хехе заев сеуште не се разбудил од зимскиот сон уште спие само си фантазира дека имало многу народ на митинзите хахахахќе ме пукне од смеење срам да му е нека се свести бе чоекон па нека измисли некоја друга лага системска кражба ..... ме изнасмеа да дајт господ цел свет да му се смеет ,...хахаха
Мое мислење за Пендаровки дека е харизматичен човек, спремен е за политичар, дали е доволно за претседател дали е добро запознаен не знам, факт е дека моментално се наоѓа во неубава положба и целиот квалитет му пропадна со избориве предводени од Заев, дали Заев игра тука или некој во позадина, искрено мислам дека Заев не можи да води партија, за градоначалник да остани до следни избори нека водат сметка Струмичани можи живи луѓе ќе јаде, ќе брка, ќе се инаети и нема ни проекти да подржува. Целата партија се распаѓа повторно, тоа се случува со причина, ќе го сменат и Заев кутриот, ќе најдат друг и што потоа останува до него дали повторно ќе го насочат погрешно оние од партијата кои не ги гледаме, кои ги прават сите одлуки. За таа цел додека опозицијата составува делчиња од скршената партија, Албанците формираат голема партија која еден ден ќе се такмичи со главните спротивставени партии и ќе го искористи тоа и со пратенички места и еден ден ќе ги носи одлуките во државата, а тие одлуки за никого нема да бидат добри, барем не за нас. Затоа порадо би гледала две големи партии кои се борат за подобро отколку партија формирана од Албанците кои пустош направија овде од нивното незадоволство, а и сите оние мали партии кои се борат за места во собрание и за пари. Многу лош предлог направи Заев кој што предложи да влези во коалиција со две албански партии и да постави премиер Албанец, луѓе што ли го натера? Тука изгуби многу гласови од Македончина, многу лоша политика тераат не знам ова веќе на што личи. И со ова бојкотот аман веќе, самото тоа што 200 000 гласови некој е во предност, изборите поминаја доста добро, сето ова емотивно и очајно го прават, кога Заев е единствената кривица за ова или тие зад него, начинот до пристап на народот се сведочеше само на тоа владата е крива за ова, за она, манипулации имало не знам што веќе, на сите митинзи, на сите обрајќања во јавност само владата му беше во устата, а немаа стекнато доверба никаква од народот, ништо не предложија цврсто и убедливо како се тие добри како партија, предизборната кампања катастрофа, ко реклама за вип море од вип е подобра. И во бокс ако изгубиш за неколку поени може да е крив судијата, ама ако е нокаут очигледно е дека вината е твоја, рече Груевски.
Вам ако се ви е полнорамно, се ви е во ред, на сите сите заклучени политички теми се изнаплукавте за Заев и СДСМ, што ви е гајле што ќе рават тие и за нивната партија? Ете победивте, не сте задоволни? Вчера цела вечер не не оставивте да спиеме,(како да не знаевме сите дека ќе победивте, не пукнавте на форумот со тоа) човек да помисли сте се скарале со албанците од ум не извадивете со огнометот во 2 сабајле, барем и ние да го видевме Фала Богу нема да ви ги признај изборите се изнаконтролиравте кој гласал кој не кога и врапчињата знаат дека сите ви се плашат. Кој ќе се осмели да не гласа за вас? Се обрукавме пред Европа на големо. Ете ќе правите коалиција со ДУИ 70+ пратеници имате над 2/3 мнозинство и без тие 34 на Заев има што сакате да правите. Јас стварно не знам што не ви чини. Го изнаплукавте Пендаровски дека имал албански билборди еве вие со најголемата албанска партија коалиција ќе правите. Сакавте СДСМ да се распадни, се правите да ја уништите, сега кога почна да ви се остварува целта, еден по еден да се отцепуваат и да пробуваат да направат 3та македонска опција, пак не ви чини. Навистина крајот не ви се наоѓа. Па и за кампањата сте стигнале да критикувате, ете сите телевизии ги купивте, сите пејачи, сите се со вас, цел државен буџет ви беше на располагање. Како ви паѓа на памет да се споредувате со СДСМ, јас стварно не знам. Да сум на ваше место, најискрено срам ќе ми е, да се споредувам со нив. Одете славете си радувајте се дури можите и доста ширите негативна енергија. Само да се плукало. Те Бранко, те Заев, те Пендаровски, фалете го Груевски поубаво ќе ви е на душиката, нека ви ја отклучат темата и фалете си го . И одвај чекам да се пофалите што сте им ветиле на ДУИ.
