Жените навистина многу страдаат. Една таква женичка која имаше маж домазет кој ја пцуеше, навредуваше, ја изневеруваше, не сакаше да плаќа сметки иако живее кај неа дома, советуваше „кога ќе се омажите, не брзајте со деца, една година ако треба пијте таблети, мажот не мора да знае. Не раѓајте деца додека не видите со кого си имате работа“. Примери безброј, а ретки се пак оние кај кои има хармонија, слога, љубов.
Во околина моја голем дел се плашат од осаменост. Имав другарка што едвај прекина лоша врска и толерираше се и сешто зошто и било страв дека ќе останела сама или немажена, подобро било да си со некој, отколку со никој... Пред тоа беше сингл и ова и беше прва врска на 20г и општо прв бакнеж и била каква блискост со машко и викаше дека чувствувала притисок, сите околу неа и помали од неа биле во долги врски, сакала и она да е, сама се осеќала, а она едвај успеала една врска да има и таа не и одела. Ама добро, на крај прекина. Сега е сингл и мислам си ја цени слободата повеќе и ја научи лекцијата... Иако сè уште постојано збори како е сама и и било тешко и се плашам дека пак ќе се залета у нешто што ќе ја растажи само за да не е сама... Друга причина за останување во лош брак, мислам дека исто или е ради осаменост или е ради немање финансии и каде да одат после развод. Исто често е тука и тоа "што ќе речат комшиите", па од петни жили се трудат за го зачуваат бракот кој уствари одамна им е пропаднат ама битно пред народот да не се сами. Можеби има и некои што се земаат само поради непланирана бременост и колку и да се трудат после не иде и не иде ама пак ради детето не се разделуваат и остануваат во лош брак. Има многу причини ама овие се некако најчести од тие што ги знам. Јас лично не се плашам од самотија и од дома ме учеле така да не е само да си со некој или да се омажиш колку демек у брак си, подобро да си сингл, воопшто не било страшно ни тоа. Ако најдеш сродна душа секако е убаво да си со некој, но инаку не се форсирај за такви работи. Мило ми е што од мала ми го кажале тоа, па некако никогаш за врски не сум се форсирала и како за среќа баш кога не барав, најдов некој кој за сега ми е совршен и супер ми иде. Ако не иде би прекинала и брак и врска без разлика на тоа колку сме заедно. Личниот спокој е најважен.
Дали се филмови или не, искрено не знам, ама што имаа некои пишано очигледно и одговара третманот на жртва да биде, или и она е мазохист тежок како него. Ама нормална особа тоа не би го трпела ни 5 минути, а не па толку години. Она е толку под негово влијание подпадната што веќе почна и се да му верува и за се да го слуша. Сега последно почна да и ја полни главата како ние другарките сите сме и мислеле лошо нејзе зошто сме сакале да ја скараме со него, и она нас ни се лути почна да не одбегнува, ама мене ми е јасно зошто он и го прави тоа, сака да ја оддалечи од сите, да нема со никој контакт, он да и биде единствен во животот и после уште повеќе да ја малтретира. Башка се многу разлика во години, она беше 14 години кога се фати со него и он ја "израсна" што се вика, си ја кроеше по негово како му одговараше, за сега после толку време да не може да се откачи од него.
Зарем не веруваш во љубов на прв разговор? 100% се согласувам. Мислам дека тоа се комбинации на ниска самодоверба од една страна и ласкањето од друга, што си го сфаќаат како љубов. Не знам. Многу пати имам прочитано "Ама ми докажал дека ме сака" и стално си мислам како ли и докажал. Сега ме фати љубопитност, следен пат ќе прашам некоја за примери.
На прв разговор или прв чет? Шознам, може верувам, ама треба да знам со кого имам работа, значи професионално цв прегледано, потекло проверено, полициско досие чисто, такви работи Докажување дека ме сака- од кај знам, може се рачуна ако е напорен и упорен со тебе, до степен под прозор ноќе да ти пее. Обично ова значи дека е пијан, не заљубен.
