време е да се сменат работите,само диктатори владеат вечно,нели?
Нема друго што да кажите и само Субрата ви е во уста . Има луѓе што би биле најсреќни кога сите инвеститори во Македонија би бакротирале и би заминале, ако треба ќе умрат за леб ќе патат ке се влечат по земја, ама ете со тоа ќе го ругаат Груевски.Чуден ментален склоп е ова, го затвориле или не тоа нас ништо не ни значи, малку ли инвеститори се донесоа последните години. Еве ако гледаш вести ќе видиш дека последниот инвеститор е од вчера. Значи после Субрата овде дојдоа уште многу други. Ама ај ако некого прави среќен тоа што го притвориле Субрата нека се радува, мене такви работи не ме исполнуваат.
Искрено ни Заев ни па СДСМ ми се допагаат. Спојлер Посебно па Бранко ко беше Лошо имаме видено од нив... така да никогаш не би ги подржала повторно да дојдат на власт.
па нема да го ругам Грујо ако направи нешто добро за Македонија, а вака ке го ругам И не есамо Субрата; туку и залните врби, и лавовите, и коњите и биковите и ред други работи, а додека студентските домови се катастрофални само се цека кој кров ке падн, некој гради коњи и бикови. Па да даде Господ тоа роговите се во г*з да им влезат!!!
drakulce tie studenstkite domovi sto godini se takvi, ne se od pred nekoja godina, sega barem pocnuva nekade da se cepka i se ima plan za nivna rekonstrukcija. Imam koleski na rabota koi pred 20 godini studirale i kazuvaat deka uste toas domovite bile uzasni. I sega koj e kriv? Zosto predhodno nekoj ne se setil na niv.
нема споредба пред 20 години ти гарантирам дека не биле волку распаднати како сега, а што се цепка, некој студенски дом е изграден?? епа затоа што никој не се сетил биле сменети!!! Барем кога овие сега што се на власт место да се удираат во гради со лавови и коњи нека се удираат во гради со реновирање или изградба на нови студенски домови
Изградија нови згради во студентскиот дом Стив Наумов, но кога секој што треба и што не треба се запишува на факултет нормално дека студентските ќе се во лоша состојба. Ги искршија лом ги направија... ко ќе видиш и студентите не се светци, дали дома така кршат.
Премиерот на вестите најави реновирање на студентските. Значи завршена работа, нели го кажале тоа завршено е веќе.