Можеби си во право... можеби најголем проблем е корелацијата осуда од околината - чувство на вина поради истото. Ама за тоа да се смени треба време. Еве и по форумов гледаме, колку млади има кои се спремни да си го (и си го) жртвуваат интегритетот заради други луѓе. Едукација ваљда? Ама како да биде достапна за општата народна маса?
Колку пати сме збореле на една од наше друштво, ем убава работа сме и нашле, исто и засолниште, парична помош сме нуделе додека сама не застанеше на свои нозе, ем се мачеше, ем не сакаше да го напушти а имаше излез, се свести кога заврши втор пат во болница претепана од ќотек. Од институциите не очекувам одамна. Убаво е да се има подршка, тоа е плус во борбата. Секој прв чекор е тежок, после е се полесно. Ама кога навистина имаш подршка и не мрдаш со прст сам да направиш нешто не е океј а, си свесен за проблем. Треба да се прифати и она малку што ти се нуди, како за почеток. Не знам, јас кога бев малтретирана во врска уште прв удар заминав, не чекав да се продлабочи. Но веројатно овде игра улога и храброста и што велиш и истрошеноста кај жртвите. Јас и во брак би постапила исто. Импулсивна личност сум. Не размислувам два пати. Што биде нека биде, веднаш раскрстувам. Не ме родила мајка мене да ми се изживува некој.
Ама никако. Пуштете уште турски и не знам какви серии, со бацирака на свекрва и пропагирање слични вредности и таман ќе биде. Иначе напамет зборам, само претпоставувам дека такви се турските серии, не сум гледала за да тврдам. Грешно се учат од дома, мажи да бидат бараби а жени да трпат све, и така тоа со векови. На маж му личело да вика, на женско не личело да се прави многу умна. Сите мажи биле неверни, таква им била природата. Тој учебникот за психологија на факултет, шо пишеше? Џабе се учи факултет, кога мајндсетот ист останува.
Само да донираме во невладини здруженија и да си ги воспитуваме ќерките да препознаваат насилство и синовите да не креваат прст на девојче, друго не можеме. Лично бев сведок на пријавување во полиција и дојдоја и само го предупредија. Жената не се осуди уште еднаш да пријави. И можеби и јас не би се осудила да пријавувам насилство во комшии ако знам дека утре може да ме начека в лифт, а не вредело пошто ништо нема да се деси со него.
Абе си во право, ама не се сите ментално јаки како тебе можеби.. и не се за секого баш условите исти. Може ти не си била воопшто заљубена во типот, може си имала други приоритети во моментот, можеби си била поискусна, може попаметна. Не е наше да судиме зошто жртвата е жртва. Насилникот е за осуда. На жртвата и' треба и психолошка помош, кога не може да ги согледа последиците од своите одлуки. А ние и со тоа имаме проблем кај нас, ма колку и да се правиме напредни, сеуште постои стигма за менталното здравје.
Така се пораснати. Не земаат од мали и не учат шо се очекува од нас. Од нас се очекува да бидиме со еден маж, да бидиме домаќинки, да служиме само за приплод. Еве, барем мене ова ме учеле како дете, и сите овие работи кога сум растела и сум се оформувала како возрасна индивидуа - ми претставувало проблем. Исто е и ова, така не учеле и некои потешко бегаат од тоа учење од други. Жената оди кај мажот. Мажот ја штити. Тој носи пари. Та чисти. За децата се потребни двајца родители. Се ова се констатации. Субјективни гледишта и многу трпат шо ради комшиите шо ќе речат мислејќи дека држат некое достоинство зошто нели, никој не ги оговара, или пак за децата зошто сметаат дека токсична и несреќна средина е подобра само зошто детето има двајца родители. Лош секс? Ајде то е, сум го одбрала, имаме дечиња. Изневерува? Маж е ајде ... то е ... плусто децата без татко не ќе ги оставам. Психичко насилство? Сигурно јас сум крива. Физичко насилство? Ете му се греши понекогаш, инаку ептен е добар. Лошо пијанство? Пијан е, кога не е пијан океј е. И не само шо од дома не учат каква е нашата улога во општеството и семејниот систем, многу е полесно да одржиме некоја ситуација место да ја смениме. Промената е страшна. Промената е неизвесна. Несигурна. А, ако се држиме до тоа што го знајме, можиме да научиме да боли помалку. И зато многу луѓе сфаќаат дека имаат проблем, дали било то ете во семејството со сопругот кој е лош сопруг и имаат лоша врска или брак, или пак и проблем по ментално здравје ако има некој, секогаш се одолговлекува зошто неизвесноста е пострашна и се бара помош или се бега кога е веќе многу развиен проблемот и симптомот. Кога веќе нема каде. Кога е неизбежно. И жално е дека е така. Само ми е мило дека со онлајн глобализација имаме можност да збораме сите, жени пред се, да споделваме искуства и да сме поддршка една на друга и ако некоја се плаши да напрај чекор или мисли дека е се во ред и дека секој брак е таков - да види дека има и поинакви и посреќни и недисфункционални. И така да се мотивираат да сменат нешто стремејќи се да добијат нешто подобро. Некогаш некои не се способни да видат дека врската му е лоша, па симптомите кои ги развиваат не знат дека идат баш од таму. Ех ама колку често ... Ова до сега беше од психолшки аспект, нормализација да не речам. Инаку многу често финансиите не дозволуваат одделување ако е веќе брак во прашање. Многу често и страв.
