И јас не сум можела да се вклопам секогаш во друштва и сите луѓе се различни и некогаш тешко е да си го најдеш своето место. Но Да кажеш дека сите се ненормални, а ти си топ, или се преценуваш себе си, или си се утешуваш, трето нема. Добри луѓе постојат, и ако не си го нашла твојот, може да е заради милион причини, но не и затоа што ти си прекрасна, а другиве не ја сфаќаат твојата прекраснотија. Ко лисицата што не можела грозјето да го дофати и си рекла сигурно е кисело...
Не смеам мое мислење да си кажам? Те имам и приметено во други теми бог да чува си..Не ме познаваш така да нема пто да расправаме
Да не ме сфатиш дека те напаѓам - и јас сум во слична ситуација. Ништо нема да постигнеме ако мислиме дека ние сме си прекрасни, а никој не го гледа тоа. Првин мора од себе да тргнеме затоа што себе може да се смениме, а другите не можеме. Да видиме што се можните фактори, барем кај мене и моите сингл другари ги има моментално: 1) Пробирливост - Неколку пати девојки имаат дадено иницијатива, но не ми се допаѓале. Исто така мои познаници запнувале да ме запознаат со некоја нивна познаничка и сум одбивал. Знам дека е површно ама некој или ти се допаѓа или не, тееееешко може да те освои исклучиво со својот карактер. Па кога сум веќе таков и не можам да го сменам тоа, мора да се помирам дека мора да се почека и да се биде стрплив додека да се најде обострана привлечност. 2) Срамежливост - Што ќе каже, што ќе помисли, гледај колку луѓе ќе видат ако ме откачи...Машките често го имаат овој проблем и додека се мислат и собираат храброст, приликата отиде. Мирните и повлечени луѓе немаат прилика да се запознаат меѓу себе заради иницијативност приближна на нула. Затоа при искачање многу поголеми се шансите да ви пријде некој “бед бој“ кој сака само крес варијанта, а не нешто озбилно. 3) Енергијата и друштвото - До пред некој месец искачав со моите стари другари кои се малку апатични и депресивни. Нормално, негативно влијаеја и на мојата енергија. Тоа се приметува од страна и секој би сакал да се запознае со насмеани и весели луѓе, а не со смркнати безлични фаци. Сега со другариве со кои искачам многу поубаво и повесело се чувствувам и веднаш има резултати, почесто запознаваме нови луѓе. Значи некои бариери дефинитивно постојат и тие мора да се пробијат. Движи се почесто надвор, опкружи се со позитивни луѓе и биди отворена за нови запознавања.
Многу лошо време е дојдено, да не можеш на еден збор да поверуваш на некого, генерацииве нови се катастрофа, мада и онаа генерација во која спаѓам јас... Многу несериозност, незрело размислување, тотална катастрофа, затоа после сами ќе си патиме, а поготово какви генерации понатака доаѓаат ич да не збори човек, без коментар...
Zaradi toa sto vo denesno vreme socijalnite mrezi go smenija nacinot na koj sto razmisluvame i dejstvuvame , step by step opstestvoto pocna da razmisluva na ovie raboti so drug pogled i zatoa e vakva situacijata..
Мое мислење е сепак дека не го имате пронајдено вистинскиот а сепак постојат и такви какви што си сакате вие
Искрено не е тешко туку ние скоро цело време се залетуваме по погрешни, затоа што вистинскиот/та е тука некаде само што ние затрескани во тие „невистинските„ не ги гледаме. Таа е реалноста колку и да негираме
Јас колку што знам за машки од Скопје се како исти сите, нема разлика меѓу нив и некој ако е соцршен за некоја би бил само поради вкусот на девојката за изгледот на дечкото. А секако е совршено да се најде таков ама не значи дека е совршен ако не размислува како што треба, односно што сакам да кажам е размислуваат со долната глава. Сигурна сум дека сум сватлива. А јас баш затоа мислам дека е претешко да се најде совршен. И сега, се сетив да прашам нешто за совет. Како да го насочиш дечкото да не размислува само за сексот кога се запознава со мене? Како да го придобијам да ме сака целосно? Дали има некои постапки и начини? Или мислите дека нема да се смени ако е таков ?
Во Скопје има татини синови со бесни коли,секој викенд на журки,пијани,рокање само јако и обавезно само со лесни девојки пошо која нормална ќе го сака?Се се сведува само на пари,секс и дрога.Јас со кој и да се допишувам муабет само за тоа вртат и инстант губам интерес. За да го придобиеш биди своја само,а ако е таков фак бој и само на тоа мисли тешко дека ќе го смениш а дури и не ти ни треба таков. Еве јас не барам многу битно ми е само да е фин,културен,добар карактер ,да не е љубоморен ,да знае да се зеза,физички изглед никогаш не сум гледала тие неколку до сега ми се просечни реално повеќе паѓам на понашање.
Смешно е тоа како машката популација вади социолошки статистики околу тоа како се жените проститутки и спонзоруши, а заборава да го погледне својот поглед кон животот, критериуми и барања. Цицка, гз, висина над 165, добро ситуирана, вработена, слабичка, субмисивна. И на крај пак не чини. Зошто? Ве молам зборете ми за нормала и општествени истражувања, ахам.