1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зоран Заев - нов лидер на СДСМ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Plavusa.17, 2 јуни 2013.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не верувам дека Заев би го направил подобро.
    Потоа, Заев многу се залага за земјоделството, за помош на луѓето во источна Мк, а каде се останатите на запад, итн.?
    Како може Заев да се нуди за премиер, а на многу места не ни појде да го запознаат луѓето ???
    И воопшто, не знам ни каква програма понуди...ништо посебно.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    106
    Кире Наумов ќе стане претседател на СДСМ кога јас ќе станам претседател на Македонија а тоа е на свети никогаш. :D
     
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Значи овој неурамнотежениот и прост заев под итно во некоја ментална клиника да се однесе а цела партија и тие што се кадитираа да поднесат одговорност, за вакво детско оденсување. Па нека не се замислуваат господ кој е должен да ги трпи нив сакале не сакале. За ова треба да се одговара, и да добијат забрана повеќе никогаш да не се појават на политичка сцена, како поединците така и таа неартикулирана партија сдсм. И они ќе воделе држава, прости маси.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.608
    „Сите душмани, се пресреќни со ваквиот развој на нстаните бидејќи бојкотот фактички отвара политичка криза која ќе се рефлектира и на меѓународната позиција на државата и на нашиот интегративен процес во НАТО и ЕУ. Да бидеме сигурни дека следниот Извештај на ЕК доколку се опстои на една вкава позиција ќе биде негативен, ќе зборува дека Македонија нема демократски капацитет, дека земјата е соочена со сопствени проблеми и дека не е способна да оди напред. И во Грција исто така реакциите ќе бидат најпозитивни бидејќи тоа им одговара целосно ним“ - вели Никовски

    Ставовите на Никовски ги потврдуваат и на Бихаќка. Изворите на Сител го цитираат одговоот на Заев на прашањето на дел од членството, дали е свесен како Грците ќе го искористат однесувањето на опозицијата и одлуката за неприфаќање на мандатите.

    “Ако, не е лошо тоа“ одговорил Заев потврдувајќи дека е свесен дека одработува во корист на Грција и дека неговата одлука ќе и донесе огромна штета на Македонија.“

    Чисто да разгледаме еден став на Заев.
    Моето мислење го знаете, не можам да најдам ниту еден добар збор за ваквата егоцентричност. Сепак, сите сами одговарам за своите постапки.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Cka ова многу одамна е јасно. Како што е јасно дека работат и во корист на Албанците. Последен пример беше тоа кога Пендаровски отиде во Косово за избориве. Велам "последен пример", а такви "посети" имало премногу. И секогаш се со иста цел, Македонија ја прикажуваат како држава која не се грижи за малцинствата, посебно за Албанците. Го слушав целото интервју на Пендаровски на англиски и го кажува токму тоа, секако пропратено со разно, разни ветувања, што тој ќе им пружи ако дојде на власт, кои пак ветувања патем ќе мора да ги исполни ако дојде на власт, некогаш. И што се постигнува тука мислам дека е самиот свесен ама и тоа е целта. Целта е само власт, нив не ги интересира како ќе дојдат до тоа. Не се замара Заев каква ќе биде оценката на ЕК, ниту како влијаат нивните изјави на Албанците и дека тоа може да предизвика уште една 2001.
     
    На Elissa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Ако не знаете да водите држава со албанците и не можете да излезите на крај со нив, тоа е ваш проблем. Ги неќевте СДСМ , се каравте со нив ,8 години сте на власт и тие пак ви беа криви, ете си го тргнаа газот, сега уживајте си! Или пак тие се криви? Не се слепи од ЕУ и тие знаат колку луѓе доброволно гласаа, а колку не. "Целта ги оправдува средствата" требаше да ви биди слоганот на компањата, дефинитивно. Сега уживајте си со албанците во владата и собранието вие „патриотите“, ние „предвниците“ (неутралците и сите останати) ќе бараме начин да си одиме од тука или ќе продолжиме да преживуваме од ден на ден и еден ден и вие „патриотите“ ќе ни се придружите и конечно ќе се просветлите, кој е навистина крив, поточно кои се навистина криви, до тогаш продолжете да си гледате на кафе и да земате плати. :)
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Ги неќевте СДСМ , се каравте со нив ,8 години сте на власт и тие пак ви беа криви, ете си го тргнаа газот, сега уживајте си!