Ооо колку го сакав Ама кога ќе се сетам ми иде да си влепам 2 3 шамари кај ми биле очите. Инаку народот секогаш суди, за жал. :/
Најголем проблем се парите. Да можевме со минимална плата да плаќаме кирија, да плаќаме сметки и да имаме за здрава исхрана цел месец, а не леб и маргарин за доручек, ручек и вечера, многу жени ќе се разведуваа од насилници. А вака или зависиш од него или зависиш од родители, а тие или за кого побрзо пензијата или му пречиш на брат ти со снаата или можеби починати. Значи минималната плата да беше доволна за достоинствен живот. Секаде има насилство, ама во побогати држави помалку одколку посиромашни држави во развој.
И јас така се чувствувам. Ужасно глупаво. Секоја глупост што сум ја направила можам да ја разберам, ама тоа не. Како да не ја ни знам таа Вајлд, како да била некоја сосема друга. Моето, рачунај, се одвиваше 3 години и кусур.
Љубовта е слепа. Барем си се спасила. Само што чудно ми е, често знаеме да даваме совети како да се постапи а самите не ги практикуваме.
А бе има луѓе што пријавиле и другиот ден кажувале дека тој што го пријавиле знаел. Мене не ми се случило, ама се случило на други. Можеби има пријател во полиција па ќе дознае. Безбедност да ризикувам своја и на семејството за нешто кое нема да има резултат, не ризикувам.
Со минимална плата ни во мое село не се плаќа кирија и храна. Ама...има социјален систем. Социјален додаток, за сите што треба, без партиски врски, детски додаток, алиментација, полиција. Држава има зад тебе. И не им е лесно, на пример, да немаат да платат ручек за дете во школо...ама и без тоа се живее. И со стара облека се растат деца, и без луксузи. И нема срамота од работа.
Мене ме интересира само едно нешто. Дали постоеле знаци кај мажот дека нешто не е во ред, пред да се стапи во брак? Полесно е да скратиш врска, него да се разведеш во брак, притоа имаш деца. Дали воопшто нешто навестувало дека личноста е токсична?
Епа друго е. Овде со 14 500 едвај за храна да поминеш и тоа за сам зборувам, со дете/деца нема теоретска шанса, алиментациите се смешни или воопшто не се плаќаат пошто работат на црно за да не се пријавени, социјален додаток е уште поголема смешка, и нормално дека ќе остануваат, што да прават.
Многу е полесно да видиш одредени знаци кога живееш заедно него кога се гледаш со некој само неколку часа на ден, па некогаш не и секој ден. Некои работи можи да се забележат и пак се игнорират зошто се смета дека или ќе се попрат или дека е само некој лош момент/ црвена точка или пак не се сметаат за доволно важни па прераснуват во поголем проблем покасно.
Има најчесто. Ама не знаеме да препознаваме. Многу работи ни нормални, а не се. Не е нормално да не ти дозволува да облечеш кратко или да мораш да му дадеш пасворди од сите социјални мрежи ама ќе паднеш во несвест да знаеш колку многу девојчиња се во врска со вакви дечковци и влегуваат во брак и раѓаат деца.
Тие што биле долги години во врска пред брак, мислам дека горе долу имаат некаква претстава со кого ќе влезат во брак. Не верувам дека една личност може да се претставува нешто што не е, 4-5 години на пример, и тотално да се смени за 1 месец во брак. Се разбира дека нема баш се' да приметиме дури не живееме заедно, ама на пример ако е некој посесивно љубоморен не верувам дека тоа туку така ќе го прикрива толку долго време. Најчесто има мали знаци но самите не сакаме да ги забележиме.
Какво удирање. На прва кавга која не сум ја поттикнала, на прва индиректна навреда, која е кажана со цел мене да ми „текне“ дека ме потценува, го оставам. Ова за врски, во брак не сум била за да знам, но не верувам дека импусливноста ќе ја сменам.
Тие жени не ги научиле од мали да препознаат саглам човек, кој вреди, а кој не. Подоцна кога конечно ќе сфатат со каков акмак имаат работа, се уште го трпат и му ја одржуваат лажната слика дека се е во ред со него и дека да се биде акмак не повлекува лоши последици и дека секогаш ќе има некоја покрај него каков и да е. И така ова е општество полно co акмаци vecna da je.