Зошто е толку тешко да најдеш нормален/на дечко или девојка?

Дискусија во 'Врски' започната од baba Rada, 13 август 2016.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.891
    Допаѓања:
    73.534
    Пол:
    Женски
    Ретки се, затоа што за да одржиш врска потребен е труд, постојано вложување во меѓусебните односи и уште ред други нешта, како би можела таа врска да опстане.
    Имам впечаток дека на многумина не им се вложува во нешто долгорочно.
    Не секој е спремен да даде нешто од себе и да се залага за одржување на врска.
    Најлесно е да искористиш, тоа сите можеме, на еден или на друг начин.
     
    На Wahnsinn, Victorian, eliesaab и 10 други им се допаѓа ова.
  2. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    1.615
    Пол:
    Женски
    Абе не е пресудно - ама после за брак не дај боже без работа да биди ќе видиш колку е пресудно. Ако нема стабилност во животот - поарно сам терај си како знајш. Маж без работа е само едно - прво нерви второ пијан ќе почни да ти иди дома по кафани трошејќи ги ТВОИТЕ ПАРИ и плус сето тоа ќе го гледаат децата -ако ги имате. Па сега види ти дали е или не пресудно.
     
    На mace1, Victorian, babyblond и 4 други им се допаѓа ова.
  3. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    1.898
    Пол:
    Женски
    "Нормален човек" е релативна работа. Секој човек, или одредени групи на луѓе (пр.одредени култури, националности, воздрасти, одреден пол итн.) имаат различна дефиниција, замисла, претстава за "нормален човек".
    Друга работа е што порано луѓето трпеле се, се помирувале, не се бунеле за ништо (барем кај нас, во нашето општество). Пример ако е пијаница мажот, ќе го трпиш, мораш, оти ако го оставиш ќе пукне срам, одма ти лепат етикета на распуштеница. Денес полека работите се менуваат. Почнува никој никого да не трпи, дури и за глупости (пр. не и се допаѓало како се облекувал мажот и) и се разведуваат, раскинуваат врски.
     
    На Џони Џип и baba Rada им се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    12.362
    Допаѓања:
    21.600
    Пол:
    Женски
    Фала на комплимент, ама јас веќе 5 години сум госпоѓа. :) И мајка на два сина.

    Не реков да биде мажот без работа. Мислев на тоа дека има девојки што очекуваат да најдат некој што ќе работи во добра фирма. Односно, во потрага се по директори или шефови. На мене ми беше битно тој што ќе го најдам да не е без работа. Не мора да е богаташ.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    1.615
    Пол:
    Женски
    ааааа епа така кажи. маж без пари е како риба без вода јбг ама така е. а да е директор - ќе најдиш, ама после ќе си пејш ај ем нот д онли уан. па сега кој како сака. некој се мажи стрикно за луксуз, има милион случаеви. па и тие ќе си најдат нешто ``да го сакаат`` ако ме разбираш.....една шо знам се мажи за да стани асистент на факултет, една за пари апла инаку онаа свиња за ништо не ја бива и така
     
    На Victorian и baba Rada им се допаѓа ова.
  6. *Amethyst*

    *Amethyst* Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    5.918
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е толку тешко или дали на погрешно место ги бараме...
    ас додуше си верувам дека тој што ми е у срце е правиот, ама ова е сепак мое мислење без разлика...)
     
    На mrvlx му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    339
    Јас во последно време наидувам на клошари невидени. Машки кои се на возраст над 25 години и уште се гребе од дома, живее во кладилница и единствена цел во живот му е да најде девојка која добро се
    ебе
    .
    Разочарувачки е.
     
    На mace1, realGirl, Wahnsinn и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Petar80

    Petar80 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    44.352
    Пол:
    Машки
    Ептен на погрешни си наишла, а која е суштината или мерилото тоа која колку добро се е .. Ако тој е токмак
     
    На fallenangel и macencef им се допаѓа ова.
  9. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.015
    Пол:
    Женски
    Па нормално дека ќе бидат како кучиња пуштени, што очекуваш од дете на таа возраст што фатило девојка на 17год и ништо не проживеало во животот. Истото важи и за девојките. Не сум нешто ептен постара од тебе ама доволно за со 7години повеќе за да знам што зборам. На 20год мислиш готово више човек си станал точно знаеш што и како сакаш во животот. Не. На 20год тек почнуваш да сфаќаш, тек си тазе искочен/а од пубертет и почнуваш да осознаваш некои работи. После секој раскин дали на 20 дали на 30 луѓето се пуштени од ланец, збориме генерално. Да се надомести "изгубеното" време со таа една личност и да се замени со 10 други што би можеле да се најдат во тој период. Тоа им е таа теорија
    @zenska да ти се надоврзам муабетот, имам другар кој покрај тоа што ти го наведе нема ниеден ден работен стаж и како што викаш надежта умира во кладилниците. Премногу жално ама родителите се најкриви. Го гледам овој, мајка му му дава пари а знае за што му се па уште го правда пред сите и како тоа нема врска што он не работи, битно детето и имало највише пари од сите и можело кај сака да се вработи. Ахм да
    , баш сите фирми ја чекаат таа интелигенција да им дое на врвот. И уште истиот тој ќе ми вика ја сум материјалист зошто еднаш искоментирав не би се мажела доколку со дечко ми не најдеме нормална плата а он вика па и со една плата ако се сакате ќе живеете. Ај иди бркај дигимони и покемони, умре тоа време кога викавме со него/неа и во контејнер би живееле од што ја сакам
     
