Мислам дека е многу способен како градоначалник на Струмица, но како лидер на толкава партија мислам дека нема харизма и авторитет, а реториката по изборните порази му е невкусна и воопшто не го бива како говорник. Шеќеринска ми се чини подобро би ја остварувала таа функција (лидер на СДСМ), како појава најдобар беше Црвенковски - е сега друга приказна е што народот се измори од него како лик.
Според мене Заев е пример за лидер,според светски стандарди. Еве зошто: Веќе е богат и моќен и нема потеба дополнително,како некои да се полакомува („Најде, зајде “што велат старите) и да кради. И не е од пелени министер или пратеник,односно веќе е доволно зрел и искусен. Тоа се за мене доволни две причини за да знам дека нема да ја зафркни работата. Друго немам што да кажам.
Се согласувам со тебе Ска мислам дека големината на луѓето е во тоа да ги согледаат и прифатат луѓето со сите работи кои им го подарил Бог а тоа што Заев и целата негова екипа кој се декларираат како нови јас Шеќеринска ја паметам уште гога имав 12 год а сега ќе полнам 33 тоа е повеќе од 20 год и незнам кој е ново лице тука , а за Тоа што Заев знае да треска глупости се гледа колкав е нивниот успех во последниве 6-7 изборни циклуси а уште толку ќе поминат тие нема да се свестат колку им е потребна навистина суштинска промена додека не се мени целиот врв на сдсм нема напред да одат само ке се дават во сопствената плунка ...
А НИколче ваш кога зборува се и сешто за Заев по митинзине тоагаш АКООООО, нели. Тогаш тоа пу, пу не се важи. Како не ви е срам само да си пишете банални муабети и да треуете кај ќе стигните. Веќе едно градилиште е Македонија што да ви кажам-пералница за пари и тешки криминали. Сигурна сум дека овој народ наскоро ќе се разбуди и прогледа на реалноста. Само незнам каде ќе ве запосле сега Вмро сите оние кои слепо се тепаат за да добијат вработување. Каде? КОга веќе е пренатрупано секаде и сегаде цицаат паразити. Е тогаш ке се чешаат луѓево каде што нема да ги чеша.
Храбар Зајко. Ајде давај уште вистини, македонскиот народ заслужува да ја знеа вистината. http://www.sdsm.org.mk/default.aspx?art ... =55&agId=6
Колку ми личи на преварант овој Заев, тоа чудо некое... Само како појава ми е одбивен. И вика, вика....синкир ние глуви сме не слушаме. Абе намали малку со тоа гласот. Си мислат што погласно викаат, тоа поубедителни се. Така убедувајте некој попрост.
Hајголемиот преварант,со ужасен речник у стил закани по живот(ке јадеме живи луге) па кај го има тоа,3аев во никој смисол не би можела да го замислам како премиер или претседател на Mакедонија,мислам дека нашата држава доста страдаше од такви луге,крадачи кој си гледат само за своја корист и начинот на кој ја води политиката му е мизерен.
Така е се согласувам дека заев вика оти ќе ја вратат демократијата а самиот неколку пати се има демантирано со сопствени изјави.Цитирам „ Од хигиеничар па до министер ќе менуваме и ќе ставаме наши членови , Живи луѓе има да јадеме кога ќе дојдеме на власт , допрва ќе се пука“ и ред други малоумни и недемократски изјави зарем не е срамно тоа нека им служи на чест.Зарем со тоа се враќа слободата и демократијата во рацете на народот се лажат самите себе си ....
Јас сеуште не можам да ги замислам овие навредувања помегу партиите зошто така шират само омраза кон народот наместо да се здушат и да направат нешто повеке од нашата мала јадничка држава,туку се борат за кој ке дојде на власт и повеке да краде и да постои народ што гладува и ментално заболени луге кои скитаат по улици (наместо да изградат таква установа и да ги згрижат бесплатно) да не е оваа лакомост за власт до сега ке имаше незнам какви напредувања во нашата државичка.Секоја чест на претседателот кој што се одрекнал од се не знам кај беше гледав на тв во некоја Шпанска државичка,пример за претседател јас му симнувам капа
Море не да личи прав преварант си е човекот.Си мисли којзнае што е а тој,само да се слушне каков речник има.Мислам тоа за политичар е срамота.Бранко барем знаеше да лаже а овој ни за тоа не го бива.Со тие глупости така да кажам што ги зборува.Далеку ќе стгнат социјалдемократите.Се додека во своето членсто имаат такви личности како Заев,Шеќеринска,Макрадули и да не набројувам,се дотогаш нема да им падне власта во раце.