    Ова дете од второ оделение нема да го каже, а пак и оние од забавиште не се понашаат како сдсм.
    Со државата си играат алооо, не се во школски двор или забавиште. Им текнало не сакаат у собрание за тоа не смеат веќе да добијат право никогаш да се кандитираат за ништо. Пропалици, нив ако ги интересираше државата немаше стално црни сценарија да прават.
    Ја уништија државата, тие ги навлекоа албанците тие им дадоа еден попис со поголема бројка од реалната тие им дадоа територијална поделба. Тие го сменија и името, и што ли уште лошо не е поврзано со нив.
    Луѓе ако не го знаете минатото на македонската политика ај ве молам не коментирајте во темата.
    што е ова а??? цела Мк рипна на нозе ама народот никој не го праша
    https://www.youtube.com/watch?v=9RiY1YthsVM
    е оваа поделба е таа поради која веке никогаш нема да дојдеме на власт во одредени македонски општини
    за тоа нека се гонат и нека не се вратат никогаш вакви предавници

    https://www.youtube.com/watch?v=XS2-eEB10yI
     
    На vickyy90 и Daydream им се допаѓа ова.
  8. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    e toa ti e sakame izbori nejkeme izbori samo vo makedonija opozicijata saka pa nejke
     
  9. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Јас ни од едните арно сум видела ни лошо, ни од едните ни од другите, ама цел живот гледам како едните се добрите, па другите се лошите и обратно, обично тие што беа на власт секогаш беа лошите. Сега некако ми е нелогично од тие што се на власт да слушам како опозицијате се лошите. Ете им прекипе на опозицијата си го трнаа газот, седете си со албанците во собрание и владата ,тамам празните места ги си ги пополнат со нивни и со албанци, сите закони ќе ви врват без проблем. И не е лошо ако власта е секогаш „лошата“ во очите на народот, без тоа не би имало напредок, без критика немало и нема да има напредок. Ни Заев ќе ви е крив ни СДСМ, ни комуњарите, мене помило ми е по албанците да удрите со критики поради нивната ненаситност околку нивните права, отколку по македонците, без разлика каква идеологија имаат. И СДСМ не го сменаа името, ама сегашниве после сите глупости, ништо чудно и да го променат само и само за да влезиме во ЕУ(најдобронамерно, да ни простат некои од долговите), оти после ова изборно фијаско, шансите за влез ни се драстично намалени. И престанете да ги ставате личните интереси, пред интересите на целиот НАРОД, па потоа и на ДРЖАВАТА и отворете си ги очите, дури имаме време. НАРОДОТ е БИТЕН, НЕ ДРЖАВАТА! Сфатете конечно! И темата е за Заев, а не за Киро, Бранко, Лазар и останати...
     
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.252
    Допаѓања:
    124.608
    Текстов подолу е преземен од Денешен. Болдирани ми се оние работи кои ми биеа интересни. Бидејќи нема тема за Стево, оваа ке ја искористам

    Неодговорно однесување на Заев

    И “Големиот Црвенковски” кога губеше, подаваше рака и ако не повеќе, велеше “благодарам, народот е во право и кога греши”. На “Великиот Заев” му е испод чест да признае пораз. Но, што му е на Пендаровски?

    Најлесно е да се напише и да се прочита говор, во кој со висок тон ќе кажете – ништо нечини, се е грабеж, ние сме најдобри, власта е крива… сите се виновни, ние не. И кога тој говор ќе го чита претседател на политичка партија, како Зоран Заев и имам разбирање. Неговото ниво на политичка култура, се појасно е, дека не се разликува од нивото на локален, маалски шериф. Но, кога таков говор и такви политички ставови ќе застапува универзитетски професор по политички науки, кој на овие избори доби речси 400.000 гласа, (да недоволни за победа, но освои 398.000 гласа, или 50% повеќе од претходниот претседателски кандидат на таа партија), е тогаш имам проблем. Јас имам проблем со логиката тоа да го разберам, а тој има проблем со политичката логика.