    Последна измена: 16 август 2016
    На Konfetka, Victorian, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Catnight

    Catnight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    275
    Допаѓања:
    688
    Светот е ненормален, ти сакаш некој нормален да најдеш. Во ненормален свет нема нормални, можеби има но многу малку.. Исто како кога читаш роман со многу страници, тешко е до крајот за брзу време, но сепак стигнуваш. До посакуваната цел мораш да поминеш доволно за да пронајдеш тоа што го сакаш.
     
    На SAMIRA и baba Rada им се допаѓа ова.
  11. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    1.211
    Пол:
    Женски
    Затоа што таков ни е менталитетот, секој глуми нешто што не е. И кога маските ќе паднат, цврц! Целата кула од карти се распаѓа па циклусот се повторува и така се до бескрај.
     
    На realGirl и SAMIRA им се допаѓа ова.
  12. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    339
    Мојот љубовен живот во моментов е невидена тапа. Луѓе поготво роднини не можат да сфатат зашто уште сум сама. Едноставно нивното време поминало. Не сум до толку очајна да прифаќам се и сешто само за да имам дечко.
    Во денешно време многу лесно те осудуваат ако немаш партнер, зборам за возраст над 25/30 години.
     
    На Gushkalo, Victorian, SAMIRA и 2 други им се допаѓа ова.
  13. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.092
    Допаѓања:
    16.117
    Воопшто да си немаш проблем затоа што мислат другите и дали т еосудуват затоа што немаш партнер. Следен пат кога ќе те прашаат за да те изнервираат речи им имам тројца на лагер не знам кој да го одберам!
    Бог да чува од такви роднини како твоите и моите! Најтрагично кај родниниве е што заборавиле вчера кои биле и дека да не биле тие мулиња што си ги нашле нив кучињата со маст нема да ги јади! Ама па и муле и слеп кога тогаш ќе прогледа па ќе почне голготата.
    Не е решение да се задоволуваш со нечии трошки т.е со било што. Денес ќе го трпиш во врска, ама утре ќе стапиш во брак е тогаш ќе биди касно да се свестиш. Од друга страна и тој помалку убавиот и помалку паметен што ќе си го фатиш ради реда, ќе збесни па ќе се прави фраер , ќе почни да брка женски што реално подобро сама да си бидеш отколку да трпиш некој исфрустриран, нереализирана личност во никој поглед.
    Наједноставен критериум за избор на партнер и репер нека ви тоа дека ако се чувствувате среќни, ве прави подобра личност без да ве доведе во сомнеж во неговата љубов, почит, без да ви ја разниша самодоверба и почитта спрема себе си тогаш тој е тој!
    Искрено ќе ви кажам често се наоѓам во ситуација да загледувам среќно вљубени пареви, кои стапиле во брак, се разбираат, почитуваат, среќни се и имаат и детенца. Среќата се познава на нивните лица. Зборам за оние кои стварно се погодени во секој поглед, како карактерно така и во убавина и се друго. Се надевам среќата и љубовта ќе им трае долго и дека еден ден ќе го доживеме сите ние што сме загрижени за нашиот љубовен колапс.
     
    На MayDiamonds, Victorian, Askopje и 5 други им се допаѓа ова.
  14. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    339
    АМИН!!! :*
     
    На Petar80 и fallenangel им се допаѓа ова.
  15. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    1.000
    Како прво, самите ние сме криви што дозволуваме општеството да ни наметнува некои глупи стандарди, и често избрзуваме со се'. Како второ, луѓето се толку многу "нечовечни" веќе, што сите норми и морални вредности се испреплетени. Би ви дала еден совет од мое лично искуство. Во врска сум веќе четири години. Верувајте, повеќе од ова и посреќна не можам ниту да имам ниту да бидам. Разлика сме 6 години. Навистина беше ај не љубов, ами огромна искра на прв поглед. Кога почнавме јас бев 3 средно, тој при крај со факултет. Значи една цела година јас со него си седев на клупа, си правев муабет, си гледавме во ѕвездите, и си се бакнувавме значи не му дозволував да ме пипне на др место. Си велев, ако навистина ме цени, почитува, чувствува нешто за мене ќе помине низ ова и ќе чека. И така и бидна. После година време работите почнаа со ред да си одат... Зборот ми е дека не треба да се брза со нештата. За се има време и место. Не дозволувајте да ве заслепуваат со зборови, поклони и сл. Ценете се прво самите, а потоа и делата на партнерот за вас (дали се искрени).
     
