Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зошто жените остануваат во лоши врски или брак?

Дискусија во 'Врски' започната од Bitter-Sweet, 8 јануари 2021.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Ради пар причини:

    1. Оргазам кој го немаат доживеано со претходните
    2. Ниска самодоверба
    3. Страв од осаменост/околина
    4. Неисполнетост
    5. Посесивност
    6. Опсесија за поседување некого
    7. Срам
     
    На senjorita-v, Snowflake97 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.902
    Допаѓања:
    179.137
    Одор се враќа со доза на хумор? :?:
    Би останала во лоша врска/брак ради оргазам? Или знаеш некоја таква?
     
    На Ginger^ и Осе им се допаѓа ова.
  3. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Десетици.
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.902
    Допаѓања:
    179.137
    Цела армија амазонки :D
     
  5. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    5.183
    Пол:
    Женски
    Затоа што со 250 евра плата не се плаќа кирија и сметки ниту пак се гледаат деца!
    Дај и на жена стабилна работа со добра плата, па види колку ќе ја трпи стоката до неа.
    А секогаш ќе има и такви кои ќе останат од х други причини како погоре наведените.
     
    На H.VAGA, Milobebence, Mantub и 9 други им се допаѓа ова.
  6. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Најголемата причина, според мене, е ниската самодоверба. А таа го носи стравот - дали ќе можат да застанат на свои нозе после развод. Тука голема улога имаат финансиите. Потоа децата (доколку ги имаат), немањето поддршка од блиските и најсмешното нешто поради кое највеќе пати македонскиот народ: "што ќе кажат комшиите".
     
    На hermosa и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  7. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.824
    Допаѓања:
    5.552
    Финансиите се дел од причината ама не и пресудно зошто остануваат. Еве по темите само на овој форум колку жени има што се со работа, плата имаат каде да одат ама пак остануваат со мажите/дечковците. Психологија е во прашање, за некој тоа е ниска самодоверба за други уживање да бидат жртва, за трети осуди од најблиските/општеството анд со он. Мал процент се они што вистина немаат никакви приходи ниту помош па трпат поради тоа, за ситр други е многу повеќе од финансии.
     
    На Herrera, Ginger^, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  8. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.164
    Допаѓања:
    112.924
    Пол:
    Женски
    Мажите кои малтертираат жени имаат одреден тип на жени кај кои знаат дека ќе можат да влијаат. Тоа се нјачесто жени/девојки кои се срамежливи, повлечени, од патријахални семејства каде што зборот секс не се спомнува, каде што ќерка на татко да каже дека има добиено е најголем грев и тн..И тие мажи најчесто ја обликуваат жртвата полека полека, што вели @WildMk и прават grooming на жртвата. Најпрво и ја рушат самодовербата, ( Не ти стои таа шминка, зашто збориш многу во друштво, само ти се слушаш, што има да зборуваш ти со мој другар, зашто си се распеала дома итн ова од мое искуство кажано), после полека ја оддалечуваат од сите. Пријателките и љубомореле, не му се допаѓала како и влијае сестра и, што имаш да одиш толку често кај твоите, јас да не сум ти што ќе правиш.. и така полека ама сигурно го затвара обрачот каде што жената е само со него, и со луѓе кои он ги одобрува. И тука настанува таа зависност на жени од мажи. Ја гледаш дека се смее, ама со страв да не ја види зашто што било тоа да се смее гласно онака од срце, ја гледаш на улица кога е со него те одбегнува или неприметно те поздравува, одбива повици или покани. лицето и се менува.. ама не. Она е веќе во таа мрежа влезена и мисли дека нема излез. Тој е најдобриот, тој само и мисли добо, тој знае се, тој е најпаметен.
     
    Последна измена: 11 јануари 2021
    На eliesaab, Milobebence, Ginger^ и 13 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Се е психа.
    That’s all.
     
