Зошто е толку тешко да најдеш нормален/на дечко или девојка?

Дискусија во 'Врски' започната од baba Rada, 13 август 2016.

  1. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Мислам дека ги има.. ама тешко се наоѓаат.It pays to be a winner... :)
     
  2. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.355
    Пол:
    Женски
     
  3. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.355
    Пол:
    Женски
    Има негде таков?????
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    7.504
    Пол:
    Женски
    Јас сум искачала и сама со мажи па никому ништо.8-|Имам и другарки(2 ептен блиски и уште неколку чат пат за кафе пиење), ама кога ќе видиш повеќето што ти прават зад грб излага дека е подобро со мажи да се дружиш, башка што гледаш со каков не треба да бидеш.:D
     
    На SAMIRA и Леси Дома им се допаѓа ова.
  5. Zeynep

    Zeynep Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    Зашо сега машките гледат за една вечер да те поминат |( Не сите нормално,ама повеќето се недораснати што сакат у исто време да бидат со сто женски.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    32.731
    Пол:
    Машки
    Лесно се спарувале и откако ќе се спареле, останувале заедно засекогаш. Ама колку од нив биле навистина среќни со своите партнери, а колку едноставно ги трпеле затоа што немале друг избор - е тоа е вистинското прашање.

    Во тие „стари, добри времиња“ на нашите баби и дедовци - откако девојка ќе се омажела со некој, таа морала да остане со него - разводот бил срамота, нејзините родители у никој случај не би ја примиле назад кај нив, а жените немале сопствен извор на приходи за да можат да бидат независни од мажите. Па така, жените во тоа време морале да трпат се - и мажи-пијаници, и мажи-курвари, и мажи што им удирале ќутек кога ќе им текнело, и мажи што ги злоставувале и малтретирале - се, само поради тоа што немале друг избор и излез од тој „среќен“ брак. Затоа и во времињата на нашите баби и дедовци немало разводи, а не затоа што порано луѓето имале некакви високи вредности или почит.

    Денес ситуацијата е сменета и жената повеќе не мора да трпи се и сешто кај мажот. Може да бира и може да си дозволи да не се помирува со првиот што ќе го најде или ќе и го најдат. Денес е тешко да се најде „нормален“ дечко или девојка затоа што критериумите се многу повисоки него во времето на нашите баби и дедовци. Денес е потешко затоа што сега постои и разводот како опција и решение за несреќен брак - нешто за што вашата баба можела само да сонува.

    Во суштина, не е дека денес е потешко да се најде нормален дечко или девојка. Работата е во тоа што и порано било подеднакво тешко, само што поголемиот дел од луѓето, откако ќе го направеле својот прв и единствен избор на парнер во животот, биле осудени да живеат со него, иако најчесто и тој не спаѓал у нормалните. Ама немале друг избор.

    Денес, откако луѓето имаат право да си бараат партнер каков што сакаат - и да се обидат пак, ако не им успее од прва, втора, седма или десетта. Имаат правоо да се обидуваат да си ја најдат среќата колку пати што сакаат и колку што им е потребно. И искрено, мило ми е што живеам денес, а не во старите „добри“ времиња.
     
    На WildMk, Gushkalo, esperansa777 и 22 други им се допаѓа ова.
  7. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.862
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez Алал да ти е за муабетот :clap:

    Имам зборувано на темава со другарките, пошто сите 3 сме сингл во моментот и тие исто размислуваат демек во времето на нашите баби и дедовци, па дури и за родителите било многу полесно.
    Јас тврдам дека половина и повеќе од нивните бракови се мизерни и никакви, жената помирена со судбината, а мажите со швалерај и нивните средовечни кризи.Така да, далеку од идеална состојба и баш ми е мило што можам да прибирам со каква личност ќе го поминам животот.

    А тоа дека е тешко да најдеш нормален дечко, можеби бараме на погрешни места :D . Додуша,нормален е малку несоодветен збор, релативна работа.
    Не е само до прибирливост, ако зборувам лично за мене, јас не барам многу, понашање и интелигенција да има, и бонус смисла за хумор :D
    Е сега финтата е што има такви дечки, ама да го најдеш тој што пак тебе ќе те свиѓа, тоа е уште потешката работа :D Бидејќи немаме само ние критериуми, туку и машките.
    Така и треба да биде.

    Во секој случај, стојам на тоа дека е подобро да си сам, отколку да влегуваш во врска чисто ради реда, посебно со личност што не ти се допаѓа. Околината ми врие од такви врски, без љубов, само од интерес,можно и таму да лежат нормалните :D
     
    На eloves, zborlesta, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    87.768
    Пол:
    Женски
    Патем, во тоа старо време од баба ми, реткост биле браковите од љубов. Почесто биле договорени од родителите. Затоа и бегалки.. нали.:wasntme:

    За нормални.. ги има. Јас секогаш викам дека ништо не им фали на луѓето со кои некогаш и некаде сум излегла. Само, they rub me the wrong way :D или, она - каква сум, каква год е тоа, е ко тригер на некои нивни.... не многу убави сенки..или мои де.
    Луѓето со кои поради х причини не сме се бендисале или пак сме пробале и не сме успеале.. станале во некој момент нечија нормалност, дел од нечие секојдневие.
    Дечки и девојки ги омажиле, доживеале големи љубови, створиле семејства или ќе створат. Така што, што имам јас да мелам за тоа какви се. Јас познавам и сум доживеала еден дел од нив... друг ги знае и ќе ги запознае на друг начин. Е има и такви кои стварно не се нормални де и се такви со секого:D
    Како и да е, проблемот уствари е кога не го наоѓаш греблото кое ќе ти го почеша жуљот до мераци.:$ :rofl:
    *ејнт токинг абаут секс*
     
