) Ги сакаш сите по име и презиме, да ти биде уште покрипи ?? Онака за крипи сон, како една другарка со уште две , значи 3 другарки имаат машко друштво?? Не знам навистина што ти е крипи....и зошто....очигледно е дека си немал женска другарка или дека не ја сакаш, затоа.
Нормалните ги нема у тешки дупки со гласна музика, у кладилница... тие стануваат рано, идат на работа или на факс, и да, точно е дека испод 27 тешко да наидеш на нормален, такво ни е времето и сваќањето.Важи и за женските исто. Претходната недела бев у Охрид кога беше Prodigy, типот со кола од 50+ илјади евра беше паркиран и околу колата 18-20 год девојки едно 7-8 му праеа муабет а овој го слушнав како вика ако погодам на една името таа ќе се вози со мене... шо бараш тука нормално, ни години се гледаа ни ништо, а беше сигурно 35+ во години ама то ти е. Внимавајте како каде и со кој.
Нема универзална нормалност и не може да се релативизира со тоа кој е нормален кој не. Се бара СРОДНА душа. Искусна особа во 5 минути може да ги забележи клучните карактеристики кај соговорникот. Говор на тело, ниво на комуникација, животни погледи и вредности...Сите сме уникатни. Тоа што за нас е нормално за друг може да биде скандалозно, итн итн.. Не постои потрага по нормален партнер, постои природен спој на два слични карактери.
Сакаме да сме либерални, да се шетаме топлес, да не се депилираме, да не броиме сексуални партнери, да пиеме алкохол колку што можиме и не можиме, да експериментираме во сексот и сексуалноста. Да живееме сами, да не слушаме никој, да сме независни во секој поглед, да не не интересира никој и ништо. Сакаме одговорни работни позиции, со еднаква плата како и сите машки колеги, сакаме поуба канцеларија оти нели, рамноправни сме. За мажените, да го спрегниме мажо в кујна, со фута да меси в кујна и со метла да риба, да бриши дури гледаме Олимпијада на ТВ, да чува деца, да ги преслекува и капи, оти нели, сами не си ги направивме? А во исто време сакаме, романтичен дечко шо ќе отвора врата од кола и ќе дава цвеќе и подароци, и ќе не зема и ќе не враќа дома и ќе ни титка на телефон оти мисли на нас, или оти е 3:03. Ќе биди моногамен и нема да гледа во други женски и сите пари ќе ги троши на нас, а треба да има многу пари и да заработува многу повеќе од нас, па подоцна да не мора ние да работиме, тој треба леП да носи оти тој е маШ во куќата. Сакаме да се истегни и да дофати и отвори затворена, вакумирана тегла со кисели крастајци, оти ние сме понежниот пол, а тој ќе биди принцот на отворените тегли и заштрафените вратнички и тако даље и тако даље. Се запишав глупости, ама поентата ми беше дека си поставуваме еден куп критериуми за работи за кои не сме ни самите сигурни дека ги сакаме. А друг фактор е муабет на @ccca , еволуцијата и „напредокот“ мајката ни ја плака.
Еве причина плус зошто не успеваат врските. BoyL, извини за цитатот, морав Штом јавно си го напишал вака, не се лутиш
Врските не успеваат ради фб инстаграм и др слични вакви срања.. Неверство имало од секогаш само што за него се дознавало мн потешко и затоа врските си биле убави и вечни.. А сега преку фб се се дознава..и затоа птопаѓаат и бракови и врски..
Зошто ради фејсбук и инстаграм? Те молам објасни ми, оти не разбирам. Ако си во среќна врска што те исполнува, која е потребата да шараш?
Затоа што ја разбудија љубомората во врската премногу.. И едно време луѓето биле во среќни врски па шарале и мажите и жените..но немало телефони немало смс немало селфи видеа и разни глупости..идеш се ебеш ради секс од желба за со друг и никој ни чул ни видел..
Ахам, значи се додека се сексаш со друг и никој не знае, ок е. Штом партнерот ќе посомнева и ќе пројави знаци на љубомора, тогаш веќе чкрипи. Браво, ваков поглед на нештата не сум имала досега.
До пред 10 години..мажот/жената патува службено или било кало..запознава некој се препушта на страстите ужива..по три дена се враќа дома никој ни видел ни слушнал.. Сега одма се разменува број фб инстаграм следење..глупости..еве ти сумња еве ти кавги..а може само и кафе сте пиеле заедно..
Во право си за ова. Многу машки, па и женски имаат контакт со лица кои ги симпатизираат, можеби и некој бивши/ша на фб и полесно се стапува во контакт. Машките си ставаат лајкови на разголени слики од девојки на инстаграм, без разлика што тие се фитнес модели од Бразил на пример. Женските затоа што не добиваат доволно внимание си пишуваат со други машки.
Па ако сака некој веднаш може и тука да почне со афера. Нема некое пишано правило. Ако сака некој да изневерува и ако е склон кон таа работа ќе најде начин, доволно ќе му е од дома да излезе
Затоа што сите гледаат површински во луѓето. Не се задлабочуваат во нивната душа, не се обидуваат да ги сфатат и да направат муабет. Многу се површни