    На senjorita-v и hermosa им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.201
    Пол:
    Женски
    И од сиве одговори кој е заклучокот? Дека секогаш жената ќе има причини да трпи нешто, а мажот не. Далеку е таа еднаквост...
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.954
    Допаѓања:
    12.631
    Цел систем на вредности во нашето општество е наопаку. Јас не сум чула женско од фамилија да ми рече „работи, да бидеш своја, да не зависиш од никој“, ама сум чула „дечкото има фирма, ќе ти одговара“; „барај некаде каде ќе има јадење, пиење, и да не го сакаш со полн стомак полесно се шират нозе“, „гледај некој богат, да има и куќа и се на готово да си отидеш“. Значи никој не вели „осамостој се и не давај да те малтретираат“, не само ги учат женските да трпат, молчат и по можност добро да се омажат.
     
    На Milobebence, noteforself, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  12. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Ако сакате да промените нешто, почнете од себе и вашите поколенија.
     
    На Milobebence, noteforself, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Бидејќи мислат дека нема да најдат подобро
     
    На hermosa и Tanjamm им се допаѓа ова.
  14. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Сериозно !?
    Мислам wtf :swear::swear:
    И овие со оргазмот ;((facepalm)
    Абе цел живот не е*** нека сум со насилник не живеам .
    @Tanjamm ти слушај го советот од тетка ми ,овие мани ги :D:nod:
     
    Последна измена: 11 јануари 2021
    На noteforself, Celltica, Mantub и 3 други им се допаѓа ова.
  15. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    А ова 'Ако те тепа, значи дека те сака' го имаш слушнато? 'Еднаш те удрил, голема работа!' Да, и такви работи имам слушано. И дека ако ја изневерува, тоа покажувало колку е посакуван и дека пак ќе се врати кај неа. Кај нас, во многу случаи, ако мажот е тој што изневерува, треба да му се прости затоа што имал потреби 'јунакот на мајка', а плус и таа е виновна за тоа. Ако жената изневери, тогаш какво простување, уличарките не заслужуваат да им биде простено. Сакам да кажам дека општеството ги брани насилните мажи, мажите што изневеруваат и останатите токсични мажи, а жените не смеат ниту да се одбранат. И тоа го слушам и од жени што е најтрагично. Не сакам да спомeнувам националности, етникуми и слични работи, ама имам слушнато дека кај Ромите обичај на првата брачна ноќ било мажот да ја истепа жената за таа да знае кој е мажот во куќата. Само сум слушнала, не знам дали навистина е така, иако не би ме чудело со оглед на менталитетот што го има на овие простори.
     
    На hermosa, Tanjamm и Осе им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.954
    Допаѓања:
    12.631
    Епа зошто прекинав со роднини да се занимавам. Тетка ми ме учеше на школска другарка да и го преземам дечкото, сум била поубава од неа, и сум можела да и го преземам, дека имал работа (пекар) и немал татко, само со мајка живеел. Средината не ги поддржува жените. Или ако мажот изневерува, а па крива била жена му. Една сосетка, девојка инаку имаше врска со оженет и мајка ми „еее што е таа крива, нека си мисли жената што не може мажот да го задржи во кревет“. Замисли.
     
    На hermosa и mode-kristina им се допаѓа ова.
  17. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.584
    Пол:
    Женски
    Сештое
    И не ни треба да се занимаваш со вакви луѓе богами.
    Поназад можеш да прочиташ дел од тоа што мене ме советувала мајка ми , ни ги применувам ни па ќе дозволам ќерка ми да биде така советувала.
    Ама од некои луѓе учиме какви да НЕ бидеме.
    А оти да е важно дали има татко или не ?
     
    На noteforself, LadyLollypop и Tanjamm им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.954
    Допаѓања:
    12.631
    Па и јас не знам што е поентата со тоа дека немал татко, сигурно мисли сама ќе си шефуваш. Не знам зошто тоа го смета за предност. Ако е пекар зборува за него како да е премиер на држава.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.954
    Допаѓања:
    12.631
    Моја другарка инаку од ромска националност, ја напнуваа да се мажи, и кога се омажи за еден на брзинка нејзе и беше ок да ја удри некогаш, маж бил, ама кога ја истепа добро и таа се здоби со повреди на средното уво, е тогаш веќе го остави, инаку за еден шамар, ее ќе си трпеше.
     
    На mode-kristina и hermosa им се допаѓа ова.
  20. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Веројатно ради тоа што он е "газда", не татко му...
     
    На ☆P!nselsp!tze☆, hermosa и Tanjamm им се допаѓа ова.