    На WildMk, fallenangel, SAMIRA и 5 други им се допаѓа ова.
  9. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    1.614
    Пол:
    Женски
    Заш е така? Еве заш - оти мојме да се пребројме на форумот нормални мажи и жени. Ако малку прелистате низ форумов ќе видите секакви теми до скрос забегани и слично. Па сега оди најди некој нормален. Све забега цццц
     
    На Sashko1992, elimkd и baba Rada им се допаѓа ова.
  10. Semih-Al

    Semih-Al Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Машки
    Многу си грешка:)Во ова време јас мислам дека женските сакат со повеќе машки да бидат:D
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    12.350
    Допаѓања:
    21.547
    Пол:
    Женски
    На оние што многу пребираат тешко им е да најдат партнер. Има такви што имаат големи очекувања.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    9.360
    Допаѓања:
    249.200
    Не само што пребираат, туку и се сметаат себе си за нормални :lol::lol:
     
    На elimkd, Bridget и baba Rada им се допаѓа ова.
  13. ViktorijaG

    ViktorijaG Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2014
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Sto podrazbiras pod golemi ocekuvanja? Eve jas licno smetam deka ne se golemi ocekuvanja da sakas da e samo so tebe, da mozes da imas doverba vo nego...no ete ne mozam da najdam takvo nesto...
     
    На SAMIRA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    9.360
    Допаѓања:
    249.200
    Многу е детски да напишеш список што сакаш и каков сакаш да е некој и да тргнеш во потрага.
    Така никогаш нема да најдеш, зашто бараш нешто што совршено би ти одговарало, а совршенство нема никаде.
    Мора да стапиш во врска, па да почне некој ,,процес,, на запознавање и ,,моделирање,, на табиетите еден према друг па да се одлучува дали може да се продолжи или не.
     
    На BlackNight, mimiiiii, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    12.350
    Допаѓања:
    21.547
    Пол:
    Женски
    Мислев на очекувања од типот - да има факултет, да работи во позната фирма, да потекнува од богато семејство, да има убаво обликувано тело, и др. Има такви девојки кои што знаат да речат - ако нема факултет и добро платена работа, што ќе ми е. Па не е тоа пресудно за да успее една врска.
     
    На baba Rada и referentka им се допаѓа ова.
  16. ViktorijaG

    ViktorijaG Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2014
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Eve konkretno za mojov slucaj ti kazuvam, deka nikogas ne sum birala mnogu, no sakam da e samo so mene, da me pocituva...premizuvam preku mnogu raboti, no takvi ne mozam... i ne mozam da najdam decko. Taman ke zapocnam so nekogo, ke vidam deka se gleda i so drugi ili prenesuva toa sto ni se slucuva i ne mozam ponatamu, ke kazam, se luti i prekinuvame i se taka... Cesto se zaprasuvam dali problemov e vo mene, no milo mi e so ja vidov ovaa tema...mozebi ke mozeme da se sfatime :) :)
     
    На SAMIRA, Sashko1992 и baba Rada им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    12.350
    Допаѓања:
    21.547
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што мажите само гледаат да те искористат. Ретки се оние што знаат да почитуваат и сакаат девојка.
     
    На SAMIRA, fallenangel и ViktorijaG им се допаѓа ова.
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.794
    Пол:
    Женски
    Од мое досегашно искуство можам да кажам дека за да ти биде некој дечко или девојка прво треба да го запознаеш како човек. Најдобро е прво да се дружиш со него/неа да видиш како реагира, како се однесува, што му смета, што сака и според тоа да знаеш дали вреди за да си во врска со него/неа.
    Многу луѓе денес веднаш се залетуваат и влегуваат во врска. Исто и јас сум правела така па за два месеци сум се карала. Си викам до мене да не е проблемот, да не барам премногу. Не барам премногу никогаш, проблемот е во тоа што машките не сакаат да се приврзат. Не сакаат сериозна врска,а викаат дека им е страв некој да не им расипе. Ми се гади од таквите машки. Како може некој да ти расипе ако ти си спремен да бидеш со девојката. Подобро во тајност да е. Абе каква тајности, оди лечи се таму. Ако сака некој да е со тебе ќе биде со тебе, ништо нема да му смета, ќе сака се да прави со тебе.
    Денешните машки изгледа се плашат да не бидат повредени или па биле и секоја наредна врска ја гледаат како можност за повреда и страдање, наместо како нова можност да почувствуваат нешто повеќе.
     
    На SAMIRA, Marossa, fallenangel и 3 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    9.360
    Допаѓања:
    249.200
    Не се тревожи ако така постапуваат.
    Девојка си, сама си, време ти е, ти ЛИЧИ да смениш дечко ако не ти одговара и тоа не те прави полоша од другите.
    Крај -краева, и ти забавувај се.
    Штом видиш дека не те почитува, откачувај го без предупредување и расправии...
     
  20. ViktorijaG

    ViktorijaG Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2014
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Ne znam so e presudno za da si so nekoj...eve kaj mene ke se gled
    Eve posledno se gledav so eden decko 3 ipol meseci i mnogu mi bese ubavo, mi prekina bez objasnuvanje. Posle dva meseci sakase povtorno da se smirime i sam mi veti deka nema da povredi povtorno. No ete se sluci, posle samo dve nedeli od naseto smiruvanje. Muabeti sto mu gi doveriv gi kazal na drugar mu, me stavi vo losa situacija, pa razbrav i deka se gleda so druga devojka iako bevme dogovoreni da ne go pravi toa i samiot kaza deka nema. I ne znam sto od vakov odnos... Zgora na se, koga doznav mi vika ne sakam poveke da bideme zaedno, naporna si. Sto realno ne e tocno, samo ne mozev a da ne mu kazam deka ne e vo red toa.
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.