Не би рекла, не дека нема такви што се во филм али има и многу баш супер дечки. Зависи кое ти е опкружувањето.
Многу ми е криво што мора да постои темава искрено. Отидени сме у ку*ац и машки и женски, не знам само кој точно момент беше пресуден. Сите сме на некој начин сјебани од некое си претходно искуство. Не подразбирам одма најлошо као упецавање на партнер во оргија или правење дете со друг/а, тргнувам од некои банални ствари како лажење од кое што може да искочи огромен проблем. Лажеме за да се вклопиме, кога ќе се вклопиме лажеме за да не се растури сликата за нас, е кога истата више ќе се оформи сфаќаме дека више не ни е интересно. Секогаш потенцирам дека и ние како девојки сме криви за некои работи. Рецимо, не се почитуваме доволно и сме нечиј втор избор. Практично, и ние и првиот избор сме за жалење, а машкото паун и најјак е*ач низ град. Ако се налутиме и сакаме до крај да го истераме своето у меѓувреме он отишол кај некоја која не се лути и не префрла. Јазик зад заби. Станавме лесен плен. Сега трудот е колку слики ќе ти лајкне на инстаграм. Се’ ни е лесно достапно, дрога, алкохол, секс за една вечер. Немаме ние либерално општество во кое што сето тоа може да се изведе беспрекорно. Овде живеат конзервативни фамилии кои одгледувале деца навидум со вистински вредности, се додека (вратете се повторно на делот со лажењето). Иначе не мислам дека нема. Мислам дека треба и ние (како девојки, жени и идни мајки пред се’) и они да се прибереме и да сфатиме дека ова не е Њујорк.
Крипи се социјалните мрежи шо бараат твоите слики, податоци и кореспондирање да ги дадеш на изволте. Најмалце е крипи да се држиш настрана од тоа корпоративно срање.
Одговорот на прашањето е премногу лесен. Затоа повеќето се опседнати со помислата да имаат некој во својот живот, па чим видат човечко битие погодено според замислените физички идеали одма се внесуваат во акција, а тоа многу често доведува до разочарување. Верувајте дека постои, само не се бара 'нормален' човек на места исполнети со мажи кои имаат зацртано дека мора да легнат некоја вечерва, и очајни девојки кои по секоја цена мора да најдат дечко таа вечер. Што девојки имам слушнато дека 'мразат' женкари, коцкари, наркомани и сл. а следниот ден се возбудуваат кога таков ќе им пријде. Истото важи и за мажите кои ги навредуваат девојките, а им проработуваат хормончињата при еден поглед од таква девојка. Во суштина никој не е нормален од нас, само треба да се појави оној со најмалку маани, маани што со текот на времето ќе бидат занемарени.
Браво, браво за мислењево. Дојде време кај што се е лесно достапно, па работите губат вредност. Исто така, некои вистински вредности се изгубени, не се почитуваат ниту бараат. И се повеќе луѓе со маски - маска од јака, недостижна цура а уствари гори од желба да искуси љубов. Маска од мачомен на кој испод честа му е да се удвара, а дома оди сам и се досадува. Треба само луѓето да се опуштат, да бидат отворени за запознавање и комуникација. Има сеуште квалитетни луѓе само се губат како во магла во ова време.
Ако бараш совршен некој, не си троши време, таква личност не постои. А и ако они треба да се совршени според твои стандарди, па и ти треба да исполнуваш нивни. Мислам дека треба да се гледа некој со кој ви е убаво, забавно, а не да исполнува некои критериуми внатрешни или надворешни. Или ќе ги прифатите какви што се или не.
Не е воопшто тешко, зависи кој што подразбира под поимот нормалност, за секој се наоѓа некој што ќе му одговара и физички и психички барем јас така мислам. Проблем е само тоа што има премногу мамини синови и татини принцези кои не се навикнати на компромис, ама и за нив ќе се најде некој.
Па реално не е лесно , еве пример многу парови што се зеле па потоа се разведуваат бидејки не се согласуваат во бракот а можеби врската не им била лоша . Многу е битен карактерите да се погодат за да нема многу караници , секако да има почит и љубов .. Денес се сменија времињата , и девојките си гледаат дечкото да биде вреден да работи по можност и добро да заработува за утре во брак да нема проблем со финансии , многу е битно девојката на каков начин сака да живее и каков дечко бара . Викаат и многу богат па не е добро , таму многу љубов од партнерот тешко .
Требаше буквално да копам по ѓубре за да најдам асален, а он до мене беше цело ова време. Вреди да најдеш некој али да знаеш што бараш мислам дека повеќе ќе ти олесни.
А што беше тоа нормален дечко? Прво човек не се наоѓа што ќе ти направи убав муабет, а камоли па личност за нешто повеќе. Повеќето при најобична комуникација се чувствуваат "загрозени" и бараат намерно "негативна" карактеристика и ќе ви ја влепат(?), само за да се чувствувате неудобно и они да ја имаат контролата врз ситуацијата. Жими поставувањето. Асална личност ќе внимава на вас и ќе се постави културно, па колку и да сте со различни интереси нема да се постави ниско. Почитта одамна се изгуби во меѓусебните односи.