^ Душо единствена која цело време коментира и критикува овде си ти, секаде и на сите теми за политика плукаше по владеачката партија и ја фалеше опозицијата, на секој коментар поставен, што е твое право тоа и никој не може да ти го земи, се искажа како ти си неутрална, како нема да гласаш, како не си гласала, само се жалиш и ништо друго. Ако веќе не те интересира политика оди легни си, јас коментирам тоа што го мислам и ти тоа не можеш да го спречиш, бидејќи барем овде на анонимен форум можам искрено да кажувам што мислам. Искрена во мислењата, задоволна од победата за разлика од тебе. Се гледа дека поразот не го прими најдобро, кој што губи има право да се лути, ама освен совет да си купиш паломчиња не знам што очекуваш повеќе од мене за тебе.
Зошто да си купам паломчиња? За каков пораз му зборуваш, на неутралец?Можеби ти треба да си купиш на толку плачење и жалење на СДСМ место да се радуваш на победата на твоите. Неутралецот секогаш ќе гледа објективно.Јас само објективно го проанализирав твоето излагање. Ете вас не ви чини, очигледно штом сега кукате оти ќе се распаднела СДСМ, ќе требало со албанците да се расправате.Што е контрадикторно кога самите сте одлучиле да коалицирате со албанците. Тоа што не гледам низ розови очила и имам малку поширок видик очигледно е неразбирливо за вас, партиски ограничените.Тажно... И ако уште не разбравте успехот не се гледа од задоволството на членството, туку и на неутралците, како и на странските набљудувачи,не само на изборите туку тие погоре од кои зависи иднината на државата.
Ма каков неутралец ма??? ти?? Така се изјаснуваш, но тоа така не е.(анонимен е форумот не се секирај) оххх леле види вака дека ќе се распадни повторно ќе се распадни, а со Албанците и нивните барања сите ќе се расправаме, гледај што ќе правиш ти во иднина со твоето ,,неутрално'' гледиште, за странските набљудувачи веќе пишав дека одлично го отценија гласањето без проблеми за да се прави било каков бојкот, како и ДИК следиш малце или? ОСНОВА ЗА БОЈКОТ НЕМА, ако мислиш дека и да продолжат со тоа нешто ќе смени, 61 пратеник беше во парламент Е ТАКА Најдоброто до сега што ВМРО го постигнаа. Видов во тинекс на виолета тоалетната хартија идат и гратис паломчиња
Пратам ич да не се секираш убаво кажаа за 10 дена ќе има од Европска Унија и конечен од ОБСЕ извештај. Ете така пофалете се што сте се натажиле за СДСМ. Епа сега тоа е, ако сакаат да се распадни ќе се распадни. А за мене не се секирај, на неутралците секогаш им е чист образот и очите отворени како и размислувањето, ќе си го најдиме чарето ние дали тука или надвор од државата, ич да не се секирате. Вие само уживајте и аплаудирајте,верувам дека вашиот лидер е доволно паметен да се справи со албанците, во спротивно не би победил. Така? А за паломи можеби тебе ќе ти притребаат еден ден да си го зачистиш образот пред некого во иднина. И научи дека постојат и неутралци, немаат сите време по партии да трчаат и немаат сите амбиција во државни институции да работат. И аман нека ви ја отклучат темата,за предвремени избори и за премиерот, на рааат да си се порадувате и испофалите, да не ика Заев , на раат да одмори.
