До наредните избори ќе биде кај и да е. Месец-два пред изборите ќе се почне со реновирање заради “технички“ причини што не можело порано да се почне. Знаеме како одат работите да не се лажеме. 2-3 месеци пред избори како што работат партиите да работат цела година народот ќе е презадоволен.
Abe stom kazal Grujo GOTOVO ,eve sega ke gi izgradat site studentski domovi. Uste da izvadi od transakciona nekoe milionce da donira i ete studentski dom,nov. Navistina nemozam da razberam deka postoi nekoj sto i pokraj milionski krazbi od ovaa vlada seuste im veruva.Rabotite se mnogu podlaboki i poseriozni mlada damo,ne e do st.domovite,toa e kapka vo moreto. Nemoze site vo edna drzava da se clenovi na vmrovcite pa da ziveat barem donekade normalno.Sto na primer eve ti imas od site smizli,bikovi,zargjani barokni ogradi,stiropor teatri , propali vrbi u sred Vardar, za koi se frleni MILIONI evra,STO? Imas idnina,tvoite deca ke imaat idnina,ke se vrabotis vo administracija,ke delis flaeri za 500 denari???????? Ne mozam da razberam,navistina, a da ti kazam i kuceto na ovie izbori ke mi glasa za opozicijata,pa kakva i da e ke bide poarna od ovoj diktator. Barem po fizionomija i estetika mi se poubavi nego ovie segasnive.
Поубави ај ти бирај ги по убавина. Јас не ги бирам по убавина политичарите. Ако имаш надеж во Заев така нека биде, сигурно и ти очекуваш од нив некое вработување и некој аир како што другите очекуваат од ВМРО. Твое си е мислењето, па ќе видиме народот што ќе одлучи на изборите, јас нема против никој ниту Заев ниту Бранко ама баш пртив никој, ама тие беа и ги видовме А БЕ СО ПРСТ НЕ МРДНАА, барем два споменици да направеа немаше да ми биде мака, каде отидоа парите од Буџетот во нивно време, со ниеден споменик неизграден кога дојде ВМРО на власт наследи Буџет со огромен дефицит. Кај беа парите??? Не знам како гледаш излез во Заев, не ми е јасно. Ај да беше некоја трета опција некоја невидена патрија до сега и некоја нова личност на политичката сцена па да се лажеш ама вака
Зошто да се нема надеж и да не се гледа излез во човек кој никогаш не бил во извршната власт? Не можеш да ги ставаш во ист кош со Бранко, тоа ти се луѓе кои водат сосема различни политики ( се виде во последните разврски во сдсм). Еве споредба на тогашните луѓе во сдсм и сегашните, освен Шекеринска (која патем беше краток период на премиерска функција и како вице премиер за евроинтеграции го направивме последниот напредок во еу интеграциите - земја кандидат и тоа под уставно име) ја не гледам некој друг да се поклопува, а ќе направиме споредба и кога ќе ја објават пратеничката листа зошто верувам дека 95% од сегашните пратеници нема да се најдат на неа. Јасно беше дека кога Бранко си замина од политиката, цела гнасна и црна пропаганда ќе ја префрлат врз Заев, за него не би зборувала освен да се погледне состојбата на Струмица. Освен тоа доколку има некој криминал кај било кој член на СДСМ зошто не ги судат? Зошто кога сите институции се во нивни раце, доколку имаат било каков доказ за било кој член нивен не верувам дека ќе го остават слободен. Не сакам да водам дебата каде што кога ќе ги броиме маните на едните ќе си возвраќаме со ами другите поарни да не беа... Сите претходни поради некакви грешки биле казнети на избори, и поради многуте грешки што ги направи Груевски за неговото 8 годишно владеење ( и не можам да барам некој друг виновник кога во последните 14 години 10 е он на власт ) ќе биде сменет на првите наредни избори кои ќе се одржат после спроведување на реален попис, макар што опозицијата покажа дека оваа власт може да се смени и на избори спроведени онака само како што груевски знае ( пример центар каде што со секој нареден круг се зголемуваше предноста во однос на Жерновски, Струмица каде што Заев би остварил многу поголема победа отколку сегашната, да не зборувам за градови каде што опозицијата водеше во првиот круг па во вториот драстично се сменија работите)
