Денес мудрецов наш беше на МРТ 1. Колку е фин пред камера, а овде бившата кучка леси ја нарече и уште триста други глупости изнакажа. Ајх да го читнат од соц, служби овде па да видат тој што манипулатор и дволичен е.
Хахаха не ме чуди, со сите бои се премачкани таквите. Мислиш дека не глумел фин фин и пред бившата? Ама штета што рокчињата одма му излегваат. А за на тв, за 5 минути пред камера - секој ќе биди светец. Зато бившата уствари му е тоа - бивша. И ако е дволичен - на тоа треба да ги научи и подучи децата? Ццццц немам коментар стварно
Доколку родителите не се договорат кај кого да остани детето судот одлучува со претходно собрани мислења од социјална служба. Треба родителот да е способен и физички и психички. Најмногу шанса има мајката,па дури и да е невработена големи се шансите детето да и се додели на неа а таткото да плаќа алиментација. Ако има докази дека мајката ги напуштила заради друг човек и изневерувала додека се во брак поголеми шанси има таткото да го добие старателството. Ова последното го знам од искуство на блиски луѓе.
Според мене, доколку станува збор за подеднакво фер и добри родители секогаш на мајката и давам предност плус затоа што го носела тоа дете 9 месеци во себе, душата и знае колку се плашела и колку се грижела за себе и за него и како во секој момент се молела работите да се одвиваат во најдобар ред до самиот крај. Си го ставила сопствениот живот во ризик за да даде живот на своето дете. Со часови се мачела во породилни болки, ја сечеле, ја шиеле а таа само мислела на бебето да му е добро. Се разбира дека таткото секогаш има право да го види своето дете кое си има потреба и од него. Никако не оправдувам мајки кои детето го користат како оружје, ги оспоруваат средбите со таткото и му ја полнат главата со невистини. Колку и да не бил добар сопруг, ако е добар татко заслужува често да биде со своето дете. Но за жал има и мајки кои не се грижат за своите деца и имаат поинакви планови за својата иднина по раводот од кои децата не се дел. Или пак има и такви кои се неподобни да чуваат и израснат дете. Најчесто ваквите жени не ни сакаат децата да им припаднат нив. Нормално дека во таков случај правилниот избор е таткото. Значи кај подеднакво добри родители застанувам на страна на мајката а во поинаков случај на страната на подобриот родител кој ќе му обезбеди подобар живот и воспитување на детето.
извини ако си сеуште член и достапен би сакал да те прашам имам слицно прашање а ти велиш познаваш пример јас имам 3 деца 2 полнолетни и едно малолетно мајката ги напушти ЦСР не реагира иако законски треба по 3 месеци старателството да падне на мене штом напуштила а за 1 година автоматски не разведува сега се појавува по 5,6 месеци бара старателство браво тотално законски како е запишано така кажано и тоа без адвокат ЦСР по слузбена долзнос поднесува барање до судот БРАВО
Извини ама не знам како да ти помогнам, не сум правно лице, јас само споделив случај каде што татко гледа 4 деца кои ги напушти нивната мајка своеволно, старателството судот го додели кај таткото. Твоите полнолетни деца треба самите да одлучат со кој родител ќе останат, разговарај со бившата сопруга дали навистина ќе го гледа детето кое е малолетно или пак ќе го напушти, доколку не е сигурна тогаш бори се ти за старателство, најдете некој заеднички јазик, не се фаќајте на инает, не треба децата да страдаат поради грешките на родителите.