и да е неутрална и да е партиски обележана babyblond ја кажува вистината... !!!! нормално дека сдсм треба да оди на бојкот од причина што изборите не беа демократски а најмалку пак фер избори, барем признаете кога вејќе се е јасно дека носевте гласачи т.е разнесувавте по цел ден со коли и заокружувавте во нивно име под изговор дека на гласачот му е потребна помош.. бев набљудувач на едно избирачко место и видов што се се прави поголем факт е дека ниеден владин медиум не емитуваше прес конференции на мост затоа што тие кажаа дека имало семејно гласање,носење на гласачи и други не регуларности.. го критикувате заев дека прифаќал албанци а сега што ке прави груевски ке игра како што али ахмети ке посака... и баш сакам да ги нема сдсм да видиме тогаш како ке ви биди кога вмро ке укине се..(ке ги намали пензиите ке нема субвенции и ред други работи) затоа што ке бидат сами и ке можат да прават што сакаат а долговите во кои е заглавена македонија не се исплаќаат така лесно така што спремете се за најлошото во македонија затоа што сега започнува тој момент кога ке се молиме за леб,кога ке немаме на децата да им купеме еден пар патики,тоа повеќе ке боли од колку тоа дали заев изгуби или победи и дали сдсм плачат или се радуваат.. кога сите заедно ке плачеме тогаш се ке биде многу полошо од ова.. !!!
Ама изгледа и те платија за да спонзорираш по форуми, е за тоа мила ни палома не ти го чисти образот. Неутралци постојат ама не се родил некој ко тебе ваков, со пцуење по влада, фалење за Заев, ама на секој коментар веќе, ете тоа ти се вика rat. Јас само реално ги гледам работите и ги кажувам како што се
Ако ми беше до Заев или до Пендаровски или до Груевски или било кој друг ќе одев и ќе го гласав. Мене ме платиле? Хахахахахаха , ако ме платеа ќе си ќутев и ќе си ги трошев парите како тие на кои ем им платија, ем превоз им обезбедија, ем си гласаа. Немаше цел месец да кукам оти на никој не им се важни неутралците и никој не им обезбеди превоз или попуст, а се најголема „партија“ се во државава. Мене ми е чист и ќе ми биди образот, никогаш не би влегла в партија и не би подпаднала под нечие влијание, имав јас шанса од сите од секаде знам влијателни луѓе од подмладоците и во која сакам партија можам да влезам ако сакам, ама не фала. И ништо чудно ти да си платена од партија, ама колку што знам на форумов се забранети реклами.
Заев некој да не го видел денеска? И што кажале новите пратеници, ке го враќаат мандатот? Или к се вратат назад ко попчиња, како после немирите што ги правеа во декември? И Заев, човек, дај бе машки прознај декаизгувите, човек. не може 8 пати да губите и народот да ви е крив. Тоа е ко пати да не ти дава девојката и викаш , она е крива,не сум јас оти ми е мал Прифатете машки пораз, зачувајте дигнитет, прашајте се вие кај сте згрешиле, не народот да е крив. Инаку, нема тема за шекериснак, ама знаете дека она цел живот, 20 и кусур години, пратеник, а сега е невработена
Па нема ни шанса 1 800 000 гласачи во избирачкиот список...Верувам во Господ, но не па дека може да прави чуда и умрените да ги оживува само за да гласаат за криминалецот Грујо.... А веќе за Пустец нема ни да коментирам...
Значи по логика на СДСМ 100000 гласачи биле од Пустец,100000 гласачи биле од починатите а останатите 300000 илјади што гласале биле принудени со пиштол вперен во чело.Значи треба да се биде голем и во победите и во поразите.