Човекот не знае што збори, нели гледате. Може е добар и направи за Струмица не го негирам тоа, и баш супер, само никогаш нема да направи за другиот дел од државата. Башка нема авторитет, гледај само какви гафови прави кога излегува да збори, тоа со живи луѓе ќе јадеме, ќе се пука, ќе бркаме од администрација, сетоа тоа го уназади скрос. Требало со време да мисли што ќе збори во јавност. Не е само да излезеш пред луѓе и да се силиш колку си јак. Башка и тој е пиунче на Бранко, не го наместија на таа позиција за да прави самиот како што мисли. А за Центар што да кажам, ете направи Жерновски нешто во центар, зграда папагал за која најсреќни беа тие од Шутка. Работи вредно човекот
Ве унаказија сител и канал 5 што уште сто пати ќе ви ги пуштат тие видеа без нивните продолженија. Според мене има авторитет и помалку гафови од било кој во моменталнава влада ( кој авторитет и харизма го видовте во Грујо пред да дојде на власт) иако омилен тип на политичари ми се оние слични на Шекеринска и Пендаровски (мислам дека има многу сличност помеѓу овие двајца иако се разликуваат од типичните фаци во сдсм ). Жално е да мислиш дека Заев е пионче на Бранко, анализирај ја малку ситуацијата во опозицијата за време на отпорот, локалните избори и после тоа, погледни ги луѓето кои беа кандидати за местото на Бранко, погледни го односот на пратениците кои важат за блиски до Бранко спрема новото раководство, на другата тама реков да почекаме да се објави пратеничката листа зошто сакам да верувам дека повеќето од овие луѓе нема да се најдат на неа. Можеби поделбите во сдсм не водат до раскол и тепачки слични на оние помеѓу груевистите и љубчовистите во панорама но сепак се случува поголема промена во самата партија. За Жерновски што да коментирам после сите обиди за блокирање на општината? После сите одземени ингеренции на општината од страна на Град Скопје? После апсењето на претседателот на советот? Во врска со зградата, жал ми е за оние млади ромчиња што ради политички поени беа искористени во прес за кои и самите не знаеа што читаат, дно дна, мене лично ми се допаѓа зградата за волја на вистината постои и друг стил од барокот и неокласицизмот.
Ако Заев не е пионче на Бранко зошто тогаш не си поднесе уредно кандидатура на последните локални избори. Нели е самостоен во одлуките, зошто чекаше на одлуката на БЦ. Само Стевчо излезе тогаш, е за него немам збор каков таков човекот барем си има став и беше сигурен во себе. Тоа Заев дури е жив нема да го направи.
Заев како и секој друг член на сдсм почитуваше одлука донесена на централен одбор, дали се согласувал со тоа или не си кажал пред да се донесе таа одлука. Дали почитување на одлука на партијата го прави секој член пионче на Бранко? Стевчо ќе го почитував ако на партиските органи им кажеше дека не се согласува со бојкот и дека по секоја цена ќе оди на избори а не два дена да не крева телефон и во 23:58 да поднесе кандидатура со туѓ печат, за мене тоа не е потег на храброст и став туку обичен кукавичлук само да не ја изгуби функцијата. Доколку Заев или било кој градоначлник го направеше ова, кај мене ке изгубеше било каква почит.
Заев... следниот премиер... кога и да е тоа. Овие избори, за 2-3-4 год. кога пак ќе има избори ќе си биде. Упорност, желба, волја, истрајност, се си бидува. + барокот не е вечен. И тој бил период во историјата кој траел и завршил. Case closed.