полнолетните сами одлуцуваат и со полнолетство се губи родителското право тој е зрела лицнос ,а за малолетно штом напуштила е голем минус за да добие сепак барам јас по институциите правни совети благодарам
Јас мислам дека во такви случаи , најмногу е криво нашето социјално и судство. Оти има случаеви каде ни мајката ни таткото не се здрави за да гледат дете. Туку се е подмитено , и најпознатата ,,,парата а прае играта,,,. Еве пр сум јас. Иако веќе долго време живеам сама , продолжив со животот, да ви кажам како функционира нашето социјално. Мајка ми од др град, починати родители а татко ми , газда во тоа време најбогат во цел град. Баба ми , на татко мајка, во се се мешаше. Му ја најдел за жена мојата мајка ајде свадба , дете. За да не остане без внуци. Се разведуваат овие после некоја год. под притисок на баба ми , и јас останувам кај татко ми. Да напоменам дека мајка ми е малце психички нестабилна а татко ми не ме погледнуваше. Цело мое детство го поминав по социјална психијатри судови и психолози. Татко ми како бпгат човек сите се плашеа од него, беше страв и трепет, заради парите за шо може друго. И судови и социјална сите ги подмити само за мајками да не добие. Тоа траеше со год. Мене ми се закануваше а пазете јас немав ни полни 10 год. Ми се закануваше дека не смеам да ја гледам мајками дека ќе ме убиел, кога ме носеа по психикатри по наредба на социјално ме тераше да лажам. Ако не кажав нешто како што треба , дома одма ќотек. Кршеше во социјалната се дереше, доаѓаше полиција да ме земе али никој ништо не му можеше јер длабок џеб. И зошто? За да ме турне кај баба ми и да не ме погледне веќе. Пробуваше ного пати да замине али баба ми ме тераше мене да му се јавувам да го викаж назад иакп не сакав. Почина и таа, тој си фати швалерка, за неа имаше време а со мене и не зборууваше, по дома какп странци ни здраво ни ништо. Тоа беше така со год., и кпга дојдов на 14 15 год, изразив желба да одам кај мајка ми. Ама и таа нестабилна. Се видов со неа и ми кажа ,,,,аа сега не те сакам, они те направија иста како татко ти , и затоа сега не те сакам. Помина и тоа , јас се отселив од дома. Со год не бев го видела и го сретнав една ден, бев трудна, и си мислев дека ќе попушти и ми рече,,,, да не беше баба ти , јас немаше тука да бидам сега да пропаѓам, да не беше таа ќе те оставев кај мајка ти и јас ќе си средев мојот живот, само оти баба ти те сакаше јас морав да те земам.,,,, Не ме допре ни тоа бидејќи бев навикната а најмногу ме болеше кога за некоја раб отидов до социјалнотоо и таму баш се падна таа жената која беше во мојот случај тогаш. И пред да заминам ме прашува ,,,, абе се сакам да знам , дали тогаш кога татко ти те носеше овде, дали те тереше да лажеш,,,, Викам да. И она и вика на колешката ,,,,, ее гледаш ли дека така било,,,,, И и викам кога знаевте што е случајот зошто така направивте и ми вика ,,,, Не беше до нас, имавме таква наредба од претпоставените,,,, . И то је то. Ние сме далеку од западот, и далеку од цивилизација. Каде што парата почнува, законот завршува. Затоа мислам дека целиот проблем е во социјалното, они не работат како што треба, а уште помалку се грижат дали детето треба да е со мајката или со таткото.
За мажите да не плаќаат алиментација, па да се расправате, па да се бркате по судови, па триста чуда... Е зато.
Најголемиот мит. Едно е на хартија/форум друго е во реалноста. Со години траат процеси, се гледа имотната состојба итн.Знам примери каде што деца се доделени на наркомани игломани оти мајката била невработена и без финансии. Сигурно ќе се запрашате како е можно тоа, епа така, можно е.
А овие што се борат за старателство знаеш која им е поенатата? Ако имаат заедничко старателство нема да плаќа алиментација, децата дали ќе ги гледа е најмалку битно. Особено кога ќе дојде нова потенцијална жена, која нема да сака да се матка со децата на типот, и он се поретко ќе ги зема, ќе им фрли некое 1000 че за поклон и тоа е се. Се е за тоа да не плаќаат алиментација зашто како така бившата жена да има пари од него. Родители кои се нормални си се договараат и не дозволуваат да дојдат до циркузи.
Има случаи бабите на децата го превземаат старателството кога цср сака да го одземе детето од неодговорните родители. Да не оди детето во дом оди кај бабата.
Доколу е сеуште активна темава, би сакала да прашам. Треба да одам до Цср да ми изработат Решение за гледање на детето. Треба да одиме двајцата заедно или? И што ќе се случи ако не се држи според напишаното? Што ако треба да одам на службен пат надвор од државата кој ќе го чува дотогаш?
Ако старателството е твое ТИ си го гледаш. Тој има ПРАВО да го гледа, не е обврзан. Обврзан е алиментација да ти плаќа.
Се предлага и моделот на заедничко старателство по разводот на родители, што во модерните европски закони го има со години и децении Алелуја!!!
Кажете ми каде вејке да се обратам со оглед на ситуацијата каде има денови за гледање а избегава и нередовно плаќање на алиментација бившиот очекува да се одрекнам од детето да си го гледа со новата сопруга. Како и што да му се одреди минимално зошто од многу фактори и навраќања детето коа го враќаат ме навредува. Плука. И ме нарекува со грди имиња..Кажано е у Цср ама ништо уште