https://www.blic.rs/vesti/hronika/komsije-o-ubistvu-u-vrscu-ubio-dete-pa-sebe/3qz6w57?ref=fbblic https://www.kurir.rs/crna-hronika/4024153/sahranjen-decak-2-iz-backog-petrovca Заради вакви психопати, мме. Жално за децата.
Доколку психички не е добра, или во случај ги малтретира децата. Кај нас јас не сум слушнала за маж да добил старателство, а во мојата околина има многу разведени. Не велам дека маж не добива никогаш само јас не сум слушнала, можеби доколку некој има ептен јаки врски, ама ете на маж другар и на толку јаки врски, немаше дупка каде што некој не познава, се силеше, закануваше ама не успеа да го земе синот кај него.
И да нема врски дотичниот, ако мајката нема живеалиште и храна за детето нормално дека ќе и го одземат од цср.
Во живот не се чека други да ти овозможуваат работи. Знам куп жени кои во брак не сакаат да работат, зошто мажот имал пари, па после се наоѓаат во проблем при развод или смрт на партнерот.
Шо има то врска? Државата треба да обезбеди работни места. Не на државно! Профитабилни. Зато се на власт... меѓу другото...
Како не е точно? Мислите дека по секоја цена добива мајката старателство? За детето се гледаат и средства и услови,
Значи тие шо се сиромашни, или шо земаат мала плата, можи без деца да останат? Оти со 20.000 сигурно нема да се прераниш ти и две деца.
Нема врска ова со реалната состојба. Членки кои го тврдат ова ниту биле во контакт со таков случај ниту знаат каде се наоѓа еден социјален центар. Едноставно се или злобни без обзир дека овде читаат жртви на семејно насилство кои бараат спас или игнорантни па колку да се пише нешто. Деца не доделуваат на мајка само ако е докажана наркоманка, тежок психијатриски случај или доколку самата ги напушти. Затоа при напуштање на домот секогаш се советуваат жените НИКАКО да си одат од кај мажот без децата затоа што после се користи против нив, па се докажуваат по долги процеси се додека нема исход а тоа може да трае.
Срам да ти е злобни што не нарече. Прво рипни па речи оп. Шириш дезинформации дека мајката ако нема леб да им даде дека нејзе ќе и го доделат.Тоа дете ќе умира од глад? Ќе спие на улица? Изгледа ти си немал искуство со цср. Моето дете кога е гладно вреска за млеко (нормално) ако немам пари да му земам како ќе го наранам? Ќе го ранам со љубов?
Ако мајката нема доволно средства и таткото е должен да плаќа за издржување на детето. Не е дете предмет па да испадне работава само тој што има пари ќе го купи а некој ако нема ќе му го одземат. Мајката носи куп ризици и во бременост и на породување па не гледам причина зошто да нема предност ако си е ок. Нема да се мачам да го родам за некој да ми го земе богами. У мал број од случаите кои ги знам каде жените самите сакале старатели да бидат мажите, сега децата ги растат мајките на мажите.
Ако дои ќе припадне на мајката. Мало дете секогаш оди кај мајката. Очекуваш со мушка цицка да го нараниш ако е гладно??? И да е на АД од кај ќе знае таткото колку треба да му дава и какво ??? Мислиш сите татковци подеднакво се грижат за мало дете или го одземаат само од пуст инает.
Од пуст инат го земаат и после нивните мајки се грижат за децата.Имам мнолгу да пишувам за цср ама не би на јавен форум.
Па најчесто е од пуст инает, сега од каде знам не би да навлагам, затоа мора на суд нели. Не дека он стварно ќе се грижи за детето.
Па ако таткото зима 1000 ев плата ( со тоа иде и моќ во општеството) а мајката 12 000 ден голема е веројатноста мајката да остане без детето.