“Еден мој другар како мал не можел да ја каже буквата Р, и еден комшија негов секој пат кога ќе го сретнел на улица му се смеел и пред сите му викал ајде речи Р. Другарот секогаш се срамел и плачел, и уште се сеќава на тоа. Сега другарот порасна и најнормално си ја кажува буквата и си збори како и секој, но комшијата има дете кое порасна и уште не може добро да ја изговори таа буква“. Дали треба да се ситиме и да се смееме на тоа?? Ајде улични муабети и така и така, ама вака јавно https://www.youtube.com/watch?v=0cUsAekIDfQ Заев Заев и ти си бил некој лидер.
Сите имаме недостатоци, дали е неможност да се каже буква, да немаш рака, нога, прст, да си ќелав, да имаш рак, да немаш дете, да имаш витилиго, да си без еден бубрег, да имаш пареза фасцијалис, да имаш криви заби, проблем со карлица, па кривиш, една покуса нога, пилешки гради... И ништо од тоа не е срамно. Бог не дал такви. Срамно е некој да се исмева на туѓа маана, па уште јавно, за свои лични интереси. И јас не можам л да кажам убаво, ама уште не се нашол некој кој ќе ми се исмева за тоа. Среќа не се дружам со злобни луѓе.
Вакви долни изјави не личат ни за селски фраер да ги кажува пред кооператива а не човек што има претензии политики на држава да води. Ме уби туѓ срам.
Зајко и не е нов лидер и тој е веќе остарен Ама ајде мора да се плука по секоја цена, нема каде на друго место. Заклучени темите за политика, но мора ете мора да се плука Сдсм кај ке се стигне. Мора да се оцрнува опозицијата, а величи вмро. Знете како изгледаат кометариве што оцрнуваат као некого или во случајов З.З Магарето на зајакот-лелел колкави уши имаш. Јадно и бедно. Зоран Заев еве ти упатувам честитки за роденденот и баш си храбар човек кој се труди да го открие вистинското лице на Грујче и негова компанија, а со тоа да им ги опули ќорите очи на македноските граѓани. Да, точно СРАМОТА Е ДА СЕ КРАДЕ, посебно од граѓаните и да се дискриминира само со цел да остане една убава слика за вмро. До кога ќе се мачкаат очиите и прават будали македонците. http://brif.mk/?p=129776 http://brif.mk/?p=124100 http://brif.mk/?p=147691
Ако не сака да го цитираат тоа што го кажал и да му се смеат нека внимава што лупа. Виедеото убаво си кажува за неговиот ментален капацитет И сега ако некој го спомне Заев одма користите дека некој „плука“ напад е најдобра одбрана.
Така Зоране..... Само продолжи да откриваш вакви криминални дела, јас верувам дека еден ден кога овој режим ќе падне, на виделина ќе испливаат сите криминали и сите вмроски скандали. Тогаш кај ќе бегаат и во која глувчева дупка ќе се кријат. Не е далеку и тој ден. http://sdsm.org.mk/default.aspx?mId=55& ... leId=10475
Ако збориме за плукање да почнам од телевизиските канали колку се вмровски настроени па да завршам до политичарите се убија од плукање по СДСМ ... Океј не викам ништо , можда е најпаметен нашиот премиер Груевски , ама има многу попаметни луѓе у Македонија што немаат говорна мана...Не сум нешто многу да го фалам Заев , немам ни против , ама Пендаровски ме одушевува ,толку интелигенција у една личност... , греота е што нема да победи..
Што се замарате заев пендароски шекеринска ио цела Бранкова екипа остајте ги тие се веќе видени Дај остајте ја владата нека си работи цела Македонија е претворена во градилишта насекаде се гради Немој да бидете скептици здружите се и кажете барем една добра работа не е се така црно . нормално опозицијата си сака столце под Газот па измислува скандали и проневери .. Ќе се види кој е кој поздрав немој да се карате и расправате
Сите што коментираат на темава нека се почастат со тортава по повод роденденнот и тоа пресечена лично од Зоран Заев. Весело ајдеееееееее............Торта, ај каснете поубаво ќе ви дојде на душичката, многу сте затруени и огорчени. Тортава ќе ве разблажи, ке ви го дигне нивото на шеќерот и оп одма посреќни ќе сте. СРЕКЕН РОДЕНДЕН! Да ви се множат годините....