    Првата лекција што некој професор по политички науки треба да им ја каже на студентите е дека на политичкиот противник треба да му се честита. Да им се заблагодари на оние, па марак и тројца, кои гласале за него. Тоа професорот Пендаровски не го направи. Тој направи таква страшна дискримиација, што сите оние што гласале за Иванов ги направи небаре малумни. Гласачи без идентитет, без свој став, без свое јас. Тоа биле “граѓани што тргувале со својот глас за своја егзистенција”. Откако ги оквалификува во вакво светло, згора не се Пендаровски се обиде да ги брани. Демек “не биле тие виновни, втерани во ќош, немале друга опција освен на овој начин да дојдат до средства за своја егзистенција за да можат да го преживеат периодот по изборниот ден”. За воља на вистината оваа квалификација е далеку по политичка од онаа меѓу двата круга, кога гласачите на Иванов ги дефинираше како “стока која ја превезуваат на гласање”. И пак ќе кажам, ако овие квалификации излегуваат од устата на претседател на партија како Заев и можам да имам разбирање, но кога тоа ќе го каже професор по политички науки, тогаш немам никакво разбирање. Ако не знае претседателскиот кандидат Пендаровски, нека го праша универзитетскиот професеор Пендаровски, дали ако повторно да оди на избори, после овие квалификации за гласачите, колку од 398 –те илјади гласови ќе добие?. Ниту 250.000.

    Не заради претседателскиот кандидат Пендаровски, Стево Пендаровски требаше да му честита на Иванов заради професеорот Пендаровски. За жал, Пендаровски се претопи во политички најнеетичката структура што СДСМ, кога било ја имала. И “Големиот Црвенковски” кога губеше, подаваше рака и ако не повеќе, велеше “благодарам, народот е во право и кога греши”. На “Великиот Заев” му е испод чест да признае пораз. Но, што му е на Пендаровски?

    Политичка фигура која по подолго време произлегува од СДСМ и која зад себе има поддршка од 400.000 гласа, ваково политичко самуобиство во најава да изврши е тотално аматерски. За да биде себеуништувањето посилно, Пендаровски во исти момент виновник за тоа што тој не победил пронајде и во меѓународниот фактор. Тој и Заев, со Шекеринска вчера ја обинија меѓународнта заедница дека е во спрега со власта и заедно го крадат СДСМ. После онаа легендарна изјава на Љубе Бошковски од 2002, по поразот на ВМРО-ДПМНЕ, дека опозицијата ги фалсификувала изборите и кога сакаше да ги апси членовите на ДИК, оваа изјава на Пендаровски од утре треба да биде аксиома за политичко самубиство во учебниците по политилогија.

    Ако не во политиката, барем придонес ќе остави во политичката наука.

    Во политичкото дејствување на СДСМ веќе нема ниту политичка логика. Тоа е партија која носи и менува одлуки, која кажува и менува ставови – ад хок. Во мемонтот, овде и сега. Без никакви анализи, без никаква конзистентност. Осум години тврдат дека со ВМРО-ДПМНЕ на власт, Македонија е меѓународно изолирана држава. Груевски и Иванов биле политички непожелни кај европските и светските политичари, а истовреме тврдат и дека меѓународната заедница била спела за изборните фалсификати што власта ги прави? Каква е таа политичка логика? Кој е овде и каде изолиран? Кој е овде и со кого во спрега? Впрочем кој е овде и во кој дел изгубен во просторот?

    Ма, Ивон Величковски, кој час е кај Стефчо, дан потоа во СДСМ, два дена претходно независен пратеник е политички логичар за оваа политичка шизофренија на СДСМ.

    Зоран Заев пред само една година тврдеше дека Струмица не смее да се остави. Дека струмичани мораат да бидат заштитени од власта. Во таа идеја за нивна заштита беше подготвен на Ивон да му го земе и печатот, за да оди на локалните избори, ако не успееше да го разубеди Црвенковски, во како што тогаш тврдеше, ”штетноста од бојкотот на локалните избори”. Денес Заев со одлуката за непризнавање на резултатите и враќање на мандатите остава, односно политички изневерува шест Струмици. 260.000 граѓани. Тие за него се неважни, само затоа што тој себе си не може да се погледне в огледало како губитник. Лани кога победи во Струмица изборите беа добри, денеска кога изгуби во Македонија, изборите не се регуларни. А во меѓувреме испорача листа од дваесетина измени на изборниот законик, што власта ги прифати. Заев не сака да се види како поразен, затоа што вака поразен ќе мора да се врати во Струмица по партискиот конгрес, ако воопшто и се одржи конгрес на СДСМ, или пак ако Заев ги признае одлуките на тој “евентуален конгрес”.