    На Victorian, Sashko1992, thequeen95 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    6.665
    Пол:
    Женски
    Во денешно време тешко е да најдеш некој нормален без разлика дали е машко или женско затоа што во денешно време социјалните мрежи ги свртеа светот наопаку. Денес се сѐ некој "фаци", "фраери" и "фраерки" кој лебдат високо над земјата и најчесто знаат да се исмејуваат на некој поразличен од нив ако и понуди излегување и сл, а ако половината од нив незнаат ниту "М" од морални вредности и пристојно однесување. Зборувам за мои врсници, па и некој поголеми со мали мозоци и ниско однесување.
    Чест на исклучоци кои сеуште го немаат заборавено доброто однесување и почитта.
     
    На Gushkalo, ku4ence, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  17. zborlesta

    zborlesta Активен член

    Се зачлени на:
    11 август 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Se e do nas samite. Iskreno samite si pravime da ni e tesko da najdeme nekoja srodna dusa. Samite kriteriumi sto gi postavuvame ne kocat za da ete se opustime i iskocime so nekoj iako toj e sprotivnost od toa sto go posakuvame, e tuka bas gresime. Nekogas i duri samite sebesi se precenuvame i barame nekoj so kje bide dovolno dobar za nas i so se vika kje ni simnuva zvezdi. Epa mili mazi i zeni, deckovci i devojki dajte opustete se i trgnete gi tie kriteriumi nastrana (da e ubav, da e nekoj jak tip po koj se palat, da ima jak gz tipkata, da i puka dekolteto, da e finansiski stabilen pa neznam ti use sto). Daj opustete se iskocete zapoznajte nekoj onaka i ne pomisluvajte na tie kriteriumi koi samo ve kocat vo pronaogjanjeto, nikoj ne vi vika deka ako iskocite so toj kje mora so nego da ostanete tuku toa deka ako ne si probal nemase da znaes (a sekogas ne kopka toa ako ne probas nesto i si zamisluvas kako bi bilo koga bi bilo).

    Toa sto maskite sakaat da legnat devojki i da idat so povekje vo isto vreme ne se samo oni vinovni tuku i devojkite koi taka postapuvale pa zatoa oni i taka se ponasaat. Plus prekratko fustance, dekolte ogromno, sminka tri kila a i plus dokolku poise pie i od nego normalno deka asocira na takva nekoja.

    Sekako i za toa sum deka razvod e sosema okej rabota, iskreno mi e gajle sto drugite zborat ja si gledam za mene. Ako ne ide brakot normalno kje se razvedeme nema sea da se tintrime samo radi toa sto kje recat drugite. Zatoa zivejte si go zivotot kako vie sakate bidejki eden den kje bide kasno koa kje vi tekne deka ste mislele sto kje recat drugite.


    ;)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.794
    Пол:
    Женски
    Заборави да напишеш дека нивната дефиниција за љубов е дека не се за врска, сакаат врската да биде чувана во тајност, да знаете само вие двајца, ако се реши да те нарекува девојка. За жал многу машки се со вакви сфаќања. Секоја чест на тие што имаат мозок и се созреани до 27 години и знаат што сакаат во жвотот и во љубовта.
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.196
    @jasmina00
    nacinot na koj ti e napisana prethodnata recenica oznacuva deka ne go znaes ni tocniot broj na "drugari"...ili posoodvetno e da se kaze brojot na orbiteri... kripi
     
  20. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    12.243
    Затоа што љубовта не е случајна таа се гради и создава. Многу мислат дека е така дадена или ја има или ја нема. Па ти ако не го одржуваш тоа, ако ја сведеш на "гушење" не очекувај повеќе. Кај нас постои и синдромот јас сум маж не треба многу емоции да покажувам. Многу често го забележувам ова. А прв е да и замери на жената за нешто, па и да глуми жртва додека не си ја сфати грешката. А тој е безгрешен. И многу други ситуации каде гордоста е ставена пред љубовта.Забележувам и девојки потполно зависни од своите дечковци/мажи што не е во ред мажите сакаат самостојност, а не некоја палавка. Недоволно комуницирање исто може да биде пресудно.