Не само хемија, туку компитабилност, разбирање... Хемијата е арна за забава, проблеми кога ќе дојдат, ич не ти прај разлика дали има хемија или не.
Хемија и физика треба,тешко е затоа што во денешно време повеќе се на фб или инстаграм а не дружење кое фали во ова време. Станавме егоисти,самобендисани и затворени,комуникацијата се одвива по социјални мрежи. Технологијата го направи човекот робот.
А не се гледате во живо со потенцијални партнери? Исклучиво преку интернет комуницирате? Пошто, јас маж ми на мирц го запознав... не ми е страно ова, ама пак во живо се гледавме
Зошто? Зашто кај младите на цена се искривените вредности. Нјабитно е статусот во општеството, пари, имот, титула.... Никој за љубов, за верност, за разбирање, за сочувство не збори. Се почесто слушам за пребрзо завршување на тазе бракови.
А сите по пари трчаат? Сите до еден? Нема шанси да нема љубов воопшто.. сигурно има и такви кои се сакаат... Многу нихилистички ми е ова, сите да се такви...
Не дека не се гледаме,туку муабетов ми е дека повеке се користи фб за запознавање а не во живо,кафич,дискотека све е сменато.
Sami ste oti prebaruvate ne znaete sto sakate ne ste lojalni ! Posle ke placite i taka . Ke zavrsite so nekoj od po selana i to e to !
Бидејќи сите како да ја изгубиле храброста од запознавање и приоѓање. И машки и женски. Обидувајќи се да прикажат нешто на социјалните мрежи, целосно се отуѓуваат од реалноста. Запознавање само по интернет, а ако имаш ептен среќа ќе ти се посреќи кога ќе излезете во живо да личи барем на таа особа што се претставувал по интернет.
Чудни се девојки е денес Незнам, секоја чест на исклучоците..ама мислам дека поважно им е да ги частиш..да имаш кола да ги развозуваш ..постојано да ги анимираш.. И пак на крај ништо Е затоа остануваат сами
Чудни се оти заглавени се во еден виртуелен социјален свет на некои трендови па кои што не се свесни потсвено потприммат и нивното свое јас , особини карактерот им се заглавени . Незнаат ни муабет да ти сврзат чекаат на друг .