    Изборните процеси во Македонија се далеку од идеални. Исто како што далеку од идеални се и во речиси сите посткомунистички држави, а денес голем дел од нив и членки на ЕУ и НАТО. И тоа така ќе биде барем уште долги години. Кога ОБСЕ и ОДХР велат потребно е разграничување на партијата од државата, не мислат само на централната власт. Мислат и на злупотреба на ресурсите на локалната власт. Односно мислат на промена на менталниот склоп на политичарите. А, тоа не се однесува само на ВМРО-ДПМНЕ, се оденсува и на СДСМ и на ДУИ и на ДПА и на сите политички субјеклити кои на кој било начин имаат допирни точки до државни ресурси. Но и на вакви, а и на многу полоши и по нефер изборните процеси, во Македонија се менувале влади, се менувала власта и ќе се менува.

    Да денеска една работа е поразлична. А, тоа е што македонскиот гласач повеќе не гласа за инает. Не гласа ПРОТИВ. Осум години гласа ЗА. А, полотика која е заснована на платформа за гласање ПРОТИВ и понатаму ќе биде поразувана.

    Политичката култура се стекнува. Изборните процеси се усовршуваат и ќе се усовршуваат. Тоа се процеси кои се движат и грешките од нив се поправаат. Не се покраваат стратешките грешки кои носат големи политички кризи. На опозицијата местото и е во Парламентот. Нема демократија без опозицијата. Но, демократијата не е обврска само на власта. Нема демократија само со власт. Демократијата е заедничка обврска на власта, опозицијата и народот. Подеднаков е придонесот за демократија. Подеднаква е и одговорноста.
     
  11. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Луѓе ни едни политичари нема да ве спасат, пред меѓународна контрола, отворете си ги очите и фатете се за работа! Народот пред се, другите и вака и така си ги собраа милионите и ќе си одат, кога ќе го доприме дното. Ама можи треба да го доприме дното како држава, за сите медиумски испраните мозоци та од една, та од друга партија да се освестите и разберите дека треба да го работите тоа за кое сте квалификувани и да имаме напредок и да сфатите дека никому не должите ништо и треба да работите за вас, дака така ќе ги платите сите долгови што ги имате кон секого па дури и кон партијата(ако работите ќе има напредок во се а дел од заслугите ќе се на партијата што е на власт и на таа што ве вработила). Вие работите за себе не за партијата чија идеологија ја подржувате. И престанете да гледате во минатото и да плукате по овој или по оној, народот е крив, тој бил изневерен или не. Минатото не се менува, ама сега ја кроиме нашата иднина. Знам дека е полесно да се плука и обвинува по работи во минатото, отколку сега да се работи, ама тоа ни е единствен спас од пропаст. Затоа престанете да плукате во Заев, Груевски и било кој/а друг/а ,туку потрудете се да сте попродуктивни на работа, ако немате работа порудете се да си најдете, бидете снаодливи и инвентивни(да не се лажиме, не ве бери сите во државно да работите, па макар и цел живот гласале за партијата на власт, можеби надежта последна умира, ама во овој случај надежта ве прави бесполезни).Фатете се за работа! Тркалото се врти. Животот враќа, се што сте добиле незаслужено, во иднина ќе ви се удри од глава и скапо ќе го платите. Освестете се нема врска кои се на власт, треба да се работи, кој влегол во државно влегол и тој треба да работи и тие што не влегле треба да работат, во приватни фирми или да отвораат приватни фирми. Надежта на оваа држава лежи во успехот на приватниот сектор, не ви требаат странски инвеститори имате доволно големи интелектуалци и експерти и млади способни идни бизнисмени во државата, со големи и остварливи идеи, не терај те ги да заминат од неа. Подадете им рака на младите и на не толку младите,мотивирајте ги, кажете им дека и тука има плодна почва за остварување на нивните визии и соништа, во спротивноо ќе останете грст пензионери со минимални пензии и ни децата ќе си ги гледате, ни внуците и ќе умрите колнети и сами поради вашата мрза и несовесност.