Нема логика ова што го изјавуваат, прво никој не можи да те принуди да гласаш, ако се работи за ветување ти сепак можиш да ветиш али само твојата рака заокружува таму, никој не ти застана над глава да те гледа. Излегоја со слеп човек на телма, зошто некој му помагал, а тој некој е жена му. Имало многу луѓе на митинзи кај нив и со тоа се вадат, па јас ако излезам на митинг не мора за тебе да гласам. Голема бројка на гласови му бегаат, ако имало некакви проблеми на избирачките места можеа да ги пријават, такви проблеми во минатото имаше и тоа во албанските села многу често, па беа пријавени и на тие места се прегласуваше.
Па нема ни шанса 1 800 000 гласачи во избирачкиот список...Верувам во Господ, но не па дека може да прави чуда и умрените да ги оживува само за да гласаат за криминалецот Грујо.... А веќе за Пустец нема ни да коментирам...[/quote] jaс разбирам едно наводно на 500000 гласачи ги принудиле а на овие од сдсм зарем тие се посилни од нас пак нив неможат да им се заканат тие не се плашан а ние сме се плашеле ту ту само кажуваат бајки за секој пораз и се така му го матат паметот на оние залутани овци што се палат на долги и бесмислени говори како на бранко во минатото исполнети само со реторика и лаги...е тоа е тоа тој што губи има право да се љути хаха ...
Нерегуларност немаше ниту една се помина во најдобар ред, тоа на сите им е јасно како ден. Избирачките места беа полни со набљудувачи од сите партии со набљудувачи од МОСТ и уште која ли комисија не поминуваше во контрола. Во општината каде што бев јас во изборната единица претседателката на општинската комисија е член на сдсм, и таа шеташе во сите избирачки места. Ама не најде ништо и немаше забелешка ниту една оти и немаше нерегуларност. За тоа го молам Заев да не ни ја тапани главата уште и тензии да ни прави во државата, кај толкава кампања претрпевме, мислам време е сега да се одмориме од се. А не за го слушам да ми кука сега, лузер. Тоа дека некој со сила го терале да гласа само сонувајте, јас си застанав позади параван и баш гајле ми беше што ќе заопкружам ( па и со сила да ме одвлечкале до изборното место).
Носителката на СДСМ во ИЕ1: Законот вели дополнителни избори за испразнетите пратенички места Се пријавија поднесоа листи ги изгласаа и сега немало да прифатат мандати. Овие нормални ли се комуњарите, тие треба да одговараат кривично за изживување со народната маса. Заради нивниот ум што го немаат да гласаме ли по сто пати. Сакале- не сакале Зошто поднесоа листа зошто трчеа по села градови, средби митинзи, зошто излегоа и самите да гласаат. Овие треба да се казнат сите што се на листа и што нема да го прифатат пратеничкиот мандат и треба на партијата да и се стави забрана за дејствување. По ненормално нешто од ова нема. Себични створења што се изгорени за фотељите нивни.
Абе они по 24 декември немаше да влегуваат во СОбрание, и кога им рекоа дека нема плата да им даваат оти не идат на работа, ко попчиња се вратија. Нив им е побитно пари да си земат отколку партијата. Ко да не ги знаете.
Значи ВМРО си имаат гласачко тело од најмалку 300000 илјади ,а истото се однесува и на СДСМ со некоја разлика од 20000-30000 илјади и во најлош случај ВМРО не може да освои помалку гласа.Јавувања ,притисоци отсекогаш имало и ќе има и од двете страни.Значи треба реорганизација во СДСМ. Јас лично сметам дека Кире Наумов 100 пати е подобар од Заев.Значи Заев нема капацит бидете малку реални ,изјавите неколку што ги даде за јадење на луѓе и сл. не се на место од човек кој сака да биде премиер ,вакви работи лице кое претендира да биде премиер не смее да зборува.За тоа колку е ВМРО моќна виновна е и самата опозиција ,не можеш да ја победиш противничката екипа со трета постава (зборувам за листите на пратеници.)Б.Ц. пред 3 години загуби со 70000 илјади гласа ,а сега 200000 илјади што значи кандидатите не донесле нови гласови граѓаните не гледаат лидер во Заев е тоа е причината.