А оти не уживате во врските, онакви какви што се? Да немате очекувања, туку само да се забавувате... Врска доаѓа кога ќе сретнеш некој, што е компатибилен на твојот карактер. И не опнувајте розови очила, па после да се 'чудите' “Што му/и' стана?? Не беше таков/ва??“. Пошто такви се сите цело време, само кога сте затрескани, ги игнорирате мааните.
Не уживаат оти ако не најдат од прва некој што ги исполнува нивните критериуми, отиде возот. Мажите генерално не сакаат обврски дури се млади, некаде после 30 години почнуваат да размислуваат на таа тема, а жените обратно, сметаат дека мора да најдат некој сериозен до кај 30 години, оти после ќе бидат стари моми. Проблем е што тоа е ептен очигледно и мажите можат да го насетат, па бегаат од тоа. Затоа никој не може да најде тоа што го бара и сите се вакви или онакви. А со годините растат и критериумите.
Во право си за ова.. ама ај реков да не го спомнувам, да не се налути некоја. А точно е дека брзаат жените да се спарат (не сите, ама повеќето). А и не е без причина, пошто биолошкиот часовник ни е со далеку помал рок на траење, отколку на мажите.
Секако дека си има причина поради која сите ние брзаме, но тоа секогаш не е биолошкиот часовник. Причина може да биде и стравот од самотија, многу такви познавам што останаа во долги врски, после и бракови со истиот партнер колку и да беа незадоволни од врската. Оти се плашеа дека сами ќе останат ако раскинат, а веруваат дека во брак мажот се менува. Но мажите отсекогаш бегаат од жени кои по секоја цена се обидуваат да најдат партнер и да се омажат. Е сега, има и мажи кои си сакаат стабилна и сериозна врска и пред да наполнат 30 години, ама се поретки.
Ова е конвенционално точно, што значи за повеќето луѓе, низ годините, поготово порано. Сега гледам се повеќе и повеќе женски што се однесуваат исто како мажи се до доцните дваесетти. Што е и очекувано со оглед на распространетоста на контрацепцијата.
Мене еднаш една во средно после 3 часовно плачење до ниво мрсули да и течат, онака тотално унаказување и тешење од моја страна оти дечко и ја изварал ми рече: "Ти си меѓу ретките денес. Камо сите да беа такви. Сакам да најдам дечко како тебе."
Thats just whiteknighting bro. Ако се однесуваш со неа како другарка што би се однесувала, така и ќе те третира. П.С. Зашто не ја залапа на лице место?
После тоа што ми го рече и единствен маж да бев на планетава немаше да се омрсам. Fast forward, заврши со еден ќелав горила што работи во секјурити, кој ја извара по година дена брак и се оставија. Поентата ми беше дека нормални мажи/жени има колку сакате, ама вие не ги преферирате. До вас е.
Не би рекла дека е поради контрацепцијата. Повеќе поради тоа што и дел од жените научија повеќе да се ценат себеси и повеќе уживаат во слободата. Ама пак, процентуално е голем делот од женската популација што стравуваат дека ако не најдат сериозен дечко до 25 години нема да се омажат, или што мислат дека сериозната врска на 18 години е она вистинското. Bear in mind, девојките повеќе ги привлекуваат т.н bad boys. Оти мислат дека со љубовта можат да ги променат. Да, сигурно.
Ова сериозно? Мислам, не дека не сум го чула муабетот, ама не ми беше многу меродавен од особа која запнала да се омажи на 20, со првиот шо се нашол. Мене ми беше смешно, 27 имав и ич не се чувствував стасана за мажење. Па одтогаш колку време помина, мислев се менува матрицата
Мене па вие што немате социјални мрежи сте ми creepy,познавам такви и скоро сите од нив дремат на социјални мрежи од профили на нивните блиски,мајка,татко,брат,сестра...