    П.С. Никому не треба да му е гајле кој како е вработен и како заработува, важно е вработениот да е квалифукуван за таа работа и соодветно и совесно, да си ја работи истата.Во спротивно нема напредок. А верувајте ако има напредок, никому и нема да му е гајле кој како е вработен, ако имаме напредок секој ќе си го пронајди својот пат.
     
    На TIGRICA123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
  13. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    извор:http://www.utrinski.mk/?ItemID=D75B8B44BF540E44A2C9E967CA63EE2C
    па Зајко и тоа „мудрецот“ до тебе, АЈТ со здравје, надвор од партијата, зошто ја доупропастивте.
    И нека се отстапи место на некои нов луѓе, кои нема со метла да си ги расчистуваат меѓусебните афери и пикаат по тепих.
    Доста веќе!
     
    На Elissa и ADOKI им се допаѓа ова.
  14. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    22.551
    Пол:
    Женски
    Покрај мирните и фер избори кај изгубија, место да влезат во Собранието, да се борат со свои ставови мислења, да се зајакнуваат да гледаат да си го зголемат членството тие решија да се доотепаат уште толку.
    Не им се влегувало во Собрание, не им се правело ништо, и сега заради нив пак ќе одиме на избори. Уште едни избори заради овие малоумните, па преку глава ни е на сите аман уште вие ли ни фалевте со вашиот плиток ум да не зезате бре.
    Сега све ќе зезнат, заради нив ќе добиеме негативен извештај, заради комуњарите ќе имаме повторно избори за некој месец и на крај пак нема да победат,ќе добијат уште помалку пратеници, само нашата мака ќе остане да трпиме кампањи, говори да одиме да гласаме и државата секако без прогрес и оваа година да остане.
    Заев за ништо не те бива, ама баш за ништо освен за да и наштетиш на државата од кај што ти се нуди можност!!!
     
  15. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Зборуваат за демократија а самите во нивната партија немаат демократија сите што не се за заев ќе бидат исврлени од централен
    Па после ќе ми зборуваат за демократија еве како он победи на 18 конгрес а со негови притисоци на цленовите кои сам ги имат поставено на општинските иако имаше голем дел сигурно повеќе од пола кои не сакаат да им биде лидер но сепак неговата демократја како што вели он системската кражба пак го намести за старо нов претседател на сдсм хаха кај се гледа демократијата , не можам да ја забележам
    Замислете он да ни е премиер и каква демократија ќе ни спроведе....Блазе си нас кај ќе ни биде алот....
     
  16. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Која ХИПОКРИЗИЈА!Заев во 19.00 часот по завршување на изборите излегува со став дека нема да влезат во парламетн и ќе ги вратат мандатите, а двете „лепотици“ Грчева и Буралиева
    .
    Арно реков јас, СДСМ поголемо ДНО не можеше да достигне, и ти Заев и таа другарка ти Рада, да си одите.На листи ставивте комплетни
    збирштина од 500000 други партии и луѓе без кредибилитет и без никакво политичко искуство, кои сега ви вртат грб и ви го рушат „квази отпорот“.
    Го згазивте членството на СДСМ, ги игнориравте луѓето кои со години работеа за оваа партија, уфрлифте џокери кои мислевте дека ќе ги контролирате,,,епа драго ми е што немате мож ниту над вазалите кои ги внесовте во партијата ги седнавте на позиции на совети и сега ви се надвор од контрола.
    Грчева си иде по стапките на нејзиниот бивши сопартиец од ЛДП -Зоран Т поповски и Роза Топузовска.
    А оваа Бур(Н)алиева ...пошто прес до сега немала, немаме можност да видиме што капацитет е.
    НАДВОР ОД СДМС; ДА СИ ОДИТЕ СИТЕ!
     
    На zekzeki му/ѝ се допаѓа ова.
  17. citiesinflames

    citiesinflames Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    272
    Допаѓања:
    391
    Пол:
    Женски
    Абе овој Заев збрлавел бе. Албански уште од мали нозе да учеле децава...божееее, само да им се поклони и така може мирно ке биде во Македонијава. -.- германија (на пр.) е мултиетничка држава, па сите зборуваат германски, па никој не се залага неговиот мајчин јазик да го учат германците. а не ко овде ко анархија сме.
    ама зоа германија е , а ова македонија......
     
    На zekzeki му/ѝ се допаѓа ова.