Не знам што е повеќе трагично, директната навреда од Заев или аудиториумот во позадина што громогласно ракоплеска.. на ваква.. 'изјава' и ја поддржува истата...
Еве јас не сум член на сдсм и искрено ва ди кажам страв ми е доколку дојде Заев на власт :geek: ќе не изеде, https://www.youtube.com/watch?v=zkllQcVvo18 И НЕКА НЕ СЕ ПРАВАТ СЕГА СО СТЕВО НА КАМПАЊАТА ДЕКА ТИЕ БИЛЕ ЗА СИТЕ ЛУЃЕ ВО ДРЖАВАТА БЕЗ ОГЛЕД НА ТОА ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ. А бе две чисти нема во главата што збори, дезорјентиран е. Изгубен во свемирот П.С. ако може некој да ми каже дали од кога е Груевски на власт некој што е член на сдсм е избркан од работа. Не зборувам за функционери туку за обичните службеници по институциите?? Оти јас од сите до еден што ги познавам фино лепо си работат по институции си лежат по цел ден и немаат проблем. Што е и во ред, зошто и тоа се луѓе што земаат плата за да преживеат. Ама зајко ако дојде на власт вмровците ке летаат. Не е битно дали со таа една плата плаќаат сметки, школуваат деца и леб треба да купат, битно дека се вработени во време на вмро.Цццц очај.
Јас познавам минимум 20 луѓе кои работат во државни институции (министерства, народна банка, агенции, фондови). Откако се ВМРО на власт на сите им ја намалија платата и ги деградираа - симнати се барем 2-3 нивоа надоле за да на нивно место примат вмро-овци, итн, итн... Ќе ти дадам само еден пример - имам другар (член на СДСМ) кој беше советник (значи во хиерархија-одма под главниот), кога дојдоа ВМРО го симнаа на референт и му даваа работни задачи за почетник, драстично му ја намалија платата, секојдневно се иживуваа.......и човекот почна психички и здравствено да опаѓа и мораше да си замине. Сега е без работа-во ниедна државна институција не може да се вработи (пошто нема книшка од ВМРО), конкурира во приватни фирми, но...тешко оди... Сакаш уште примери?!?!?! Имам еден куп!
Аууу, дискусијава ви е на нивооооу, уште да кажевте дали му смрдат нозете на Заев или не. Уште чекам некој што ќе излези на бина и ќе речи, имале немале партиски книшки и од која партија не ме интересира, има камери има документи секој што не работи или нема соодветно образование за неговото работно место или ако е вишок на тоа работно место, ќе биде преместен или отпуштен. Јас ќе го гласам со две раце, било тоа да е Заев ,било да е Груевски, било да е некој трет, и верувајте ќе победи тие што имаат знаење и памет ќе го гласаат и око нема да им трепни, плус и ако спомни поволности за приватниот сектор, победа не му бега.
Дискусијата е на место а кој не знае да дискутира нека не се меша. Овде ништо не си измислуваме од ум, а видеото Тоа е ФАКТ. Инаку за деградирањето што е спомнато погоре, па јас колку што знам сега реално зборувам без да бранам некого, секој кој ќе дојде на власт си намести луѓе од свои редови на раководни позиции. Што е нај нормално, значи многу добри примери знам и луѓе од едната и другата партија на кои што им се намалуваа позициите.Ама тоа како што кажав се оние повисоки раководни позиции. А советник да стават референт не сум чула ниту видела, оти референтите се со средно образование а советниците со високо. По скалилото на хиерархија одат помлад референт, референт, самостоен референт - помлад соработник, соработник, виш соработник советник Значи ако го симнале од советник може на соработник да го симнат.Инаку според измените на Законот за држ службеници унапредувањето сега може да биде само за едно скалило. На пример некој ако е помлад соработник може да биде унапреден во соработник, но не и во виш соработник или советник. Како и да е овие луѓе, државни службеници живеат од таа една плата и со неа се издржуваат и мислам дека никој не треба да брка никого. Позициите ќе се менуваат тоа од секогаш си било и е нормално но бркање не смее никој да си дозволи.