Ти се молам, модерни пандемиски времиња се сега. Ќе ти пее на тик-ток. Шала на страна, мислам дека темава навистина е опширна и има доста за дискусија. Од воспитување, до образование, финансиска независност, притисок од околина, нефункционални институции, нормализирање на опасни и токсични работи...
Некои стварно се воспитувани на овој начин така што не го знаат значењето на зборот НЕ. Една жена која била силувана раскажуваше дека силувачот мислел дека и се допаѓа тоа што е напорен и мислел дека тоа што му вели НЕ е дел од играта, таа се прави недостижна, а негова работа е да ја освои. Страшно.
А некои стварно имаат идеја ако е упорен и напорен дека ептен најмногу ги сака. Ова како пореално сценарио за темата и конкретното поднебје.
Постојат некои личности кои од очај не сакаат да стават крај на токсичната врска. Не сакаат да останат сами, стравуваат да не останат стари ергени или моми па трпаат секакво срање. Поради финансиски аспект, иако сметам дека секој има мозок да се вработи и да заработи, макар минимално, а подоцна можеби ќе најде и подобра работа. Не можам да дозволам да толерирам некој да ме понижува, тепа а да останам со него затоа што може да ми гарантира финансиска стабилност. Поради децата... Често во бракот има насилство, од страна на сопругот ама жената често се вади дека останува во брак поради децата да не страдаат а всушност страдаат во дисфункциунално семејство. На крај најглупиот изговор, што ќе рекле комшиите. Што ми е гајле за нив, не живеам за нив, мојот живот е мој живот не на Стојна или Петре. Се работи за мене. Ќе пукнало срам, ќе ме оговарат сум била распуштеница, доволно недобра за маж штом се имаме разделено, како сум можела така, грев сум правела. Луѓето никако да си гледаат во свој двор.
Ради пари. Ради што ќе рече народ. Ради страв од самотија. Ради децата да не живеат со разведени родители.
Им треба поддршка и помош и од блиските, и од општеството. Се додека се осудувани, немаат финансии и се потценети, се чувствуваат беспомошно. Плус невработеност, ниски плати... Секоја си знае дома како и' е.
У ствари глупав е муабетов... Ништо не постигнуваме вака. Знаеме зошто остануваат, очигледно сите сме свесни. Прашањето е: Што можеме да направиме за да ја смениме ситуацијата?
Точно дадо ама некои бараат совет и на крај си тераат по свое. Треба и подршка, да знаат дека не се сами ама луѓето често се и - Не сакам да се мешам, она си знае.
Од совет многу корист немаат. Им треба гаранција дека ќе бидат заштитени од насилниците, психолошка помош, услови каде да заминат, можност да станат финансиски независни, да имаат поддршка од околината. Ние како народ/држава, ништо од ова не им нудиме.
Се согласувам со се. Но, сметам дека исто така постојат и девојки што не знаат дека се во лоши врски. Пораснале со тој еден дечко повозрасен или пак се со слаб карактер. И не приметуваат дека некој ги манипулира или пак сета таа љубомора и контрола ја сметаат за нешто што е нормално.
Е затоа треба околината и институциите да помагаат. Никој не пријавува, ни една институција не истражува, закони не се почитуваат, се' е башибозук.
Имав еднаш идеја за фемина пред-брачни совети. И онака во брачни совети, најчест совет е развод, па боље спречити него лечити. Искрено, темава ми е многу страшна. Значи јас можам да делам ум на ќерка, ама најпосле секој со својот памет и среќа. Да тргне да се мажи на 19 на пример, за првиот багабонт, што можам јас да направам? Освен да знае дека не смее да трпи срање и дека вратата дома секогаш и е отворена. Овде кај што сум, за среќа не трпат срање. Се караат, се тепаат, па си заминуваат. Никогаш не им е касно да заминат, никогаш не им е касно нов партнер да најдат, и со мали деца, и вдовици на 70. А немаат ни повеќе пари ни повеќе едукација во глобала. Ваљда ради комшиите е, дека баш ги заболе за кој што ќе рече. И дека не е срамота да се живее под кирија.